ме потсетивте со муабетов за последното тромесечје ,сега се смеам ,цел девети месец гледав на еден сателитски канал пораѓање во живо и сите со ред ги исплакав и секој ден викав утре не гледам ама пак ке ѕирнев и се знае ред солзи ред мрсоли откога се породив заборавив и кој канал беше
Некаде во 5ти или 6ти месец летото бев излезена во еден бар и малце ми се слоши од жешкото а плус и стоевме и најдов едно столче и како што не ми се гледаше црна мачка пред очи си седнав. Ми се врти една женска од позади мене и ми вика дека тоа било нејзино столче и дека требало да ја прашам. И јас така збунета станувам и и кажувам дека не ми било добро. Кога виде дека сум со стомаче се посрами дури и ми вика седи седи извини. Абе кога се расплакав како божем ме истепала, ептен не беше за плачење работава башка фино ми го отстапи столчето ама јас абе водопад. А и еднаш трамвајот не ми застана на станицата кај што требаше да се симнам и си се изнаплакав по улица одејќи како чукната. Ете тоа ми текнува а сигурно имало и други ситуации слични на овие само завршиле без солзи да не се сеќавам.
лелел мешковци, јас сум премногу нервозна последниве 2-3 дена, ама нервозна и тоа што липам , плачам како будала а навистина нема некоја причина, само се надевам ке се смирам за брзо и не бебушко нема да муе ништо
Љибичица само што си реков ми спласнаа малку хормониве ама пак од време на време ке ме здрма нервоза , па ке си поплачам така без некоја посебна причина , а се секавам дека при крајот на девети месец секој ден плачев што од страв ,што ни јас самата не знам од друго што ама си плачев ништо нема да му биде на бебушко таква ни е сега состојбата не правиме ништо намерно , оправдано е
офф ми олесна не сум сама значи ете денес например е друга приказна, абе како две личности да имат во мене, цел ден се смеам... ама за понатака ке видиме
Мене синоќа не знам дали ми се хормони или нешто друго, ама мм има еден другар што откако дозна дека сум бремена каде и да ме види се наведнува да ми го бакне стомакот Јас кога ќе го видам бегам што подалеку, и синоќа на неколку пати имаше обид се наведнуваше и мм се налути му рече "Остави ја, те молам, не дозволува никој да го бакнува стомакот освен јас!" и јас се расплакав и излегов надвор на студот, по 5 минути откако се смирив му се јавив на мм да си одиме дома.
читав скоро на некој сајт 12 работи кои не треба да и ги кажете на една трудница меѓу нив имаше и да не и го пипате стомакот ,нели поради напливот на хормони и поради тоа што сме многу поосетливи во овој период ,јас не сакам никој да ми го пипа стомакот дури ми е непријатно некој упорно кога ме гледа право во стомачето а тек кога ке ме прашаат што е на полот се мисли , многу сум осетлива на вакви испади посебно од некои личности кои ми се помалку драги,додека пак уживам мм кога ке ме погали по мешето или ке го баци
Јас кога бев бремена пак многу сакав да ми го допираат стомакот,немав никаков проблем со тоа,е сега зависи кој не сега некој непознати,но ми го милувкаа мојот сладок фудблаер маж ми,мајка ми,татко ми,брат ми ,снаата ,братучет ми моите најблиски па сите сакааа да го погалат кога нон стоп клоцаше и беше многу видливо сето тоа и мене баш ми претставуваше радосно ем јас си го милувкав ем они,ми беше еден прекрасен период од мојот живот
^^ И јас немам проблем со тоа. Мило ми е, сите кога дознаа дека сум бремена сакаат да ми го погалат мешето, и знам дека е тоа од милост и дека е без лоша намера, и драго ми е. Исто и со прашањето `што е?` тоа е нели првото прашање од кога ќе објавите дека сте бремена =) Па и јас сум прашувала, некако веројатно махинално се наметнува тоа прашање кај сите, затоа и никогаш не ме налутило тоа. Сега викендов се случи во дискотека откако се најдовме со пријатели, десет души да почнат да дебатираат околу името, кое било убаво кое не. Јас седев и се смеев, и пак ми беше драго, бидејќи нели, не дека мене нешто ќе ми смени ако Петко каже дека некое име не е убаво, туку убаво е кога некој се радува за твојата состојба и доаѓањето на новото суштество меѓу нас =)
