Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ем Сингл, ем без пријатели. Што понатаму?

Дискусија во 'Сингл' започната од TheCandy880, 20 август 2010.

  1. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Овој коментар доаѓа од 13 годишно девојче?
    Сите имаат дечко на твоја возраст? :o
    бре бре, што се деси со младинава..

    Инаку кај мене е поинаква ситуацијата. Немам дечко, но затоа пак имам другарки кои не ме запоставуваат поради нивните дечковци :) а во моментов скоро сите имаат, со исклучок на неколку. Секако има и такви кои се врзуваат за дечкото и живо суштество не гледаат околу нив..Јас никогаш не сум била таква, и нема ни да бидам. Е сега да, ми се присакува и мене дечко можда пошто скоро сите околу мене имаат, а ја сингл :/ ама од друга страна и не ми е лошо, си се забавувам така доста периодов :$ :D Повеќе сум за журки периодов, кои и ги има :D иако некогаш ми доаѓа да си фатам било каков дечко само порати тоа што сите се во врска.. :geek:
     
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Сега на 15 се "сексуално искусни" па на 13 што имаат дечко ајде молим ти се ахахах :P
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    па да мода е да се има дечковчи сега сите имаат ама затоа ке си најдеш друштво погодно и ке си се дружеш па така во тоа што сум јас сега онака сите сме со сличен карактер :) сите се од добри семејства и добра култура имааат и така да имало и добри луге :) ....некој никого не оговара и издава :) ....значи друштво до 3 момички и 3 машки и пред се школски ми се сите од иста училница сме и тоа од 1 оддд така да преубаво ни е сега за сега....
    А некои вејке нема со кој не се фатија во градот не останаат машки и вејке им велат Она има говорна маана не знае да рече не :fubar: .....па мајка ми што вели после нема да те сака никој и тешко ке им биде да си фатат дечко кога ке треба да имаатт..а има и такви што се вејке сексуално искусни и тоа на моја возраст :!: :!: :?: ...Така да кога погледнеш пошироко денешнава младина е многу далеко отидена :| ...
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.357
    Допаѓања:
    103.047
    Пол:
    Женски
    Знаеш што се е во мода сега, на 13 години ич не ми било до мода, многу бе бргу пораснавте, кај ви е детството, чекај но средно не сте дошле уште па дечковци....Ајдееее....Во мое време беше репер во 5то одделение се започнуваше да се дружиш со поголемите од тебе, моите другарки започнаа да одат по игралишта каде што се собираа овие поголемите и да се вклопуваат, но не имаше и такви кои си го живеевме животот според возраста, се собиравме кај некоја и си читавме книги, си глеавме филмови, со слушавме музика, си разговаравме, најнормално како дома да сме...Нема мода во животниот пат драга моја, се ти е до начинот на кој самата ќе избереш да продолжиш, не ми вели дека ама баш сите девојчиња имаат дечковци и дека сега и тебе те чека истата судбина, ма дај те молам... Пред некое време некоја викаше дека во 8смо сите носеле високи штикли, си имала мака мајка и не и давала да носи високи штикли, била заостаната, со постари сфаќања....Абе дај поживејте си уште малку, не туку летајте да пораснете, ќе ви биде досадно на 25 што ќе правите, ќе се разведувате затоа што така ќе биде модерно? Мислам дека никогаш нема да ги разберам децава што зорле се прават возрасни, на 13 си дете и точка :!:
     
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Па што дека имаат сите ?
    Тоа закон да не е сите да имаат ? Сакаш имаш, сакаш не.
    Ќе си најдеш друго друштво или кажи им дека мислиш дека си мала за дечко.

    А ПРВО, образовај се.
    Вејке не пости. Постои веќе.
    исповлезеа не постои. Постои влегоа.
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Кога веќе го нападна девојчето, па уште и ја подучуваш, не е образOвај се (туку образУвај се).
    Ете и ти згреши.
    Just saying! 8)

    офтопик,ама сепак...
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    ^ Еј да, а го пишав на Google, да видам како ќе даде, знаеш дали е точно, и го даде како точно, а и образувај се го даде исто.
    Офф.
     
