Полека полека како да почнав да се пронаоѓам себе си во темава! И тоа е она што најмногу ме плаши Бидејки имав еден сличен ваков период пред околу една година, и не сакам повторно да се најдам во ваква ситуација, ама по се изгледа неизбежно е. Најбедното е тоа што јас имам другарки.. пардон, имаВ другарки , но крајно лицемерни и сметам дека потребно е што поскоро да прекинам секаков контакт со нив, наместо да го сведам на минимум. Па, и покрај тоа што веке цел месец полека полека се обидувам. Но, овојпат треба дефинитивно да се случи тоа бидејки ова не оди никаде. Другиот проблем е во тоа што тие се злобни, и кријат премногу работи од мене. Јас лично поради тоа не се пронаоѓам во нивното друштво кое впрочем е полно со не иживеани особи кои животот си го ставаат на коцка и го сведуваат единствено на алкохол и дрога бидејки според нив тоа е ЕДИНСТВЕНОТО нешто кое може да им ги реши проблемите. (Бар така изгледа според постапките кои ги прават), или едноставно тоа го прават од бес... Плус забележав многупати, особено летниов период кога се некако се држеше во тајност од мене. Па, се чинеше дека секој збор им е некаква шифра или лозинка. Постојано шепотеа, како божем јас да неможев да ги разберам. Пијам премногу кога сум во нивно друштво - тоа е првата работа која треба да ја сменам кај себе. И во право сте ако помислите дека не сум воопшто стабилна личност која знае да расудува, но признајте и сами дека е премногу глупаво да се сите околу вас речиси да се ,,летви'' a единствено вие да бидете трезни! .. Има уште милион работи од кои ме имаат исклучено. Собиранки, годишни одмори итн. со разно разни изговори. Јас сум само пријател по потреба, но и таа улога пополека ја губам. Така да само се упропастувам себе си, и се лажам дека некогаш и некако ќе успеам од нив да направам подобри личности. Бар во поглед на ПРИЈАТЕЛСТВОТО и ЗАВИДУВАЊЕТО! Но, дефинитивно се откажувам овојпат. Погоре образложив зошто... Незнам ниту сама како се сплеткав со нив, и што ми требаше да им давам втора шанса кога и првата си ја прокоцкаа веке одамна. А единствената причина ради која мислам дека мене не ми успеа да се спријателам со нив е тоа што јас не се УЛИЗИВАМ за да придобијам некоја личност на своја страна како што тие го прават тоа. НИКОГАШ! Ако некогаш правам нешто добро тоа е од причина што сум му некому благодарна за она како постапил кон мене. И сега..еве речиси е Нова Година а јас еве трета година како ќе си славам дома со мајка ми и татко ми. Ниту роднини, ниту пак пријатели..Едноставно НИКОЈ! Сите се радуваат или брзаат некаде освен јас што и понатаму продолжувам да си го живеам својот досегашен апсурден и мизерен живот. Буквално апсурден бидејки живеам во некој свој свет, дремам на фејсбук и компјутер со часови чекајки некој да се сети на мене..да ми пише. Работите сега стануваат уште потешки и многу сум свесна и за тоа. Особено сега кога сум IV година средно, и за неполни 3-4 неполни месеци според моја пресметка завршуваме, и кој каде ќе фати..Кој на фалкутет кој на работа..Сите ќе се распрскаме некаде. Па дури ниту тие површни пријатели од клас нема да ми останат. За дечко и да не правиме муабет. Секако дека немам! А не ни верувам дека ќе имам со оглед на тоа како тргнала работава. Многу сум загрижена и се плашам дека нема да постигнам ништо. Што ако не успеам на факултет? Што ако воопшто останам без ниту еден пријател..? Ужасно се чувствувам значи! Уфф незнаете! Се ми се собра месецов, ова ми е само капак на проблемите...
