Каков проблем на 20 + - некоја година? Немате проблем ако сте на таа возраст. Еве јас сум постар и го имам истиот ткн. проблем. Но ова кај мене е веќе критично.
многу ми е тешко. Прееска се скарав со дечко ми, а многу го сакам, верувајте! ама во последно време се каравме се‘ почесто и почесто, и денеска тој се однесуваше стварно кретенски према мене. Не можев да издржам повеќе, и си го облеков палтото и си заминав. а он дојде по мене, и јас прво мислев ќе ми каже да не си одам, а уствари ми рече дека ќе му вртам за да се смириме, ама немало да ми крева.. Сега ми е тешко оти си планиравме заедно да славиме нова година. Јас додека бев со него се оддалечив од сите другари и другарки, и кога им реков дека и нова година нема да славам со нив, ми се налутија сите, само најдобрата другарка не ми се лути, ама она ќе си слави со дечко и‘.. Најлошо е што тој ми вети дека нема да ме остави сама на Нова Година, баш синоќа ми го вети тоа, а денеска се случи ова.. Не знам што да правам, си останав сама да си славам нова година, дома.. А и за излегување немам другарки, а баш сакав да одам на овој концертот на Владо Јаневски у сабота шо ќе биде..
Извлечи поука од целава ситуација - никогаш, ама баш никогаш не ги запоставувај другарите/другарките поради дечко. Најважно од се е да имаш баланс - и да се гледаш со дечкото, но и да одвоиш време за оние кои биле пред дечкото и ќе бидат после него. Со право ти се лутат
Од кога почнав да ги следам твоите мислења добив желба да те запознаам, досега немам сретнато личност со која имам толку слично размислување Понекогаш ме мотивира тоа што знам дека не сум единствена во одредени ставови и навистина ми е криво што со луѓето од мојата околина (роднини, другарки) немаме скоро ништо заедничко.....за тоа ја сакам фемина
Другарки немам,тоа е најголемиот проблем .Дечко имам и тоа е личноста што најмногу ја сакам и се би направила за него,сакам да сме среќни заедно.Не барам ништо друго освен да сме живи,здрави и да си бидеме среќни заедно.И засега ни е преубаво.Но не можам да си најдам ниту една другарка.Не ми треба некоја другарка мнооогу верна,потребна ми е некоја да излеземе на кафе,да одиме на шопинг,да одиме во ќино,да одиме на забави,едноставно да се дружиме..Ама ете нема .Сама сум и сама ке бидам.Дечко ми си има другари и во неговиот град и во градот што студира.Се дружат,разговараат,одат да гледаат фудбал,на кафе на забави..Потребни се другари и тоа многу..Ама за жал немам ниту една другарка ...
на фемина сите се дружиме си помагаме една на друга со совети многу значи кога ке добиеш совет кога највеке ти треба а заради икс причини не можеш да им се обратиш на најблиските
Ми се налутија оти сега они ке треба повеќе да плаќаат. Тие никогаш не ми беа блиски другарки.. Имав само две најдобри, а едната ми беше така најблиска.. И уште ми остана, ама она има дечко, она е сега цело време со него, па јас не можам да им се пикам...
Не ги свакам помалите генерации и не ги свакам. Како можете на 16год да се узобилувате со дечковци дотолку за да се одалечите од другарки/пријателки? Еј на 16год, па тоа не треба да си го дозволиш никогаш во животот и на 50год па ке посакаш со некого да испиеш кафе и да си помуабетиш. На тие години не ми ни текнуваше на нешто озбилно. Слави си нова година со другарки или кажи му на дечко ти да славите заедно со нив, па нема поубаво од тоа, има време кога ке славиш сама со дечко, ама тогаш ке ги бараш твоите 16 назад. Крај краева па слави со најдобрата другарка сигурно таа ке слави во некое друштво појди со неа, нема зошто да ти е глупо, напротив. Не велам да не славиш со дечко ти, само тоа направи го во друштво, а не сама со него. Во секој случај живеј го животот, иди забавувај се со другарки, лудувај, смеј се, а не ке се замараш и мислиш за некој мочко, кога треба најинтересно да ти е со другарки. Знам дека сега ти изгледа како крај на свет да е, трагично и разочарувачки, но верувај не е воопшто, за некоја год ке се смееш на оваа, а ако продолжиш вака богами и ке се каеш. И јас сум имала дечко на тие год , но со него видувањето се сведуваше на шетање околу училиштето и одење после школо на чај и толку секој по дома и на своја страна, си излегував со другарки, се правев со нив. Не претерувај со уозбилувањето, ке се каеш верувај.
