Не се грижи ке си дојде кога најмалку очекуваш, јас мислев дека ја имам љубовта на мојот живот се омажив и добив дете, но подоцна дознав дека ме изневерувал, сега на 25 години со 6 годишна керкичка сум сама, ја имам нејзината љубов но пак ми фали некој со кој ке го поминувам животот, но веке се плашам дали и постои некој таков, за жал и две другарки ми починаа, тешко ми е многу, но како и да е животот мора да продолжи [/quote] Натемила, се наежив буквално... навистина тажно. И јас имам братучедка која се омажи на мои години, сега има син 8мо одд, а разведена е 8 години. Мислеше дека е вистинскиот, а сега многу жали за тоа што се избрзала. Истиот случај беше и со тетка ми. По 7 години брак и толку дали имаше, дозна дека маж и ја изневерува и се разведоа. Таа 8 години живееше со двата сина, се дури не се разболе од тумор на мозокот и почина, пред 6 години (не ми се верува колку брзо поминаа). Но животот продолжува за живите. Од секој поминат ден учам дека треба да бидеме силни и да не губиме надеж.
Фала ви на подршката се надевам дека ке најдам некој наскоро, најважно ми е да ме сака и да биде добар.....дајбоже да најдам некој оти вака не можам повејќе да издржам...Осаменоста е тешка работа
Потполно те разбирам и сочувствувам со тебе. За жал и јас некогаш се наоѓав во таква ситуација, и покрај тоа што сум машко, еден другар фати девојка и цело женско друштво се нацрта да се дружи со нас, сите си фатија женски (еден другар дури идеше со две, они беа бисексуални и тоа не претставуваше проблем ниту за другаров ниту за женскиве да го делат, беа доста либерални) а само јас останав што се вика нели сам како копук, ама за среќа тој период кратко траеше. Инаку во оваа прилика би сакал да го цитирам и човекот што многу го почитувам, тоа е Здравко Мамиќ, еден врвен човек, кој многу го почитувам и сега ќе го употребам неговиот цитат да ја окарактеризирам твојата состојба: „Вчера, Сатаната затропа на нашата врата и ме разори и мене и целиот клуб. Ние застанавме под налетите на копитата на злото...“ Е драга моја, ти се наоѓаш право таму, под налетите на копитата на злото, и јас во даден период се наоѓав пред нив, но успеав да ги избегнам, а искрено верувам дека и ти ќе го сториш истото затоа што си силна и искрена личност. Тоа што другарките се однесуваат како вагини и не те викаат да излезеш со нив, односно, не излегуваат на пример со тебе некои викенди, тебе тоа не смее да те спречи да се однесуваш како пенис, односно, да се кренеш, пораснеш и излезеш од оваа неволја во која се наоѓаш и повторно да се вратиш во живот, евентуално да се припоиш кон некое друго друштво, каде што ќе имаш поголема среќа. Среќно и знај не си сама има многу девојќи како тебе.
абе луѓе незнам стварно како можете да се грижите ако сте сами на 19-20 години е стварно не ми е јасно...имам 29 години немам дечко барам нормално па ако најдам ок ако не јебига таков е животот...иначе комуникативна сум ....работам добро заработувам ....едуцирана сум (магистар на науки)...имам полно луѓе околу мене ама пак не се нашол правиот врските ми траеле по 2 месеци...работа учење....е тоа е ...но не се грижам премногу уживам во животот,,,излегувам....патувам секаде некогаш и сама знам да отпатувам на некоја дестинација....си уживам и нормално сакам да запознам некој но не по секоја цена да се омажам..не сум била мажена до сега (да не сфатите погрешно) иначе имам многу другарки што се омажија на 18 и сега имаат 10 годишни деца ама повеќето од нив се разведени веќе...така да нема некое правило...отчукува биолошкиот часовник но не можеме со сила да најдеме некој и да му кажеме ајде батка омажи ме...мислам .... секој со своја среќа и судбина во животот...не дека треба да се седи со скрстени раце ама па сега ваквите работи не се планираат!
Натемила, се наежив буквално... навистина тажно. И јас имам братучедка која се омажи на мои години, сега има син 8мо одд, а разведена е 8 години. Мислеше дека е вистинскиот, а сега многу жали за тоа што се избрзала. Истиот случај беше и со тетка ми. По 7 години брак и толку дали имаше, дозна дека маж и ја изневерува и се разведоа. Таа 8 години живееше со двата сина, се дури не се разболе од тумор на мозокот и почина, пред 6 години (не ми се верува колку брзо поминаа). Но животот продолжува за живите. Од секој поминат ден учам дека треба да бидеме силни и да не губиме надеж. [/quote] и мене ми е жал за твојата загуба, и така е во право си мораме да останеме силни и покрај сите бури во животот
natemila мислам дека веќе ја имаш најголемата љубов што може да постои, од ќерка ти, и е не споредлива со онаа што може дечко или сопруг да ти ја даде. Го велам тоа затоа што знам дека мајка ми ја сакам премногу , како и секоја ќерка.
