1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емоционални манипулатори

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од crazylady, 19 мај 2015.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Дали сте имале работа со ваква личност ?
    Што мислите за ваквите личностите ?
    Имате ли ваква личност ва вашиот живот ?

    Јас мислам дека секој имал барем една ваква личност. Во многу делови од статијава се пронајдов.

    Оваа статија ме инспирира да ја отворам темава.
    http://www.kafepauza.mk/zivot/nauchete-kako-da-gi-prepoznavate-emocionalnite-manipulatori/2/

    Скоро сите се способни да го препознаат физичкото насилство и веднаш да го осудат. Законот за тоа прашање е дефиниран, како и некои општо прифатени морални стандарди. Но, кога станува збор за емоционалното насилство, границите помеѓу дозволеното и недозволеното понекогаш брзо се губат, најмногу затоа што овој вид насилство не е секогаш лесен за препознавање.
    Односот со емоционалниот манипулатор, без разлика дали е партнер, пријател, колега или член на семејството, може да биде прилично стресен и да нанесе долготрајна штета на личноста која е жртва. Па, како можете да ги препознаете овие емоционални насилници?

    Тие секогаш ги извртуваат нештата во нивна корист
    На пример, ако ѝ кажете на вашата пријателка: „Лута сум ти затоа што заборави дека вчера требаше да се видиме“, а таа ви одговори: „Многу ми е жал што мислиш дека сум заборавила да дојдам на нашата средба. Можеби требаше да ти кажам дека моментално сум под страшен стрес поради проблемите на работа, но не сакав да те загрижувам. Па да, излгеда требаше сè тоа да го тргнам настрана и да се фокусирам на нашето излегување.“ Додека таа го кажува ова, нејзиниот глас може да почне да трепери, па дури и да пушти некоја солза. И најлошото е што во тој момент вие знаете дека воопшто не ѝ е жал, но таа толку многу ви го одвлекла вниманието со нејзиниот монолог, што едноставно сте останале без зборови.

    Совет: Никогаш не прифаќајте извинување кое е во форма на напад. Ако извинувањето звучи шупливо, тогаш тоа најверојатно навистина е такво. Верувајте му на вашиот здрав разум и не им дозволувајте на емоционалните манипулатори да ве контролираат. Исто така не заборавајте дека ако еднаш им дозволите да се извлечат со нешто вакво, тие ќе почнат постојано да го повторуваат истото.

    Тие секогаш сакаат да се прикажат себеси како жртва
    Најлошото нешто што можете да го направите е да побарате помош од емоционален манипулатор. Во најголемиот број случаи тие ќе го прифатат тоа и токму тука ќе настане вашиот проблем. Секоја друга личност ќе се обиде да го направи она што сте ја замолиле, притоа не правејќи драма од истото, додека пак емоционалниот манипулатор ќе предизвика да зажалите затоа што воопшто сте го замолиле за помош. На пример, ако сте го замолиле сопругот на враќање од работа да застане во маркет и да купи млеко, тој ќе дојде дома со млекото жалејќи се за сите „неволји“ кои притоа му се случиле. Тој ќе ви раскаже како не можел да најде паркинг, па морал да пешачи по дожд. Потоа, кога влегол во маркетот налетал на гужва на касата каде што му било толку многу лошо од умор и глад што едвај додржал да не падне. Тој брзал накај дома за да го гледа филмот кој толку долго го чекал, но поради тоа што морал да купи млеко ги пропуштил првите 5 најважни минути…

    Совет: Бидете одлучни и во иднина инсистирајте на отворен однос. Ако оваа личност прифати да направи нешто, откако сте ја замолиле, погрижете се едноставно да го направи тоа без никаква драма. Во случај да не сака да ја заврши оваа работа за вас, нека ви каже отворено и искрено пред да се нафати на истата, наместо потоа да ви се жали за стореното.

    Тие често ќе тврдат дека не го кажале она што го кажале, и обратно
    Оваа изјава навистина знае да биде непријатна, па доколку често се случува може да ве натера да се посомневате во вашиот здрав разум. Вие јасно се сеќавате дека во среда попладне сте седеле со својата девојка на кафе и дека таа ви кажала оваа сабота, ако времето биде убаво, дека таа ќе биде слободна да одите на излет. За да бидат работите уште поинтересни, тоа всушност било нејзина идеја. Но, саботата пристигнува, а од вашата девојка нема ни трага ни глас. Откако конечно успевате да ја најдете, некаде по 3 попладне, таа ви вели дека е излезена со пријателките од утрото и дека се подготвуваат да одат на „луда“ журка. Во тој момент го спомнувате вашиот план за овој ден и таа почнува да ве убедува дека вие никогаш не сте се договориле за нешто такво. Без разлика колку се обидувате да ја разубедите, таа цврсто стои на својот став.

