Душо моја и јас сум бремена со женско. Јас и мм сме пресреќни, НАЈСРЕЌНИ. И јас чувствувам дека и поблиските и подалечните како да не се баш најрадосни. Ако кажеш машко сите викаат браво ова она, а за женско некако со помалку ентузијазам. Но, тоа ги отсликува нив. Според мене маж кој сака машко дете не е самиот тој доволен маж и со машко дете ја пополнува таа негова празнина. Така и народот општо. Па да не биле женските немало да постои ниеден од нив, ама прост народ, наместо да се гордеат со жените, да ги величат, тие ги гледаат пониско од мажите. Јас сум ГОРДА што ќе имам ЌЕРКА. Биди и ти, биди си најсреќна, а останатите едноставно батали ги. Таков народ сме, прост, за жал. И знам на пример кога сестра, братучетка, јатвра, ќе биде бремена со машко ќе се кренат сите на нозе и ќе се слави и ќе ја сакаат повеќе од мене, ќе ја гледаат на повисоко, но не ми смета, што сакаат нека прават. Стави ги сите на игнор, мила. И тврдам дека женските се посилниот пол, нема мажи веќе, женското е гордост, и ќерка и син, ќерка вреди колку десет синови.
А бе ова е страшно, нема некој кој не изреагира така. Како демек..ај ова се згреши, ама наредното ќе биде. Незнам што да искоментирам, а многу не убаво ми доаѓа. Не знам како да изреагирам а да не биде грубо, бидејќи ако отворам уста, нема да можам да го исконтролирам револтот и интонацијата. И само се насмевнувам и глумам лудило дека се е во ред. а внатрешно душата ме стега од наплив на емоции и стомакот ми се грчи.
Абе и јас гледам дека за машко дете одма подруго се збори. И дури еднаш свекрва ми вика ај женско дека е вашето може повеќе на тебе да личи Јас и викам па нормално дека ќе личи на мене или на маж ми, ние сме родителите. И јас ќе се гордеам да си личи повеќе на мене. Боже сачувај. Као ако е машко, на таткото фамилија ќе личи. А јас сум забележала дека е обратно. Машките на мајките, а ќерките на татковците повеќе личат.
Еден млад брачен пар, тукушто венчани, решиле првиот месец по свадбата да не ги примаат на гости ни родителите на мажот, ниту оние на жената. Родителите и на двајцата многу пати доаѓале на посета, тропале на вратата, меѓутоа никој не им отварал. Кога еден ден дошле родителите на жената и тропале на вратата упорно и и` кажувале на ќерката да отвори да влезат да ги видат, таа се смилува и им ја отворила вратата на своите родители. По некое време жената останала бремена и родила женско дете. Тогаш мажот и, таткото на бебето бил многу среќен и ги частел сите заттоа што добил ќерка. Кога го прашале зошто е толку среќен што му се родила ќерка, а не син, тој им го раскажал договорот што го имал со жена му после свадбата и кажал дека кога ќе биде стар, осамен и изнемоштен, ќерка му ќе биде која ќе му ја отвори вратата. Затоа бил многу среќен. Оваа приказна ја имам гледано многу одамна и ја раскажувам. Ова не е измислено, ова е вистината. Реално, ќерките повеќе се грижат за своите родители и затоа сум многу среќна што ќе имам ќерка. Да се редактирам: Точно е дека машките на мајките повеќе личат, а женските на таткото. Исто и машките се поприврзани за мајките, а женските за татковците. Во мојата околина е така. И јас на мм му кажувам дека треба да е среќен што е женско, повеќе за него ќе биде приврзана, татина миленичка ќе биде.
И јас носам женско и сум многу горда што по голема борба ќе станам МАЈКА. Не им обрнувам внимание на таквите коментари зашо не вреди. Она што сакам е да си ја родам нашата принцеза жива и здрава за друго не мислам. А такви коментари имало и ќе има. Мој совет е биди горда на дарот од Бог а се друго е баш небитно. Јас барем така гледам на тоа.
Сите што ги познавам, а ги имам многи едвај чекаат да имаат девојче. Комшиите мои имаат 3 машки деца сакаат на 4 да одат само за да имаат девојче. Две пријателки мои имаат машки деца со душа чекаат да имаат девојче. Јас имам девојце и ГОРДА сум на тоа. Уште не знам што пол се другите две, но потајно се надевам дека ќе се девојчиња. Ќерката секогаш е за родителите и во добро и лошо.
Мешиња како се справувате со нервозите во бременост? Јас сум деветти месец и оваа недела сум нервозна, плачам, се карам ама само со мм. Он не ме поднесува мислам веќе. Прееска рикав ко магарица, а и плус таа свекрва ми од такт ме извади. Уффф. Место да покаже разбирање, таа бре ко бесна кучка. Ама ќе ја баталам. Нема да и се замарам. Ни на кафе нема да и одам сега. Кажете нешто да се напијам за смирување. Сега ми доаѓаат сами солзите.
