Ептен страмежлива сум Спојлер Ајде што сум страмежлива, страмежлива сум и тоа многу ама и дечко не можам да фатам. Знам дека имам само 16 г. но сите мои другарки поминале низ тоа , а јас се чувствувам како од некоја др. планета.Не ме бива ни за муабет со машко, целата се вцрвенувам ...
ЕлиСааб ти озбилно ли за дечко се замараш? Јас прв пат бакнав дечко леторо пред трета година, па еве нормална сум. Немој воопшто да се чувствуваш лошо. Се ќе си дојде на свое место. И јас бев истата, ги гледав моите другарки како менеа дечковци, а јас самичка цело време. Не избрзувај да се закачиж со некој смотанко само да те замара, туку почекај и ќе си најдеш некое дете. Немој да трчиш по првиот кој ќе те викне, стрпи се. Љубов - ама не со кого било, и не од осаменост.
УФ,сосема те разбирам Тhe candy880.И јас порано бев така.Ја изгубив самодовербата и многу ми беше срам другарките околу мене,а посебно од другарите.Имав само три дугарки со кои слободно разговарав.Но така бев многу тажна или пак едноставно не се чусвував убаво.Затоа почнав да размислувам за мојот срам спрема другите и сватив и сватив дека од тоа навистина немам никаква полза и дека ако продолжам така цел живот ке си останам така сама .Па затоа од ден на ден почнав се послободно да го изразувам своето мисленје,да им казувам разни шеги на другарките и слично.Слободно разговарав со сите ....Ете денес имам и другари и другарки (се повекје). Па ти препорачувам и на тебе да се ослободиш од срамот и повекје да веруваш во себе. Ти посакувам се најдобро!!
Сингл сум и имам 3 другарки од кои 2 си имаат дечковци.Во последно време...не знам зошто ама некако не се чувствувам многу пријатно во друштвото.Како да сум отфрлена.Се е сменено.Нешто се случува но не знам што....Многу сум осамена и ми е тешко.Ме повредува нивното однесување а истовремено и сум осамена кога си помислам дека не можам да го имам тој што го сакам....
ја заглавив и јас,2те другарки со кои си излегував си фатија дечковци и со нив си излегуваат,едната испадна кретенка а другата ме вика со неа да излегувам ама не ми е згодно,како перница би се осеќала и плус се помали од мене,имам уште 1 другарка ама она е подалеку и поретко излегува,ете веќе 2-3 викенди немам излегувано,си седам дома на овие години,немам ниту дечко ниту пак ми се допаѓа некој,немам ниту некои роднини така помлади,ништо,и постојано си мислам дека така ќе си останам,стара мома,лоши мисли ме тепат
Мислете позитивно девојки,излезете дружете се со луѓе запознавајте нови и нови личности не се ограничувајте само на една или две другарки (од искуство кажувам) пишете јавете се на некому вие први не чекајте да ве викнат.
побарај некој со кој се немаш сретнато одамна, некоја другарка од основно, некоја од детството, и излегувајте, за дечко нема што да се секираш, ќе биде и тоа, само треба трпение
ви благодарам за советите ама сите од основно и стари другарки се мажени,за жал живеам во таква средина каде млади се мажат а со моиве години стара мома им се гледам
Мисли позитивно што е твое ќе си дојде...Иста ситуација имав како твојата 2 месеци и повеќе седев дома затворена, се потрдив малце ги побарав старите пријателки, роднини, другари некои, еве денес главата незнаев каде ми е цел ден ме бараа, ако ги бараш ти и тие ќе те бараат верувај, најди си некое дете така пиши си со него занимавај се ако сакаш можеш да направиш се, верувај прво во самата себеси. Со среќа!
Еве јас се нудам за друштво доколку има некоја од Битола, имам поминато низ овај период, и заебано е кога најчесто главата ја губат по дечковците, и кој ја е*и другарката, али дошла маца на вратанца, животот е карма, се се враќа поздрав женски
Јас поминав низ ова пред 5-6 години раскинав со дечкото и сите пријатели и пријателки адиос во неповрат. Ужасен период од животот....паднав буквално во депресија.. седев дома затворена ослабев ненормално.. пушев ко турчин... мислиш дека тоа е тоа се десило со тебе, што сега, немаш идинина.. .... почнав да се дружам со роднините фала богу имам брачеди женски тука така сме со години па почнав со нив да излегувам.. почнав да работам после некое време го запознав мажот ми. После четири години стапивме во брак сега имаме детенце... животот е карма.. ете ги гледам денес истите тие не ми изгледаат нешто посебно среќни и весели во животот. Не сакам да му случи тоа на никого. И ден денес немам некои блиски пријатели .. премногу бев повредена во минатото и не сакам да се врзувам со никого. Се дружам со пријателите од мажот ми.. ама ништо повеќе од тоа.
епа и млади роднини немам,ужас е да,посебно кога и дома не гледаат што се дешава со тебе,никаква поддршка од никој,на работа немам млади колешки,и така... се надевам ќе се подобри ситуацијата,во моментов само некој дечко ми фали за да излегувам со него ама не ми се допаѓа никој од тие што се свиѓат а и не планирам да бидам со некој заради реда,љубов барам
Jaс не знам зошто се осекате како багаж или како сијалица ако треба да излезете со некоја другарка и со нејзиниот дечко.За мене тоа е многу нормално и не гледам ништо лошо и потценувачко. Сум била и јас сингл и сум искачала со другарки и нивните дечковци и никогаш не сум се осетила одвишок. Секако дека не сум им се бутала во секој момент да бидам со нив ама па и не сум се двоела коа ке ме викнеле. Понекогаш не се криви другарките во врска за нашата осаменост.Сами сме крви што се двоиме и нејкеме да излегуваме со нив под изговорот дека ке се осекаме како сијалица која им свети. Јас секогаш сите ги викам со мене без разлика дали станува збор за парови или за другарки кои се сингл. Фала богу до сега никој не ме одбил под таков глупав изговор. Излегуваме и сами ,излегуваме и со дечковците. И во диско сум одела со пар покрај мене и на кафе и на прошетка и никогаш не ми било глупо ради тоа. Обрнете внимание и на сопственото однесување и не се двојте од блиските безпотребно бидјеки нормално е во некој период од животот да бидете и во врска и сингл. До сега не можам да се пожалам дека ме запоставиле оние кои се во врска и сум дошла до тоа да немам со кого да направам муабет или да се видам на едно кафе. Категорично не прифакам да излегувам и да се дружам само со другари или парови од страната на дечко ми исто како што категорично не прифакам постојано да излегувам со него. Дури и оние кои се во долги врски често ме викаат сами да искочиме без дечковците. Дружете се кога ве викаат и не си ја умарајте главата со тие муабети дека сте одвишок или што ти ја знам.
зависи и како се однесува парот со кој си излезена,ако се бакнуваат и гушкат цело време а ти незнаеш на кај да се завртиш,може малку незгодно да биде
се согласувам, ја еднаш излегов со другарка и дечко и и тие де се бакнуваа де се гушкаа, ептек како свеќа се осетив и си реков веќе никогаш со пар не излегувам, а за 2 пара си е ок