10 другарки сме ама сите имаме дечковци и многу не се дружиме повеќе со дечковците сме се збираме понекогаш на кафе муабет и сеа да се скарам недај боже со дечкото ем без другарки ем без дечко ќе сум оти сеа вистински другарки немат да пружат поддршка едноставно дома ќе си седиш по цел ден...
'Being single used to mean that nobody wanted you. Now it means you’re pretty sexy and you’re taking your time deciding how you want your life to be and who you want to spend it with.' Carrie Не се нервирам воопшто што немам толку блиски другарки или пак дечко,планирам да одморам од љубовта,а најмалку ми се потребни сега љубоморните и дволични другарки(скоро секоја е таква и не може никој да ме е убедува дека не е така ). Барем постојат уште некои што си ја држат муцката затворена и можам да излезам со нив на кафе,друго ништо не ми е потребно,тука е мајка ми и кога да ми затреба некој озбилен разговор имам на кого да се обратам
А мислите дека стварно постојат другарки на денешно време? Мнооогу ретко јас мислам или барем, тоа е моето искуство. Во подледно време сите околу мене на еден или на друг начин си ги открија правите лица и да ви кажам најискрено, почнувам да мислам дека или сум нетаман во глава, или дека сум кутра наивна што ништо не гледала. Во моментот во кој сватив дека сите мои таканаречени другарки се со мене само кога нема со кого да излезат, кога има нешто да се пофалат, или кога се мнооогу радознали за некои мои лични ствари (ама не на пројателски и убав начин) сватив дека треба и јас да свртам лист. Другарка да, ама ма дистанца... Приватни работи, посебно за дечковци се додека се може, треба да се избегнува да се кажуваат. Ке се трудат намерно да ти расипат се, не оти после они ке се со него ама зошто па ти да бидеш среќна... Како и да е, по мое важно е да си се сакаш пред се сама себе, да имаш пријатели да ама многу блиски другарки, не.
Јас правото лице им го открив кога си фатив дечко. Тогаш имав некои си 16 ипол, 17 години. Со сите другарки од тоа друштво сум се дружела од мали нозе, од некои си 6 години, значи со повеќето сум била другарка добри 10 години, а со едната и повеќе од десет. Значи не зборам за другарки со кои сум се гледала на кафе само или преку викенд. Си бевме секој ден заедно, преспивавме, јадевме заедно. И на почетокот на врска додека моите уште не знае дека имам нов дечко, ги замолив ако нешто се видат со мајка ми да потврдат дека сме биле заедно претходната вечер ( значи по прв пат сум побара такво нешто од другарки) и знаете каков одговор добив? Аууу извини ма ние не сакаме да лажеме поради тебе. Останав со зината уста. Дечко ми најверојатно приметил и пред мене и ми збореше многу, во смисл дружи се ама пази што и како се откриваш пред нив. Прво си мислев што му е, и се карав со него доста во смисла демек сакаш да ме тргнеш од другарки.Се додека не дознав од другар ми дека пред него ме оговарале и измислувале илјада глупости. Која е причината сеуште не дознав. Си го смениа односот спрема мене комплетно искрено не ги ни препознавав веќе. Кога и да требаше да излеземе преку викенд ќе се договореа ако прашав каде ќе идеме ќе отидев со нив ако не не ме ни викаа. Се сеќавам таа вечер по стотти пат го одбив дечко ми да дојде да ме земе и да излеземе заедно, и им се јавив на нив демек со нив ќе сум излегувала. И коа ми рекоа епа дојди ама не знам дали ќе има место нас ќче не носи ХХХ со кола. Си излегов таа вечер за прв пат после 4 месечна врска со дечко ми и не се ни поздравив со нив иако ги видов. Случајно едната помина покрај мене и дофрли нешто во смисла ауу некој има дечко па не не ни познава, а другава пак дофрли нешто ќе те видиме до кога така. Не знете колку се осетив повредена. Сегоаш мислев дека проблемот е до мене и јас сум таа што ги отфрла само заради дечко. До тогаш се трудев да си го сочувам другарството од една страна а од друга страна и дечко ми, ама таа вечер сфатив дека и не ми биле баш другарки како што ги замислував. Да бев на нивно место ќе бев среќна ако моја другарка најде дечко и е среќна со него. Од тогаш сум само на здраво со нив, прекинавме и на кафиња да одиме. Искрено им завидувам на поедини девојки како успеваат да си го задржат пријателството и откако ќе поминат неколку години за жал ја немав јас таа среќа, И многу пати кога ќе се зазборам со некои другари постојано ми го кажуваат едно те истото дека ги преценувам луѓето. Ете нив ги сметав за вистински другарки на крај се испостави сосема спротивното. Потоа се здружив со уште 4-5 другарки од средно, ама кога видеов дека самите меѓу себе се оговараат, се тргнав од нив. Така да ќе се согласам со постот над мене што секако не значи дека секогаш е така, но тоа е моето искуство.