  8. ROBSTENforever

    ROBSTENforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    И јас сум сингл и си имам некој проблем со друштвото. Прво имав најдобра другарка, ама испадна дека цело време се дружела само од корист, па на крај испадна како да не сме ни биле другарки, а години се дружевме. После то почнавме да се дружиме со една стара другарка, ама уште од почетокот знаев дека и со неа дружењето нема да биди баш нај нај, но друг излез немав на некој начин, сите веќе си беа во некои друштва, а јас не сум таква шо можам да се пикам... сега сме три другарки, а таа старата другарка шо ја спомнав, упорно се обидва да не подели и да се трни настрана со третата другарка. А шо е најтрагично третата другака и јас сакаме исто момче, т.е. таа почна после мене, и стана поблиска со него, и уште пожално е шо не чувствувам омраза кон неа и сакам да ја зачувам како другарка. Хаос ми е друштвениот и љубовниот живот последниве месеци... и никако не знам како да се справам ://
     
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Позната ми е ситуација да изгубам дечко и пријателки истовремено .Понекогаш причина за ова е тоа што сте ги прекинале контактите со другарките додека сте во врска па сега е тешко да се вратите назад во своето друштво .Се прашувам која е причината затоа што сега јас се наоѓам вторпат во ваква ситуација кога се трудев да најдам баланс меѓу љубовта и пријателството нели така подобро функционираат врските и не го гушиме партнерот ем не се доведуваме во состојба да ги изгубиме пријателките :^) Стварно што се случува ?Знаете ја не бев ни свесна дека вака ќе излезе можеби многу помалку би кукала и би се лигавела по дечкото кога покрај себе би имала пријателки со кои би можела да поразговарам,да излеземе да прошетаме, да се забавуваме .Да, уживам во друштво со себе си со кафе,книга или филм сеедно но понекогаш е потребен разговор опуштен немора да се зборува за проблеми туку за забава,шминка мода и за многу други теми .Многу добро прашање што понатаму и јас си го поставив на себе Одговорот за мене е едноставен јас немам каде понатаму .Зарем да просам за љубов и пријателство ?СЕ изморив ,се навикнав на осаменост иако признавам на моменти е тешко но повеќе мене ништо не ми е важно ...и не е поентата дека мене никој не ми е потребен и дека некој не може без мене туку напротив јас не сум им потребна ним тоа е сурова реалност.Знаете многу често размислувам затоа каде сум погрешила што се доведов во ваква ситуација и сфатив и претседател на државава да бидам ,да имам најчисто срце како на бебе и добра душа како ангел луѓето пак ќе ме гледаа како ѓубре.
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Види , во животот има и вакви моменти, тие не се моменти тие се периоди. Да не е пријатно да си осамен, да немаш никој, ама верувај тие периоди многу, значат. Пред 8-9 месеци пишав во оваа тем или слична на оваа беше. И јас се имав најдено во иста ситуација, и можи да се речи деа се уште сум, ама барем научив за себе си која, сум , каде сум грешела, колку сум била премногу добра кон луѓе што не го заслужиле тоа, стекнав нови пријателки, има многу додворувачи ама сепак после толку рани , сакам да се стабилизирам и да им дозволам целосно да се залечат. Многу од истите другарки што тогас „се омажија “ сега се жалат колку им недостигале другарките, барат совети, ама добиваат само утешни зборови , некогаш советите треба да се заслужат. Се посветив повеќе на учењето, на дружењето, посмирена сум посталожена. Знам колку вредам и не ми требаат другарки што за првиот следен дечко на кој ќе на налетаат ќе ме остават, ќе ме заборават, ќе ме користат како прирачник, за крпење врски и рамо за плачење. Треба и тие да пораснат, можи ќе претерам, ама утре свадби ќе треба да прават кој ќе им ја направи свадбата другарките тие ќе играат и ќе се веселат или бабите и роднините , што дошле да искористат бесплатен обилен оброк и да се видатс о роднините со кои 10 години што се немаат видено. Направи си самоанализа, оди во невладини организации, биди храбра викни некоја другарка што не сте толку блиски и што е сингл , на кефе, види можи ќе испадни да имате исти интереси, да се роди ново пријателство. Новите другарки немаше да ги имам ,ако на едната не и помогнев, а другата уз муабет не ја викнев на кафе. Јас ги запознав на факултет. Ако си средно мислам дека и полесно ќе се збилизиш. Доволно е да и помогниш околу домашната или да дознајш нешо за неа,некое заедничко хоби. Ако не успееш никако, посвети се на учењето, пријателите само ќе ти дојдат и ќе те најдат. ДА имаш добри пријатели и другарки е наважно, па потоја здрваје боже и нов дечко. Секоја успешна и цврста врска , започнува со добро пријателство. Само биди ти, биди опуштена, насмеана и сите радости на свветот сами ќе ти дојдат полека полека, а многу луѓе , ке сакаат да се вратат во твојот живот, но размисли два пати дали ќе ги примиш, назад и до кој степен.
     
