А како треба ние да ти помогнеме овде? Со што и на кој начин не разбирам?! Ако ти самата не се потрудиш да си пронајдеш другарки никој друг не може да ти помогне и да изигрува некаков посредник. Треба да научиш да прифаќаш секакви порази и треба да сватиш дека не ти секогаш си во право па и затоа потруди се да си ги прифатиш грешките и да ги поправиш.
Како да ги поправам грешките?Тие другарки кои јас ги откачив не ни сакаат да слушнат за мене.А школскиве се плашам дали ке ме примат во друштвото и што ако зборуваат: јадна,кутра остана без другарки...Тие веќе се договориле за Нова Година ,неможам да им кажам дека и ја сакам со нив,се плашам што ке кажат тие?
Ако си згрешила,пробај извини се.Кога ќе се извиниш би требало да ти простат,не за џабе сте се друшеле долго време
Хахаахаах јас на 14г. дома си седев, дури од 15г. почнав да славам со друштво, ти си се засекирала. Јас ти предложувам да не се бламираш, да не се срамиш да бараш да славиш со школските, гледај постепено да се здружиш дали со нив, дали со некој друг, па за понатаму да нема за што да се секираш (да имаш со кој да одиш на одмор, кој да викнеш на роденден итн). А за тие што веќе си ги откачила, сигурно си имала добра причина, за другарка ти што те шутка - и таа сигурно си има исто така добра причина. Како и да е, ти ги знаеш и двете причини, таман ти се годините да си најдеш прави другарки, другари сеедно, па гледај тие 2 причини да ги искористиш како поука - не прави ги грешките што си ги правела, не бирај луѓе како тие што си ги откачила и до следната година ќе биде се во ред ако си го држиш достоинството и не молиш никого, подобро сама отколку сирота. Убаво кажа ти, ќе зборуваат школските, може ќе те примат за Нг, но сепак ќе зборуваат иако ни тие не се од тебе поразлични - тие па зеле да слават клас, кај мене во клас се знаеше, јаките фаци викаа Со клас е тапа зашто оние што немаа никого, се потпираа на тие од класот. Како и да е, ни тоа не е срамота, од друга страна пак, може ќе те разберат бидејќи и ти си исто така дел од класот како и тие и имаш подеднакво право и сосема исти причини да славиш со нив Нг, па ако имаш, позборувај со некоја поблиска од класот и види што ќе направиш. Мој предлог: раскажи како 5 другарки сте само за Нг, ги гледаш секој ден, од населба е тапа такви изрази, но само како средство за инспирација што да кажеш
Пробај прашај ги школските да славиш со нив што има врска што ќе мислат. Важно ти да си поминеш убаво за Нова Година. И јас имав таков проблем сега зс нг. Другарка ми деноноќно што беше со мене си фати дечко и толку јас веќе не сум и потребна. Се знае со него ќе слави. Па јас прашав една друга дури во октомври дека сакам со неа да славам не сум славела одамна. Таа прифати. И старото друштво машко ме викна а јас две години по ред ги одбивав поради другаркава.. Мој совет ти е да ги прашаш..
Јас го имам овој проблем, инаку сум 4та година средно од 1вата година се спријателив со другарки од мојот клас,за кои сите ми викаа дека не ми се другарки ама сепак останав со нив за дури сега да сфатам дека другите биле во право.Поради овие мои "другарки" јас во последниве години имав многу нервози и не само на личен план,туку често и учењето го запоставував,а за разлика од нив јас имам амбиции за да студирам надвор а они само сакаат да платат некој приватен за диплома да имаат колку да се покаже дека завршиле нешто.Јас инаку секогаш сум била добра со нив,а они ми се понашале без причина и не ме почитувале,да не спомнам колку пати ме имале искористено или ми имале направено злобни работи (пр. се доверувам за дечко со кого си пишувам,и после они тоа го расипуваат,и одново и одново ме прашуваат за новости у случај да сум ја исправила работата они пак да заебат..)Тие беа такви личности што од ситница ќе направат голема работа,имаат сите дечковци и постојано си измислуваат проблеми оти им е досадно и сакаат турбуленции па ајде ќе се расправаме.Така и мене ми направија и јас фино лепо се откачив без збор,и сега ми е многу поарно,а и самодовербата си ја вратив.А за испаѓање имам пријатели со кои некогаш испаѓам,кои се постари од мене и не ми се друштво,ама сепак ме прифаќаат и ме разбираат.А и секако не сум затворен тип,знам дека и на факултет во нова средина ќе запознаам уште многу личности,па не паничам многу околу ситуацијава.
@LoveParis✔️ се тоа убаво што го кажуваш и размислуваш, но само едно да знаеш, денес вистински другарки скоро и да не постојат, постојат само пријатели и познаници со кои можеш да излезеш и да направиш најосновен лаф муабет колку да си растеретиш мозок и излезеш од секојдневие, без одоварање, критикување, цмиздрење, исповедување итн, сиве поими што ти ги напоменав се дел од пријателството кое секогаш завршува на кобен начин. Да така не очекувај да те тапша некој по рамо, ќути ти и смеј се, тоа е доволно.
