1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ем Сингл, ем без другарки. Што понатаму?

Дискусија во 'Сингл' започната од TheCandy880, 20 август 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Оти не организирате групна средба сите од темава?
    Тамам во ситуацијава и полу-инкогнито можете да бидите.
    Со маски :lol:
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Opheliac, flawless_ и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Evaa_19

    Evaa_19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2018
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    77
    Добра идеја но тешка за реализирање.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и WildMk им се допаѓа ова.
  3. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Воошто не ми се допаѓа насловов на темава, некако ептен патетично звучи.
    Мислам дека во денешното општество, полесно е да си најдеш дечко отколку вистински пријател. Голем дел од луѓето прават грешка, така што го заменуваат пријателот со дечкото. Не велам дека не треба партнерот да ви биде и пријател, него секогаш е поубаво и кога се има вистински пријател за определени, резервни работи.
    Иако сметам дека човек сам себе треба да си биде најдобар пријател, понекогаш стварно ти треба со некој да направиш длабок, разбирачки муабет, да си ги искажеш маките и да побараш совет.

    Мене, еве искрено, отсекогаш ми било тешко да најдам човек во којшто би можела да верувам и сум се научила во текот на животот сама да си наоѓам занимации и да немам проблем да бидам сама.
    Сум сфатила дека ниту една работа не ја бива ако е форсирана, дали станувало збор за пријателство или романтичка врска.

    Би предложила на сите што се чувстуваат како насловов на темава, да заземаат учество во повеќе настани, сами да одат во кино/театар, на кафе, во парк, да се фокусираат на самите себе и да не се плашат сами да излезат. Вистинските пријатели се среќаваат на најрандом места, како и се разбира, љубовта.

    Како и да е, не сте сами :D Вака гледано, па и ние тука на форумов сме еден вид на друштво. Секој ден заедно поминуваме и учиме по нешто од секој. Секогаш можеш да побараш совет, помош, рамо за плачење; да се насмееш, да се изнервираш и слично.:inlove:
     
    На IamSexyAndIKnowIt, MilanMilan, Purelove92 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ја во оваа група спаѓав порано.
    Бев сингл, а другарки не дека немав ич, но повеќето се зафатени као, едвај едно кафе да договориш, може моја грешка шо не сум оформила едно друштво, туку сите ми се посебно. Другарка од средно, другарка од основно, другарка од населба, другарка од нет шо сум ја упознала пример и така...
    Немав едно стационирано друштво па секој викенд и се со нив да сум. Веројатно кој не има такво друштво од мал, потоа многу потешко некако е веќе. Па после кој у врска, кој такви обврски, онакви, кој у едно школо, кој у друго, после на факсови разни и така некако се губат контактите. Моите ептен се изретчија. И на факс секој си е за себе, се дружиш на факс ама надвор од факс многу ретко, секој си има свој живот, голем дел не ни живеете у ист град и така некако се се сведува на ретка дружба.
    Повеќе како познаници со едно кафе на 3 месеци, него другарки цело време тука.
    Порано ќе ги барав повеќе, ќе договарав средби, ќе пишував, сега не се замарам веќе толку многу. Кој сака да ме види нека ме побара и ќе пише. Нема со сила да ги молам.

    Више 2 год не сум сингл али имам врска на далечина, не го гледам многу често и доста време си проаѓам сама. Ама друго е кога има на кого да му раскажеш како ти е денот, кога на некого го интересираш, кога ти посветува внимание, се грижи за тебе. Откако го имам него, без разлика што сум во врска на далечина е поразлично. :)

    Но, сега и немам толку слободно време и немам време ни да се замарам што и како луѓе имам околу мене искрено.
    Кога бев послободна можеби повеќе ми влијаело.
    Сега едвај чекам слободен момент за да се видам со дечко ми или со фамилијата, за да си одморам, си имам некои други приоритети за разлика од порано кога сум имала слободно време на претек, па сум имала време и да ми е досадно.