НЕ! Сум бил илјадапати единствениот трезен или што пиел обично сокче во друштвото, затоа што ретко пијам... Воопшто не сум се чувствувал глупаво, туку напротив, ме ценеле зашто не ми е потребен алкохол во друштво да се опуштам. Tвоите родители се единствените што СЕКОГАШ ќе се покрај тебе... Знам дека го знаеш ова, и звучи претерано клише, но се работи за најголемата вистина! Големо чудо ако си седиш дома, ако ништо друго баш тоа време, односно таа ноќ, на ТВ има интересни програми, музики, филмови... А јас па баш, ќе ти кажам последен пример, преклани нерви искинав затоа што до 31. декември не се знаеше како и каде ќе славиме... И знаеш што? На крајот испадна КАТАСТРОФА! И не чекај некој да се сети на тебе, да ти пише! Ти го контролираш ТВОЈОТ живот, па преземи иницијатива, ПИШИ ТИ! Факултетот ти е сосема нова фаза во животот, пријателке. Во неа ќе запознаеш нови пријатели, ќе се соочиш со нови предизвици, и ќе имаш нови слатки мали, па и љубовни проблеми. Воопшто не се грижи што ќе биде со тебе тој период, туку напротив, прво стигни до него, а тек потоа ќе видиш како еден „нов“ свет наеднаш ќе ти се отвори. Само не паничи, не запаѓај во депресии, и смеј се! Ќе биде се во ред!
Phoenix многу ти благодарам и нема да негирам дека за се си во право, и еве искрено се обидувам да не паднам во депресија. Многу ти благодарам на поддршката, особено во овие тешки моменти кога ми е најмногу потребна.
Мало надополнување на напишаното од Феникс (се е така како што ти напиша). 1. Смени го друштвото под итно (и не жали што еден период ќе бидеш сама). Подобро никакво (за еден период) отколку лошо друштво. 2. Многу немаат каде да слават Нова Година ама не кажуваат и ако ги прашаш ќе ти речат супер си поминав ама да знаеш едно добри 70%-80% лажат . Колку пати сум доживеал луѓе што ќе речеш не знаат што да прават од познаници и пријатели да ми се жалат дека немаат со кого да слават . Секој може да уплати во кафич и дискотека ама колку ќе се вратат со полна душа или само со празен новчаник? Не се оптеретувај со НГ, кога ќе имаш фино друштво и повеќе познаници (а тоа ќе дојде) и славењата ќе ти бидат супер без разлика на НГ . 3. Феникс е во право, кога ќе се запишеш на факс ќе ти дојдат втори најубави години за дружење (или најубави) ако средното не ти било нај нај. На факс ќе сретнеш премногу нови луѓе и ако си и малку комуникативна ќе имаш огромен избор за дружење и забави. 4. За да не чекаш запиши се на некоја активност и ќе запознаеш нови луѓе со слични интереси. Не очајувај, ќе се среди
Ни јас не можев поубаво да дополнам од ова! Валерин, нашите совети и гледишта ги имаш, на тебе ти останува да преземеш нешто, почнувајќи уште од утре, животот те чека!
ми се смачи повторно да бидам сама..истово ми се случи кога бев 8 одд..тој беше пеколен период..но помина..имав една другарка,не учевме во исто училиште но многу се дружевме..кога дојдовме прва година заедно паднавме в клас..како сестри бевме..меѓутоа се вмеша и друга личност.мојата 3та брачеда..и другарка ми ја оттргна од мене..зимата јас дечко си фатив..и тоа придонесе да се скараме..дојдовме 2ра година ни муабет појке не правиме..со дечкото се скарав..за на школо имам другарки..ама за излегување..по цели денови дома седам..се здружив со едно друштво..меѓутоа пола од него не ме сакаат..знам зошто..ама ајде да не ве оптеретувам..и новата година прв пат дома ја поминав..ехх..уште што ме чека..
