А да си се собереме ние осамените, па да си појдеме некаде на кафе, да се запознаеме и да си правиме друштво една на друга... Јас со години не сум се дружела како што треба и веке не знам како да комуницирам со луге, сум заборавила и муабет да правам, само седам дома, или на работа сум... тешко ми е да се вклопам во некое друштво, се чувствувам како заостаната, а и тие што ми се блиски не излегуваат и тие по дома седат...
Сите што сте сингл без другарки и без дечковци еве ви сајт за дружење и запознавање на потенцијален дечко од Македонија како и од останатите бивши Ју републики.Ми се допаѓа сајтов како е уреден,четот функционира беспрекорно со било кого насамо да комуницирате и ми се допаѓа тоа што во профилите се опфатени сите опции за да се опишите какви сте,кои се вашите интереси и каков потенцијален партнер барате. www.twoo.com
Се пронајдов. Сега која јас сум сингл имам само 1 или 2 асални другари. Ама не се во Скопје. Другарками си фатила дечко почнала да работи а јас незнам за тоа????? Се чудам како сум можела за некој што не вреди да пропуштам такви работи. И така е кога мислиш дека имаш се остануваш сам. Сега немам ни дечко а пак ни другарки. тоа е
Бидете комуникативни, но внимавајте на кого му се отварате Бидете дружељубиви, но внимавајте со кого се дружите Не оговарајте! Така оставате лош впечаток од старт! Не мудрувајте и не се правете најпаметни и не се инаетете-посебно не на почетокот на пријателството Бидете пофлексибилни, но никогаш не одете против своите морални ставови само за да имате другарки и друштво! Верувајте се врти тркалото на животот И знајте дека подобри другари, поискрени другари од најблиското семејство нема! Среќно
Немој да мислиш дека се упикуваш, секој сака некој нов во своето друштво зашто да не? Тоа што си се обврзала за две другарки е причината затоа што немаш и некое големо друштво. Ама не е касно, излегувај, дружи се, шали се, смеј се, само без солзи на очите. Млада си! Само биди по дружељубива. Сигурно има некој што сака да се дружи со тебе. Не биди затворена. А за момче, верувај дека ќе дојде кога најмалку очекуваш, затоа тргни го тоа на страна. И да, биди позитивна и секогаш насмеана, насмевката е најголемото оружје. Кој би сакал да се дружи со намуртен песимист?!
Подобро е да имаш еден или преку сила двајца добри другари на кои можеш во секое време да се потпреш отколку 10 никакви другарки од кои би видела само штета а не благодет.
Aman so tie izliten frazi,bidi vesela,komunikativna,optimista i deckoto sam ke ti dojde! Kako ne be vazi,devojkava e bez drugarki i e osamena i toa e golem problem denes,zasto tesko denes koj te prima vo drustvo,zatoa sto stanavme zatvoreni i samo po forumi i fb kontaktirame a toa e bedno za mene.
Па во право си, скоро никој не те прима во друшство. За нив си глуп или новајлија ќе дојдеш ќе го свртиш вниманието и после неколку дена абе знаеш мислам дека треба поретко да се дружиме па друшството не те сака па вака па така... жалосни муабети. Тоа е, може таква ми е судбината, еве го Пиволенд пола Скопје е таму, а јас? Со кого да одам? Свртев два броја ми рекоа абе не можам ќе си легнам, абе нема место во такси се изговори....
buba4e89 zatoa ne dozvoluvaj da te tapshat po ramo,i da ti davaat lazna nadez,zatoa sto taka ke si ostanes sama,veruvaj mi.pozd
Сум поминала низ ваков период. Да, навистина е многу тешка и глупава ситуација. Тешко е да гледаш како сите излегуваат и се забавуват а ти седиш дома бидејќи немаш со когу да излезеш. За среќа кај мене работите се средија колку-толку. Бевме 4 другарки. Двете кога си фатија дечковци неможеше да ги најдеш ни под дрво ни под камен. Причина - љубомората на дечковците и нивната неспособност да си го распределат времето и да им се спротистават. Со едната се немам видено 4 месеци. Ејјј замислете 4 месеци живееме во ист град и не сме се сретнале на едно кафе. Решив да не ги барам. А и да ме побараат тешко дека ќе бидам достапна и расположена да им помогнам за нешто. За среќа кога тргнав на факс си најдов друштво и искрено животот ми тргна на подобро. Лично сум секогаш расположена да прифатам некој нов во друштвото под услов да не глуми паметнакович. Луѓето тешко прифаќаат нов член во друштвото бидејќи луѓето се непредвидливи. Може да се дружи со тебе еден период од корист а после да се прави дека не те познава. Или уште полошо да направи проблеми меѓу старите другари и да ги скара. За сите кои имаат проблеми со друштвото - НЕМОЈТЕ да молите за малку внимание и посветено време. Ако некој на некој начин ве отфрла и ве игнорира - БАТАЛЕТЕ. Кругот се врти. Може истата личност за некој месец да моли за ваше друштво па тогаш имате шанса да одржите лекција.