Епа тоа е. Ај тогаш с Епа тоа е. Ај тогаш сте биле мали, ама такви се луѓето и кога се повозрасни, ако не и полоши. Моја другарка од раѓање буквачно во последно време ја фатив едно 3-4 пати на лага и тоа за ствари каде што по мое стварно нема никаква смисла и потреба. А сака да знае секој детал од мојот живот, на декое можно поле. Затоа викам, работи си и свиркај си. Раскажи на другарките само кога ќе успееш
Постојат. Ама за жал или се привремени или се лажни другарки. Денес вистинско другарство не постои (кажувам денес бидејки во времето на моите баби и прабаби не сум била жива така да не знам дали тогаш можеби имало вистинско другарство). Се е корист и лага. Секој со секого се оговара зад грб, секој на секого љубомори. Денес, домашните секој со секого се оговара а не пак другарки. Не сум негативно настроена само реално гледам на работите. Затоа и ми е тешко да се вклопам во некое друштво. Мразам лицемерие, неправди и лажни другарства. Бегам што подалеку. Не ми треба некој што дур пие кафе со мене ми се смешка а зад грб ме оговара. Па подобро сама отколку да имам лажни другарки. За мене тоа е губење време. Ете, таква сум. И секогаш стојам зад тоа- подобро сама отколку со лажни другарки, себични, љубоморни, завидливи, користољубиви. Не велам дека сум совршена, а другите најлоши, далеку од тоа. Само не сакам напразно да го губам времето...
Па јас и можеби и не сум вистинска другарка штом немам таква. Нели, за да добиеш нешто треба и да дадеш. Како во љубовната така и во пријателска врска. За другарка се сум правела, бев најголема подршка во секое време и што добив на крајот? Барав само искреност и почит, ништо повеќе. Сакајки на секој да помогнам јас страдав бидејки во ниту еден момент не мислев на себе, ама доста беше.
Од телефон сум уклучена, сум направила печатна грешка, сакав да редактирам, ама незнам како го избришав постот Не беше конкретно кон никој упатено, но чуден ми е тој клише муабет: сите оговараат, сите се од корист- само јас не сум таква.
Да, така е баш како што кажа (мислам на вториот дел од втората реченица). Баш поради тоа и не можам да се вклопам во некое друштво а и повеќе не ни имам желба за тоа.
Многу од луѓето се настроени кон оговарање, и ако еден отскокнува (не се замара со туѓи животи и не оговара, значи не само на збор туку и на дела гледаш дека нема појма за другите) автоматски не е интересен и станува мета на оговарање во друштвото кога не е присутен. Сте приметиле ли како најголемите оговарачи обично се секогаш во друштво и никогаш немаат вакви проблемчиња? Бидејќи знаат да се снајдат, односно да се улизуваат каде стигнат, каде врие од муабетчии кои знаат се за секој до најситен детал. Одамна отрпнав, средината ни е таа, менталитетов е*ан кој се градел преку 500години не може туку така да се промени, и то.
