Кога ќе ми текне ми се плаче еј. Бевме три најдобри другарки, додека едната имаше дечко цело време бевме со нив и интересно беше, и јас од таму си најдов. Кога раскинавме, продолживме да се дружиме ама не толку. И си останавме пак сами, три. Јас и едната сакавме да се здружуваме со повеќе, но заради другата - бидејќи за неа сите не чинеа, и не сакаше да почека 5 мин. да си направиме муабет со некој друг останавме сами.Останатата си фати ново друштво, јас и таа сами сеа двете(се дружам со неа бидејќи ако ја откачам ќе нема со кој). Таа не ни излегува многу,повеќе пати е излезена со семејството и поблиските.Јас пробувам да бидам дружељубива со другите, ги барам да излеземе. Но очигледно тие не сакаат да одвојат време за мене, и изговор им е дека ќе излегуваат цел клас или само: друга вечер.
Како бе останавте само три? А што сакате вие, цело ромско маало по вас? Не, јас не можам да ги разберам оние со високи очекувања за друштво. Да имаш проблеми со другарките да те разберам, ама за ова? Пример ние во друштво сме пет и некогаш кога ќе се тупнеме на некоја маса знае да ни биде многу досадно. А кога ќе излезам со мојата најдобра другарка (значи сами две!) знаеме како да се забавуваме и ако седнеме само на едно коктелче. Многу е веројатно дека само ние двете ќе одеме на летувања и кога ќе ми текне шо не чека.... Вие не си одговарате чим ви е толку досадно. А сте пробале ли некогаш да излезете/да пробате нешто ново/да запознаете момци без да се жалете дека немате друштво? Еве предложи и на другарка ти некое ново интересно местенце. Плус уште малку и ќе станеш студентка па шансите за нови другарки ти се зголемуваат. Најдобар совет ти е да се опуштиш и да се забавуваш
Најголема грешка ти е што се ограничуваш само за едно друштво, а уште потрагично е што ни тоа не те исполнува. Дефинитивно си го утнала. Секако дека еден човек не може да има толпа најдобри другари, но не можеш да им забраниш пристап на другите зошто во вашиот свет има место само за вас трите. Многу ми пречат таквите луѓе што се затворени за познанства, па уште што забрануваат на другите да имаат повеќе пријателства. Не, никој не е незаменлив. Направи си граница меѓу најдобри другарки и познанички/другарки за излегување. Нема да биде лошо и они две да запознаат нови луѓе за да се измешаат малку па секогаш кога ќе си седнете на кафе ќе имате муабет плус.
и јас сум во слична ситуација ако сака некој нека ми пише во ЛП да се подружеме малце посебно ако сте од Струмица Позз
Во врска со темава, јас никогаш не сум имала мноштво другарки, а уште помалку другари или големо друштво со кое би излегувала. Не е дека сум затворена, туку лично не преферирам да имам толку голем круг на пријатели што реално не можат да ти бидат ВИСТИНСКИ пријатели, што ќе те потапкаат по рамо и ќе ти дадат совет кога ти е тешко и ти е потребна поддршка. Туку ќе ти бидат пријатели за кафенце, бош муабет и ете за излегување по дискотеки. А јас не го барам тоа, зашто такви искрено релативно лесно се наоѓаат. А и кога излегувам во поголеми друштва, едноставно јас не сум јас, не се снаоѓам баш најдобро, сите имаат најразлични мислења, ретко кога да дојдам до збор, а вака со една или две другарки кога сме заедно најдобро ми е, си споделуваме тоа што ни тежи на душичката, си даваме совети.. Јас отсекогаш сум имала стандард две најдобри другарки со кои до ден денеска се дружам. Едната ми беше од бившиот клас од основно, а другата е една година помала од мене. За чудо, двете се премногу различни. Таа помалата многу е лудичка, забавна, на моменти импулсивна, обожава да оди по дискотеки, кафичи, да излегува, да се забавува, многу е заинтересирана во машки.. А другата пак е многу посмирена, плашлива, ранлива, емотивна, не се ни има мувано до сега, ама сепак и двете ги сакам многу. Некако ми прават баланс, едната ме полудува, другата пак ме смирува. А јас онака по природа, а и ми имаат кажано дека личам многу мило, добро и невино и дека немам лоша душа, само ме има разбеснето еднава другарка и си ставам некоја маска на себе, а некои поради некои работи што сум ги направила имаат искривено мислење за мене. Па, по тоа што сум на моменти разбеснета оставам погрешен впечаток на другите, а не секој сака такви 'раскалашени' девојки, па така и потешко да најдам повеќе другарки. Во основно имав основен муабет со сите, истото е и во