  11. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    И јас сум ем сингл ем без другарки.За тоа што немам другарки самата сум си виновна и признавам,ама незнам дали сум сингл со моја вина.
    Јас самата ги отргнав другарките од мене и мн се каам,би сакала да го вратам времето и да не постапев така,ама назад нема.
    За дечко си викам имам уште време ке си најдам,тек допрва треба да си барам,ама веке кога ги отргнав другарките од мене тешко да ги вратам.А си викам чим немам другарки,тогаш и дечко нема да си најдам.Во право сум нели? Или сепак ке се најде некој? Не верувам,не верувам дека некој мене би ме сакал.... ;( ;(
     
  12. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Потполно исто се чувствувам... ама мене не ми е многу многу до дечко..
    Ето ме мене пак тука после некое време... Се си беше супер досега, си најов две добри другарки кои си се дружеа и претходно (па јас бев новата тука)...се дружевме доста време ама испадна не сум им одговарала сме имале многу различен карактер и ме шутнаа...Тоа е, си викам ајде ке си најдам нови другарки.. ама после кога ке се подзамислам се прашувам како? како бе ке си најдам нови другарки? паѓаат од небо тие? да посадам, да ми никнат? сега кога немам со кого да излезам како ке запознавам нови луѓе? За обични другарки од на училиште имам многу ама со нив само муабет и за дружење на училиште, а за надвор сите си имаат свои друштва не ке се замараат со мене...Ама ајде ке биде, немој многу да му ја мислиш, првиот пат кога останав без другарки (тоа не беше по моја вина) се чувствував многу осамено и негледав никаков начин како би запознала нови луѓе, ама се си дојде на своето си најдов другарки се дружевме ама и тоа прекина.. знам дека ке си најдам некои нови, па така и ти не губи надеж ке биде подобро :)
     
    На catsruletheworld3 и sweet.star им се допаѓа ова.
  13. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Девојки се чувствувам ужасно.. пред две недели се скарав со тој што се мувавме, ама останавме другари сепак се слушаме... добро тоа, омаку имам една другарка се дружиме една година некаде, таа прва го бендиса ова детето што се смував јас, ама тоа порано беше.. и сега неколку пати се договарав со неа да излезиме в кафич каде што работи тој и таја нон стоп наоѓа изговори да не иди,
    ја прашав дали е заради него.. зборавме отворено и рече дека нема никаков проблем со него, и за денес пак бевме договорени и пак ми кажа некој изговор да не дојди. Не знам во што е проблемот ама јас мислам дека е за него. Така да имам минус една другарка, со другата се скаравме исто заради што ме изигра за многу работи, и сега немам никого.. имам само една другарка со која сме заедно од основно, со неа делам се.. и кажувам се..
    ама немаме никакво друштво, сами сме двете..
    доаѓа викенд и нема што да правиме сами нема со кого да излегуваме, имаме 17.. во најубавите години, без друштво и без дечко. И што сега.. многу се нервирам и воопшто не се осеќам убаво.. ;(
     
  14. AnUsKa111

    AnUsKa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    ЗДРАВВООО ЈАС СУМ НОВА НА ФОРУМОВ ЈА ВИДОВ ТЕМАВА ПА СИ РЕКОВ ДА ПИШАМ ЗАШТО И ЈА СУМ ВО ИСТА СИТУАЦИЈА КАКО И ТВОЈАТА НЕМАМ ДЕЧКО А И ДРУГАРКИ ИМАМ ЕДНА НО ТАА ПРЕД 5 МЕСЕЦИ ЗАМИНА ЗА ГЕРМАНИЈАТА И ЌЕ ОСТАНЕ ТАМУ И СЕГА МОМЕНТАЛНО СУМ САМА ОД ДОМА МИ ВИКААТ САМОО ИЗЛЕЗИ НО НЕМАМ СО КОГО :) :) :) :)
     
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Периодично е ви ветувам.Ништо не е вечно.
    Се надевам на сите ќе ви се наредат коцките како што посакувате.
    Сум го почувствувала горкиот вкус на оваа чиниш безизлезна ситуација, но работите се менуваат. Само ако вистински сакате, ќе пронајдете начин.
     