    Совет: Многу е тешко да се справите со овој вид луѓе, па токму затоа треба да си го поставите прашањето дали навистина вреди да ја одржувате врската со нив. Доколку се грижите за оваа личност и сè уште не сте подготвени да ставите крај, тогаш почнете да ги правите овие планови исклучиво преку пораки или мејлови. На овој начин, во секое време ќе имате доказ дека вие навистина сте разговарале за тоа што емоционалниот манипулатор се обидува да го скрие.

    Тие се обидуваат да ви ја наметнат нивната вина
    Емоционалните манипулатори се експерти кога станува збор за наметнување вина, дури и во оние моменти кога вие ни најмалку не сте виновни. На пример, вашата мајка ви вели дека воопшто не ве гледа, па токму затоа постојано ви се јавува да ја посетите, додека по телефон звучи многу уморно. Откако ќе се согласите да ја посетите, таа ќе почне да ви зборува дека премногу време поминувате со вашиот сопруг или сопруга и дека поради него/неа таа воопшто не ве гледа. Но, додека го прави овој разговор заборава да спомне дека во текот на месецот, вие сигурно еднаш, до два пати неделно ја посетувате и седите со неа по неколку часа. Од друга страна пак, ако сакате да одите на патување со пријатели, таа ќе се обиде со целата своја сила да ве разубеди дека тие само ве користат, сакајќи да ве натераат да ги потрошите вашите пари за џабе. Можеби дури и да ви каже нешто како: „А што ќе правам јас кутрата толку долго без тебе? Зарем не ти е жал да ја оставиш својата мајка тука сама? Згора на сè и болна сум…

    Совет: Имајте на ум дека нема смисла да се води туѓа битка. Ако некој се чувствува несигурно во својата кожа, тоа е проблем кој мора сам да си го реши, без притоа да ги нервира сите околу себе. Извинувањето треба да се каже доколку навистина нешто сме згрешиле, но не смееме никако да дозволиме некој со помош на неговите чувства на несигурност да ни наметне чувство на вина кога ни најмалку не сме виновни.

    Тие никогаш не го кажуваат директно она што го чувствуваат
    Кога сте во контакт со емоционален манипулатор, треба да знаете дека тие никогаш не играат фер. Наместо да ви кажат отворено што сакаат од вас или што им смета, тие ќе ви зборуваат зад грб, додека пред вас ќе се преправаат дека е сè во ред. Еден многу чест пример за оваа ситуација е одреден однос помеѓу партнерите, за кои најчесто се виновни жените. На пример, доколку тој сака вечерва да излезе со пријателите и ја праша својата партнерка дали е во ред со тоа, таа ќе му одговори: „Па, да… Малку ме боли глава и некако сум тажна, ама да, слободно оди.“ Тој секако од оваа изјава ја слуша само согласноста да излезе, па кога ќе се врати дома ќе сфати дека неговата партнерка е бесна затоа што тој не ги употребил своите моќи за читање мисли и не сфатил дека нејзината изјава за главоболка значела дека тој требало вечерва да остане дома и да ја гушка.

    Совет: Кратко и јасно, никогаш не „читајте помеѓу редови“ кога станува збор за емоционални уцени. Животот е прекраток за да се обидувате некого да дешифрирате. Ако нешто навистина го/ја мачи, тој/таа треба сам да најде начин како директно да ви го каже тоа.

    Тие секогаш ги преувеличуваат своите проблеми во однос на вашите
    Замислете го следново сценарио… Вие само што сте ѝ кажале на вашата пријателка во доверба дека ви починало кучето кое било вашиот најдобар пријател последниве 15 години и дека поради тоа се чувствувате ужасно. Па, таа без размислување, на оваа изјава ви одговара „Леле, подобро да не ти кажувам како ми е мене. Пред малку додадов еден дечко на Фејсбук и тој воопшто не ги лајкуваше моите фотографии. Целосно се посрамотив пред моите пријатели, ми доаѓа да пропаднам во земја!“ Емоционалните манипулатори од овој вид секогаш ги преувеличуваат своите проблеми, а вашите ги омаловажуваат, ако воопшто се способни да ги дослушаат до крај. Тие едноставно мора да бидат во центарот на вниманието.