средно, со сите зборувам, се шалам, ако ми притребаат тука се за мене, а и јас за нив но сепак одвојувам една другарка која е многу блиска со мене, на одмори постојано бевме заедно, секаде бевме заедно, дури некои професорки не нарекуваа сестри. А сега, како што почна летово, не сме искочиле ни на кафе ни ништо, иако и јас сум крива за тоа, не ми текнува да ја викнам да излеземе. Е таа пак е многу поинаква пак од другите мои две другарки, има свој став кој многу ретко го менува, се држи до работите кои ги мисли, горделива е, се облекува и однесува како вистинска дама буквално, не дозволува секој да е во нејзино друштво, секогаш е тука за тебе, за совет, разговор, што било, и се гледа дека иако тешко засакува некој, кога ќе засака тогаш тешко се откажува од него.. И, вината во тоа што ете немам поголемо друштво најмногу си ја припишувам на мене секако. Едноставно, почна летово излегов неколку пати, а сега само седам дома. Не се јавувам на овие другарки што веќе ги имам, со едната вчера и се испокарав, за да не седиш сам дома треба и да се заангажираш малку, ете сега преку фејсбук и полесно е, можеш и некоја познаничка/другарка на другарка, обична другарка да ја викнеш, ајде на кафенце, ајде низ населба.. Па преку неа ќе запознаеш некој друг, па преку тој некој трет. И имаш можности да одбереш кој најмногу одговара на твојот карактер, ама најдобро е да се прикажеш природно, да бидеш пријатен и дружељубив, а да не се однесуваш лудо како што јас си знам на моменти, зашто тоа ги одбива луѓето на прв поглед. Јас најискрено, ако сакам можам сега да викнам некој да му речам ај до паркче и ќе излезам, ама немам волја едноставно, и тие луѓе не ми одговараат баш, немам некој муабет со нив, повеќе би сакала да излезам со моја најдобра другарка зашто со неа можам да се однесувам слободно и да зборувам баш за се, ама сега не можеме ние да се ограничуваме само на една другарка, нели? И верувајте, не е се во бројката на другарки/другари која ја имате, туку поважно е и тие два-тројца другари кои ги имате да се добри и искрени и да се тука секогаш кога ќе ви затребаат, а не да се тука само за забава и трач парти.
До неодамна , се најдов и самата во ваква ситуација. Мислам дека е добро некој период да се подружиме самите со себеси Испробувајте нови работи , пронајдете си некое ново хоби, ете .. на пример променете ја фризурата , направете промени во облеката и слично. А , понатаму .. само напред , сигурно ќе запознаете некој со кој се надополнувате и некој кој ве разбира Don't worry , be happy
Јас сум во ваква нешто слична ситуација :/ Ако сакате пишете во порака фб..па ако некогаш наминувате Битола да одиме на кафе И ти TheCandy880 Ako сакаш пиши ми фб..само малце сме далеку..ама можеби кога ќе одам Ск ако сакаш ќе се најдиме.. Мн сакам да се дружам и да си запознавам нови другарчиња..но за жал дечко ми беше болно љубоморен..:/
Девојки, денес побарав да излезам со едно друштво и ме примија Преубаво си поминав, а преку нив ќе запознаам и други, се договоривме и друг пат да излеземе. Онака добри ми стојат. Воедно, фала ви многу
И јас сум во иста ситуација.Сум била во многу друштва,но не сум останала или барем нашла некој со кој можам слободно да се чуствувам.Имам една другарка со која излегувам на кафе,но некако не е тоа тоа.Едноставно таа има различен карактер од мојот и плус не и даваат од дома да излегува многу касно,а ќе полни 18 уште малку. А мене од дома ми даваат да излегувам покасно,ама моментално немам со кој.Најтажно е што во секое друштво сум излегла заради некое машко.Или тој ме свиѓа а јас не,или обратно Се пронаѓам во постот на Кенди,и мене мајка ми се ми вели ајде викни ја другарка ти да излезете.Ама јас не се чуствувам онака баш...Незнам,а и не ми оди ни со љубовта.Се заљубувам во погрешна личност и ајде после кој ми е крив
Пробај да се запишеш на курс некој , спортска активност или јазици. Евентуално курс за цртање , танцување или пробај да волонтираш во некоја организација. Тоа ќе ти биде квалитетно поминато време ,а и ќе ти овозможи да запознаваш нови луѓе. Постепено зближувај се, ама пази со какви луѓе, излегувајте,негувај ги пријателствата и не дозволувај да ги запоставуваш или да излезеш од тоа друштво заради дечко. Биди отворена за излегувања ,организирај ги ти. И ќе видиш како од ден на ден кругот на пријатели ќе ти се зголеми.