Смири се душо, многу си емотивно, период е, ќе помине. Пречувствителна си, нормално е, од хормоните ти е. Мисли на бебушот, веднаш нека ти текне дека се што чувствуваш ти проживува и тоа малечко ангелче, заради него обиди се да се опуштиш. Мене исто ми доаѓаа такви моменти, докторот ми рече дека можам да се напивам Бедоксин, но сепак... најдобар лек ми беше во природа, мир и тишина. Најди си што најмногу те опушта, се останато стави на игнор.
Иста сум и јас гледам само со мм да се карам оти знам дека само он може да ме трпи . И јас прееска плачев од нервоза оти мм неможел од работа одма да ми ѕвони туку ми ѕвонеше по 5 минути. За ќотек сум знам. Ме смирува само б6 .
Девојки ај еден совет... Кажете ми како се справувате со нервозата во бременоста.Јас сум 7 недела и постојано сум нервозна .Се ме нервира.Да малце периодов имам причина за нервоза ама не е за до толку да бидам нервозна и постојано да плачам.Јас по цело денови си плачам и сум нервозна.Ве молам за совет.
Ако е толку интензивна нервозата и плачењето во волку рана бременост најдобро е да поразговараш со стручно лице психолог/психијатар да ја откриете причината и да најдете решение. Сепак долг пат те чека до крај.
Ако ти пишувам сега ќе ти кажам дека и јас сабајлево си плачам онака без некоја посебна причина, го читав погоре текстот за ќерки и синови и ми дојдоа солзи, нервозна, напната и сето тоа за пола саат до 1 час и потоа - насмеана, расположена за зафрканција, смеа, желба за разговор секаков и да не набројувам има уште Значи некогаш си се смеам самата себе си каква сум станала, ама се навикнав 12та недела сум. Позз
Вчера гледав еден Божиќен филм, иако среќен крај и се, абе кога ми нагрнаа солзи од среќа, се растурив од плачење што принцов се зема со сиромашката шнајдерка А па недела дена претходно, си се разбудив спремна за плачење...Седнавме да доручкуваме со мм јас јадам и солзи ми течат. Овој фати да ми се смее, па уште толку се испорасплакав.
Јас си плачам за се.. прво плачев зошто мм е само на работа ,многу работи па уште кога ќе дојде дома смука,пушта машини,прави јадење.Јас сум во кревет неколку недели и само го гледам и плачам,иако он многу се нервира кога ќе ме види. А,пред некој ден плачев зошто мајка ми си се врати дома.Беше една недела тука да ми помогне.. Хаос али ајде,нек раде хормони
Хаха, и јас го жалев мојов, тој па и со кичма си има маки, сеа му се насобра се да праи па и стварно е за жалење ама шо да му праам Знае да замрчи некогаш кога за некоја глупост ќе го ангажирам, без осет сум некогаш
Нека видат малце како е мојов до сеа уште не знаеше што кај стои,сега како струја е,хаха... абе срцки се
Исто и овој! До вчера ме прашуваше лажици и виљушки кај стојат Ако ако школа им е ова.. утре па со две и те како ќе треба да ми се наоѓа, тренинг му е ова. Ама ми се свиѓа шо сам има иницијатива за одржавање чисто, неможел влакната на земја да ми ги глеа и одма усисивач, а стварно многу ми паѓа косава шо да праам, се пробав, џабе,до хормони ќе да е. Е само за машина ме вика да сум го глеала при распределба на алиштата да не згрешел пошо еднаш црн чорап пикнал па збеснав
Ве читам и како јас да имам пишувано. Исто и мм ме трпи цело време, ми влегува во расположение- Ако сум тажна и тој е посмирен, ако сум среќна и тој е расположен за шеги и муабет и се што ќе ми се прави. И исто поможва дома, чисти, ми вари чајчиња околу 1 по полноќ. Некогаш како грижа осеќам, да не е претерано... Но си велам двата ќе бидиме родители и мора да двата да си помогнеме. И така брзо ми поминува тоа чувство на грижа, па ќе му зададам и некоја друга задача на мм. Ништо не е злонамерно, едноставно така ми иди. Чувајте се, гледајте се и сакајте се!
Не е можно истиот го гледав и иста ситуација хаха плачи си ли плачи си.абе јас и за ситници плачам за песни за тажни работи за среќни.ова хормони до плафони.пред некој ден се развудив спремна за плачење и си плачев абе за најголеми глупости ама таков ми беше денот плачлив
Девојќи бидете среќни што ви помага вашиот сопруг, што плачете затоа што го гледате како ви помага..како ве сака..Како се прави за вас и вашето дете.Тоа е голема среќа,тоа е љубов.Тоа е големо богатство. Барем еден ден да го осетев тоа...Барем 1час, но ние не осетивме таква љубов...Осетивме како е да бидеш малтретиран и тепан.Згора на се оставен на улица и да го загубиш детето....Ценете си го тоа што го имате и уживајте во тие денови...