    Совет: Бидете директни, ако треба и остри, па отворено кажете ѝ на оваа личност дека во овој момент сакате да разговарате за вашиот проблем. Не се плашете да бидете искрени и никако не се воздржувајте да му/ѝ кажете ако чувствувате дека тој/таа со своето однесување се безобразни кон вас. Имајте на ум дека ако попуштите, прстот кој сте го дале денес, утре ќе се претвори во цела дланка.

    Тие никогаш не преземаат одговорност
    Емоционалниот манипулатор никогаш нема да признае дека направил грешка. Тие секогаш ги обвинуваат другите, бидејќи тие никогаш не се криви за ништо. На пример, доколку откриете дека вашето момче ве изневерило, па токму затоа и му раскинете, ако станува збор за емоционален манипулатор, тој ќе се обиде да ви ја префрли вината вам, велејќи ви дека сте биле ладни во кревет, дека не бил задоволен од вашиот сексуален живот или пак, дека вие воопшто не ги разбирате потребите на мажите, па токму затоа и сте го правеле несреќен.

    Совет: Ако сте доволно упорни, можеби и можете да се обидете да инсистирате на фер утврдување на вината. Во случај да ви е дојдено преку глава од ова однесување, најпаметно е да ставите крај на контактот помеѓу вас.
     
    Последна измена: 19 мај 2015
  2. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Сум имала јас вакви личности во животот, ме вади од такт оваа работа. Поселбно ако тоа го прави за свои лични и подли цели. Ќе заобиколуваат, вртат и сучат само да ја постигнат својата цел, мислам и од земја би се треснале. Многу повеќе ценам доколку директно ми се каже и објасни личноста, па дури и да не е во моја моќ да превземам нешто и помогнам, ќе се обидам со сета сила.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Имав еден таков. Требаше да го оставам да прави што сака, но јас му верував и го жалев. На такви финти веќе никогаш нема да паднам.
     
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Оффф, имав една таква пријателка, која едвај ја откачив, верувајте дека е страшно да имате комуникација со таква личност. Вечно ќе ви се жали и изразува незадоволство од некој, ќе се лути, ќе замара и ќе изигрува жртва! Ако забележите вакво однесување на подолг рок, бидете претпазливи, зашто таквите личности ви ја одземаат енергијата.
     
    На GirlLove, mode-kristina, Lovelybaby<3 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Точно од збор до збор ... :bow:...жал ми е што порано го немав гледано :|

     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.683
    Допаѓања:
    116.514
    Пол:
    Женски
    Имам такви во фамилија.
    И плус енергетски вампири се.
     
    На SummerGirl, mode-kristina, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Ги имам неколку во мојов живот.
    Се трудам да ги игнорирам..
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Јас сум таква маалце :D :lol:
    Бар си признавам, не ја користам таа опција иначе дур не дојде баш нож до грло.Бидејќи сум човек што не прифаќа не, и што сака да добие сѐ што сака, одам по тоа целта ги оправдува средствата
    Али моето изгледа вака пример;
    Еве меѓу мене и дечко да кажам:
    Јас: Сакаш да одиме на тој и тој филм?
    Тој: мм па не баш не ми се оди
    И сеа мене стварно ако ми се иде нема да му викам ,,мора да идеме” ,,ќе ти се налутам ако не одиме”
    Туку си правам скиснати фаци или делувам намуртено или пак ќе почнам да се смешкам и улижувам.
    Ретко кој може мене да ме одбие.Со и без манипулацијава
     
    На Adidas888 и Indiegurl им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Не можат емоционално да ме манипулираат бидејќи сум ладна личност.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.010
    Пол:
    Женски
    Iam eden momentalno obesen na vrat,ama moze samo na son da manipulira so mene,a i tamu ne znam dali ke mu uspee
     
    На Mateica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    2.763
    Допаѓања:
    10.582
    Пол:
    Женски
    Па те глеам убава женска си :D и знаеш како викаат " за добар газ секаде е пешачки" :D
     
  12. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.215
    Допаѓања:
    7.637
    Пол:
    Женски
    Не си налетала на саглам манипулатор, нема везе тоа биди ладна колку сакаш...;)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Не, туку добро читам особи, себеси се ставам на прво место и во животов гледам да си наредам мене како ми одговара. Не губам време со будали.