Мамичка, и јас сум во скроз истата ситуација, само што разликата е што јас него го напуштив, секако, за моето дете да има подобра иднина. Арно ама, уште е тука некаде, ѕвони, ме запрашува, ми се меша, па не сум била одговорна оти сум пиела витамини, требало преку храна да ги внесувам, па ова вака требало, не онака... Упорно ме притиска како и тој ќе биде дел од неговиот живот, си прави планови, а никад нема да спомне или да рече дека купил нешто за бебето. Знам дека ја имам сета поддршка од моите, и финансиска и емоционална. Ама, не можам а да не се чувствувам како да сум им товар. Ај јас, ама за некој месец кога ќе дојде бебо ќе има милион трошкови, срам ми е што тие ќе треба да ги покриваат... Секој ден се утепувам од плачење, не можам да се фокусирам на обврски околу факултет, сега поради изолацијата не можам ни на воздух да излезам, да си ги разбистрам мислите. Ептен пропаднав. Се мислам кога ќе излезам од изолација да побарам совет од стручно лице, оти вака само се мотам во круг и ми е страв дека можат моите чувства да му влијаат на бебето.
Божее мој исто, све исто Случајно сакав да прочитам мислење, заборавив дека имам пишано, затоа што баш вака се чувствувам, се ми смета, се карам, се лутам за ништо, ужасс. Се сеќавам дека почетокот ми почна вака нешто ама сега ако се е ок, пак иста песна
Се изначитав назад за да се утешам дека овој ,, ПМС, "или бременост горе долу кај сите е, знам дека во моментот не е до смешка кога ти се дешава ама јас се изнасмеав, малце да оттргнам мисли и да се утешам дека не полудувам До пред 5 мин кенкав на маж ми дека ми е мачно вака, а вчера му се развикав зошто брат му, му кажува цени за материјал а човекот работи во продавница за материјал, па што има тој да ти кажува, а кој уствари треба да му каже дури се развикав, налутив, збеснав, па после се раскенкав зошто така се однесувам. Исто и сега ме прашува што ми е, човекот има трауми од првата бременост , а јас дури раскишавена, јас ретко плачам освен кога се хормони во прашање, а сега рашмркана, па ти не знаеш како е да си лут и кога нема причина, па ти не знаеш што се хормони, па ти не знаеш колку ми е мачно, па многу ми е тешко. Тој само ме гушка и знам, како не знам, а сигурно си вика во себе помози Боже и овие година дена
Јас штотуку имав испад. Немам поддршка емоционална од партнерот. Му реков дека ме вознемирува тој застанал уште збори. Не знам што се случи, избувнав, почнав да викам и испофрлав се околу мене. Осетив дека ми се качи пулсот и ми текна дека сум бремена и прекинав да викам. Сега сум исплашена да не му наштети тоа на бебето. Ктатко беше, ама испофрлав се околу мене и се исповикав да ми олесни.
Мила и порано мислам те имам читано дека се чувствуваш како да немаш поддршка од партнерот. Разговараше ли отворено со него за тоа? Не е во ред во оваа ситуација кога ќе кажеш дека со муабетот те вознемирува да продолжува упорно да збори... особено ако причината не е голема. Бебето ги чувствува емоциите на мајката (барем така имам слушнато), сега си се исповикала, ти олеснило, напиј се б6 и легни си. И разговарај со него. Не е убаво често да ти предизвикува стрес. Или едноставно муабетот од едно уво нека ти влезе, од друго да ти излезе, што пак и тоа не е во ред. Пак ќе кажам, ова ако не е сериозна причината за таков однос, ако има нешто тогаш треба отворено да се разговара и да е реши
Јас веќе немам што да разговарам со него. Кажано е се не е еднаш. Никаква поддршка, никакво разбирање. Сега во бременоста сум хормонална и не можам воопшто да го поднесам. Обично игнорирам и не се замарам ама прееска ме донесе до работ и кажав се и го исповреѓав, немаше разумна расправија. Го извадив бесот на максимум. Значи почна со банална расправија за ручек, одбив на глупости и си продочжив со декот. Беше излезен, се врати и не ме остаи на мира. Зашо сме се карачр, ја не сум го дослушала, ја вака ја ѕака, а јас си гледав телевизија. Му ррков не ми се обраќај, не ме вознемирувај. И продолжи како идипт навиен. Ескалирав мислам дека афект ме фати. Му реков да си оди. Ептен не можам јас во моментот да си одам, кај мојте е бетер, постари се ќе же умрат. Ама дефинитивно го оставам. Обично сум прибрана, сега изгубив контрола. Сега сум загрижена, се надевам нема да му наштети на бебе расправијата. Сега се расклоца ептен, ми ја осетило енергијата.
