Не знам за вас, ама јас сум во бременоста станата многу толерантна, мирна, неизбувлива, полна со разбирање, живо чудо Мм вика да останам ваква и понатака супер ќе биде Си викам, леле да не ми го земе целиот лошотилук бебето, па после да си имам мака со неговиот темперамент
лелеее ветрушкааааа блазеси ти!!! јас станав жив лошотилак!!! дури и себична, никој не ме занима освен ја и бебуш и нормално све ме нервира
Сакам да замолам некого за помош, за совет................... Овие 2 дена не можам да дигнам глава од депресија. Никогаш вака не сум се осеќала. Плачам цело време, на раб сум за било каква работа да се исплачам. Бебето мрда, претходно му се радував на секое мрдање и му зборував, сега не го ни забележувам, ништо не ме интересира, во ништо не гледам убавина. Се што е околу мене доживувам лошо, негативно, не верувам дека имам пријатели, чекам телото да ми се уништи со стрии и килограми, дома не ми се чисти, не ми се работи, имам чувство дека мојот живот завршува со раѓање на детето, едноставно немам волја за ништо. И додека го пишувам ова, на работа сум и си се изнаплакав на компјутерот тука. Ништо посебно ми се нема случено за да се осеќам вака, не знам од каде, од ведро небо овие емоции ме спопаднаа. Вчера бевме на преглед и се беше супер, едвај чекав да отидам, еуфорична, таму супер поминавме докторката вика дури бебчево е за пример. Од таму кога искочив после 20тина минути ми се случи овој пад во духот, не знам што е причината! Кажете ми дека е привремено, кажете ми дека и вас ви се случило и дека не е страшно
^ Ех Ветрушка да знаеш јас во кои депресии бев кога дознав дека сум бремена. Мислам дека бев на работ на нервен слом. Сите се радуваат, ми честитаат, дечко ми пресреќен, а јас ужас. Нервозна, цело време само плачев, а на бебето не ни помислував, како да заборавив дека сум бремена. Ама среќа што беше период, па ми помина. Излегувај почесто на воздух, дружи се со луѓе за да ти се оттргне вниманието, купи си нешто за бебето и мисли си на времето што доаѓа, уште малце па ќе си се гушкате со малото.
Леле среќичка, тешко ми е да се натерам ако ми веруваш. Требаше да купам магнезиум вчера после прегледот и толку паднав во ова што баталив. И еве сеуште си викам нема врска што ќе ми е, све ми е рамно Договорив кафе после со другарка ама нозете ми се враќаат, сакам да одам дома да се нурнам во перница и да плачам само.
Vertuska mila pa toa e samo nekoj period ne se sekiraj ke pomine....i ne e depresija ne se sekiraj toa se izmesani custva so mnogu strav za toa sto i kako ke bide posle porudvanjeto...mozam da zabelezam deka si vo 30ta nedela i deka poleka poleka se priblizuvas kon srekniot kraj , koga konecno ke si go vidis najubavoto nesto na svet koe sto ednostavno ke ti gi izbrise site somnezi koi sega gi imas.... Nemozam da iznajdam zborovi da ti kazam kolku potpuno site trudnici sme pominuvale niz nekoj si takov period Kolku samo placev veruvaj solzi nemam vo oci Najdobronameren sovet ti davam kako taze mamicka probaj da se prisetis na momentot koga dozna dka si bremena koi emocii i koja sreka ja dozivea Dobro ti rekoa pred meine izleguvaj setkaj dodeka seuste mozes spij , uzivaj , gali si go meseto , i da ne zaboravam isplaci se da ti pomine I misli na toa sto ke dojde kolku presrekna majka i kolku stabilna licnost ke te napravi, kolku samo ke se raduvas na utrata koga ke gi gledas tie ocinja sto ke ti znacat se i kolku samo umorna ke legnuvas navecer no koga utroto ke dojde se se zaborava.... Pred da se nerviras i da imas takvi misli razmisli zosto si go kompliciras sama zivotot nepotrebno ( izvini ako sum malku stroga ) . Ajde mila ti si silna zena i uste posilna majka ke bides .... Se nadevam deka kolku tolku bev od pomos ako ne samo ignoriraj go mojot post.....Ti posakuvam sto pobrzo da izlezes od ovaa situacija koja ti go narusuva raspolozenieto namesto da uzivas so mt
Не си строга, таман си, се е така како што пиша, знам. Си се изнаплакав од сабајле, па после на работа исто. Добро што не е есен или зима па да ме дотепа уште толку. Си мислам на убави работи, јас по природа сум си оптимист и среќна личност (дури и поише од реално, ама убаво ми е да живеам во розов свет), затоа и ме исплаши ова, ама да се надеваме дека се само привремено хормоните во прашање.
одсекогаш сум си го менела расположението на секоја минута ....арна после намуртена а сега сум жив ѓавол нервози на работа стресови ни директор се гледа ни директорка сите во пм ги носам зашто таму им е местото ама се трудам да бидам толерантна и да не избувнувам да не се нервирам тешко ми оди некако.. имам и убави моменти кога сум расположена и баш ме боли уво за се..... мењам мењам расположение
јас сум си пола пола се шегувам па се лутам емоци лелеее Eмоци тука се не идат никаде а се нервирам и пак се мирам
како ми наближува терминот и јас станувам нервозна и раздразлива.а баш си бев опуштена цела бременост сега на моменти ме фака некој немир
lele luge jas sum mnogu nervozna, ne deka i prethodno bev posalam ama sega mislam ke se seknam, nekoj nemir, bes vo mene, nemam izduven ventil obicno koga sum nervozna pesacam vezbam, toa mi pomaga ama sega ne mozam tolku bidejki od sam start sum so bolki vo stomakot, i koga vidam deka ne pominuva nervozata placam da mi olekne
оф многу сум станала еоционална само ми се плаче се чуствувам осамено мазми е инаку на работа од 2 часот после после полнок до 13 часот утре дента а јас секое утро станувам како часовник секое сабајле во 7 часот ке завршам нешто по дома и се цуствувам сама не излегувам често роднините ми се далеку во друг град у скопјево сум сама комшикиве оклу мене се сите стари не контактирам со никого едино со мајками прку телефон и таа во друг град доаѓа кога мозе ама не шесто така да и сопругот многу е уморен кога ке дојдјди дома од работа јаде и заспива многу се мачи нема време ни за себе кутриот и затоа сум танза ама ајде ке издрзам имам усте малку сега сум у седми месец па наскоро нема да сум сама,,
у последно време нервозна ауу шо да расправам се живо и диво ме нервира не дека порано бев саалам ич не бев ама сега ауууууу .. со сите се карам... сите ги носам ги у пм... абе луѓето имаат ли разбирање дека сум бремена и дека ми треба мир или не им е јасно нешто ( или пак јас сум проблематична ептен па шо неможат на крај да излезат со мене )
Само еден збпр може да ме објасни - променлива! Знам да се смеам 5 дена и наредни 2 да плачам за глупости, да се нервирам, да се карам. Ич не се сакам таква, ич!
4ти месец сум и мн.нервозна се ми смета и само се карам со мм и преку ден плацам,мозе ли да му наштети на бебцето,
не е добро да се нервираш секако и за бебето не е убаво.. се што осеќаш ти осеќа и бебето.. и јас само се карам со кој најдам.. ретко некој ден да прескокнам да не се карам со некој.. уу на моменти сите како ме нервираат од мало до големо