Значи вака и јас имам проблем . Вејке мода е да се има дечко а девојките т.е. моите другарки од претходното друштво никаде ги нема исповлезеа по друштва и сите си фатија дечко.А,за да влезеш во друштво треба да имаш дечко.ЈАс несакам да има дечко...Ај девојки ве молам за совет што понатаму...
Абе тебе не може никој со сила да те тера. Па не се дружи со нив и готово. Боже која строгост. Искочете само вие на кафе другарките на кафе. Мислам дека ти не треба ништо да правиш, ако ти е толку сакаат ти да имаш дечко ќе ти местат некој а не да те отрфлат.
Па и јас сум во слична ситуација само немам 19 туку 25 .имам само една другарка онака сродна душа а другарките од предходното друштво кој имаат дечковци кои се омажија.заврсив фах одам на работа и од на работа дома ретко излегувам .би сакала дечко ама не останаа мн фини момци и понекогаш се прашувам дали има и други осамени како мене ама се тешам дека се ке се среди со време
И јас многу добро знам како е Многу осамено се чувствувам. Порано кога бев помала го немав овој проблем но, откако наполнав 16 г. многу се сменав и многу се затворив во себе и многу ми е тешко да комуницирам со други луѓе, особено со непознати. Имам скоро 23 г. и сеуште не знам како да го решам овој проблем. Кога станува збор за комуникација со машки (дечко, другари) опуштена сум и немам проблем да комуницирам со нив но, кога станува да се вклопам во друштво со други девојки е тогаш навистина се чувствувам како да се кочам и не можам да се вклопам Мислев дека само мене ми се случува ова и дека нешто не е во ред со мене но, гледам има и други со ваков или сличен проблем...
Секако дека има.Јас сум без блиски другарки,а само што раскинав 6 год. врска и имам 27.Глеаш има и полошо?
Лоша ситуација, неможеш баш лесно да најдеш другарки, така неможеш да излегуваш и да најдеш дечко. Сигурно нема сама да излезеш во град. Затоа не треба да се запоставуваат другарките кога ќе се фати дечко, бидејќи со дечкото ќе се скараш, другарките ќе останат и за после тоа.
Повторно останав сама.......животна шлаканица по којзнае кој пат... ке полудам,незнам како издржува оваа моја кожа.
Уф, јас па не сум сингл, ама не искачам многу - од останати причини - и полека се одалечив од сите... Само ве советувам да не останете никогаш сосема сами со себе. Тоа е рамно на убиство на човека.
девојки, не е се така црно како што изгледа еве пример јас сум 27 години,ни вработена сум апсолвент-студиите ми се официјално во пауза -барам работа речиси 2 години дури и за странство се кандисав конечно да аплицирам многу далеку од Мк , и сум имала и пократни и подолги врски ама ете не се погодил вистинскиот се гледам со еден тип малку повозрасен од мене ништо сериозно а со другарките чат-пат(имам две другарки со кои се дружам-едната од средно, а другата е преку пријатели) по природа сум многу комуникативна личност и постојано посетувам нови и нови настани-така и дознав што е медитација и станав дел од друштвото Шричин мој-тие се малку специфични луге и не излегуваат по кафиња и сл, туку патуваат (се дружат со луге од други држави) одат по планини, на трки и сл.-ова ако се решите да станете ученик на Шричин мој а секако и политичката определеност си го прави своето-трибини, собири, митинзи и сл-запознаваш луге се дружиш, на курсеви преку Заводот за вработување исто така запознав нови ликови. И мене многу пати ми се случило да излезам сама-без страв ниту срам што ке кажат лугето на концерт, отварање и сл никогаш незнаеш на кого ке можеш да налеташ и секако запознаеш-на последниов концерт на ДНК пошто само јас слушам таква музика од друшките отидов сама, арно ама се погоди да се сретнеме со една познаничка и нејзин другар па си имав друштво до дома и да кога и да сум се решила сама да излезам многу убаво сум си поминувала за разлика од кога ке излезеш со другарка па не и бил денот, па имала проблеми, па незнае каде сака да седнете а за проблемите што не сакам никој да дознае т.е. не познавам таква личност што може да се искажам и таа да молчи ко гроб за некои мои интимни работи постои разговор со психијатар и отворено може да му кажам се да ме посоветува, па и да ме искара не му се лутам партерите се минливи денес си со еден утре си со друг-постои раскин постои и развод, болно или не поминува по некое време ДРУГАРСТВОТО е она кое останува да трае со години а има и такви девојки кои откако ке си најдат партнер по мерка, забораваат и на другарки и на се па 24/7 со момчето, па ке се разделат и по некоја логика таквите пагаат во депресија, за жал