Емоции во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 3 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.267
    Допаѓања:
    14.971
    Пол:
    Женски
    Како се справува(в)те со емоциите во бременоста?
    Што се измени кај вас?
     
  2. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Pri prvata bremenost bev rastreperena, vozbudena, no deka ne kazuvav prvite nekolku meseci, se prikrivav, pa malku i mi zameruvaa, sum stanala 'kucka' :lol: , sum se distancirala.... Kako napreduvashe bremenosta imav podemi i padovi, po pregledite euforicni nekolku dena deka se e vo red, pa nekoe pritaeno sivilo, pa nedela pred kontrola pak razmisluvanja dali e se vo red, pa poslednite nedeli pred poragjaj kako sto, traumi, horor sonista... ne bev bas najdobar sogovornik tie denovi :$
    sega vo vtorata bremenost, uste pred da go pravam testot si 'znaev' i vednash po dvete crtki vlegov vo euforija :lol: :inlove: :* koja vekje ne me pusti (sega vekje cekam ragjanje i me ubi cekanjevo, ama pak :) postojano) Site mi rekoa deka sum razubavena, pa sum bila nasmeana, pa sum se smeskala i po pat koga odam sama :$ i deka ja nema neizvesnosta od 'prvpat', znaesh shto e kako e, mnogu sum raznezneta, pozitivna i ocigledno raspolozena za muabet :P
     
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    289
    Јас до сега не сум осетила разлика во емоциите. Од искуство на другарки знам дека си плачеле без причина и мислеле дека мажот не ги сакал.... :D Единствено што се вознемирив е минатата недела кога видов дека д-димерите ми се покачени и на Ехо покажа, дека син ми е една недела помал од потребното, најверојатно поради отежнатата исхрана предизвикана од димерите и многу се ражалостив и се расплакав. Бидејќи беше таков живец кога го видов, докторката го гледаше на 4д и рече дека нон стоп е насмеан со отворена уста и кога ми кажа дека е помал, срцето ми се скрши, не можев да престанам да плачам. Ем полугладен ем насмеан, на мама детето ;(
    Освен тоа врзано со бебето, за други работи не се разнежнувам.
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.030
    На почеток освен помешаните чувства на став, несигурност, возбуда, среќа, тага , кои мислам дека се нормални за почеток , други не паметам да имаше. Е сега поради сето тоа ми се случуваше на сред возење во бус да си заплачам, но тоа е. :$
    Потоа имав период кога ме фати депресија, од постојано лежење, сама дома по цели денови, се осеќав доста лошо, дури можам да кажам многу лошо. Но и тоа пројде.
    Сега сум во фаза кога се ме нервира, сите ми сметаат, посебно намќорите околу мене. Не дека сакам да ми се оди по ќејф или да наредувам, но моментално не сум во состојба сама да извршувам многу работи и се нервирам што треба некој дополнително да замарам да ми ги заврши. Нервоза + е ова...
    Значи ДА, чувствата и емоциите многу се менуваат.
    Исто би наоменала дека порано многу сакав да играм со деца, да ги гмечам, едноставно ги сакав, е сега не сакам туѓи деца, незнам дали е тоа нормално,дали е некој одбрамбен механизам, али чудно е :?:
    Исто така и за животните, ептен се потресував да видем прегазено, напуштено, болно, осамено животно, а сега дури мислам дека ги мразам. :sweat:
    Другарка ми ,ми има замерено дека буквално како друга личност да сум, порано постојано насмеана, весела, само за шала, смеење сум била , а сега замислена, намрштена... Мада тоа мислам дека е резултат на тежината на бременоста.
    На моменти осеќам како да не сум јас, се надевам дека ќе се вратам во нормала кога ќе се смират хормоните.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.172
    Допаѓања:
    153.873
    Пол:
    Женски
    Бременоста си јапоминав супер, бев толку смирена и релаксирана, буквално си уживав во секој момент и не се замарав со ништо. Претходно бев нервозна, избувлива и импулсивна, а во бременоста мува не ме лазеше за ништо. Не се оптоварував што и како правам, само не се форсирав, инаку си имав нормален живот и типична, т.н школска бременост.
    Кога се породив, емоциите почнаа да владеат со мене - ама ептен. Уште во болница плачев затоа што не можевме да си одиме дома кога сакав јас. А после и дома - си правев филмови за сè и сешто, и често плачев. Ама фала му на Бога, помина, и сега ми се враќа карактерот од пред бременоста :P на подобро, бидејќи не сум толку нервозна и избувлива. Импулсивна знам да бидам, ама нервозите почнав да си ги контролирам, поточно да не дозволам да ми го нарушат душевниот мир.
    Мамички - уживајте во бременоста и само позитивни мисли имајте, смејте се и мислете само на убави работи. Верувајте, многу помага. Знам дека на повеќето што мора да мирувате ви е тешко, ама ќе помине. Само да биде сè во најдобар ред со вас и вашите бебушки. Ништо друго не е важно.
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.611
    Допаѓања:
    81.291
    Пол:
    Женски
    Кога ке ми текне колку бев нервозна почетокот ауу секој ден се карав со мм за глупости ама тој си ќутеше знаеше дека ми е од бременоста :rofl:
    Инаку немав проблеми никакви во бременоста , само ова ми пречеше што лесно се лутев , со сите се расправав , но тоа траеше само првите 4 месеци потоа се смирив :lol:
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    552
    јас пред да останам бремена бев премногу нервозна, ама првите месеци од бремесноста бев толку смирена што дури сите ми се чудеа :D ама сега пак има некој период се ме нервира буквално и најмала ситница, а понекогаш неможам да го поднесам мажево, загреота тој сака да ме гушне а мене ме ваѓа од такт :(
    за плачењето и порано можев одма да се расплачам и сега е така :(
     
