@s1a1n1d1r1a1 Сандричка ти чим си битолчанка, мора да ми ја знаеш неостварената љубов од таму хахаххха
Опаааа види види... Можно е. Се знајме ние тука сите. Гледаш и ти треба да дојдиш во посета. Знак е ова.
Многу добра дургарка си најдов на оваа тема . Секогаш наидуваме на прекрасни луѓе кога најмалку очекуваме.
Ништо. Само работа на себе, за да утврдите во што е проблемот. Мора да бидете самокритични за да ги увидите вашите маани, и да размислите во колкава мера се тие застапени, и дали ве попречуваат во секојдневната комуникација. Без анализа врз себе, само ќе тапкате во место мислејќи дека останатите се виновни за вашите слаби социјални животи. Додека, клучот е во преземање одговорност, и соочување со недостатоците од карактерна природа. Но, првиот степен е сепак признанието дека имате проблем. Без тоа ништо, само седење дома, висење по форуми, и толку. Ова ви го зборувам, бидејќи и јас неодамна имав еден период на стагнација во полето на социјализацијата, и искрено ми требаше доста време за да ја лоцирам блокадата. Испадна дека повлеченоста, односно глумењето странец кој се затвара во сопствениот свет биле главните "виновници" за мојот никаков круг на пријатели. Сега е добро, бидејќи си признав и полека се поправам.
Па да во право си за тоа да по висење ништо не помага,али мене ме нервира и тоа што некако е луѓево денес многу се отуѓуваат и не се отвараат,дали дека висат по социјалните мрежи или не примат ново друштво сеедно али социјализацијата и е проблем затоа што и околината е таква да кажам себична се од интерес,така да не e само до тие луѓе кои потешко се вклопуваат во срединатa.
Знам Самира. Минував, и сеуште минувам низ истиот проблем. Но, мора да сфатиме дека не можат сите да бидат од интерес. Овој период на осамување колку и да трае е минлив. Затоа што сите млади помалку или повеќе минуваме низ истите кризи на себе пронаоѓање, егзистенција, градење црврсти односи од доверба, а потоа рушење на истите, и тоа трае затоа што е макотрпен процес. Такво време дојде, ама ќе биде подобро, само храбро.
zdravo ne e nisto strasno toa deka si sama eve ce te utesam i jas sum sam isto kako tebe drugarite dodeka neamaja zenski bevme site zaedno no postepeno site si najdoja i se odelia i jas ostanav od drustvoto sam ama toa e sekoj so srejkata
Се оттуѓуваат луѓето ептен. И тоа се чувствува. Колку пати сум била иницијатор за кафе и ете откажуваат во последен момент и измислуваат дека имаат обврска. Не е до нас, општо до околината е. Стануваме ладни и себични како Германците и другите народи. Се плашам дека ќе почнеме да функционираме како роботи. Лоши времиња доаѓаат. Можеби и парите влијаат на тоа луѓето да не сакаат дружење, а можеби и не.