Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ем Сингл, ем без пријатели. Што понатаму?

Дискусија во 'Сингл' започната од TheCandy880, 20 август 2010.

  1. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    секако дека барам ,ама некако тешко се наоѓа,аплицирам нонстоп и нема
     
  2. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    знам дека е подруго но кога нема работа тоа е
     
  3. paloma111

    paloma111 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Ete i jas se priklucuvam na temava,pred 2 dena raskinav so decko mi zaradi koj gi izgubiv drugarkite koi za toa vreme nekoi se mazija a so drugite nemam kontakt ama ke se potrudam slednive denovi da iskontaktiram ako ne me zaboravile,koj e za druzba nema pise:)
     
    На BoyL, Gembird91 и PogbaPol им се допаѓа ова.
  4. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Запишете се на курс, вежбање, на нет исто се стекнувцаат пријатели или познаници поточно (fingers)
     
    На SAMIRA, nadja29, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Долго време размислувам дали да пишам на темата и сепак се решив. Не сум сингл, а имам вакви "другарки" какви што се најчесто опишувани на оваа тема, како сенка што ја има само во сончеви денови.

    Без разлика што имам дечко, на секој му треба опуштен кафе разговор со другарка што те сфаќа и што можеш да и кажеш ама баш се (сите велиме дека во дечкото/брачниот партнер треба да ги пронајдеме најголемите другари но сепак ќе се сложиме дека понекегоаш работите од женска и од машка страна не се исто гледани), но за жал повеќето мои а како што читав и ваши другари се само радознали и со не толку добри намери било да споделиш радост или некоја мака со нив. Јас сум одамна ставена на дистанца со нив и можам да кажам дека за жал тоа беше и најдобрата одлука. Кафе-разговор одвреме навреме да, но со резерва и припазување околу тоа што е за кажување пред нив,а што е подобро да го споделиш со некого кој навистина ти мисли добро (мајка, татко, брат, сестра).

    Сум поминала низ тешки периоди, слични на овие споменувани овде и во ниту еден момент не зажалив за направената одлука, Жалам само што најдобрите две години (3 и 4 средно) ги потрошив на дечко кој не вредеше ниту да го споменувам,кога најмногу требаше да се дружам, да го ширам кругот на пријатели и да запознавам подобри луѓе.

    Смислата на овој пост ми беше дека понекогаш и подобро е да сте на дистанца од луѓето за кои веќе по милионити пат сте се увериле дека не се доволно добри за вас. Колку од вас овде помислиле: какви се такви се, само да ги имам? Епа ќе се уверите дека не е баш така кога треба да излезете заедно и сте свесни дека пред нив не сте свои, или дека ве искористуваат на било каков начин, или утредента кога ќе го испијат кафето со некој друг ќе им бидете мета на озборување. Мене само до ден денес проблем ми се родителите кои често ми велат дека јас треба прва да се јавам или да попуштам, но не сфаќаат колку ли само имам премолчено и попуштено и дека не можам само јас да ги барам, дека некому ако му значам треба колку-толку да се сети на мене, нели?

    Имам уште многу да пишувам на оваа тема, но само ќе кажам дека треба да бидете свои и да не се менувате поради никого, ако се претворате во нешто што не сте само за да бидете во нечие друштво тогаш е повеќе од јасно за какво пријателство станува збор.
     
    На PaLaVa, Wahnsinn, anakonda88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Најголемата грешка која што една девојка (а богами и дечко) може да си ја дозволи, е да си ги запостави другарките/другарите како резултат на тоа што започнал врска со некоја личност.
    За жал сум сведок на ова, и на овај начин изгубив неколку добри другарки меѓу кои и таа едната што мислев дека до крајот на животот ќе биде моја сестра.
    Значи не можамм да разберам како една интелигентна личност без разлика колку пресно заљубена и затрескана и под разни нови и возбудливи впечатоци, може да си дозволи да не оддели барем два пати во месецот по 1 сат за личност со која до вчера си јадел заедно и си спиел заедно.

    Другарството како и љубовта, како и се друго во светот не си иде само по себе. И за него треба вложување и залагање. И таму треба од време на време да покажеш колку ти е битно.
    Секој може да оддели за секој барем 1 сат време за едно кафе доколку сака.

    Значи со ова сакав да кажам дека доколку сте останале сингл и без другарки како случајност, како резултат на одредени работи врз кои сте немале влијание и друго, океј. Тешко е знам, ми се случило. Ќе се преживее.
    Но, доколку намерно сте отпишале некого од својот живот на 2-3 години додека сте си биле во врска и во тој период сте „немале време“ за нив, немојте да очекувате дека тие ќе седат и ќе ве пречекаат со широки раце кога вас ќе ви биде најтешко. Поради самиот факт дека вие не сте ги прашале со години дали ним им е тешко.
     
    На Ema.Sk, Waka-waka, mila1111 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Никако не смеете да си дозволите да мешате,другарство и љубов.Поготово кога имате дечко/девојка да ги запоставувате другарите,другарките,роднините,сепак денес можете да имате партнер а утре не,така да водете сметка што правите.
     