    Дечко ми па ете порано имал големо друштво, откако почнале на факс, многу се оддалечија. Еднаш у 2 месеци се собираат, кој со женската, кој со друго друштво од некое друго место, кој испити, кој работа, вика џабе у средно бевме 24/7, сега не можеме кафе да испиеме.
    Голем дел од луѓето шо ги знам речиси исто им се има десено.
    Ваљда после некое време доаѓа фаза кога со многу луѓе ти се разделуваат патиштата и контактите се намалуваат.

    Многу е полесно да најдеш дечко искрено денеска него ли вистинско друштво, а и ја ако се прашувам многу повеќе ми значи времето и љубовта од него, тоа што го имаме, отколку да имам 10 другарки и да шетаме цело време.

    За кафе, за нешо има стално некој, но љубовта у врска е посебна, бар според мене ете, романтичар сум и убаво ми е у врска, животот ми стана многу поубав откако некого сакам и некој ме сака онака вистински... :)

    Ако си сингл и немаш друштво стварно е малку позезнато и некад може знае да удри на психа пошо сме социјални суштества и ни требаат луѓе ама битно е да правиме нешто да си го исполниме времето.
    Успат ќе упознаеме и некои луѓе, кои минливи, кои не, па ќе се средат коцките у живот. Еден ден и партнер и се ќе си дојде на место.
    Ја никад не се форсирав за врска, најмалку кога очекував ми испадна и тоа со човек што уопште не ми бил у план.
    Ова само за поддршка, работете си на себеси, инвестирајте во вас, упишете курсеви, вежбајте и најрандом ќе упознаете некој. И преку нет исто доста луѓе може да се упознаат, може и така да дадете шанса на некој, не се знае кога ќе упознаете некоја особа шо ќе ви го смени животот.

    Никој не вика дека не е убаво да се има и дечко и пријатели, но не заборавајте пред се сме си битни самите ние, ние секогаш се имаме и многу е битно да знаеме и како да сме во друштво со самите нас и да не ни е досадно. После и се друго. :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Purelove92, Meckicja и 15 други им се допаѓа ова.
  5. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    imav bivsi shto go sakav premn, raskinati sme 5 godini ja ushte imam cubstva za nego,kako sto kaza ti nekad mi pisuva nekad ne, mene uste povekje mi se vrakjaa cuvstvata za nego, dodeka letoska ne resiv da go bloknam od segde i eve mirna glava imam :)
     
    На Meckicja и Kjara15 им се допаѓа ова.
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Да не звучам негативно на тема друштво, ама дечки се согласувам со едно од претходните мислења дека прави другарства се многу ретки. По тоа што го прочитав во темава, по искуства на мои блиски, а и по мое лично искуство, доаѓам до заклучокот дека ретко кој има вистински другари/другарки. Најголем дел од нас немаат најдобри другар(к)и и излегуваат со луѓе колку да имаме со кој кафе да испиеме. Имам теорија дека ова е поврзано со возраста - кога бев во средно имав неколку различни друштва, од различни школи па излегувавме, се мешавме, се запознававме и беше екстра социјален период. Ама како што кажаа членките над мене - чим дојде време за факс, сите се раштркавме на сто страни, па во други градови и други држави и се се изгуби. Факултетот нормално си донесе ново друштво, ама еве на пример јас се дружев најмногу со луѓе од други градови, кои откако дипломираа, се вратија назад и само малку луѓе останаа за дружба. Капак на се тоа беше фактот дека сингл другарките се изгубија комплетно во истиот момент кога влегоа во врските. Сакам некој да ми објасни кој е тој синдром на 20-и нешто годишни девојчиња кои комплетно се предаваат на врските во кој што се и буквално се прават со партнерите ама се. Дури и друштвата на партнерите стануваат нивни друштва. Дури и девојчето што ми беше најдобра другарка, попрво ќе отидеше во друг град да се види со другарите на дечкото отколку со мене. Можеби е до мене, можеби веќе не им одговарам на другарките, ама можеби е до нив и го губат идентитетот со самото влегување во врска. Ама што и да е, жално е искрено. Не ради мене и моите другарства, него како генерална појава. Па и јас сум во врска па секогаш другарките ми се на прво место и се сто пати побитни од другарите на дечкото.
    И сеа кои се опциите? Или да фатите девојка/дечко и скроз да си влезете у филмот на другаркиве мои - се да правите со партнерот и тој да ви биде и другар и партнер и се. Или да пробате да најдете асално друштво што и не е баш лесно, очигледно по ова горе што го пишав. А ова е само еден аспект - има и лажни дружби од корист, има и свашта. На крај, сакам да ви кажам, сами на себе сте си единствената константа. Секогаш ќе се имате себе и затоа грижете се за себе (мислам психички). Гледајте ги друштвата и партнерите како додадена вредност во животот - ако ги има и ако се добри, тогаш супер, одлично, имате некој покрај вас и уживајте во тоа. Ако не ги бива или ако немате друштво/партнер, не се секирајте, можете и без нив и со тек на време ќе дојдат и нови.

