I jas sum vo ista situacija otkako raskinav so deckoto so drugarkite se poretko se gledame site zafateni so obvrski, rabota... koj e za druzenje i izleguvanje neka pise licna poraka
Многу ми е тешко кога ке видам како сите останати имаат голем круг на пријатели а јас имам само една другарка како сестра и никој друг за ислегување немам никого освем таа ... од кога почнав да се држужам со неа навистина таа се обиде со многу од своите пријатели да ме зближи но залудно со сите тие сега имам само едно здраво .. незнам дали сум премногу срамежлива.. кажете некој совет за да почнам да се дружам со луѓево околу мене ..
Како понатаму да се продолжи? Со ,,другарките претходно што се дружев офцијално ставив крај, зошто не одеше веќе. И, порано многу често се каравме и тогаш се тешев со тоа што помали бевме, но сега имаме по 16 години и мислам дека е време за сериозно друштво. Тие едно - две се караа со мене, лицемерни беа и така. Тотално се однесуваа како деца. Повеќе пати сум рекла крај, но сега официјално расчистив и немам намера да продолжам со нив и онака не ми одговараше тоа друштво. Од тоа друштво само една ми остана што конткатирам, ама таа си продолжи со нив да се дружи. Ние конткатираме многу нормално, но таа си излегува со нив и тоа е тоа. За во школо имам другарки, но само за во школо и не можам со тоа да се тешам. Во лето е друга прича. И, општо земено во викенди и така натаму. Од маало нема никој на моја возраст, братучедите ми се поголеми и со дечковци/женска и тоа е. Потоа, за мување сум се мувала само ради - реда и тоа не било ништо. Имам еден кој сеуште го сакам и не можам да го заборавам, но тој стави крај одамна. Јас му бев оставила многу пораки и слично, но гледам дека не реагира на никаков начин. Пробувам со него, но не оди. Не знам до каде ќе води оваа ситуација, само знам дека ми е многу тешко
richgirl998 потполно те разбирам....И јас немам другарки...и претходно прашав дали некја девојка од Струга би ме дружела но ете нема. ....Сега уште малку ке одам на факултет и таму имам со кого да се дружам но овде не.....Има едно девојче од средно со неа бев 2-3 пати на кафе и тоа по моја иницијатива и сватив дека само јас ја замарам за на кафе,а таа никогаш не ме викна....И цело време сум на фемина..или читам на нет или некоја книга...но сепак сакам да излезам од дома постојано сум затворена.... :'( А richgirl998 би те советувала да пробаш со тие другарките од школо да излезеш.Ние така цел клас машки и женски одевме на кафе,обично ако бевме прва смена на школо... И остави го тоа момче...Мажите се такви кога ние жените трчаме по нив не одбегаваат но кога ние ги одбегаваме,тие трчаат пол нас.
стварно е тешко,ете и мене ме стигна ова,петок вечер а нема со кој да излезам,си фатија дечковци и сега другарки не им требаат,а јас кога сум била во врска сум гледала и на другарки да угодам ама гледам какви катастрофални грешки сум направила,понекогаш е подобро човек да е себичен,сега го сфатив ова,во мојов случај сакав на сите да им угодам и на крај си останав сама
Мој совет ти е да бидеш себична, да не правиш жртви за никого, таквите си поминуваат поубаво во животов. Јас сум пак единствена од моиве другарки што е во стабилна врска, другите не ни помислуваат на тоа, им било вака убаво, ама јас не си дозволувам да чувствувам обврска спрема нив, обврска имам само спрема дечкото и секако и родителите, ама другарки, ич немам ни доверба, не сакам ни жртви да правам. Денес сме, утре не сме. Излегувам само ако ми се излегува и само ако не му смета на дечко ми и немаме заеднички план за тој ден. Инаку, имам само една подобра другарка чија желба ПОНЕКОГАШ би ја ставила пред мојата моментална потреба, и тоа пак ако веќе немам план со дечкото. Тоа е нормално мислам ако си во стабилна врска, не можеш за тоа да ги обвиниш бидејќи и да сакаат тие, не е исто сингл и во врска, други се приоритетите.
