Јас пак би рекла дека е до лугето, и до дечковците што не знаат да ги задржат вистинските девојки, и вистинските другарки.
Еве и јас официјално се придружувам кон друштвото. Немам ниту дечко ниту пак другарки. И таа што ја имав почна да фаќа кривини и се нешто да си тера по свое што значи јас не сум и потребна. Се надевам ќе се дружиме и дека бар тука ќе имам друштво ако не надвор.
Не си во право, многу повеќе грешат девојките, малку од нив бираат добри и фини момчиња, кои ќе ги почитуваат, сакаат и ценат...... девојките скоро секогаш сакаат се спротивно од ова, а вакви момчиња ако најдат ги сметаат само за другари. и после некој друг ви е крив кога некој кретен ве шутне или ве изневерува секој ден. Извинете ама таква е реалноста А ние таквите си остануваме само
Не само ти, и многу други ќе се пронајдат но немат храброс да признаат или поточно несакаат да признаат дека згрешиле.......
Сите машки на форумов или идат женски да бркаат или да кажат колку не чинат женските. Пих, што среќа ќе имавме
Па не би се согласила баш со ова или пак јас живеам во друга реалност не знам. Секој ама баш секој и машките и женските сакаат да се почитувани, ценети и сакани. Е сега ако некое машко го прави се тоа, сигурно нешто фали зошто не би била девојката со него. Не е доволно само тоа. Еве јас запознав, фин, добар дечко кој многу ме почитуваше ама што дека кога имам и други критериуми кои тој не ги исполнува? А тоа дека женските трчаат по лоши момци, да, на 15-16 г кога е интересно се тоа.
Лично ниту женска бркам овде ниту кажувам дека жените нечинат. Некулку пати пишав овде за да дадам некој добронамерен совет. поздрав
НЕМОЈТЕ! НЕМОЈТЕ никако депресија заради ''пријателки'' ., Лажно претсавување е ситна слабост, ама лажно живеење е тотална пропаст.
Сакам и јас да се ожалам накратко бидејќи така се чувствувам осамено. Имавме круг од 4 другарки прво бевме обратно пар со пар другарки и се зближивме. Сега сме обратно едната со другата една од парот( се надевам ме разбирате). Поради мој испад ама искрен испад и во право бев се скарав со едната другарка и така си продуживме да се дружиме две со две. Сега со оваа другаркава незнам на што сум, некогаш е ладна некогаш ептен зоврие и ајде да одиме ваму таму и јас прифаќам. Обично се ценам самата себеси. Ама сега пропаднав ептен се чувствувам така како да ќе останам и без таа. Си споделуваме работи и совети колку да го одржиме пријателството. Ама се ми се чини дека заради тоа што и таа нема со кој се дружи со мене. До душа нема посигурен тип на другарка од мене, има други ама тие и се се само пријатели. Се ми се чини дека ќе ме отфрли за првата права другарка што ќе ја најде( иако се знам себеси и не верувам да има поголем другар од мене). Нема везе, секој тоа нема да го сфати. Се надевам се изразив така како што се чувствувам. Се дружам со други луѓе, ама тоа не е тоа. Воопшто не изгледам така како што се чувствувам одвнатре. Во животот не сум нашла вистински другар, што ќе ме цени и нема да ме откачи за било што.Сакам да бидам ценета од таа страна како што ценам и јас. Се обидов да го обновам пријателството со таа што се дружевме од почеток ама не ми успеа, а таа нема да го направи вториот чекор познавајќи ја. Ако успеам да се запишам на факс, се надевам таму ќе најдам вистински другар што ќе ме цени макар и машко да е. Дружељубива сум ама како што кажа една членка нагоре, не сакам да де наметнувам, осеќам кај сум прифатена а каде не. Сакам да ја почувствувам еуфоријата на исполнетост на друштво на сакање и почитување. Да бидеш со некого кога му е тешко . А уште нешто, се чувствувам горда на себе и на мојот карактер што успејав да контактирам лице со кое сум се дружела и што сум го направила првиот чекор а јас не бев крива, а ако ме одбила затоа што има гордост за да не прифати првиот пат, тоа е срам за неа и покажува многу за нејзиниот карактер. Ако не можела да излезе тој ден нека ми напише не можам сега ајде утре или овие денови ќе ти пишам да пиеме кафе ама премногу гордост на едно место не е многу на арно. Се надевам ќе има денови кога сите тие ќе ме молат а јас ќе ги откачам како најдолни кучиња ( да ме извините на изразот). Се надевам ќе има денови кога тие ќе се чувствуваат 3 пати полошо од тоа како јас се чувствувам сега.
