Од мене ли се исплаши Мацо? Исто ми се дешава и мене. Дечко имам, ама другарка што сакам да и се иснаприкажам, да се изнасмеам како дете, да се изнаплачам и ред други работи, немам, немам, немам. Почнав на работа ајде колку да се речи ми поминува времето барем малце, со дечково ќе излезам, ама не сакам секој ден да го замарам другари си има. Една школска (од корист само ако нема каде) ќе се јави демек за на кафе еднаш на 2 месеци и тоа е. Другари ме бараат, ама шо ќе одам секој ден со нив на кафе? ДРУГАРКА САКАММММ!!!!
јас имам другарки на факултет и тоа не една ама во градов кај што живеам немам Иначе фала на советот.
Не дека се исплашив,ама така нешто (страмота е да кажам ) Ај сега ке одам на факултет и 2 недели сум таму а викендите овде,и за тоа време сум со дечко ми, но што кога ќе заврши годинава? Пак од мај до јули ке седам дома
Јас немам ни дечко ни другарки. Незнам оти тоа е така но многу ми е тешко, се чуствувам многу осамена мислам дека никој не ме сака и дека никогаш нема да си фатам дечко-од тоа и се плашам да не останам сама . Досега сум немала долга врска имам излезено само со еден и тоа траеше една недела и после прекинавме ни тој ми се јавуваше ни јас, а имам 19 години и веќе ми е време за да бидам во врска со некој. Многу сакам да си најдам дечко што ќе ме сака ама не можам да најдам незнам дали е до мене работата дали е до мојот изглед..не сум многу грда гледам дека и погрди си имаат дечко ама јас неможам да си најдам..Не излегувам многу навечер, ретко само понекогаш и кога ке излезам одам со помисла да си фатам дечко но никогаш не се наоѓа. Имам многу ниска самодоверба не се почитувам самата себеси, не се сакам, незнам оти тоа е така но така се чувствувам. Студирам на факултет во друг град и сеуште неможам да си најдам другарки, ни на факултет неможам да си најдам, се чувствувам како да ме одбегнуваат сите, како никој да не сака да се дружи со мене . Не сум многу комуникативна...незнам можеби и тоа е една од причините поради кој немам другарки.Се на се гледано немам ни другарки ни дечко и се чуствувам многу осамено...дури не ми се живее веќе..
Дечкото и другарките не се најбити во животот, има многу по битни работи од нив затоа не ни помислувај на тоа дека не ти се живее повеќе. Прво промени си го мислењето за самата себе, биди повеќе комуникативна верувај ми ако сакаш ќе успееш. Чист пример сум јас-бев многу срамлива се срамев и да одговарам на училиште да се побунам и никогаш немав добри оценки, но видов дека така нема да можам да успејам во животот и затоа некако се променив бев упорна и сега уста не затворам, си стекнав нови другарки, не најдобри ама океј се, а за дечко има време Така биди и ти не се срами биди отворена на факултет сигурно имаш некоја колешка што ја знаеш подобро, биди постојано со неа покани ја прва на кафе и не чекај да те викнат, туку ти биди прва. Ако нее постое таква колешка упикај се сама знам не е лесно сите си имаат офоремно друштво или имаат дечко па не сакаат нови пријатели, но биди упорна и ќе успееш. За дечко, ќе биде и тоа не си престарена па да не можеш да си најдеш дечко, мислам дека кога најмалку се надеваш ќе се појави некој. Најважно е прво да имаш позитивно мислење за себе да се сакаш и почитуваш самата себе да си викаш дека ќе успееш и дека можеш да станеш покумуникативна. Мислам дека едниствениот проблем што немаш добри пријателки и дечко е само поради твојата не комуникативност, и те разбирам потполно. Се надевам дека на некој начин ти помогнав. Биди упорна, и ќе успееш
Ја се чувствувам мн лошо имав една другарка со незе се дружев многу да не речам како сестри бевме.Но некако ни прекинаа односите не излегуваме толку многу често како порано,мене ме обзема страв од тоа да не останам сама летово без другарки.Само си седам домче и си подплакувам сите излегуваат (како на пример денес пошто е петок) само јас си седам дома и се чудам зашто јас немам со кој да излезам значи не сум уопште мала, а ни голема бога ми а, една асална другарка неемааам.Се чудам дали е проблемот во мене или во луѓето што ги запознавам, а со дечковци си немам проблем али зашто ми е он не сакам да го давам јас нонстоп сака и он да си изеле со другари,ваму таму.А ЈА ПААААК САМАААА -.- ако има некој тука од Скопје значи слободно нека ми пише барем и на чет муабет да си направиме, ако не му одговарам на девојчето нема сигурно да му се пикам со сила .Инаку имам 14 години заборавив да наведам по горе ве сакам!
Понекогаш треба сама да викнеш некоја другарка да искочите, не мора да чекаш тебе да те викнат. НА пример викни ја таа другарка што сте се дружеле, да се видите, да поразговарате и така почни. Интернет пријателствата се друга работа, нема да кажам нереална ама помалку битна од реалните луѓе кои ти се во животот.