Espreansa777 дефинитивно човек треба да е себичен. Неколку другарки сме во друштво сите имаме дечковци и жими една што наоѓа време да се јави за кафе, дружење и сл. Сите други порано вртеа во 3месеци еднаш, а сега кога им здосади нон стоп со дечко те ги одма расположени за забава...епа нема сега јас сум зафатената и кога ми текне тогаш ке пијам кафе. Одсекогаш најмногу ме нервирал таков однос. Кога одев со бившиот ми секогаш бев тука и за кафе, летоска на одмор, за излегувања не затоа што имав вишок време туку затоа што, нели "другарки" сме и секако и тогаш си се дружев највеке со таа една. Е сега ми е научена лекцијата и знам со кого како . Не затоа што навистина неможам да одам кога ке ми с ејават, туку затоа што неќам. Неможе некој да се врти како му текне, барем со мене не, а гледма околу мене уште ги има наивните. Епа нека им прават кефови јас немам намера.Oдкако сум себична кон нив баш ми е поубаво да ти кажам искрено. Едноставно го нема тоа вистиснко другарство за две можам да кажам дека ми се стварно другарки и тоа е тоа...Ова друго пиши пропало.
работата е во тоа што другарки ти се се додека не си фанат дечко коа испагаат со тебе на кафе или сл, они гледаат да си фанат некој кој ке им се допадне ,,, откоа ке си фанат некој тој им бара повеке внимание како на пр : јас имав 2 другарки со кои секаде одев , едната скришно без да ми каже нешто си фана дечко ја последна дознав а другата барем одкоа се фана ми кажа, затоа кога си фанав ја дечко ни збор не им кажав затоа што не заслужуваа а и коа имаш дечко се разбира дека цело време ке сакас да бидеш со него а мојов дечко дури и ми вика многу со другарки дружење не , но да знаеш дека они ке сватат кога ке раскинат со нив колку им треба другарка тогаш ке ги видиш одма ке ти се јават за испаѓање за се само мн внимане тогаш не им обрнувајј
Ви благодарам за советите Несреќа што никој не ми се допаѓа ама кога ќе си фатам дечко ич нема да ги шишам,ќе правам како што прават,секако некоја ќе стане сингл дотогаш ама нема да ја дружам ни за на кафе,да видат како е ,се каам многу што пропуштив некои шанси кога тие ми биле на прво место ама сега нема да го дозволам тоа,не заслужуваат,една еднаш во очи ми кажа дека другарките служеле само за излегување и ништо повеќе ама јас не мислев така,ама со такви луѓе требало кучка да бидам,епа отсега само за себе ќе си гледам
Е девојки и мене ме мачи таа приказна..имам 20 години пред 2 месеци се скарав со најдобрата другарка со која пораснавме заедно ми сврти грб. А само на неа бев ограничена имав и други другарки ама секогаш ги откачував заради неа бидејќи таа не ги сакаше а таа ми беше се на светов само неа можев да и се доверам неможев да си го замислам животов без неа во се ја вклучував исто така и пред два месеци се фатив со еден никој ништо не беше некоја сериозна врска и раскинавме пред некој ден..сега останав на самата себеси се трудам да викнам некој на кафе но сега тие мене ме откачуваат па нормално дека ќе те откачат кога пред 1 година јас сум ги откачувала нив..Хелпп досадно ми е да седам дома веќе се дружам со братучедите но тоа не е секој ден..Знам дека сум згрешила што се ограничив само на неа но тоа е сега ми дојде умот Имам и машки другари но излегувањето со нив ми е еднаш во месецот хелп женски
Се е минливо. Јас имам 16 и пред една година се најдов во истата ситуација, што ми се плачеше поради тоа но сега ми е супер се се' среди мислам сега сум со ново друштво а не со старите другарки кои ми забодеа нож в'грб се ќе помине - според мене и мојата случка. Верувај во себе глава горе и биди секогаш насмеана.
Да но на 19 (Скоро 20) години е тешко да се вклопиш во ново друштво сепак ти имаш 16 години и имаш уште многу шанси пред тебе
^Штом јас, најсрамежливото суштество на светов се дружам со ок луѓе и дечко фатив, да не се грижите ич, има надеж и за вас! И јас имам ваков период лани, и еве го преживеав. Мислев дека сум изрод, дека не знам да се социјализирам, дека никој не сака да се дружи со мене заради неколку ѓубриња што ми се правеа другарки, па ми завртеа грб. Немојте да се растажувате, подобро имајте две саглам другарки отколку цело друштво што на секое кафе си плакне уста со вас. Иницијализирајте средба со некоја другарка од основно, школски, одете по курсеви - некој јазик, секаде каде можете да запознавате луѓе. Нема да биде лесно, нема преку ден да надете друштво ама постепено ќе се смени. Спојлер Оние што се по Хари Потер елате во Македонската Армија на Дамблдор - организираме средби, има интересни работи, се запознаваат луѓе.