Можам да претпоставам колку ти е тешко, кај за се сама се справуваш па уште да ти збори некој над глава. Затоа и си избувнала, со право. Ссмо ме чуди што човек е он, како не разбира, па бебе чекате бе... немам коментар. Прво дете ви е? Не се секирај за сега, ти кажав б6 и легни си, евентуално некое лесно филмче и заборави на расправијата, гали го мешето
Денес сум подобра. Бев сабајле кај докторот да го види бебето бидејќи многу клоца од вчера. Го викна мм и му се изназборе. Ми даде и боледување. Сега одмарам лежам. Инаку му кажав на докторот дека многу се вознемирив и дека испофрлав се низ дома. Ми кажа дека не секоја бременост е иста и дека бремените жени знаат да направат каранбол околу нив. Ме утеши дека од еднаш хормонска и голема реакција не би требало да му да се случи ништо на бебе. Еве го овој како попарен денес прави ручек средува.
Сега видов. Ете, нека му дојде памет малце, ќе прави ручек него како Не се секирај, не може да му биде ништо на бебе, ама избегнувај да се нервираш, да не чувствува безпотребно такви емоции
Сите имаме избувнато вака, не се плаши ништо не му е на бебето. Јас имав ситуација исто додека бев бремена толку ми го крена притисокот буквално исфрлив и јас се, дури почнав и да се гризам по раце од толку нервоза, ми идеше да го убијам. Причината беше што порачав часовник ѕиден од интернет, и не беше како на сликата, и почна прво демек да се заебава со мене за тоа, па после зошто ги фрлаш парите на глупости, и ми прекипе и избувна толку многу што искрено да имав нешто при рака ќе му го акнев од глава. Чим си сега добра лежи и одмарај, не мисли на тоа веќе.
Хахаха леле да си жива ме изнасмеа Јас се вознемирив затоа што бебето ппчна многу да клоца еве цела ноќ цел ден. А пред тоа беше мрзлива не ја осеќав. Инаку ние се скаравме зашто не сакаше ручек да направи а јас ме викнаа на состанок да се уклучам и немаше кога да направам ми се јадеше. И се срчкавме и вечерта почна пак зашо се караш зашо викаш и му реков да престане, не престануваше да збори и почнав да викам, и имаше едно дрвено на маса го земав и го фрлив накај него. Пулсот ми се качи о осетив врелина. Он остана смрзнат јас се чудев што ми стана. Се надевам еден ден ќе се смеам на ова.
^ Па добро ако гледаме на причините јас сум ,, најлуда" од сите Кога бев бремена додека чистеше маж ми, со правосмукалка несакајки ми турна вазна од баба ми која е почината. Па такво плачење и викање во живот немам удрено, а јас ретко плачам. Кога ме виде кога рикнав почна да ме теши, па кога ми рече ќе ти купам поубава уште толку уклучив сирената затоа што таа е најубава ми беше од баба ми. Среќа што парченце фалеше, па ја лепев, па со лак да не се познава, сега трауми има од таа вазна и секогаш ми вели де те молам стави ја подалеку од мене мил ми е животот
@Mrs.Sofija @Snowflake97 @anggell Девојки не знаете како ме утешивте. Се осеќав многу лошо, вознемирено и виновно. Фала ви што споделивте ваше искуство. Ме расположивте
Zdravo trudnici Dali i vie si pravite filmcina i ste emotivni za se. Ovaa nedela imam veke bolki vo nozete, pa doktorot mi rece malku da odmoeam sedam doma i samo si pravam filmovi.Sto ako mazot mi ne me saka ponatamy,sto ako nekogas me izneveri .Toj stvarno e pazliv se trudi okolu mene .Ne mozam da se osudam da imame sex se plasam za bebeto. Posle si mislam kako ke mi se smeni zivotot poslw bebeto.Sto ako ne stignam se da pravam rabota bebe pa da potfrlam i taka
Ехееее, и тоа колку си правев, стигнав до тоа да не спијам по цели ноќи што од добри што од лоши сценарија, па еве два месеца има добри денови и денови кај што колку и да се трудам мислам дека повеќе и повеќе потфрлам. Ваљда де и тие и тие нормални. Се ќе биде добро не биди будала како мене да се оптеретуваш, уживај и одмарај