Хмм.. цела бременост ја поминав нормално, стабилно, иако сум голема плачка. Ама штом се породив лелелее... плачев секој вечер кога завршуваше посета и мм мораше да си оди. Едвај чекав дома да си идеме. Е сеа пошо он е на одмор некој ден, па сигурна сум дека истите плачки ќе ги има кога ќе останам сама а он ќе мора да оди на работа.
Малку да ја активираме темава Дали ви се случуваат големи промени во расположението? Јас до пред месец дена емотивно бев супер, дури и бременоста позитивно ми влијаеше на расположението, но последниве недели имам доста емотивни падови и нерасположенија. Најмала ситница ја доживувам како трагедија и секој ден се чувствувам нерасположено... Ме загрижува тоа што бебето ги чувствува емоциите на мајката...
Не си сама и јас сум си плачка. Сега во последно си ставам во глава дека сите го чекаат само бебето и на никој не му е гајле за мене. Кога ќе кажам дека ми е страв од пораѓај, сите ми викаат 'Не си прва ни последна што ќе раѓа, сосема нормална ствар е'. Пошо нели јас си мислам единствена сум Знам дека е така ама поубаво е некој да ти каже дека е тука и дека се ќе биде во ред. Е за ова си се нервирам последниве денови, ќе видиме што ќе биде наредната недела
Не знаев дека имало ваква тема. Секој ден би имала што да пишувам тука.. Емоциите ми се хаос. Многу брзо менувам расположенија, премногу сум чувствителна, скоро секој ден плачам. Се расцепувам од плачење поточно. Некогаш си мислам очите ќе ми истечат. Некогаш ме облеваат и позитивни емоции, помислувам на бебето и на тоа колку ќе ми се разубави животот. На моменти и страв ме фаќа околу тоа како ќе се снајдам со сите нови обврски и одговорности. Најголем страв чувствувам во врска со пораѓањето како што кажа и @Jana06 никој не ме разбира ми велат најнормална работа било. Ама јас се плашам. Си правам стресови како ќе биде што ќе биде. И така времето си минува и стигнавме до 24+6, а мислам вчера беше кога го сликав тестот на форумов и се мислев дали е позитивен, мислев дека халуцинирам и дека само јас гледам втора црта.
Леле јас од кога дознав дека сум бремена само си плачам за глупости.. а малку се изнервирам одма солзи ми доаѓаат.. пред некој некој се утепав од плачење зошто малата не сакаше да и облечам гаќички.. она плаче јас плачам абе хаос сум... мм од една страна се нервира не сака да се нервирам и плачам ама од друга страна ми се смее за кои глупости солзи пуштам.. и кога ќе ми рече што ти е само му викам хормони и крај на муабетот ме разбира
Морам ова да го пишам, и после една година брат ми и маж ми ме зафркаваат. Трудна некаде осми месец, сабота на работа 10 часа. Уште во 2 почнав да му се јавувам на маж ми дека ми се јаде нешто вкусно и да го најде тоа. Почна човеков да ми набројува каде би можеле да одиме, ама не, не е доволно вкусно. Мајка му пратила полнети пиперки, што инаку многу ги сакам, ама овој пат не сакав да помислам на нив. Човекон се утепа од предлози давање, ама мене ништо не ми звучеше доволно вкусно. А да предложам јас немав идеја. Така после работа си дојдов дома, се натегавме каде да одиме и на крај плачеечки се настегав од пиперките. И се утепав од плачење после тоа. И не му правев муабет два дена. Значи два дена кога ќе ми текнеше дека јадев пиперки наместо нешто вкусно (а ни сама не знаев што е тоа вкусно), си поплакував. Маж само ми се тргаше од видик, бидејќи цело време му викав дека не е маж штом не најде каде да одиме и дозволи да јадам пиперки. Драми, драми.
Истата сум и јас! Неможам да се препознаам самата. Досега и мене бременоста позитивно ми влијаеше, но последниве неколку дена плачам и брзо се љутам! Мислам дека хормоните си го прават своето плус мислиме како ќе помине самиот чин на раѓање бебе, како ќе се снајдеме во улога на мајка, па како да му ја средам собата? Се од погоре наведеното има влијание на нас. Мое мислење е дека најблиските треба да не истрпат уште малку и дека нешто ако за нив не е битно, во нашава состојба и те како е битно.