    На Wahnsinn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Лично не им верувам на луѓе кои немаат барем еден пријател и со такви личности воопшто не сакам да бидам во врска.Впрочем ако тој неможе да оствари нормален однос со другар/ка некоја како ке гради врска со мене за која сите викаме дека пред се треба да бидеме пријатели па после тоа љубовни партнери. Не зборам за големо друшво од 20 души ама барем 2-3 за кои знаеш дека ти се стварно другари.

    За моја срека до сега сум успеала да ги задржам пријателствата без разлика дали сум била јас во врска со некого или моите другарки .Барем еднаш неделно се гледаме и денес ,со некого почесто со некого поретко ама сепак се дружиме и се гледаме. Дечкото ми е приоритет ама не ми е на врвот на листата на приоритети ,покушавам да балансирам мегу повеке работи. Ако денес се гледам со него утре се гледам со другарка задутре со колешка од работа идам на кафе.Секој ден не ни сакам да бидам со него.

    Пријателството како и љубовните врски бара труд и време од небо не пага . Ако некој не сака да работи на пријателската врска нормално е дека ке ја изгуби и со текот на времето ке престане да опстојува.Не станува збор за љубомора ,баш напротив се радувам кога некоја другарка ке ми се јави со вест дека фатила дечко но секако не сакам ради тоа да ме запостави мене и да и е тешко да крене телефон или еднаш во неделата да одвои време да се види со мене на кафе или на пијачка. Побогу ако ние успеваме да балансираме помегу лудо работно време,дечко,другарство,фитнес и остали 'воншколски" активности мислам дека со малце труд и другите би можеле да го постигнат тоа.Треба само воља.А колкумина од вас немале воља да се гледаат со другарките него напротив на секоја нивна покана за да се видите одговарале со тоа-А бе со Петко сум договорена да се видам.Денес ,утре ,задутре......Другарка моја која е во брак неодамна омажена има воља да искача и да се гледа со нас останатите а не па во врска.Летово колку пати само има доагано кај мене по цели денови сме седеле на ручек на вечера па и навечер искачала со нас на пијачки и сл.

    Ако некому не сакаш да му посветиш внимание ни тој по некое време нема да сака да ти посвети внимание без разлка дали е во врска или сингл. И не можете да ме убедите дека сите сите исти сите оговараат сите завидуваат ..Не се сите исти само со тој став дека нема искрено другарство самите ги оттргнувате лугето од вас и не дозволувате да изградите нормален здрав однос.
     
    На Freya123, Wahnsinn, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Аматиел14

    Аматиел14 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Познавам две девојчиња, се знаеме еве веќе 3 години, фини се и добри. Ама со нив само се поздравувам, неколку реда муабет и понекогаш пишуваме на фб.
    Различен смер, различно место на живеење и може затоа не се дружам баш со нив.
    Сме се договарале да излеземе, сме размениле бр ама ништо.
    Прашањето ми е, како да се здружам со нив?
    Знам дека би можеле да бидеме добри другарки и можеби денес би биле да бевме од ист клас.
    Добро знаете дека не е баш лесно да се вклопиш во некое друштво..
    Мислев да ги прашам кога ќе дојде време да славиме заедно нова година, ако ги прашам ништо не губам, но не е малку нападно и глупо?
    А за да излеземе од лани се договараме и ништо, затоа ми текна за нова година.
    Тие двете ептен си се дружат, се гледа дека е вистинско другарство.

    Морам нешто да превземам да си најдам другарки дур не е касно, барем да имам 2-3 доволно би било.
     
  10. peperutche21

    peperutche21 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    1.004
    Пол:
    Женски

    Абе ,види вака тоа би било супер што сакаш да се дружиш со нив да стекнеш пријателство но само како колешка биди со нив за твојот живот многу да не им откриваш,кого си сакала,со кого си била, некоја домашна тајна, или што и да е доволно е да ги знаат основните работи за тебе затоа што другарство се гради од мали нозе , ма да и на нив треба со умерена доза за да им се отвараш за проблеми и се тоа само со твоите домашни можеш мајка,татко,но да се навратиме на темава како што кажуваш тие многу си се дружеле а и карактерот ти најдобро им го познаваш колку толку какви се, сепак тие се дружат ако им се убациш ти тие можеби ќе те "прифатат" го ставам под надводници затоа што ти нон стоп ќе ја сеќаваш празнината меѓу тебе со нив,ќе те играат како сакаат,наредуваат и злооупотребуваат (ти кажав можеби не се такви) но сепак денешно пријстелство толку искрено нема тие можеби и самите си прават работи за нивни грб... но можеш ти слободно да ги прашаш што планираат за нова година доколку ги чувствуваш толку за блики , види што ќе ти одговорат како ќе се однесуваат само немој да дозволиш да те играат, биди си ти другарка за кафе , за излагање , убаво е тоа да се има другарки и поголеми познанства само ако не си добредојдена да не се трудиш многу околу тоа :)
     
  11. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    јас се согласувам со некои работи со @peperutche21 , но за некои не. Значи според мене би можела да пробаш да се здружиш со нив, но не би требало веднаш од никаде да ги прашаш да славите н.г заедно. Прво дај си време да ги запознаеш пред да ги откриваш твоите тајни пред нив, и сама ќе заклучиш дали тие се вистински другарки, или само ради реда. Јас на факултет запознав луѓе што навистина ми значат многу повеќе некои некои што ги знам од мали нозе, но запознав и такви што од фацата им се гледа дека се дружат од корист.
    Така да, би требало да одиш чекор по чекор.
     