таа си седи дома исто како мене но не ми дига на моб не ми враќа на ФБ, на школо не одиме веќе заедно (ама за тоа јас сум крива). јас ја одбегнував заради тоа што ме мрзеше да излезам а сеа си лупам глава од џид затоа што сум осамена!! ве молам за совет како да и се извинаам што да и речам многу ми значи она.
Пиши и порака на телефон или на фб како поефтина варијанта . Извини и се и кажи и како се чувствуваш. Верувај дека едно извини многу може да значи.
Ок, фала ти мнооогу за советот се надевам ке ми вратии, знам згрешив али сеаа може да ми прости, луѓе сме грешиме
не си само ти таква и мене истото ми се случува се обидувам да бидам комуникативна али тешко ми иде:/
Хммм ако се соберат на форумов сите што се ем сингл ем без другарки не се сомневам дека ќе се создадат пријателства... а може и ќе се најдат некои сродни души.. Шала на страна... сингл сум али не е во тоа проблемот... Многу се чувствувам осамено, излегувам и за викенд и преку недела меѓутоа не е тоа, тоа. Сакам да ширам нови познанства , да запознаам нови лица... ама ете, очигледна сум премногу повлечена.
Па ете, победи ја срамежливоста. Опушти се, запознавај други луѓе, секогаш имај на ум некоја тема за разговор плус. Друго незнам што да ти кажам.
И јас кога имав 18-19 години се чувствував исто, само што имав другарки. Сите мои другарки се во врска од поодамна , а јас бев сингл. Кога и да се договоревме за излегување прво прашував дали ќе одиме женско друштво или ќе дојде и нивната друга половина. Секогаш ми беше непријатно вака сите гушнати, јас сама и ретко излегував. Сега кога си фатив дечко, не е исто, но не можам да кажам дека сум среќна со него. Кога ќе размислам до некаде и подобро ми беше сингл. Не сум вљубена и морам да ставам крај на оваа врска. Сакам да бидам со некој кој не само ќе ме сака и почитува туку и јас да бидам среќна и задоволна. Немам баш среќа со љубовта. Имав случај кога бев заљубена во еден дечко, долго време пишувавме на фб, сме се виделе онака другарски, ама тој не беше заљубен во мене, па со сила ништо не бидува. Сега е обратно. Тој ме сака, јас не. Сакам да сум пак сингл ама не за долго. Кога гледам дека сите мои другарки се среќни во своите врски, се плашам дека никогаш нема да бидам како нив, дека никогаш нема да најдам сродна душа, млада сум, ама годините брзо летат. А што е најлошо, кога си одам дома, мајка ми и баба ми и некои др. љубопитни секогаш ме прашуваат дали имам дечко, секогаш негирам дури и сега кога имам. Па што е толку чудно бе луѓе ако немам дечко, стара мома ќе останам?
Не е ништо чудно да се нема дечко ама мислам дека некаде на околу 19-20 години ти е потребно некој да имаш во животот, ти е потребна љубов, ете на пример мене имам веќе 19 години ама немам дечко и ми е тешко поради тоа потребна ми е љубов, некој да ме сака да се почуствувам ценета од некој..ама никако да си најдам некој
Не се грижи ке си дојде кога најмалку очекуваш, јас мислев дека ја имам љубовта на мојот живот се омажив и добив дете, но подоцна дознав дека ме изневерувал, сега на 25 години со 6 годишна керкичка сум сама, ја имам нејзината љубов но пак ми фали некој со кој ке го поминувам животот, но веке се плашам дали и постои некој таков, за жал и две другарки ми починаа, тешко ми е многу, но како и да е животот мора да продолжи
Многу добро знам како се чувствуваш го поминав тоа како сингл и се уште минувам низ тоа и сега кога сум со некој. Убаво е кога некој имаш до тебе, кога некој те сака, те почитува, се грижи за тебе. Јас за кратко време ќе полнам 21, оваа ми е прва врска, се уште тазе. Тој ги поседува сите можни атрибути што една жена ги посакува, и физички и внатрешни, се уште се запознаваме. Доста е повозрасен и ме сфаќа, ме почитува, ме сака (да не повторувам истото). Но, јас не сум заљубена, не го сакам, се чувствувам празна. Затоа сакам да сум повторно сингл со надеж дека еден ден ќе најдам некој кој ќе го сакам и кој ќе ме сака, некој со кој ќе ги искусам најубавите моменти во мојот живот. Никогаш не искусив 'тинејџерска љубов' со некој. Не знам дали порано си била со некој, ама не губи надеж. Ако се сожалуваш никој нема да ти помогне, знам како ми беше мене. Само се жалев, плачев и ништо. Треба да бидеш самоуверена, со крената глава и да не покажуваш слабост. Како што викаат старите, за секое тенџере постои капаче. Имаме време, кога тогаш ќе бидеме среќни. Сакам да шетам, да уживам, да патувам, да запознавам луѓе. Веројатно додека ги исполнувам моите желби, ќе ја пронајдам вистинската личност за мене . позз и не очајувај, биди силна