За дружење секогаш ќе најдеш другарки, такви вистински е потешко да најдеш. И подобро да бидеш со некои што тебе ќе ти одговараат, ќе те ценат и почитуваат, а не само колку да се биде со некое друштво што речиси и да не те ферма. Извини што вака бев груба, ама свесна си и самата дека ова друштво не ти одговара. Од почеток јесте, ќе ти биде тешко ама немој да мислиш дека неможеш без нив. Се може без секој. Ништо не е страшно да бидеш дома со твоите, не е финтата да отидеш некаде да славиш, да седнеш во еден ќош, како што самата кажа да испиеш многу алкохол за да после кажеш само дека си била негде. И јас сум четврта сега и бев во слична ситуација. Откако раскинав со дечкото пред неколку месеци останав без другарки, се свртеа кон него, па некое време се нервирав, со плач дома си доаѓав секоја вечер, си мислев ќе останам сама на одмори, по јадење, сама после школо кога сите одат на кафе и се дружат. Се чувствував како изрод. Толку осамено. Како да лебдиш во воздух и ништо друго не постои. Така правеа и тие, криеја од мене, правеа некои завртени муабети и се смееја, па договарања со бившиот за излегување за и јас да слушнам. Ме прашуваат ќе излегуваш ли? Им реков не и ми викаат епа ние ќе излегуваме ваму и таму, и со твојот бивши и со петко и трајко. Дури после толку време и откако успешно ја надминав таа ситуација ми е мака кога ќе си помислам. Јас не се опивав, ама во моментите кога се чувствував најосамено купував цигари и со солзи пушев. Сега гледам дека тоа било многу незрело и глупаво од моја страна. Имав надеж во тие другарки се до септември, преку летото се трудев со сите да се дружам, да постигнам се, да бидам другарка, а за потоа да ми завртат грб. Биди сигурна дека е подобро да бидеш сама некој период, да издржиш, да биеш силна и да не попушташ бидејќи најверојатно кога ќе почнеш да се одделуваш ќе пробаат да те скршат. Сите дома знаеја што ми се случува и само тие ме поддржаа. И секогаш ќе те поддржат. Еднаш добив еден совет од малце постара личност од мене што има искусено многу работи може истите како мене. Ми рече да не се приврзувам толку со никој, да си ги гледам домашните. И многу е точно. Оваа година видов и други можности за дружење, со други деца, не се ограничувај само на неколку другарки и толку. Почнав на празните часови де со школски, де со деца што претходно сме се дружеле и полека саатите што ги поминував во библиотека или на кејот шмукајќи цигари се намалија, па сега се на нула. Ете баш денес, отидов на кафе после школо со школска од основно. Која сатисфакција ми дадоа со намуртените фаци кога видоа дека не сум сама. Постепено, почнаа да се појавуваат луѓе што ме ценат, што ме знаат вистинската мене, ретко се гледам со нив, можеме да си се искажеме едни на други. За факултетот ич да не се секираш. И сестра ми еден период била осамена во средното и на факултет ниеден ден не се почувствувала како тука. Луѓето тамѕ се многу различни. И ретко се трпат тие како моите и твои другарки божемни. И запомни. https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/ ... 4075_n.png
Гледам по форумов дека не сум била само јас што после долга врска останала сама Ајде луѓе сега и јас малку да си ја олеснам душава па макар и на форум,имав врска од 8 години и ете пред точно една година раскинав со дечкото затоа што сватив дека таа врска мене не ме прави среќна но еве има година како сум сама без другарки и оние малку што останаа си ги тераат своите работи. Кога немаш другарки нормално немаш со кого да излезеш а ако не излегуваш неможеш ниту да запознаеш некој а за нов дечко па да не збориме.Секој ден барам решение на овој мој проблем и навистина незнам веќе што да направам. Сакам да го сменам факултетот и конечно да се решам и од уште една работа што не ме прави исполнета и среќна ама така се плашам дека ке бидам дипломирана дури на 27 год. што би правеле вие феминки на мое место каде вие ке си го барате исполнувањето и среќата
Ако си сигурна дека не го сакаш факултетот, не губи време. И ако твоите се способни финансиски да го поднесат тоа, секако. Пробај да се здружиш со колешки, оди на курсеви, на јога, теретана.
Девојки сакам да побарам од вас еден совет .. Имав дечко пред една година и многу го сакав но за жал раскинавме а сега мојата другарка која ја сакам и почитувам им се допаѓал го сакала и се трето и тоа го кажува и на мене но јас неможам да ја поднесувам се прави пред него да биде забележана оди кај него разговара за мене му кажува лоши работи за мене и на мене ми кажува демек и он по неа мене ме вреѓал и јас незнам како да постапувам пред неа .. пред некој ден се искажала на една моја другарка дека без него не може дека ако јас сум пак со него она нешто ке направи и дека сака од него да и каже дека ја сака и спремна е да иде со него кажете како да постапам пред неа..?
мојата другарка Тоа не е другарка -не дозволувај да се шират за тебе невистини лаги и лоши нешта, откачи ја другарката имаш ти гордост , а со дечкото со кој си била веројатно те познава па може не верува....но ако и тој збори и од него тргни се сега се чувствуваш лошо , ама верувај вистинските другарки не си го прават тоа меѓусебно , со него си била ти па таа по тебе по него трча , епа не!