Малку сум помала од тебе ама и јас се соочувам со истиот проблем.И јас излегувам со надеж дека ќе фатам некој ама тоа е нема.Сепак нешто во мене не се гаси,некоја надеж која ме тера да верувам дека се ќе биде ок.Но,не вреди да мислиш дека не сакаш да живееш.Помисли на родителите и на уште некој кој многу те сака како би им било.Зборувај со некој сигурно ќе ти даде совет.Инаку ако сакаш пиши кога 2 сме во иста ситуација најдобро можеме да се разбереме и да си помогнеме.
Де бе женски што се сте запнале да си најдете дечковци. Не се секирајте сами ќе ве најдат вас. Нели се се чека прво на машки Значи заебанцијата на страна... Мислам дека дечко/женска не се фаќа така наеднаш. Не можете да излезете со помислата "излегувам да си фатам дечко", а и ценете се малку повеќе, вака би изгледале лесно за потенцијалните "дечковци". Истите тие дечковци добиени по брза постапка во 90% од случаите ќе ве напуштат по одреден краток период зашто тие не одат со вас дека сакаат туку онака колку само да се рече или да не се сами и тие... подобро е да трчаат по вас одколку вие по некој... За дечко треба прво да се запознаете па излезете неколку пати па ова па она и на крај ако оди тогаш ок ако не... Не се брзајте за да не пишувате на ФБ после како сите машки сме ѓубриња, кретени, идиоти да умреме и што ти уште не. За друштво барем лесно е... Бидете малку покомуникативни, не бидете затворени во себе. И нема врска дали тие што те викнале веќе се оформено друштво...еднаш - 2 пати и ти ќе се запознаеш и после и тебе ќе те прифатат во тоа друштво. Само оладете малку... јас еве сам сум овде во скопјево па никому ништо. И да ви кажам дека подобро е да сте сами одколку со лошо друштво. И незнам дали ова шо го пишувам има некаква смисла ама тешко ми е да мислам многу многу пошто не сум спиел скоро 2 дена ... се надевам дека е доволно разбирливо.
Eм сингл,ем без другарки ! П ред неколку дена раскинав, и се учте неможзм да го прифатам тоа , сама сум Немам ниедна другарка покрај мене која може да ми помогне, во мојот живот ги имав само де4коми, и моите родители - но сеа немам де4ко а моите родители ги видувам еднаш или два пати во нед . Имам 1-2 другарки и со нив не се слушаме многу пати. Ве молам дајте совет или некој нека се предложи ако сака да ми биде најдобра другарка ...
Имам многу другарки со кои сум се дружела непрестано цел живот, се додека не фатија дечковци, и после за живи ги немаше, е па норрмално, дојде време , се раскараа со дечковците, и после пак мене ме бараат, (и јас имав дечко во меѓувреме, но со тие другарки кои ми останаа постојано пак си излегував, и кафе, и сите тие прпоратни работи ) као да ништо не било. Е па драга, не можеш да бидеш иста како шо си била пред 3/4/5 години, ниту па јас по сето тоа. Кратко и јасно, зошто (некои сигурно има и овде такви) не мислите на другите кога имате дечко туку само низ призмата на тунелот си гледате во вашиот дечко како никој друг на земјава да не постои? Дечкото не е вечен, денес го имаш, утре го немаш, а некои другарства се вечни. Под некои мислам на една другарка максимум која може да ти остане верна до крај. Без оглед на се
Многу ми е потребен вашиот совет.... Еве вака.. Имав една најдобра другарка ја сакав буквално колку и мојата сестра .. Се дружевме со години и бевме неверојатно блиски се дур не се разочарав од неа .. бев и во краткотрајна депресија.ер имав покана за излегување , се дур не се дистанцирав од сите нив за да и обрнам повеќе внимание на мојата најдобра другарка . Седнав една вечер и убаво размислив за сите настани со неа и не сватив некои работи Дознав дека се дружела со мене за корист сиве овие години .. Имав многу друштва на сите страни , сите ме почитуваа поради тоа што бев директна, искрена и лојална другарка . секој викенд имав покана за искачање .........после толку наивно гледајќи на неа.. МИ ги зема и моите две други другарки а сега јас сум целосно сама.. МНогу сум нерасположена последниве денови и сум целосно сама.. Дури и незнам во каква ситуација дечко да си фатам.??
Boomgirl , добро ја разбирам твојата ситуација бидејќи и јас ја имам доживеено и знам дека е многу тешко но не ја неведнувај главата , наспроти биди силна и покажи им кого се искористувале покажи им дека твојот живот може да биде по интересен и забавен без нив ... Ти никогаш не си сама ти ги имаш - Мене - себе и -јас тие се најверните пријатели кои никогаш нема да ги изгубиш ... Имаш бретучеди/ки , сестра/брат можеш и со нив да се дружиш ... Не го барај доброто во луѓето барај го во себе.. И јас сум сама .. одам сама во училиште сама и се враќам , кога работиме во парови јас работам сама - на моиве бивши другарки им почажав дека ми е позабавно без нив . . Губат оние кои ке ме загубат мене -- Затоа никогаш не губи надеш - вистинските другарки се како детелина со четири лисја многу тешко се наоѓаат ... ААА и за дечкото " ПО АВТОБУСИ И ПО МАШКИ НЕ СЕ ТРЧА !!! " Принцот на бел коњ доаѓа тогаш кога најмалку го очекуваш ке стигне и твојот принц , не грижи сее ! Ааа и јас немам другарки ако сакаш еве јас и ти можеме да бидеме другарки ќе си помагаме една на друга и ке си разговараме почесто .. Кога ќе имаме маки ке си ги споделиме и ке се дружиме можеби не живееме во ист град но ке можеме да се допишуваме .. Кој знае можеби еден ден ќе се сретнеме ... Само знај секогаш сум тука за тебе !