    (Да не се сфатиме да бидете самобендисани нарциси, туку да се цените себе и да не се обвинувате ако некоја дружба или врска пропаднала)
     
    На Black__, Anne94, AmericanWoman и 13 други им се допаѓа ова.
  7. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Се чуствувам депресивно, очајно се жалам самата себеси. Не знам како оваа ситуација да ја прекратам како некоја карма да имам. Одсекогаш сум се дружела сум излегувала, но последните три години ситуацијата многу ми се промени. Сите другарства што ги имав ми прекратија некој јас ги прекинав некој не. Кога ќе видам некој излезени со друштва љубоморам, сакам и јас тоа да го имам, но незнам што правам погрешно, не знам како некое познавање да по направаам во нешто повеќе. Имам моментално само две другарки, но таква личност сум што сака друштва излегувања... Вака постојано седам дома. Не само во последниве три години што немам склучено пријателство туки и немам излезено со машко.... Ми треба совет што да превземам да направам. Секогаш сум таа што прави прв чекор ќе им пишам неколку пати на за излегување ако ме одбијат тие неколку пати веќе престанува комуникацијата со тие личности, ако јас не пишам не ни ме бараат.. Не сакам да бидам во таква ситуација. Сакам да излегувам да се забавувам да доживеам работи а вака не можам постојано седам дома, ај самата што си се нервирам од ситуацијата и моите постојано тоа ми зборуваат, ме прават да се чуствувам уште подепресивно. Како да створам пријателства??? Сум пробала да одам да се вклучувам во активности но и тоа ми било неуспешно... Некој совет?
     
    На Evaa_19, LoneWolfGuy и DraganFem им се допаѓа ова.
  8. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Машки
    Ајде, чекам и јас...совет. 8)
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Активна си на социјални мрежи?
    Јас многу многу луѓе така имам запознаено.
    Поготово преку тоа шо ми пишале на стори.
    Можеш со она ask me a question нешо да пробаш, шознам.
    Ако си отворена да упознаеш луѓе преку нет секако.
    Ја последните 2-3г, 70% од нови луѓе у живот преку нет ги имам упознаено.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, *Amethyst* и BlackMistery им се допаѓа ова.
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Да имам објавувсно и такви работи на стори и јас имам пишувано на такви работи ама само на тоа останало ништо повеќе
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Машки
    Ти имаш некој совет за мене, озбилно прашувам? :)
     
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Епа иницирај средба некад и ти прва, може ќе се развие у нешо појше, без разлика дали врска или другарства...
    На пример речи им има добра забава, да не сакате да идеме викендот, земи друштво и ти некое, ти тие 2те другарки викни ги, ако сакаат.
    Шознам само ми текнаа идеи.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Ако имав до сега самата би си помогнала :D
     
    На DraganFem му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Да се запишете на нешто, на јога, танц, нешто рекреативно што ве интересира па така да запознаете луѓе.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Машки
    :lol: Уживај во животот.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Xxx007

    Xxx007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2019
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    45
    nisto ne e tesko ako se saka ;)
     
