Се присетив на еден одамна помина период, кога имав околу 17 години, значи трета-четврта средно. Учев во едно од стручните училишта каде бевме малку ученици. Во мојот смер бевме само седум од кои три женски а останатите машки. Соучениците не беа друштвени, ги биваше само за сплетки и за искористување. На почетокот на прва година се обидовме да се дружиме, теравме така со сила еден период но полека се оддалечивме и прекинавме да излегуваме. Немав друг близок, од основно тие што се дружевме, секој си тргна по свој пат. Паметам дека тој период едвај имав со кого да излезам еднаш во месец-два и тоа се по моја иницијатива со еден куп договарања додека да најдам некој. Бев тажна што немав свои блиски пријатели кои ќе бидат крај мене во добро и лошо. Со оглед на тоа што ретко излегував немав ни дечко...Ми беше ужасно но се тешев со тоа дека наскоро завршувам средно и дека можеби на факултет ќе запознаам добри пријатели. Сосема случајно, при крајот на четврта година запознав дечко со кој стапив во врска и така прекина тој неубав период. Кога некој нема пријатели прво ја бара грешката во себе и смета дека е лоша личност. Но досегашното животно искуство ме научи на сосема спротивното. Понекогаш таа личност од што е добра не е во состојба да биде со лажни пријатели и да трпи неправди. Вистинските пријатели тешко се наоѓаат. Од денешна гледна точка радо би уживала во самотијата одколку да бидам со некои луѓе кои за мене секогаш ќе бидат далечни и кои во прва прилика би ми забиле нож во грб. Кога-тогаш секој ќе се најде пријатели и ли пак партнер кој му одговара, прашање е само на време. Еден убав совет за некој кој се чуствува осамен е да почне да се занимава со нешто ново. На пример може да се запише на некој за странски јазик, на танцување, на некој спорт...Сите овие активности се можност за воспоставување на нови контакти.
Исти случај сум, 4 дена со ред само во кревет бев станував само крај 19 часот и јадев една кришка леб и тоа со сила и пак во кревет... ролетни немав кренато... ама денеска станав, расмислив дека па и на крај краева само ќе се разболам со тоа и депресија добива ништо. Моите све негативци се дома. Само што јас месец дена не сум излезена. Мразам све околу мене, све ми сметат... Сакам да се занимавам со нешто, но нема што, живеам во мал град... Од ништо нешто прават... Само сметам дека ако самата на себеси не си дадам подршка и во овие денови ако не стиснам заби и да си кажам дека можам. Бидеќи ништо не е изгубено сеуште сме млади, а животот е пред нас и не знаеме што ни носи утре.
И додека скоро сите мои врсници се излезени со своите девојки/дечковци, другари/другаки и имаат доста интересна и забавна ноќ(се надевам), јас си седам дома, не многу среќен, без некоја посебна идеја за остатокот од вечерта, денот утре, и животот понатаму. Мојот асоцијален живот..
Дали ви се има случено да отидете на кафе со другарка, а вашата најдобра другарка да биде љубоморна поради тоа и неколку дена да не ве бара ниту пишува? Мене да.
Малку попозитивно размислувај, повеќе афирмативни мисли, позитивни мисли, тебе ти требаат прави пријатели, другарка која нема да ти се јавува и да те дружи коа ке сака она и коа ќе и текне, а во ова време- невреме тоа не е лесно, но сепак е возможно, може се малку добри луѓе ама сепак има и добри што се вели народски, луѓе на место. За да нешто оствариш, постигнеш треба да го посакуваш, а не да мислиш дека нема да го имаш. Незнам од каде си, си пишала погоре дека си од мало место , но да знаеш не е сјајно и све нај нај и овде во Скопје и низ цела држава ама ќе биде подобро, не се сеќирај многу за работа и све останато, ќе се среди све и на крај се ќе биде добро. Поздрав
Zdravo devojki, i jas vi se pridruzuvam..single sum a nemam ni edna dobra drugarka sto mozam da izlezam. Ziveam vo malo gratce vo koe nema mnogu izbor na sto mozes da go troses vremeto. Smaceno mi od licemernite drugarki koi poleka no sigurno gi gubam. Inaku studiram i dodeka sum vo gradot kaj sto studiram super mi bese, no sega se vrativ doma i mislam ke zbudalam. Koj e za druzba, moze slobodno da mi pisi, jas sakam novi poznanstva i druzenje, iskreni muabeti. Pozdrav do site
Здраво Јас сум машко, имам 19 години и искрајно многу сум разочаран. Цел живот не сум имал ниту еден добар другар ниту другарка. Од кога сум бил мал па се до сега служам за потсмев, и искрајно незнам зошто е тоа така, но така е цел мој живот. Никој не ме сфака сериозно и се така со потсмев и на заебанција ми се обракаат, и после ми викаат цело време сум ќутел ништо не сум зборел, па како да зборам кога цело време дома седам и кога ке искочам служам за потсмев. Ве молам некој љубезен на моја возраст (или за 1-2 години помлад или постар) да ми пише лична порака, да се запознаеме и да искочиме, навистина сакам да запознаам нови луге и конечно да почнам да го живеам животот. Инаку заборавив да напоменам дека сум од Скопје.
