Имате другарки ама тие имале дечковци, биле од други градови, имате другарки само за излегување но не и верни, аман луѓе што ви е? Некој го нема ни тоа. Не ми треба верна другарка бидејки знам дека е реткост да не кажам не постои. Јас и зимо и лето сум дома помеѓу 4 ѕидови во соба и немам ниту една единствена другарка макар и за на кафе. Најубавите години ги поминувам дома а најтешко ми е лето за време на летен распуст кога 3 месеци седам дома и тоа е стварно неподносливо.
Најточно.За жал ова се времиња на хаос...имам другарки како немам...БЛАГОДАРАМ ШТО СЕ ТУКА ДО МЕНЕ КОГА ИМ ТРЕБА НЕШТО. Инаку за кафе мафе цигара журка тука се но од толку неискреност, нелојалност мислам дека подобро би било сама да одам на плажа и да уживам во некоја добра книга одколку некој да ме замара со фејк шит.
Се живее или не мора некако да живвееме, што друго ми преостанува освен да живеам? Вака или онака, со другарки или без јас морам да живеам колку и да е тешко.
секогаш ќе се најде некој/некоја со кој ќе можеш да излезеш од четирите зида. секоја промена е добродојдена, немора да се стремиш кон врска. стреми се кон твоите успеси во животот. али бре брате не пати и не ја потхранувај депрата!
Ова многу ме потсетува на мене кога бев на твоја возраст... Ако е она што претпоставувам дека е - 'избегнувачко однесување' мој совет е да не чекаш да наполниш 18 години за да одиш на психијатар... Зборувај барем со психолог, мора да има во твоето училиште... И не знам зошто да не се посоветуваш со твојте родители, можеби ќе ти најдат некоја роднина на твоја возраст која што ќе ти помогне да се ослободиш, или уште подобро ако имаш брат или сестра... Јас го имам истиот проблем, но јас сум многу постар инаку до сега ќе те контактирав, тебе ти треба некој врсник, гледај посматрај ги карактерите на твоите соученици, ќе најдеш некоја другарка која што е мирна и повлечена...
Не мора да значи, има срамежливи и повлечени кои што тешко воспоставуваат контакти, а дополнителен проблем е што и друштвото не ги прифаќа.
Сакам уште сега да одам, навистина ми е потребно разговор со стручна личност но моментално тоа не е можно за жал па затоа ќе си почекам.
Тогаш гледај барем да запознаеш нови луѓе надвор од училиштето, пример занимавај се со некој спорт, оди на фитнес, сега ги има на секој чекор, ќе воспоставиш нови контакти.
Како да се пикнам во некое друштво? Тоа не оди туку така лесно. Ќе треба да превземам некои мерки, а и лето иде и не сакам уште едно лето да го поминам во 4 ѕида.
Какво кревање на раце бе дете, не смееш да креваш раце од себе. Никако, убаво си кажа самата,најубавите години дома ги поминуваш. Немој да се повлекуваш во себе, најлошо е тоа. Разговарај дома со твоите, мајка ти, татко ти, брат сестра ако имаш,небтино, зборувај за проблемот и за сите проблеми кои ги имаш. Права здрава културна девојка да се затвара дома сама. Опушти се малку, не знам колку години имаш и дали си во средно или на факултет, ама како и да е, застани до било кој и почни некој општ муабет. За времето, за филмови, серии, облека, шминка било што. Можеш многу да се изненадиш каде и кога можеш да запознаеш вистински другари.
Јас сега сеуште сум млада, допрва ми почнува животот, но бидејки ова трае цел живот, почнувајќи од градинка кога сите си играа со играчките а јас сама и така сама скоро 17 години. Основно и средно, школо-дома а за летен распуст дома сама буквално помеѓу 4 ѕида. Мене ова ме плаши штом не можам да создадам круг на пријатели како јас утре ке имам дечко? Имав еден ама и тој ме остави, немам право да му се лутам, негово право е дали ќе биде со мене или не. Ситуацијата знам дека ми е загрижувачка ама решение не можам да ппронајдам а и немам некој за да ми помогне, а со моите не можам да разговарам, сум разговарала со мајка ми ама таа не го сфаќа ова озбилно.
Одиш ли на некој курс по јазик, на некој спорт, не знам аеробик, зумба некоја ативност. Да ептен си млада, дете си сеуште, иаку си прилично нова тука, мене супер впечаток ми остави, културна и интелегентна девојка. Оди во некои школски секции доколку ги имате, или на било кои активности надвор од училиштето. Јас кога бев помала членував во црвен крст и многу други организации и така многу луѓе се запознаваат и се шири круг на познаници и пријатели. Читај книги повеќе, излегувај макар и сама,шетај се, немој дома да седиш и да се депримираш. Изгледа си интровертна, повлечена и посрамежлива па не си успеала на никого да се "наметнеш". Да да, да се наметнеш, јас не се срамам да кажам дека сум екстроверна личност и некогаш на некои луѓе треба да им се "наметнеш". Тоа значи ти да бидеш носителот на конверзацијата. Верувам, прелесно е да зборуваме и пишуваме тука,ти си знаеш како ти е тебе и колку е навистина тешко,ама мораш да се опуштиш. Жал ми е што мајка ти не го сфаќа тоа сериозно, навистина ми е жал. Ако навистина сметаш дека ти треба разговор со некој стричен обиди се со психологот кај тебе во училиште, со класната или со некој професор кој го сметаш за искрен и компетентен да ти даде некој совет. Ако ништо друго ние сметука да те посоветуваме во секое време
Ти благодарам за искреното мислење. Искрено по спортот не сум а не одам ни на фитнес ни на аеробик, некако ми е срам. А размислував да се запишам на курс за јазик и да научам некој јазик, многу би била среќна да научам некој јазик, било кој, убаво е да се знаат јазици. А за читање книги, читам, посебно викенди и лето така си го исполнувам слободното време, утре ќе одам до библиотека да земам книга која ми ја препорача една ччленка на форумов. А за шетањето е добра идеа би шетала почесто од утре. За наметнувањето, не знам да се наметнувам, не го можам јас тоа.. Се обидувам да размислувам позитивно и да имам надеж за подобро утре. Се надевам дека ситуацијава ќе се реши и ќе живеам подобар живот.
Срам не треба да ти биде, пут под нозе утре, и најди некое место за вежбање. Ете и на диета си, тамн со некој аеробик или пилатес или било што уште подобри резултати ќе постигнеш. Од искуство, физичката активност е најдобра за ослободување од депресија и лоши мисли. Ќе се испукаш тој час и после многу поубаво ќе се чувствуваш. Јазици исто, англски учите во школо ама зашто да не го доусовршиш поубаво. Или било кој друг, небитно кој. И така ќе си запознаеш нови луѓе. Не мора сите да ти бидат одма најдобри другари, ама така се почнува, од нешто, од некаде. Ајде со среќа и само позитивно,вака како смајливо, оклештено
И јас сум во слична ситуација. Можам само духовен совет да ти дадам: ништо не е случајно. Таму си кај што си со причина. Можеби потсвесно не сакаш луѓе заради Х причини. Најди начин да ја претвориш самотијата во причина да дознаеш повеќе за себеси.
Jas sum veke 4 meseci singl,imam 28 godini i nemam ama bas nikogo.Nitu drugarki,nitu prijateli,nitu drustvo.Potpolno sama.Zivotot mi pominuva so relacija rabota-doma.Ako nekoj od vas e raspolozen za druzenje,kafe,muabet neka pise bas dobro ke mi dojde,zosto stanuvam veke ocajna,ne mozam poveke sama.Pozdrav