Кога гледаш на сите да угодиш и да помогнеш, да ги сватиш да ги ислушаш и да им подадеш рака, на крај секогаш испаѓаш лоша, и да бидеш предобар кон другите на крај никогаш нема да и угодиш, колку си подобар толку те газат, бидејки добрината е доблест која во денешно време е реткост. Секој човек има различни ставови, и тоа што ти го очекуваш од некоја особа како за возврат на твојата подршка према него тој не го размислува на истиот начин како тебе и наместо да се поразгова за проблемите ние се тргаме и како и секогаш помегу народот заовладува лицемерието. Очекувањето е многу лоша работа, што повеќе очекуваш од човек тоа повеќе ќе се разочараш, кога ќе се дрзеш да помогнеш на некому и кога очекуваш од тој човек да ти врати со иста мера, настанува разочарувањето и очекувањето што не секој човек може и знае да го пружи. Е ова сакав да го доловам како клучен проблем за нечие пријателство или врска.
Зарем е многу да очекувам искреност и почит? Мислам дека барем толку заслужив. Не сакам да се фалам, бидејки свесна сум за моите мани (па кој ги нема?) ама другарството за мене е нешто свето. Многу нормално е дека не очекувам да ме сакаат ради некое добро што сум го направила спрема нив, ама се надевам од дома сите сме научиле на зборот почит. Многу, многу сум разичарана. Денес за жап така функционираат луѓетто. Еве, пример сестра ми. Сестри сме ама сме сосема различни. Популарна е во друштво и сакана. Не и љубоморам, таман работа, само и се чудам. Не сакам да зборам лошо за сестра ми, ама сите знаат колку е дигната и себична. Таа е најдобра и најубава (според неа), љубов и почит и се непознати зборови. Неретко и другите ги навредува. Ама јас знам дека тоа и се лажни другарства. Седнале пијат кафе со тел во рака уклучени на фб и оговараат нивна другарка како е никаква, а во моментот и пишуват на новата слика на фб срце најубава си тс (што значи тоа тс, јас сум малку проста па не се разбирам?!) Тоа е љубов на фб да пишуваш тс? После кога и заминаа "дрдругарките" и кажувам не ли ти е срам? И таа ми одговара а еве ја мајкава, ај не ми се прави паметна ти си таа која нема другарки. И искрено не ни сакам повеќе со неа да зборам.
Здраво на сите,со моите 14 години,во моментов по 3 месеци имам 14 другарки/другари плус уште двајца удварачи,то ест ,,господин популарен" и уште еден ист таков,оние нели недостижните за кои зборуваше @kolovoz.Така да дека не ми љубоморат,нели ме мрзат,ради тоа сум најпопуларна во моментов,а инаку најмногу сакам да се заблагодарам на @kolovoz за искрениот коментар,но само да те дополнам,непопуларните дечковци можда не се оние за кои ми чука срцето и не ми гори ликот,а тоа потајно значи дека тој е тој популарен за кој можда срцето ми трепери.Поздрав на сите девојчиња,оние кои и да не се популарни се супер и оние кои се популарни и сепак се сеќаваат на старите пријатели.
сингле сум,и сега единствената другарка што ми е заминува да живее во друг град не знам како ќе биди од сега па натаму,навикната сум на неа нонстоп сме биле заедно премногу ќе ми недостига,таа ми вели дека ќе доаѓа секој викенд но сепак не е исто кога беше тука .другите две другарки ми се мажени и наскоро ќе си имаат и деца и останав сама .некој совет како да го поминам овој период
Еј, па исто е и кај мене Или се испоомажени со деца со се, другото се разбега по светов Туку гледај да најдеш работа, колку толку подруго е Ќе си се наредат коцките, со време