  8. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    222
    ААААААААаа емоции колку сакаш на моменти ми се плаче на моменти се смеам некогаш расположена некогаш нервозна ама тоа е веројатно нормално .. мм се смее вика како во климакс си не си дефинирана , само што една работа страшно ме нервира што сум цела заборавена , некогаш заборавам каде сум ставила некоја работа а пред нос ми е и цел ден си ја барам по куќа за на крај мм да дојде од работа и да ми ја даде одма :D :D :D
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    289
    Е да трудничка заборавеност и мене ме мачи. Вчера си спремив пред да одам на работа една торбичка со овошје, сок од цвекло и мало сендвиче и си ја заборавив торбичката на маса пред нос, тек кога дојдов на работа видов дека само со ташна сум излегла :yawn:
    А за емоциите сум како будист, ништо не ме нервира и не ме интересира, освен бебето.5 Месеци сум во некоја хармонија со син ми и надвор ништо не може да ме вознемири, ни работа, ни маж, ни сообраќај, ни жален филм, ни вести... дури и болест кај близок роднина, некако мирно ја примив, мислејќи на своето бебе.
     
  10. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Јас сум целосно промена личност, неможам самата себе да се препознаам.Пред да останам бремена бев весела, исполнета , среќна, а сега се чуствувам како а сум во некој лош филм, депресија цело време, за ситници се расплакувам, им се качувам на глава на луѓето околу мене, абе едноставно тоа не сум јас.Незнаев дека расположението до толку ќе ми се смени, а за заборавеност немам зборови , заборавам работи кои што со денови сум ги спремала ама тоа е се надевам дека брзо ќе помине овој период затоа што самата себе неможам да се поднесувам.
     
    На LUCERKA и saseiefi им се допаѓа ова.
  11. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    115
    Леле емоции колку сакаш си плачам нонстоп за ништо се карам за ништо со сите и потоа пак плаченје на моменти мислам полудувам ;( се надевам ќе помине затоа што ако сум ваква до крајот на бременоста тешко мене и тие околу мене :D
     
  12. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.505
    Леле и јас се мрднав, многу ми е потешко одколку што мислев дека ќе биде пред да забременам... Вчера алармантно се јавив на докторот да му кажам дека полудувам, по што тој ми аминуваше слободно да се напијам диазепам 5мг, по што немирот исчезна :| Е сега ми се наметнува прашање колку е ок за плодот да се пие диазепам во бременоста, иако знам со сигурност дека и она плачење и врискање по цели денови не е воопшто ок за никој...
     
  13. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    552
    јас колку што знам е штетно за плодот да се пијат лекови особено во првите три месеци додека трае органогенезата, така да јас ти препорачувам да не пиеш веке дијазепам, плус ти си на почеток на бременост, пробај напиј се б-комплекс, подобро
     
  14. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Vo posledno vreme mnogu me faka nervoza i saklet,se mi smeta,se me nervira.Mi zdiveeja hormonite :devil: A poslednive 2-3 epizodi od Ifet se otepav placejki za majkam mu na Dzemil ;( Stvarno ne sum so site :fubar:
     
  15. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    емоциите во првото тромесечје на нивоу :) се ми беше измешано страв, стрес, срека , често плачев и многу бев нервозна ,мм за срека имаше разбирање ,ова ми се случуваше и со првата бременост и сега ,само не знам како е кај вас ,јас како навлегував во 4 месец ми престануваа мачнините ми се врака апетитот и наеднаш стивнуваат и нервозата и лошото расположение, ми се вракаат хормоните во нормала и сум поопуштена , е вака си терав до крај на првата бременост посмирена не сум била ама затоа кога се вратив од болница паднав во постпородилна депресија ;( многу лошо чувство) до 40 дена така бев , и сега многу ме фаќа страв да не ми се повтори истото зошто до сега немам никаква разлика помеѓу двете бремености , ајде здравје само :)
     
  16. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    389
    Малку да видам плачење или тажни работи на филм, серија, се утепувам од плачење. Мм ми пука сеир и се гази од смеење, кога ќе види дека филмот тера накај плачка одма го менува.
    Не знам дали некоја од вас ја има гледано рекламата за Олимпијада со мајките ;( лелеле ред солзи ред мрсули, и онаа за Save the children ;(
    Стигнав да плачам на Mrs. Daubtfire филмот со Робин Вилијамс кога се преправа во дадилка за да си ги гледа децата, знам дека е комедија, ама луѓе хормониве ми збеснаа.
     
  17. mrazulka

    mrazulka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    placenje i samo placenje,nervoza........hormoni
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    ве читам и се смеам а јас сум бетер од вас, не само што сум плачкас туку и со сите се карам, неможам да си ја држам устата затворена, само нешто во контра е, и се осеќам дека така правам ама што да правам по силно е од мене. Уживајте си сега барем се ни е дозволено :lol:
     
  19. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.505
    Офлеле, и јас сум иста, дури неможам да се препознаам... Ај мајка ми ме трпи нели зошто ме родила :D
    (кога како малечка ме прашуваше зошто толку многу ме сака, јас и велев: мозе зошто си ме јодила :D )
    ама сирот маж ми... За некои небулози му се лутам, срам ми е да ги пишам дури зошто ептен не сум во право, ама ете во моментот ќе ме преплави некој револт и јас на првиот до мене се истурам... :|
    Се тешуцкав дека само првото тромесечие ќе ми е така, па славев кога влегов во второво, ама ништо не се менува.....сеуште :doh:
     
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    јас влегов и во третото, уште малку ке го завршам ама тоа не се менува, си останува до крај :D