Тука е твојата грешка. Зошто си се одалечила од сите твои пријатели? Па само дечко ли е најважен во животот?! Треба да воспоставиш баланс помеѓу тие две работи, пријателството и дечкото, прво зошто и двете работи се ПОДЕДНАКВО важни, второ, и ако се скарате со дечкото да имаш подршка од друга страна.
Можеш да си извлечеш поука од приказнава, никој за никого не се остава, се држи баланс помеѓу сите, другари , другарки, дечковци итн. Барем јас го осетив на моја кожа, во иста ситуација бев пред некој месец, сега се си се среди, дома неможам да се приберам. Потруди се побарај некои постари пријателки.
Верувам дека поуката си ја извлекла,дека поради дечко не смееш да ги запоставуваш пријателите.Мора да балансираш-и дечко,и другари-ки. Некако ми остави впечаток дека повеќе ти е за Нова година,дека пропаднал планот,а не за друго.. Не го моли во секој случај.И пробај да почнеш повторно да контактираш со друштвото,да почнеш некако да ги придобиеш,да им се извинеш најпрво Спојлер И ако се смиреш со дечкото,немој да се оддалечуваш повторно од друштвото И нема ништо срамно ако дома со родителите останеш да славеш Нова год.Нема ништо попраијатно од домашна атмосфера
Имам 15 години. Дечко имам,и тоа најдобриот дечко на светот што најмногу си се сакаме. Но проблемот е што немам другарки.Ниту имам ниту сум имала ниту ке имам.Не сакам многу другарки,барем една-две.Тешко е без другарки.Сите се дружат,излегуваат,забавуваат,само јас не.Сега сум прва година.Знам ке речете има време,ке си најдам...Ама не е така.Во градинка одев многу мала,и таму сите си беа другарки,само јас со никој не си играв,тоа продолжи кога тргнав во школо,потоа се префрлив во друго школо,и сега средно почнав и сега немам другарки,кога одев на играорна немав другарки,од населба исто,бев и на курс на англиски,џабе,никогаш не сум имала другарки.Знам,што само со мене никој не се дружи значи во мене е проблемот.А што е проблемот со мене стварно не знам.Ама вака многу ми е тешко.
Многу негативно гледаш на работите. Можеби си многу повлечена и на тој начин ги одбиваш луѓето од себе. Можеш сама на девојчињата од твој клас да им пријдеш, да почнеш муабет, не се одеднаш, постепено, па да викнеш некоја на кафе кај тебе и така тоа.
Не,џабе е се.Не гледам негативно,туку реално.Што е со мене проблемот? Зошто само јас не можам да имам другарки? Не сум повлечена,ниту срамежлива,напротив,ама што кога не сакаат да се дружат со мене?
Истото и мене ми се случува...Имам дечко но не и другарки...Ми се понуди едно девојче од феминава демек да пиеме кафе но потоа сама се повлече, ни кафе бидна ни ништо (не ја кривам воопшто бидејки никој не е должен со мене да се дружи) Друго девојче ми пиша јас не и вратив плашејки се дека ќе ми се деси истото,т.е. дека ке пишиме и на крај ке ме одбегни....Дечко ми го гледа тоа и мн му е жал што ништо не може да направи...Од средно имам една другарка но таа е на факс во ск и ретко овде доаѓа..Бифшата најверна другарка кога сме во градот кај шо студираме е нормална (изгледа бидејки сме цимерки па мора така.. ) , а кога се враќаме назат, демек ке мепобара на тел да види како сум и толку...Што ке се прави вака стварно не знам...
^Па на факултет барем е лесно да склопиш пријателства .. Имаш теми за муабет со сите за колоквиуми за испити и сл .. После предавања пијте кафе во бифе , ќе си разврзеш муабет и постепено се удружуваш .. Малку е тешко да склопиш пријателства преку форум , на факултет е многу полесно само треба да бидеш комуникативна не се срами почни со бош муабети за факс и работите сами ќе си дојдат .