Зошто се замараш со такви луѓе?! Најди си хоби, работи го тоа што го сакаш и што те интересира и уживај во истото. Сум се нашла во иста ситуација и после сватив дека јас не припаѓам таму. Сега го работам тоа што го сакам запознав луѓе како мене со исти интереси и се се промени. Немој никако со лоши мисли. И тргни се од таквите луѓе, тие што се исмеваат со тебе значи дека си подобар од нив. Покажи им дека си подобар и ќе видиш после дали ќе биде исто
Ми се случило. Од две другарки кои меѓу себе не се знаат, ако со едната сме излегле негде на кафе ли сме биле во некој ресторан, од другата следуваат прашања „Па со кој беше?Па не ме викаш?“. Ако мене некаде ме поканиле не практикувам со себе да викнам некој кого друштвото не го знае, некој што ќе е странец. Ај што мене ме викнале и сум странец, па уште и јас да си земам за право некој да викам. Ама тоа „па не ме викаш“ покажва љубомора. Или „Од кај ти е сликата на фб?„. Викам па бве таму и таму, и одговорот е аха.
Да ви ја кажам мојата приказна, можеби некому ќе му помогне. Дете на разведени родители, сменив школо во 5то одделение. Сменив и град. Со старите школски губам контакт, новите не ме сакаат многу. Срамежлива, потисната во себе од околината и од домашните проблеми. Доаѓа средно. Се запишувам во приватно школо кај што не бев прифатена најдобро, но остварив некој контакт и се задружив. Во 3та средно запознавам другарка за цел живот. Стануваме неразделни. Ме запознава со дечко ми (сега бивши). Тој, кај и онака немав другарки, не сакаше да се дружам ни со тие малкуте. Раскинавме и се обидов да створам нови. Обновив контакт со другаркава од средно и блиска братучедка. Излегував сегде кај што ме викаа. Се запознавав со сите. Се дружев, зборував. Со бившиот одевме во теретана, па почнав пак да одам. Запознавав и таму луѓе. Нормално дека сега не се дружам интензивно со сите. Си створив круг кој ми одговара. Имам другарки за 24/7, имам само за кафе, само за излегување. Стекнав многу машки другари. Имав и други дечковци. Не губете надеж вие што во основно и средно немате мнпгу другарки. Само бидете позитивни и имајте желба за дружење. Каква енергија ширите такви луѓе привлекувате. Ќе дојдат и другарките и дечковците. Еден ден ќе се зачудите со колку луѓе сте опкружени, а некогаш сте биле сами. Но барем ќе знаете дека сте опкружени со вистинските.
Ајде и јас да кажам мое мислење. Мислам дека секој човек има периоди во својот живот кога се чувствува осамен и отфрлен од сите. Имав и јас таков период. Кога се запишав средно ниедна моја другарка ниту пак др школски се запишаа во тоа училиште. Како и да е во прва година мн се здружив со едно девојче од клас. Почнавме да стануваме блиски и тогаш почна да ни се упикува друга школска и полека почна да ја привлекува другарката кон себе. А јас бев личност што не сака со сила да се наметнува и полека се повеќе се повлекував на страна. Немам проблем со комуникација но не сакам да бидам присутна каде што не ме приметуваат и се однесуваат како да не постојам. Не сакам да бидам вишок и се повлекувам на страна. Почнав да се оддалечувам од нив 2те. Оваа лицемерката како ѕид да создаваше меѓу нив. Тогаш почнав со други 2 девојчиња од клас да се зближувам. На почеток се чувствував како загарче кое трча по нив. Потоа почнавме да се дружиме повеќе. Мене ми беше јасно дека они 2 се дружат од корист за да им помагам со учење и да им кажувам на тестови. На крај благодарение на мене завршуваа одлични. Но мене не ме интересираа нивните оценки , никогаш не сум била љубоморна за тоа. Секогаш кога некој ќе побараше нешто од мене му помагав. И покрај тоа што бев свесна дека ме користат немав избор. Кај нас во клас како да имаше формирано кругови и секој припаѓа на некој круг.Тој период бев мнооогу осамена, ги мразев одморите, не сакав да постојат паузи .Сакав цело време да сум на предавања така не ја чувствував осаменоста. Но никогаш не се жалев и на никого не кажав како се чувствував. Сега кога ќе ми текне си викам што си се замарала со тие глупаци. Но тој период траеше 2 години. Потоа едната " другарка" ме изневери . Никогаш не дозна од мене дека знам. Продолжив да се дружам со нив но повеќе не бев иста. Се променија мн работи. Почнав да одам на мн натпревари .Се запознав до други деца од др класеви. Тогаш едвај чекав да дојде мал одмор за да се видам со некој од нив. Конечно сретнав луѓе меѓу кои не се чувствував офрлено. Но средно помина сите се запишавме на различен факс. Сеуште комуницирам со другарите од средно но не толку интензивно како порано. На факс започна една убава приказна која сеуште трае . Таму запознав мн пријатели. Познавам секакви и искрени и од корисѕ. Вторите ги избегнувам максимално. Имам круг на 3-4 ептен блиски другарки и 2-3 блиски другари. Сега имам пријатели за споделување маки и проблеми, за излегување, за шетање, за учење....Во секое време можам да сметам на некоја личност. За крај, знам дека мн филозофирам ама не знам да се запрам кога ќе почнам нешто да кажувам. Сакав да кажам поука: Никогаш не се потценувајте пред никого, никој не вреди повеќе од вас. Другари се минлива работа. Секогаш може да стекнете нови.Немојте да бидете во друштво кое не ви се допаѓа само затоа што немате избор. Избор секогаш постои, понекогаш е подобро е да поминеш време сам/а отолку со луѓе каде што се чувствуваш осамено и невидливо.