Да ја активираме темава малку Емоцииве хаос , мислам дека и мачкава моја ако ме погледне напреку јас ќе се расплачам Имам триста мисли во глава , маж ми само ми вели не паничи јас готова да се расплачам мислејки дека немам разбирање од него. Еден час лута сум мислам дека можам со заби некој да изедам , па еден час се смеем расположена Буквално се ме нервира , па сите ги сакам и така во круг
Истата сум.. На еднаш ми доаѓа преголема нервоза и ми доаѓа да викам да кршам.. Вчера и сама не знам зошто толку бев нервозна кога ќе ми зборнеа дома само им подвикнував.. Со маж ми често знам да се закарам и да му презборувам.. Некогаш па ми треба многу внимание и само се гушкам со него се размазувам буквално како детенце сум..
Темава ќе ја активирам, мислам дека ќе ни биде потребна. Јас влегов во 8 месец и на моменти чувствувам дека со психата ќе си отидам а не одам на работа само една недела. Навикната сум да работам без слободен ден, не знам што би правела дома уште 2 месеца. Мм си доаѓа во 17 часот, исто и тој работи без слободен ден. Си наоѓам по дома некои занимации ама како и да е, малку обврски се тоа, не ме исполнуваат. Чистење, готвење, перење... Имам премногу слободно време и ме преплавуваат секакви мисли. Средив се околу бебето што ќе дојде, нетфликс не ми е интересен веќе, се мислам некоја книга да почнам да читам или да украсувам за нова година или да замрзнувам некои јадења за да ми биде полесно во postpatrum кога ќе влезам... Е, вака ми е во глава, rollercoaster од мисли ама најверојатно ми фали работата, ми фали секојдневна комуникација со преку 200 луѓе. Во исто време се запрашувам како ќе седам сама со бебето толку време до 17 часот... А тоа што спијам 2-3 саати навечер е друга работа, мокрам 10 пати минимум. Му завидувам на мм што спие спокојно до мене а мене не ми е удобно никако да легнам. Сакам со време да си ја средам главата за да бидам спремна за следното мое поглавје во животов...
Тешко ми е често, особено тоа што сум сама.. Имав вереник неодговорен и ме остави бремена, несакајќи го детето. Од друга страна сум среќна бидејќи се тргна од мене и тој и неговата фамилија бидејќи имав компликации поради нив.. Бев под стрес, постојано со плачење...Ме нервираа крајно.. Она што ми е тешко е фактот што беба е без тато, но сигурна сум дека ќе бидам вредна мама и тато.. Тргнувајќи од тоа дека секој настан промена остава голема трага врз нас...Дали сте биле во бременост на психијатар, што сте пиеле за смирување? Имам потреба за муабет..
Поддршка од мене. Мајките како тебе се неверојатно храбри. Подобро само со мајка, отколку да расте во токсична средина и со таков неодговорен татко.
Да, на долг рок тоа е полошо, да расте во таква средина. Биди храбра и уживај со бебето во секој момент. И секако посета на психолог е супер, баш се препорачува, па доколку треба нешто да се пие ќе ти кажат.
Скоро цела бременост ме фака на момент нервоза но сега на крајот нз ,дури се плашам мн избувнувам лесно , па потоа си плачам ...и мн се нервирам што е така, се ради глупост се скарам со маж ми ... се надевам не му штетам на бебе (((( офффф хормонии
Читајќи ги коментариве се утешив малку. 11 та недела сум , уште на почеток, нема ден да не избувнам , да не испаничам и да не се расплачам ама и обратно хормониве се страшна работа чувајте се мамички се ни е простено и се е дозволено , па крај краева сега сме си најбитни!! Поздрав и со лесно на сите ❤
Zdravo jas sum 18ta nedela i mi se slucuva da placam so saati so solzi mislam deka mozam cela kofa voda da napolnam .. pa sto e ovaa promena Zagrizena sum za plodot dali mu stetam ahhh