Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ем Сингл, ем без пријатели. Што понатаму?

Дискусија во 'Сингл' започната од TheCandy880, 20 август 2010.

  1. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    и јас се пронајдов донекаде во постов , мојата најдобра другарка има дечко и веќе нема толку време за мене како порано .. за среќа јас имам други другарки со кои споделувам мои лични работи што знаат да ги чуваат и во кои имам доверба
    заклучок : (kолку и да звучи невкусно и неубаво )секогаш имај резерви ... не си дозволувај да останеш на 1-2 две другарки ,, другарките не се цртаат , се надоградуваат ;)
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не знам колку е во контекст на темава, ми требаше да се испукам некаде. Извинете. :$


    Кошмар за тинејџер преживеав во осмо, стигнав до ниво да одам кај психолог. Пеколна година, не се опишува со зборови, само јас можам да разберам како се тоа изгледаше. Моите мислам дека тогаш, од грижи изгубија 10 години живот.
    Oстанав без другарки, имав само една, беше покрај мене, но не беше тоа тоа, комуникација чат пат ако ни текне некогаш..сепак тогаш само се зближувавме, сега сме најдобри другарки благодарение на тој период.
    Сите поранешни пријатели ми забодеа нож во грб, детска работа, ќе се скараш со еден (девојката се бунеше кај наставничката да не ми стави 5, а ми беше така наречена најдобра другарка) и таа ги врти сите против тебе. Братучетка со која ги поминав едни од најлудите, најживите и најпрекрасните моменти во мојот живот исто така ме остави сама. После 14 години неразделност, не можевме да живееме една без друга претходно. Се тоа бидејќи не излегов една вечер со неа. Чудно, ја сметав за дел од себе, можеби ја сакав и повеќе од самата себе, глупаво дете.
    Многумина други пријатели и познаници, кои не беа во круг со горе наведените исто така ми свртеа грб, откако фино лепо си пропаднав. Во рок од една недела ми се сруши цел живот. Ја изгубив и љубовта :lol: Не беше тоа љубов, но да речеме и на тој план бев длабоко повредена. Mногу.
    Не можев психички да издржам, бегав од школо во 8мо одд, не сакав да се соочам со сите луѓе кои сега ме гледаа на друг начин, перење на мозок, од првенец стигнав до тоа да имам лоши оценки. Со душа чекав да тргнам во средно, надевајќи се на ново друштво, тоа ме носеше низ се.
    Со душа чекав да помине летото, полуматурската вечер, полуматурската екскурзија. Сам човек што ќе прави. Некако моите дознаа, колку беше лошо да ги гледам скиснати сите нив. Не можеа да се соочат со фактот што ми се случува на мене, ајде за другарите ама братучетка ми..Kатастрофа.
    Ноќна мора, се додека тие не дознаа секое утро станував сабајле и седев во влез од 7:30 наутро до 12:30, тогаш завршуваа часовите и одев дома.
    Хахаха, кои авантури беа тоа, седиш на скали на втор кат, отвара врата некој од тој кат, за да не ме види трчав нагоре до трети на пример, и се така, неколку месеци. Еднаш кутрата заспав од умор. :lol:
    Сега сум супер фала богу, научив да не верувам секому, и никому не верувам во потполност. Излезе добра работа од се тоа, имам најдобра другарка која ми се најде тогаш и била тука кога и да требала да е, ми требаше некој. И воедно станав многу цврста личност, изградив карактер, тешко ме повредува нешто длабоко, се променив на начин на каков што сакав.
     
    На FotoLina3 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    ^^ Ахх кога ќе пребродиш еднаш вакво нешто,одма поинаку гледаш на нештата..Знаеш кој какви намери има,како што кажа не веруваш секому..Али не е се така црно..
    Има некоја другарка,другар сеедно кој те сака,те цени само треба да го пронајдеш,поточно да го препознаеш и да знаеш да го цениш и ти.
    Некогаш се осеќаш изневерен од сите,па поготово ако си сингл и се затвориш дома..Готово ти се руши цел свет...Ми се десило така да западнам еднаш,два пати во мала депресија.. :tmi: али фала богу ми прошло..

    На сите кои се во таква ситуација можам да им кажам,јавете се на некои стари пријатели,другари од основно,комшии,братучеди сеедно..Обновете некои стари пријателства,можеби преку нив ќе запознаете некој,па ќе бидете и со другари и ин а рилејшнчип :emo:
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Naightwalker мило ми е што и машко одговори на ваков пост.
    Но, имам уште едно прашање: колку машко може да ти биде најдобар другар? Кажи ми од твоја перспектива: дали ти би можел женско да гледаш само како најдобра другарка?
     