  17. Xxx007

    Xxx007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2019
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    45
    eve jas sum single ako nekoja ima moze da se druzime i muabetime :)
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Каснам со советите ама сега видов дека сте побарале помош, па сакав да пишам (ако ви значи се уште).
    Прво, мора да бидеме свесни дека тоа што @raww го опиша горе е најчеста ситуација, што се повеќе ја слушам од луѓето околу мене. Кај мене е вака веќе година-две и пишав и погоре - стварно не знам што се случи. Вината кај себе ја знам - бев презафатена и кога ме викаа за излегување, најчесто одбивав зашто или работев или учев за испити. Од друга страна, сум расчистила со себе дека ако некој нема разбирање за тоа што го правам, тогаш нема потреба да остане во мојот живот. Е сега, знам дека фактот што сите ја споделуваме вашата мака, не ви е утеха ама чисто да знаете дека не сте единствени и не е вината во вас (најверојатно).
    Втор многу битен аспект е дека не можете да очекувате да цветаат ружи со друштвото за време на корона. Сите се осврнаа кон семејствата периодов, заради фактот што мора да седиме дома. А добар дел од паровите околу мене почнаа и да живеат заедно периодов, за да може да се гледаат секој ден. Поентата ми е дека добар дел од дружбите ќе се распаднат периодов не по ваша вина и ваше е дали по завршувањето на карантиниве ќе се потрудите да ги продолжите или ова ќе е крај. Од друга страна, како што спомна една членка погоре, можеби ова е добар период да се свртите кон социјалните мрежи. Под ова не подразбирам да се понашате како членов над мене (внимателно во комуникацијата со непознати луѓе) ама да почнете да разговарате со луѓе од школо, факс, работно место повеќе. Еве и на форумов не сте сами, пишете пораки или на чат и сл. Понатаму, може да се зачлените во групи на фб за нешто што ве интересира и да разговарате со луѓе со истите интереси. И знам сега што ќе ми кажете - тоа не се прави другарства, не можеме да се видиме со нив. Така почнуваат дружбите, со не многу суштински разговори па потоа се продлабочуваат и ќе дојдете до тоа што го сакате. Само не се откажувајте. Покажете позитивна енергија на почетокот и потоа сите ќе сакаат да се дружат со вас.
    За веќе постоечките другарки што ве одбиваат за излегување постојат две решение: или да продолжите да ги викате до недоглед и да чекате да се смени нешто кај нив и конечно да излезат или отворено да ги прашате што е проблемот и можеби и сами ќе ви посочат некоја маана што ја имате (зошто не сакаат да се дружат со вас) и потоа ќе можете да се поправите во иднина. Од лично искуство, скршено другарство не се лепи. Колку и да сум пробувала, било залудно. Едноставно некои луѓе не се менуваат, си остануваат засекогаш бескомпромисни и не сакаат да ви излезат во пресрет. Можеби и така им одговара - можеби сакале да се оддалечат и да си останат сами со партнерот или со друга другарка.

    Последна поента што сакам да ја истакнам е да го прочитате тоа што го пишав погоре и да се обидете да сфатите дека најголем дел од нас на возраст 20-something сме заглавени во површни пријателства. Дури и тие што не го признаваат ова, ако погледнете од блиску, ќе сфатите дека е така, само што не анализираат толку. Одиме на кафиња со луѓе чии мисли и планови во животот не ги знаеме, зборуваме за времето, короната, за фудбал и кошарка, за серии и филмови ама за ништо суштинско. А и да споделиме нешто битно, може да очекуваме утре истото да биде пренесено на други луѓе и исмевано со друго друштво. Не сакам да кажам дека нема вистински пријателства и блазе си им на тие што ги имаат, ама најголем дел сме во оваа каша и затоа не патете што немате многу другарки, верувајте дека во важните моменти од животот (добри или лоши), овие вакви дружби не ви вредат апсолутно ништо. Потпрете се на себе пред се, а се друго ќе си дојде со тек на време.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, eliesaab, Elf и 3 други им се допаѓа ова.
  19. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не можам да го едитирам претходното мислење, ама ова е тоа на кое мислам кога викам површни пријателства:

    C79424F4-B547-49B8-9D40-C8F4685DB061.jpeg
     
    На Anne94, Elf, LoneWolfGuy и 6 други им се допаѓа ова.
  20. CocoChannel

    CocoChannel Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Можеш да се зачлениш во некоја организација( црвен крст,дебата) па и интересно да ти стане и нови познанства :) .
     
    На Regina.Phalange, CharmedGirl и raww им се допаѓа ова.