Да ви се пофалам дека од чиста мира за Нова Година кога отидовме да честитаме во 2по полноќ во кафиќ јас си се расплакав и си излегов надвор. Од ништо нешто, мм душа моја, среќа ме разбира и не ме пушти од гушкање, му ја наводенив јакната од солзи. Мислам дека прст да ми покажеа ќе се расплачев. Не ми се верува каква мрсул плачка сум станала. Се надевам дека нема буце да биде толкав плачко оти тешко на мм ... и се надевам ќе поминат ова хормониве ненормални
леле да не правиме муабет за емоции, јас како што сум станата осетлива тоа е нешто чудо, од малку беснеам цркам викам, па плачам, па се смеам, абе сите емоции можам да ги добијам за 10 минути се надевам за брзо ке заврши ова оти неможам да се контролирам
Немам изливи на бес (освен ако ми се улета некој подалечен да ми бацува стомак), ама пред да останам бремена им се смеев на сопругите на другарите на мм кога раскажуваа дека се утепувале од плачење, тогаш си викав- нема шанси, јас ќе се контролирам. Ама никогаш не вели никогаш, цмиздрев на Стар Гејт - филм со вонземјани кај што нема ич емоции, ама ете јас си најдов причина за плачка. Се надевам ќе се извртат хормониве па наместо да плачам ќе се смеам, така повеќе ми одговара
Ајде мила, сега тебе од денес (дај Боже со лесно да ти е), ќе ти плаче мало убавко срценце. Да ми го гушнеш најсилно!!!
Мешиња да ве прашам нешто јас во последно време сум како црна хроника дека мм е музичар и често патува да не ви кажувам што се ми поминува низ глава де дека нешто ќе му се случи дека нема да го види бебето се и сешто најлошо што е низ глава ми минува дури и дома коа седи јас само на тоа мислам цели денови сум депресивна ви се случувало тоа или јас скроз почнав да се мрднувам
ме насмеа Мравче ,значи не сум сама , и со првата бременост и сега мора да ми протрчаат негативни мисли низ глава ,сега до душа кога ке се сетам со преходната бременост што се не ми помина низ глава се смеам ,ама таква ни е состојбата азбирливо е не се мрднуваш ,само сме почувствителни од обично поздрав
Е добро штом е така мислев јас да одам и стручна помош да си барам дека знае и да се случи мм да седи до мене јас го гледам и почнувам да плачам а тој пустиот само ме гледа и незнае што да направи
не ти треба стручна помош, ти си при крај гледам ,во деветиот месец посебно ни се измешани чувставта радост ,промената што те очекува ,помалку страв ,и мм беше на пат скоро цел месец пред да се породам до душа тоа малку ја отежнува ситуацијата па само си плачев ,ама на крај се беше ок ,уживај срцка и само со лесно
Мешиња да ве прашам како реагирате или како допира тоа до вас кога ке ви речат :"ај па со син годинава" или најчесто син нели ретко да кажат ај со керка оф може банално звучам ама немаше човек вечерва на огнот или за претходно за Нова Година да не ми честита ајде па со синче годинава а што ако е девојче душичка што е тоа криво какво е ,или на сите да им нагласувам е нема син лелеееееее ,како можат на жена што веке и се гледа мешето ајде вакво или такво ,јас никогаш не сум коментирала на тој начин ,мислам ке кажам нека се роди бебушко здраво право , и се изнаплакав да ви кажам душичката пак не престана да клоца цело време како подршка да ми дава од внатре, срценце уште повеке си го сакам , и само ги бројам неделите кога ке си го гушнам а не вакво е такво е ....
Пепита да ти кажам некако научив да ги игнорирам сите тие "желби и честитки", моето мислеа дека е машкичко па еве испадна девојченце, и единствено што сакам е да е живо и здраво па како сака нека е. Сум забележала дека многу од луѓето не знаат да се однесуваат пред трудница, дури не ни внимаваат на тоа дека нивни коментари може да здоболат. Ми смета и допирање на стомакот од непознати и сум си набавила најдебела јакна во свет, како топче сум во неа, и не се познава дека имам стомак и јас и бебушка сме заштитени од фаќање и мојава цела вечер покрај оганот клоцкаше. Игнорирај ги коментарите, премногу го сакам бебушов во стомак за да му правам дополнителен стрес.