    На Justice.Girl, crazylady и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.
  16. hedonistka

    hedonistka Активен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    А шо кога имам се, а сепак сум осамена? ;( Значи работам, немам финансиски проблеми,здрава, права, образована,сметам дека сум згодна (барем за мој вкус), комуникативна сум, можеби на моменти малку срамежлива и скромна, а сепак ете по сплет на околности, останав сама, без другарки и без врска.
    Додека учев имав многу другари и другарки, од мојот град, но и од други градови, немаше никакви проблеми на видик, дури и избирам помеѓу неколку различни друштва, еднаш со едните, а другпат со другите. Сум поминала многу различни друштва како што растев, почнувајќи од рокери и металци, па и со фини и културни, начитани и неначитани, со роднини итн... Значи сум можела да се вклопам со секакви.
    Бев во една комплицирана врска која траеше 4 години, од кои почетните две на далечина, а останатите две на помала далечина и за тој период од 4 години поминати пред компјутер и со телефон во рака успеав да се дистанцирам од повеќето, освен од неколку кои ми останаа блиски, меѓу кои и мојот бивш дечко за кој можам да речам дека ми беше најблизок и беше единствен што знаеше за мојата тогашна комплицирана врска. Блиските другарки се омажија сите во една година, а јас останав само со мојот бивш дечко како единствен другар и неговото т.н. друштво од многу комплицирани и неизградени карактери.Али јебеш... :?: И тој единствен другар веднаш штом се среди малку,пркна со моја помош и си најде 2-3 понормални другари, успеа за кратко време да заборави се што сум направила за него (му најдов работа, прва работа, запозна нови луѓе благодарение на мене, секогаш кога му требало помош, пари, рамо за плачење јас сум била тука) за на крај да ми речи дека немал обврски да ме дружи мене. Тие негови отворени ставови, ме натераа да ја преиспитам јас мојата дружба со него и да сфатам дека извесен период сум била предмет на манипулација, понижување и потценување од негова страна, од истиот оној кој кажуваше дека сме сродни души и дека никој не го разбирал онака како јас. А јас пак будалата, не знам како можев да бидам толку наивна (што во принцип не сум) и да не забележам дека дека е дволичен. Ама тоа е, од оној што најмалку очекуваш, тој ќе ти забоди нож во грб. Тогаш одлучив дека е време за црвен картон и надвор од игра, па прекинав секаков контакт со него и му објаснив зошто е така, а неколку месеци после тоа, со заедничка согласност дека неможиме да успееме заедно, ми заврши и врската со дечко ми.
    Ете, тоа беше мојот пат кон самотијата, со сите другарки омажени и посветени домакинки, без врска и без некои изгледи за нови другарки/и бидејќи сите се веќе вклопени во некои шеми со тесни друштва итн. со мои 25 години, чмаам секоја вечер дома и се прашувам како можев да стигнам до тука?! Ете можело. Ама не се откажувам, :!: не ми преостанува ништо друго освен да се обидувам да се вратам во колосек некако. Животот е пред мене, знам колку вредам како човек и кога тогаш ќе дојдат и моите 5 минути. Барем тоа си го должам себеси, да не дозволам да пропаднам и да се упропастам.
    Се надевам дека моето отворање ќе биди барем мала мотивација за останатите феминики со сличен проблем бидејќи гледам дека доста не имало, а јас мислев дека само мене ми се случува ова на старост :) :$ Главата горе, има решение за се!
     
    На vendiii, lola-86, Trnche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Unattainable

    Unattainable Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    И јас како и сите вие сум осамена...најмногу и затоа се зачленив на овој форум... :( имав многу другарки,имав и 3 годишна врска која заврши за жал трагично за мене а срекно за мојот бифш (бидејки се вери после 2 месеци) и не да сум депресивна ми иде некаде да заминам подалеку од очите на сите што ме сожалуваат и ме исмејуваат...Тешко ми е да идам и на работа не комуницирам со никој нема со кој кафето да го испијам ама мора да работам...Секој ден се будам со мислата дека ке запознаам некој дека има надеж за мене и тоа ме држи да продолжам да живеам така осамена...Имам голем притисок од родителите како не планираш да се омажиш време е веке или излези се дома си а неможат да ме разберат дека нема со кој...уф ке пукнам некој ден :tmi:
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
     
  19. Unattainable

    Unattainable Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Камо да е така ама моите другарки сите се мажени со деца само јас останав од друштвото.Многу ретко некоја да ми се јави еднаш месечно да се видиме ама они имат друг живот не се вклопувам со разговорите се за децата.А на работа има премногу девојчиња ама некако не се вклопуваме со карактер или шознам до мене е секако неможе се да ми пречи,мислам дека ке полудам веке....чекам некој од дома да ме викне да се дружам така ми стои ама не доаѓа никој нели!!! сама ке треба да превземам нешто да се дружам.. благодарам на советот мими
     
    На Anne94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Почни со колешките преку нив ке запознаеш и други луѓе, и на прв поглед може не ти се допаѓа запознај ги може ке имате и многу заеднички работи.. Млада си 25 години не се сите на 25 мажени впрочем повеќето не се, ... Верувам дека е период само ,ке се вклопиш гајле ке немаш ;)
     
    На Unattainable му/ѝ се допаѓа ова.