Можеби не сум компетентна да коментирам вака за оваа тема, бидејќи имам 15 години. Немам друштво, немам најдобра другарка, немам дечко, но имам надеж дека овој период ке ми помине и ке дојде поубаво време. Живеам во еден од поголемите градови во државава, но учам во Скопје. Во училиштето сум како друга личност, се дружам со сите. Но бидејќи патувам секој ден, кога ке си дојдам дома ми е катастрофа. Секој ден размислувам што е проблемот со мене зошто неможам да се вклопам во некое друштво. Имав две ''најдобри'' другарки од основно, но одкако се запишав во Скопје се разделивме и не сме воооооопшто блиски. Излегуваме одвреме-навреме заедно, но не е тоа тоа. Имам и братучеди и братучедки на моја возраст, но сите си имаат свое друштво, а јас не сум особа што може да се наметнува. Викендите ги поминувам дома, у соба. Читам книги, пишувам поезија, дремам на фејсбук, слушам музика.. Ее за музиката брат ми, ми вика дека за мојава ситуација е виновна музиката што ја слушам: гранџот Но јас не би можела еден ден без Алис ин чејнс и Нирвана... Стварно незнам зошто ми е вака.... А чувствувам дека имам потреба да се заљубам, да ги осетам тие пеперутки у стомак, да излезам со друштво, да одам на кафе со другарки......... Којзнае, можда ке дојде и тој ден.. Мислам дека с е к о ј во животот барем еднаш во некој период се чувствува осамен,без пријатели и без љубов. Тоа е составен дел од животот. Но за утеха, поминува, барем јас се надевам на тоа. Ваљда и моево ке помине , нели како викаат: -После доаѓа . Јас имам надеж!
Габриелке ти уште ја нарекуваш другарка? Таа не е. Бившиот твој за неа е забрането нешто. Таа зборувала лоши работи за тебе и продолжува да ти се прави другарка? Не треба да имаш почит за ваква. Штом толку е затрескана по твојот бивши нека ја, само го собира ѓубрето по тебе. Можеш и во лице да и го плеснеш ова. 31971577 неможам многу да те советувам бидејќи и јас се уште се немам извлечено од слична состојба. Ова со музиката е глупост. Добра музика слушаш и мислам дека во никој случај тоа не е причината. Во кое друштво и да отидеш биди си своја. Излези понекогаш со братучетките, друштво не се стекнува преку ноќ. Можеш понекогаш со старите другарки, некогаш со братучедите, имај си повеќе другарки, така ќе имаш повеќе можности да запознаваш нови луѓе. Никогаш не се ограничувај на два-тројца. Јас згрешив што сметав дека со тие две другарки ќе си останам до крајот на животот, ама ми завртеа грб. Има ли други деца од твојот град што учат во Скопје? Ако има сигурно се познавате. Пробај остани си за викенд во Скопје, со цимери нешто, со школски потруди се подобро да се запознаеш. Среќно.