Немој да се плашиш да останиш сама, излегувај повеќе од дома, опушти се малце, оди со таа другарката на кафе, гледај некако да го прошириш кругот на пријателства. Излези на кафе со некоја братучедка. На фб некако обиди се да контактираш со некого. Почни од некаде. Пред другарки скривај ја емотивноста и твојата слаба страна. Не и покажувај на другарка ти дека ако е изгубиш ќе очајуваш. Биди посилна од кога и да е. Ако се запишиш на факс, ќе имаш нов круг на пријатели и колеги. Ако не одиш, најди работа во бутик, маркет, кафиќ... сеедно што ти одговара тебе. Кажи си на себе дека ти можеш. Не се откажувај од тоа што го сакаш. Секогаш треба да си даваме нови можности. Не е крај на ништо. Треба малце уморност, таа што те игнорира, и ти игнорирај ја, не се спуштај подолу, докажи и дека можеш и сама. Подобро да бидиш сама отколку опкружена со лажни другарки кои ќе сакат само лошо да се чуствуваш, не се доверувај премногу, ако сакаш секогаш да бидиш на ниво и право и никогаш никоја од тие другарки да не ти прирече збор. Ти кажувам од искуство.
Затоа форумов нуди баш добра забава и дружење. Многу ми се допаѓа што контактираме и разменуваме мислења со личности не само од вашиот (или мојот) град туку од цела Македонија. Еве јас прва би се пријавила за дружење и женски gossip!!
фала ти мила, најако од се е што јас сето ова го применувам и пак се чувствувам осамено. Ама ќе се потрудам повеќе.
Извинете, ај да немаш дечко, океј е, али да немаш ни една другарка, и сите да ти бидат криви освен ти?! Абе ај! Па најчесто овие што вака кукаат се оние кои кога фаќаат дечко, ги шиткаат сите другарки, и кога овој ќе им раскине, одма се враќаат кај другарките, али овие веќе ја научиле лекцијата, и одма не чинат. И јас сум седела дома, не сум искачала, не искачам ни сега, ама имам другарки. Да, се гледаме еднаш месечно, а со најдобрата неколку пати годишно, ама не е во тоа другарството. Другарството ти е секогаш кога ти е тешко да имаш на кого да се потпреш, и ти да му бидеш потпора на некој, а не да скиташ по дискотеки со некого. Пак ќе кажам, барајте вина малце и во себе, не може сите да не чинат, а само вие да сте супер.
Види вака, како прво има дел што си во право ама има и дел и што не си. Како второ, секој го гледа животот од различна перспектива, некој подлабоко друг пошироко и сл. Јас а и сите други што решивме да се ожалиме овде е затоа што сметаме дека немаме некој толку близок на кој би можеле сето ова да го кажеме. Јас овде како и сите други сме анонимни и мене лично ми е полесно овде на форумов кога ќе се ожалам нешто неголи на другарка. Вас ве чувствувам за блиски, иако всушност не сте ми. Има многу самохрани мајки, разведени и сл. Неможеш да знаеш дали јас кога си фаќам дечко ги оставам другарките, затоа што се знае кога е време за другарки, се знае кога е време за дечко. Ногу пати ми се има дешавано да сакам да бидам со дечкоми, на другарка ова она и излегло па ја смирувам тешам и сл. Ги спомнав горенаведените различни личности, а со тоа сакав да кажам дека не знаеш на никој како му е во неговата кожа, додека не почувствуваш, не осудувам ни разведени, ни луѓе без сопруг, без сопруга, затоа што еден ден може и јас ќе бидам на нивно место. А исто така не осудувам ни луѓе со неискрени пријатели, оти треба да се правиш слеп за на некој да му текне дека може да ги минува границите кога и да посака. Некои од фините луѓе што сочувствуваа со мене и со сите други на форумов, одвоија време да ме прашаат како сум во приватна порака, ни ме знаат, ни ме познаваат, е јас такви личности најмногу ценам. Секоја чест за таквите. Се надевавам дека ти еден ден ќе сватиш што на нас ни значи да имаме пријатели и за добро и за лошо, а не само кога ќе ни биде тешко и да се гледаме со нив 5 пати годишно.
Zdr, kako si? Site prsti na rakata ne se isti taka e i so maskite hehe. Eve jas ne sum kako drugite ako sakas pisi mi lp. (И сега следува едно шмекерско смајли):