А ти што свати од сево ова? Ништо најверојатно. Разбираш ти од резерва и политка кон секого или не? Јас стојам зад својот став, ја разбирам фунционалноста на универзумот и луѓето, не очекувам ништо од никого, и не се замарам со ништо и никого. Убаво е кога човек умее да живее со секого, а да има дистанца, граница и резерва за се што го опкружува. Ако си желна за искрени луѓе и пријателство грешката е во тебе што воопшто помислуваш и очекуваш од некого да биде обаков каков што го осакуваш ти.
сигурно жмурка немаш веќе со кого да играшшш. ало бре алооооо на 14 години немаш другарки??????????? кога ги створи овие другаркиве па да ги изгубиш и бивши да ги нарекуваш? запрашај се во кого е проблемот? како се однесуваш? што правиш? промени нешто за да не се чувствуваш и понатаму отфрлено....
Не паничи многу,имате по 14 години и јас сум сигурна дека другарките уште не знаат кои се тие вредности што треба да се ценат кај човекот,постојат и луѓе по 20 и кусур години што не знаат се уште а не на 14,сигурна сум дека ако ги прашаш и они не знаат да ти кажат оти те одбегнуваат,некои мушички се во прашање. Верувај ми дека со годините ќе најдеш и нови пријатели,само да знаеш дека и тие што се заградуваат со еден круг луѓе,друштво што не прима нови личности и познанства не е многу убаво и не дај боже да се распадне во животот ќе немаат со кој друг здраво да си речат.Затоа ако се такви остави ги и не ја прави нивната грешка.А не се јади сама дека е до тебе,некогаш луѓето ги одбегнуваат тие што покрај нив чувствуваат конкуренција.
Ај да ти одговорам вака смирено, после спиење, убаво размислено. Јас не помослувам и очекувам ништо од никого. Ништо не измислувам. Така рекол и Господ (не сум баш религиозна во смисла секој ден да одам во црква, да постам и.т.н.), и библијата и во црква, манастир. Значи јас ништо не помислувам. Само знам да разликувам добро и лошо и го подржувам доброто. А вие луѓето што се сте испревртеле тоа е друго. Ало луѓе, ДОБРИНА, а не ЗЛОБА, КОРИСТ И ЉУБОМОРА. Не велам дека сум светица, далеку од тоа, имам и свои мани, ама (едно големо ама) многу сум против начинот на живот денес. Не можам и не сакам да го прифатам. Бидејќи не е правилно. Да беше правилно Господ ќе рекол бидете злобни, себични, љубоморни и користољубиви суштества. Нормално дека не може сите да се такви, ама злобата треба да е реткост а не добрината.Ама залудно зборам, пак е во мене грешката, нели? Се додека не сум како мнозинството во мене е грешката, тоа веќе ми е јасно како ден. Ама ако се мнозинство не значи дека е правилно. Што сфатив? Сфатив дека залудно е се.
Во право си и мене многу ме мачи фактот дека не се сите како мене искрени и добри и што нема кај да бегам,сегде ќе среќавам такви луѓе.Моја голема маана е и тоа што секогаш гледам и пазам да не повредам некој,и во таква ситуација пробувам да се извинам и да надоместам за тоа,а тоа не е случај со другите луѓе кон мене.И на крај кога дискутирам за вакви проблеми со мајка ми,кога ме гледа дека сум повредена и самата ми вика сине заеби како те воспитував јас тебе,на тој начин не се опстанува во општеството,гледај си се самата и прекини со нив да се замараш,што е и правилно оти во животот можеме сите да ги изгубиме само ние самите секогаш ќе се имаме
ahm i jas imam doziveano nesto sli4no, imav drugarki pa gi zagubiv, sega sum vo druga zemja i vo skolo imam stvarno mnogu drugari i drugarki koi super me prifatija vo tekot na ovie 3 meseci duri imam izlezeno nekolku pati so niv daj boze taka i da ostane pa uste povekje da se druzime, inaku lesno se vklopuvam i sakam da se druzam taka da sum otvorena za novi prijatelstva.....
Се случува... Што потоа, па потоа ке мора да се потрудите да створите нов почеток, што секако може да биде некој интересен предизвик и ваше ново позитивно достигнување во животот. Секако овој пат со мотото...подобро да имаш 3-5 вистински другари одколку 100 познаника. Или пак некоја нова љубов која што нема лесно да ве изгуби по пат.(затоа што љубовта е пат кои пој двајца чекорат во ист правец-исто како и другарството).
Истиот проблем го имам.Ем single,незнам дали е тоа поради тоа што неможам да се прилагодам кон ниту еден дечко или пак премногу барам,ем без другарки.Животов е пропаст вака.17 години без другарка...мене ми е ужас. Нема кај да се побара ни помош.А сам да се прилагодиш кон себе,неможеш ни така. На кој не му требаат другарки?