1. Еххх тие другарки.Па зарем некој ги има? Нема да се жалам дека ги немам бидејки ке треба сите да се жалат. Сум се дружела со секакви.Сум имала многу другарки.Многу карање.Многу излегување. На пример другарка ми од одд,подобро да ја наречам мојата соученичка е толку дволична и се дружи со тебе само од корист исто како и поголемиот дел,но неа ја кажувам за пример. Одев кај неа дома,постојано излегувавме,и пишував состави,секогаш јас одев кај неа бидејки неа ја мрзело да дојде,доага само кога ке и речам дека мајка ми направила пици или торта/колачи .Одевме на шопинг,се смеевме,слушавме музика,разговаравме за машки,се менувавме со алишта абе беше навидум како светица иако ја знаев каква е.А завчера се скарав со една моја соученичка,почнавме да се караме,навредуваме и другарка ми моја сакана почна да се нафрла на мене почна да ми кажува дека сум курва и секакви разни грди зборови.Јас само им се насмеав и си заминав иако ми плачеше душата,тие зборови да ги слушнеш од некој кој што сте биле толку блиски,а денес така да те навредува. Таа само ја наведов како пример. Сфатив дека не треба да влегуваш во конфликти и да си се повлечеш,но не да дозволиш да те навредат.Сфатив дека вистински другарки денес нема,а за излегување,за на кафе,ваму-таму секогаш се наога. 2. Мојата најболна тема.До вчера си плачев дека немав дечко на 15 год.,а со кој памет ни самата не знам .Си си плачев дека сум си сингл.И си се прашував што понатаму?! И поради тоа за само еден миг животот си го направив пекол .Не ме навредија,ниту повредија,ниту пак искористија,јас дозволив.Јас 15 годишно девојче уште од одма им се фрлав во прегратки на машки од секоја возраст и вера,со надеж дека барем еден од нив ке ме сака искрено и ке ме цени.Но сум се излажала.Сфатив дека е рано.И дека тој дечко кој што го барам искрено да ме сака ке дојде кога ке е време,а не сега.Сфатив дека сум мала.И убаво ми е што сум сингл во најубавите мои години во животот .А за дечко верувајте за секоја ке се најде кога-тогаш,а ако не можете тогаш проблемот е во вас.После се ова го сфатив.За дечко не се плаче и затоа никогаш повеке.Кој ме сака добро,кој не пак добро,едноставно чао.
Темава е баш скроена ко за мене, но кога ја прочитав си реков добро е, значи не сум само јас во таква ситуација. Јас се наогам долгооо време во таква ситуација, остајте дечко за тоа не се нервирам дотолку, се нервирам затоа што немам никакво друштво. Имам една другарка и со неа излегувам на кафе, доага кај мене дома исто и јас кај неа, но тапа е луѓе секогаш сме само јас и таа.Мислам дека го имаме истиот проблем и јас и таа, се фрустрираме кога ги гледаме другите како излегуваат низ дискотеки, ресторани со друштво од повеке девојки. Незнам зошто ама никако неможе да се споиме со некои други и да си имаме некое стално друштво. Братучеткиве сите се омажени.Од факултет имам некои колешки, ама сите се со свои друштва. Незнам веке што да превземам, многу сум разочарна на некој начин, повекето време го поминувам со книгите во рака и на лап топ многу ми е досадно. Едноставно многу ми е жал зашто најубавите години од мојот живот ги поминувам затворена дома во мојата соба. Не патам од никакви комплекси, јас сум само една нормална девојка, која сака да се дружи и да излегува ама некако тешко и оди тоа...незнам до кога вака и што да направам повеќе
пошто го поминав овај период од животот и знам дека е еден од нај грозните моменти плус и дома едноставно не можиш да му објасниш на твоите дека едноставно немаш со кој да се дружиш и тоа е причината за твоја депресија во моментот.јас ова го направив сменав имиџ автоматски нова боја коса нова фризура нова гардероба .почнав на вежбанје ,се здружив со стар другар од на времето шо ми беше голема подршка подоцна и работите сами се наредија .сега иди лето нема училишта почни сезонска работа негде ке стекниш нови друштва и плус ако имаш некој другар машко макар и шо не ти е толку добар викниго на кафе најди заеднички теми на муабет денес барем има фб ке разбериш за брзо се. да знајте машките се 1000000000000000 пати подобри другари од женските од кога ке излезите кажиму дека ти се бендиса друженјето со него и сакш пак да излезите и се ке се среди работите kE SE NAREDAT POZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZZ DO SITE
Девојко можеш да почниш со тоа што ке поканиш колешка од факултет после факултетот на кафе па ако во одат разговорите и таа ќе те покани со нејзиното друштво и така ке се вклопиш со сите па ќе поканиш да излезете и некоја од другарките на твојата колешка, знам дека сум од машки пол ама сите сме луѓе, така сум влегувал во нови друштва и сум носел нови во мое друштво, битно е да ми одговара во карактерот нее битно дека е нов со среќа се надевам дека помогнав малце
обиди се да се промениш биди подружељубива,покомуникативна ако треба пикај му се на некои од тие друштва шо велиш ..и јас бев како тебе но решив да ставам крај на тоа и се опуштив почнав да излегувам а за дечко ич не му ја мисли ти пикни се во некакво друштво па после дечкото така полесно че го најдиш некоја од другарките че те запознај оти така ако си чекаш џабе ти е не е се така едноставно ,,оди дружи се и забавувај се