  12. Аматиел14

    Аматиел14 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    @peperutche21 @thegirld
    Фала ви за одвоеното време.

    Со кои и да се дружам немам намера да споделувам тајни, никогаш. Доколку сака некој да ми се довери, добро, мило би ми било што таа личност има доверба во мене. И нормално тајната би останала помеѓу нас. Но јас да им кажувам мои тајни, не. Ете, таква сум.
    Инаку за овие две девојчиња што пишав е лоша идеја, не би се здружила.
    Би сакала да имам како што кажав 2-3 другарки со кои би се дружела и би биле блиски, да излегуваме, да ја споделуваме радоста, тагата и сл би било супер.
    Уште малку ќе почнам на факс, но знам дека и таму не би си нашла другарки и поради тоа ми е многу тешко. Не е лесен животот без пријатели.
    За да не се разочарам уште повеќе размислувам да не се запишам на факултет.
    Значи, никако не можам да се вклопам во ниедно друштво.
    Многу сум разочарана. Ај за основано, ама чим и во средно не се здружив со нокој, никогаш и нема.
    Сега сум можеби се уште млада, ама времето си лета, а јас го губам со седење дома.
    Не можам да пронајдам решение...
     
  13. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не треба да се затвараш во себе и да не одиш на факултет. Напротив, мислам дека на факултет ќе запознаеш многу личности и сигурнно со некои од нив ќе се здружиш. А во врска со она дека не можеш да се вклопиш во ниту едно друштво, мислам дека нема потреба да се вклопуваш, можеш самата да создадеш свое друштво, па и да е составено од 2-3 пријателки. САмо верувај во себе, и не се откажувај. Среќно!
     
    На Аматиел14 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anjavanja17

    anjavanja17 Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    имам голем проблем... од кога раскинав 5годишна врска со дечкото немам пријатели ( си седам цело време дома ) Сите со кои што се дружев почнаа да ме одбегнуваат ( ма да и сум немала нешто многу пријателки некогаш). Сега немам никој ни со кого да искочам... совети жени...
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Па најди си нови, друг пат памет нека ти е ова, дека не се откачуваат пријателите за дечко.
     
    На SnowWhite8 и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  16. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Женски
    Ова не е мал проблем, зависи како се дружиш со осаменоста, некогаш е добар и најдпбар пријател, некогаш е најголем непријател. Не знам колку години имаш ако си дваесетина години, немаш обврски од типот деца, дома и тн. ова лесно се решава и твоите врсници најголем дел се во слична ситуација како и ти, така што прочепкај по меморијата ќе најдеш некој адругарка или другар што одамна не сте се виделе, постепено ќе дојде се во нормала. Оваа изолација можеби е дел и од раскинувањето така што дигај се и ајде, звони некаде или барај на фб.
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Додека беше со него немаше другари и другарки?
    Некои заеднички немавте?
     
  18. Pepelaska1994

    Pepelaska1994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    A sto da kazam jas vo sredno poveke Izleguvav nego li sega na 20 godini. Mnogu mi stana dosaden zivotov.... Nekoi drugarki se verija se odadoa.. Nekoi so deckovci...
     
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Ти сама ако не се потрудиш да се пронајдеш во нешто и да завземеш нешто што те привлекува нема никој да може да ти помогне во врска со овој проблем.
    За почеток можеш да почнеш од некаде, на пример да зспишеш нешто што те привлекува да го работиш и правиш, потоа ако одиш на факултет да се обидеш да искомуницираш со колеги и колешки, зборот ми е да се обидеш да бидеш малку по опуштена и по социјализирана и секогаш позитивно настроена.
    И треба да сватиш дека за се во животот треба труд, ако седиш и чекаш било што од некој никогаш нема да го добиеш.
     
    На Pepelaska1994 и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  20. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Имав многу другарки до сега,ама на крајот сама останав.Имам 14 години.Со многу другарки се скарав за глупости или јас ги откачив...Додека сите излегуваат за викенди јас дома затворена.И пишав на бившата другарка ама она сега гледа да ме откачи.Со школските не сум толку блиска.Не знам што да правам ,се чувствувам отфрлено а не сакам како 13-то прасе да се пикам у друштво на школските.И за Нова Година сите со друштво само ја сама...Помогнете ми :(:(
     
    На elle81 му/ѝ се допаѓа ова.