И јас бев таква, без другарки. Почнав да се зближувам со некои и станавме друштво ама некако се чувствувам вишок понекогаш и тоа ми пречи. Дали мислите дека треба да најдам ново друштво и како да го најдам??
Освен ако автобусот не е 56-ка и треба да идеш за Бојане. Да видиш како се трча, иначе 2 саата ќе треба да чекаш после.
За жал ете и јас некако останувам сама летово , секој по своја патека , со дечкото се разделив вчера за жал ... ама тоа е ако има некоја феминка од Ск расположена за дружење нека ми пише лп
за жал се повеќе се случува ова. И нема врска што си сингл, некако како да се губат пријателствата. Многу е чуден феноменов. Секојдневено имам чуство дека се повеке ми се стеснува кругот на луѓе. Порано имав куп пријатели , знаев дека и да излезам сама ке си најдам некој. Сега не е така ....Многу работи се сменија. Па целосно ве разбирам. Сум комуникативна па дури и премногу... но незнам колку долго немам запознато некое девојче на излегување само за дружење онака за пиење кафе низ град за шопинг исл. Мислам дека во денешно време се потешко е така да си најдеш нова другарка-или невозможно. А да не зборувам за дечковци. Порано ке излезеш со другарка и немаше 10мин ке не нападнеше некое друштво на машки онака зошто сме девојчиња и зошто сме сами а и тие . И ке си поминеш топ. Сега некако како никој да не го прави првиот чекор, ко тоа да е којзнае колку страшно...мора да те запознае некој... Навистина овие социјалните мрежи не направија антисоцијални
И јас летово останувам сама,за жал.Имам пријатели кои понекогаш се дружиме ама немам друштво за излегување.Повеќе сум јас тука за нив отколку тие за мене.Кога ќе ме поканат да излезиме никогаш не велам не бидејќи ми се излегува и знам дека тие прилики се поретки,но моите покани се секогаш одбиени бидејќи тие имаат и други со кого да излезат.Не сум току негативна како што бев порано гледам малку и на светлата страна,ама тоа не е тоа.Но,животот не носи на различни страни којзнае еден ден може да биде обратно.Сепак чекам прилика кога ќе можам на сите да им се одмаздам за сите лоши работи кои ми ги направија,иако не сум личност која пожелува туѓа несреќа.Но,нема да плачам тоа одамна помина,Има и други работи во животот кои можам сама да ги направам и поубаво да си поминам него со пријатели.Не растажувајте се не вреди за некои таму,ако сака некој нека ми пише лп па подетално ќе си пишуваме за проблемот.
Сум била сама многу пати, особено па се погодувало во периоди како Нова Година, 1 мај, Велигден, распуст итн итн. Другарките многу често во тој период им било поважно нешто друго него ли јас, а и па ќе се погодело и тие да отидат некаде семејно. Јас колку и да ја одбегнував сестра ми како друштво кога бев клинка толку со тек на време сфатив дека со неа можам исто да шетам како со друштво. Па со нејзино друштво, па ќе најдете со некого заеднички интереси. Прочитав некоја пишала помали се од мене. Не ми е јасно зошто ги делите луѓето според возраста? Имам луѓе и помали и многу постари со кои со задоволство пијам кафе, ручам, небитно што е. Не се ограничувајте така. Побарајте ги вашите братучеди, излезете понекогаш и со нив, ќе запознаете и така луѓе со кои ако се погоди муабетот можете да договорите и наредно излегување. Запишете се на некој курс, ако не запознаете никој со заеднички интереси освен курсот барем ќе излегувате од дома. Обновете контакт со другарки од минатото, можеби сега пак ќе се пронајдете на иста бранова должина. Комшиката со која се договарате да пиете кафе со години и никогаш не сте го испиле, не пропуштајте пак. Девојки од тука со кои контактирате, пишете им за кафе, барем сега е лето па се има многу помалку обврски. Сите се чувствуваме осамено кога сме сингл, а другарките речиси и да ги нема. Но, не се само тие оние со кои може да се излезе, направи муабет...
Сајтов е баш измислен за запознавање со други. Знам дека има многу предрасуди дека, има секакви луѓе по нетов итн, но има многу луѓе што стварно сакаат да се дружат или да најдат сродна душа. Јас сеуште си стојам на зборот да се организира собир од форумов. Па кој дојде дојде, Истото го има и од кајгана, идивиди собири, сум бил сум запознал многу луѓе. Или 3-4 души соберете се.