И ја сум во слична ситуација како цаци иако сум сменила повеќе друштва тешко се вклопувам во нови т.е ми треба повеќе време да се прилагодам(да се опуштам).Незнаам зошто но, имам чувсто дека ме мразат девојки и дека ме глеедат со презир и мн потешко се вклопувам во женски друштва одколку во машки. Секогаш излегувам со една другарка и некој кој ке налета но,најчесто со нејзината братучетка.Таа уште од самиот почеток има нешто против мене уште првиот ден кога ме виде почна да ми префрла за мојата облека -сум била провокативно облечена,а за такви девојки машките велат дека се лесни женски.Со тоа таа ме птободе во душата бидејќи не ме ни познава незнаее ништо замене ,а ме навредува.Еве да не заборавам да ви кажам што носев( фармарки и корсет ). Значи секогаш кога ке излеземе таа ми спушта некој моебет а со тоа ме повредува и јас кога ке се вретам дома по цела нок плачам. Навистина незнаам што да правам дали е подобро да си седам дома и да умирам од досада или да излезам а ди си дојдам дома потресена и растажена. А да инаку моментално сум сингл.Веќе ме фаќа страв да бидам во врска.Како да бидам кога ќе погледнам на какви се курви машкиве се претплатени на фб .Тогаш си го поставувам прашањето -овој може да сака?
Девојки еве до кај 29 август ќе помине една година како сум без другарки. Пишав лани ме посоветуваа неколку феминки,да ви кажам право времето си го прави своето. Јас едноставно се навикнав да бидам без другарки,ми беше тешко,ама како и да е не беа тоа и којзнае колку другарки беа само две,едната ја сакав повеќе од мојата сестра и уште што не сум правела за неа ама ете зошто не треба на никој да се верува после таа на мене ножот во грб ме болеше многу ме болеше.Со другата се дружев чисто поради неа иако не ми одговараше на карактер за да не ја изгубам неа се дружев и со другата.Ама еве летото го поминувам далеку од Македонија и супер ми е, а да бев дома сигурно ќе се сожалував како тоа сама по цел ден дома седам нема со кој да излезам итн итн.На школо супер си поминувам имам една школска со која си одговараме во карактер па нон стоп сме заедно,секако не сум само се неа се дружам и со другите девојчиња и со машките. Значи една година не е мал период да се опоравиш откако те скришиле,буквално те скршиле ама ете ме денес насмеана и потполно не се замарам како тоа другите ќе рекле лелее оваа па од дома не излава була незнам шо,незнам како.А тие всушност не ни знаат дека дома ми е преубаво си имам млада снаа си правам опуштен муабет со неа ,ме советува што е најбитно,сега и внука ми веќе пола година ќе биде па ете ми занимација плус,имам братучетка која е секогаш тука за мене иако таа оди на фах некогаш за викендите се враќа па знаеме да отидеме на кафе, да се прошетаме.А во потполност времето ми го исполнуваат лектирите Така да не се секирајте сите што сте во ваква ситуација се ќе си дојде на свое место кога тогаш коцките ќе си се наместат . И што е најбитно од се мислете позитивно А заборавив да го спомнам тоа што сум сингл, мене тоа и не ми претставува некаков проблем не се брзам не сум остарела за таа работа па да се секирам леле сите имаат дечковци јас не ...ма не воопшто има време и за мене уште сега да се замарам зошто така се понаша зошто вака бла бла и ред други работи доста ми се мене школото и семејството сега за сега на нив најмногу треба да се посветам. И така се си кажав Бидете тоа што сте,бидете друштвени и насмеани ...а другото,другото ќе си дојде
Јас сум во слична ситуација можам да речам. Никогаш не сум имала друштво, секогаш имав по 1 до 2 најдобри другарки и само со нив бев и убаво ми беше се додека не останавме јас и другарками сами пред 3 години но тоа тогаш не ни претставуваше проблем излегувавме со многу друштва убаво се вклопувавме нели кога сте сами две се најде некој да ве повика со нив и одредени периоди имавме друштва без разлика дали машки или женски интересно ни беше, но таа пред 1 година се измени многу. Прво си фати дечко и голем дел од времето го поминуваше со него а јас останував сама одев некогаш се неа и неговото друштво и добро не беше лоша толку ситацијата колку сега. Сега таа има нов дечко и буквално по цел ден е со него јас ја молам за излегување и за кафе а се случува еднаш само неделно да отидеме на кафе а останатото време 24/7 јас го поминувам дома од што немам кај да излезам и се нервирам. Дечко и е многу љубоморен и глуп јас би го рекла кога ние две сме со друго друштво тој веднаш и се лути и се караат и сега кога излегнуваме излегуваме ние две и тој и јас се чувствувам како 13 прасе во целава приказна тие си одат како пар и јас по нив. Да ми посветувааше барем млку внимание ајде како и да е ќе излегувам со нив ама тие двајца или се бакнуваат изграат заедно се гушкаат а јас си стоам отстрана неможам да замислам што си мислат другите која глупача е оваа. Дечко до сега не сум имала, сум се мувала со некои на одреден период ама кратко а и си се сметам мала сепак за дечко несакам да бидам глупава како другарками. Сум размислувала дали решение е да си фатам и јас дечко па со него да бидам па можеби би излегувале некогаш како парови ама во последно време никој ми се нема удварано кај да го барам тој дечко. Незнам се наоѓам во многу глупава ситуација по цел ден да си седам дома а таа си се шета и не се замара со мене.
