Ич уво да не те боли, мила!!! Уживај си ја бременоста, галкај си го мешето, радувај и се на ќерќичката! Женско е света работа!!! За да се оплодат сите жени на светот треба само еден маж! Не ме сваќајте погрешно сите мамички на синчиња, ова беше само шала, хахахаха!
Леле јас пак толку сакав да е девојче што секогаш кога ми честитаа со `живо здраво и машко` ги корегирав со `девојче`..(ова најчесто на мм другарите) ама ете излезе ку*е и џабе сонување на розови капутчиња и кукли Не ми смета ни допирање на стомакот, нормално тоа само блиски луѓе си го дозволуваат, внука ми само ми го бацува Незнам не се нервирам од такви постапки ама ич, други работи мене ме живцираат
ич да не се замараш со такви муабети, ептем ми се глупи таквите коментари од луѓето, проста работа , шо им е нив гајле , какво и дае , здраво право да си биде а и за допирање на стомакот, нели некој сака да види како мрдало бебето... јас на никој не му дозволувам, а и таква сум по природа , некако ладна, што би рекол мажево лоша, па никој не се ни осудува тоа да го направи
И мене не ми смета кога мои блиски (кои пред да посегнат прашуваат) да ми допрат стомак, ама непознати бре, што ни да праша ни да трепне бап со рака го опипува цел стомак ми иде глава да им скршам. Еве на пример малата на золва ми стално со увцето ми легнува на стомак (има 5 годинки) и само прашува колкаво е бебето Имам и една одвратна колешка на работа (немажена и без дечко) и не знам дали е од завист или не знам од што ама начекува пред машки колеги да ме распрашува колку ми пораснале градите (она си ги вика цицки пред нив) и дали сум почнала да произведувам млеко, пред некој ден ми рече: Полека не се шеткај ќе пометнеш! јас и се свртев и реков: Пази ти да не пометнеш (малку е покрупна), на тоа ми врати: Ауф немам ја шо да пометнам; па и вратив: Епа тоа де, немаш што! Колегите што беа присутни во моментот и се изнасмејаа во лице, таа остана збунета, не ме сфати. После ова не се осмели да ми коментира. Ама навистина иритираат луѓе што имаат на се коментар и тоа го користат за да ги сокријат своите недостатоци. Мешиња немојте да им молчите, враќајте им на коментари, ако ништо друго само кажете им да си дочекаат да се најдат на ваше место со исти коментари од луѓе како нив. Знаете како велат, збор од трудница фаќа!
Е така е Делгадинче ,и јас им викам да си дочекате ,само не сакам да ме сватите погрешно ,позитивни луге ,блиски пријатели кои ги осекам мн поблиски од некои роднини од нив ми е некако се добредојдено и некоја шега и слично колку и да сум емотивна не ги свакам погрешно мада и немало такви ситуации и се повнимателни затоа што знам дека ми мислат добро,јас сум малки опкружена со негативни луге таква е едноставно средината и ги знам уште по погледот ( посебно золва ми на пр свеки и кажала што е таа на секое нагласува ај па со машко ) мислам повеке од очигледно , а толку е небитно ,само буце кога ке клоцне од внатре и целиот свет ми е розов што е поважно на светов од тоа да е здраво и право ,луге се молат за детенце а некој од простотилок си дозволуваат се да кажат ...
пепита ич не се нервирај. најважно ни е да се живи и здрави бебенцата а за тоа кој што рекол ilent: и мене сите ми го велат ,ај оваа година со син, и јас се нервирам ама кога размислам нема за што. важно ми е да родам здраво и живо дете (17 недела сум и уште не знам што е а и немам посебна желба, какво ми даде господ такво мое ке си е и ке си го сакам) и веке почнав да им вракам ,е за инает ке родам женско, нека се замислат малку тие што кажале
ццц ајде смири живци сега при крај, јас ти кажувам демек сум поарна ,емоциите ми спласнаа ама нервоза почнува да ме дрма , а како нема кога ми се ближи терминот и се како над глава да ми виси ( а вреките со алишта најмногу ) Б-комплекс евентуално мене барем по малку ме смирува за друго не знам ако има некој покомпетентен нека пише од корист ке ни биде
Imam granuli b kompleks smejam tie? Od maliot se Celo vreme sum namcor I se mi smeta I mi se place Vcera setav,cistev,mestev cel den kako udrena a denes se me boli I site mi se krivi
Simona i jas se seknav deneska,ne znam sto mi stana,me fati nekoja depresija,vnatresen nemir,sklet... site mi bea krivi,ke puknev,mi popustija nervite.Na kraj si se isplakav edno ubavo,odvaj se smiriv.I uste mi trae fazata,sto ke pravam ne znam,ke zbudalam
Da Katalince I jas si placev kako bebe 2-3 saati,pa sum zaspala I eden kosmar me srozi pak so placenje si stanav... Aj ke gledam denes po pozitivno ke odam nekade,ke pravam nesto,vaka ne ide
Можеби мене ми е рано за некој roller coaster од емоции, ама да ви раскажам што ми се случи завчера. Се возевме со мм во кола накај дома и застана да тркне преку улица да земе нешто. И јас во меѓувреме си пуштив на мобилен македонски евергрини и почнаа оние: Скитник, Чија си и сл.па си помислив во колку убаво време растеле нашите родители, па колку би сакала да сум родена пред едно 50-60 години и на крај ми текна колку животот е краток. И кога влезе мм во кола после 5 мин веќе бев црвена и потечена од плачење.
Форко незнам мила јас во првата бременост ме фатија од ти до 8 ми месец,а сега покасно еве во 9ти до кога ќе траат овие изливи на бес и раздразливост незнам
Hormonite mi poludea ovie denovi,ke skrenam luge kako sto se blizi denot,se'poveke me faka nekoj vnatresen nemir,sklet.Se zivo mi smeta,se' me nervira,jadniot moj maz,sekoj den go karam u p.m. Ajde ke me istrpi uste nekoj den...
Денес сум никаква Тажна сум а не знам зашто Досадно ми е сама дома,не можам ништо да сработам,се заморувам за 5мин. УЖАС!
Мила знам како ти е, и мене во тие моменти кога ми е досадно, тажно, кога незнам што да правам самата со себе си пуштам некои вежби за трудници и си вежбам по малку и после подобро ми е, ќе се размрдам, бебчо ќе се јави, одам по 100 пати му ги средувам алиштенцата, си пуштам некоја серија и одмарам. Направи си нес кафе, галкај си го мешето, наскоро ќе немаме ни време за да ни биде досадно