остави ја ти друагарка ти..треба да бидеш среќна ако она е среќна.... малку ми звучиш како да си љубоморна на зетот дека ти ја земал другарката.. хаха. (мала шала)... Ајде сеа малку да се уозбилиме.. Вака треба да седнеш да правиш муабет со неа и да и кажеш што ти смета...кажи и дека ти фали нејзиното друштво и замоли да си го организира убаво времето затоа што не се знае утре што ја чека.Не дај Боже да раскине со дечко и , што ќе прави, пак ли тебе ќе те бара? сепак како и да е мислам дека ти треба да имаш некоја особа у близина да испиеш едно кафе, зошто не се дружиш со некого од маало, основно, средно? па ти иамш 17 години треба да излагаш, да запознаваш луѓе, да се дружиш....ќе запознаеш некои добри девојки, момчиња па договори се со нив и сл... мораш да живнеш малку и да бидеш самостојна!!!!!!!!!!!!!!
Затоа човек не треба да има само една другарка и толку треба да си се дружиме со повеќе луѓе како на пример гледам од мојот живот како што одеше имам другарки од мало, па другарки од основно,од средно па некои најдобри некои не толку добри но сепак другарки за ластик па понатака ми беа за накафе на за вчаршија па другарки нивни ќе се задружиш и со нив па се така оди незнам малу ова ме чуди немам ниедна другарка па со тек на време како поминува и ке си се издвојат сами најдобрите ке се претворат понатака во приателки па како што ке си фаќаа дечковци си се издвојуваа мое мислење е ако знаеш да цениш и поштуваш никогаш нема да си сам.Само треба повеќе да се движиш да имаш активности ако само си седиме дома другарките нема сами да дојдат и секако нетреба за сламка да се фатиме е оваа не ми се свиѓа кај оваа и нема да се дружам сите сме луѓе и сите имаме по некоја мана ќе се најде решение за се ако така пребираме тогаш самотијата не ни бега
Не ми е ни мене добро пријателството.Чуствувам како да ги губам,како да тонат.Не контактираат со мене како да не се познаваме.Дечко ми е во Бугарија по работа.Ја ќе умрам со лап топов Цел месец или година сум без друштво.Само со дечкото.Сепак другарки..Многу поинакви муабети можеш да муабетиш со нив отколку со дечко.Татко ми само ми вика излези маце надвор прошетај,окапа со компјутеров а ја целата сум ваква И му викам со кого,сама ли?Сепак колку силно пријателство имав...но се се скрши кога они си најдоа друго друштво.Исто како раскини со дечкото фати нов.Сепак исто како Смајли.Се навикнав да сум сама.Само ми преостанува ако отидам во Велес кај братучедите друго ништо Сепак секој пека за силно пријателсто ама чим ми е пишано без другари и другарки нека биде така сепак на некој начин чим се научиш сам навикнат си.Сепак е тешко..А тебе девојче Кенди880 ти препорачувам да си најдеш друштво или преку нет,или нека те запознае некој со некои од твојот пол или спротивниот само немој да бидеш како мене.Еднаш сам после цел живот!Ќе ти биде страм да запознаваш разни луѓе како мене.Мораш да си друштвена и со главата горе..Друго не знам што да ти кажам.Послушај ги нашите совети..Пуно бакнежи
Веќе подолго време сум сингл , а и без другарки , имам две три онака колку да појдам на кафе да си направам мубает , имам и две братучетки кој сум многу блиска со нив , имав две најверни другарки кој се одлаечив од нив бидејки им се битини дечковците , и многу слабо комуницирам со нив , многу ме нервираат и двете бидејки се многу лицемерни премногу , тоа е , такво време дојде :/
Devojki i jas sum vo slicna situacija. Single i bez drugarki. Ama so mene e nesto poinaku. Me vikaat za izleguvanje ama jas imam nekakva odbivnost sprema toa. Sum izlegla dvapati i ne si pominav ubavo. Ednostavno jas sum poinakva od site. Ne mi se potrebni ni drugarki, a za decko ne ni razmisluvam. Moive 15 si gi minuvam vo domche. [mod-kirilica:1s8igd91][/mod-kirilica:1s8igd91]