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Секако дека може, а мое мислење е и дека е неопходно да се има близок другар од спротивниот пол, затоа што за одредени работи најубаво мислење и став може да се добие токму од таквите другар(к)и, кои размислуваат различно од нас самите. Јас лично не само што би можел да гледам така некоја другарка, туку ја имам среќата и да имам, другарка со која би споделил секакво добро и лошо, и за со која сум сигурен дека не би ја пречекорил онаа пријателска граница и меѓусебна доверба која сме ја изградиле.
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам како ти било јас бев во слична таква ситуација кога ми се случи трагедија во семејството и тоа на многу повозрасни години кога баш е човек како оформена личност и кога навистина му треба на некому да се исплаче а тие тогаш што ми беа другарки ме шутнаа како партал и ми се смееа
    на мојата мака.јас останав сама од луѓето на кои најмногу им верував не мис е веруваше што ми се случува плачев со денови не излегував од дома за тие "двете"да ми се исмејуваат наместо да ми помогнат.Но сфатив некои работи дека не треба да се верува секому јас без разлика штос е имав напраено за нив дури едната кога и да се скараше со децкото мене ми бараше да ги смирувам и во ноќ да ми се јавеше трчав кај неа,но и колку и да праев за неа таа ќе беше незадоволна.Се соземав од тој ""шамар" и продолжив со крената глава се уклопив со други другарки што ме разбраа како ми е и си разбрав една животна лекција дека животот е таков иам падови и височини и дека не треба на секој пад да потклекнеме.И Femina женскиов портал многу ми помогна мислев дека сум единствената со ваков проблем,но многу ми е полесно кога ќе го споделам ова со вас драги феминки така да драга Sephora ти си многу јака личност продолжи понатаму ти си претрпела тежок период од твојот живот јас те разбирам во каква состојба си била меѓутоа остај тоа да биде само едно лошо искуство во твојот живот тие што те повредиле нека се каат а ти продолжи напред и не се врти назад.Поздравче
     
  7. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    кога ги прочитав постовите ;( ... и јас бев во слична ситуација (8 одд), но кај мене едни т.н. другарки ја свртија мојата “најдобра другарка“ против мене, бевме како сестри, да како сестри, се дружевме од 3год, често знаевме да преспиеме една кај друга, само и ноќе да сме заедно, не знам како успееја да не разделат... но се случи. ни не се дружевме после, ни ништо, се до крајот на учебната година. но јас не се предавам така лесно ]:) не покажував знаци на слабост, се правев дека не ми е гајле, и навистина не се секирав за тоа што тие го мислеа за мене, туку само за тоа што мојата најдобра другарка “им“ веруваше нив кога знаеше СЕ за мене, во тој период се дружев со братучетка ми, заедно одевме в училиште (таа е 2 год помлада). сите се чудеа како можеше да се случи тоа, кога бевме неразделни :|
    после 5-6 месеци :?: таа си дојде сама и побара да и простам, прифати дека згреши, и’ простив, и на тие 2 другарки им простив, секој за себе нели, што ќе сееш ќе посееш.. и ден денес сме “другарки“, но не како пред тоа, и никогаш не сум ја прашала што конкретно и рекле за мене и немам намера да ја прашам некогаш.. кога ќе се крши лебот, веќе не се лепи :?: јас ја научив лекцијата, но се надевам дека и тие научија нешто :|
     
  8. Sramezliv

    Sramezliv Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Здраво пред се нов сум тука и се надевам ќе добијам некој совет или ватевер....
    Значи како што е насловот на темата....сум без другари на некој начин, и сум сингл.Проблемот е што не излегувам многу бидејќи нема со кој а и кога ќе испаднам немам волја за забави и такви работи па повеќе време минувам во школо и дома.Е сеа сум се обидувал да си фатам женска ама тешко многу тешко ми иде....и најчесто одговорот бил НЕ.Тоа се повеќе и повеќе ме тера да се откажам од тоа "барање " и се осеќам како да тонам во депресија.....а чуствувам потреба од љубов и од прегратки :(
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    прво и основно,е дека мора да имаш другари.т.е друштво,за да не бидиш single...ако немаш другари,нормално дека нема да излегваш ,а воедно и дека нема да ја пронајдиш вистинската личност за тебе.е сега...друга работа,е дека мора да се пресрамиш...во животот ништо нема да постигниш ако се срамиш...знам дека не лесно,ама вервај со труд можиш да успејш :) ти треба само малце појке самодоверба и секако никогаш не го запоставувај својот изглед,бидејки колку и да негираме,тоа е првиот впечаток за лугето околу нас :) ....поработи на тие 3 работи и ке видиш дека најпрво ке си пронајдиш другари...а после со тек на време ке ја пронајдиш и вистинската личност за тебе ;) се надевам дека помогнав :hai: позз
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ana.bela

    ana.bela Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    luge potpolno ve svakam i na mene nes sli4no mi se slu4uva se 4ustvuvam kako iskoristena koga ne se so de4kovcite se so mene a koa se so niv nikoj ne me poglednuva :(
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Па дечки не иде јас да ви солам памет но во живот на еден човек постои битен сегмент а тоа е содавањето на нови пријателства, а што би значело тоа : повеќе излегување, повеќе контактирање со нови луѓе. Немора секогаш кругот на вашите пријателства да се сведува на ниски цифри 2,3 или 4. Па нормално дека нема да можат секогаш да бидат со вас си имаат свој живот луѓето,дечковци, семејство итн. не значи ако тој ми е пријател или пријателка дека би била со мене во секое време. Си имаат луѓето потреба од љубов и поразлична од другарската. Или другарка ми фати дечко па ајде морам и јас да фатам па макар тоа бил и последниот клошар во градот. Сигурно имаш блиски роднини излези со нив, или со комшиката не е битно, битно нема да седиш дома и да мислиш е сега е крај на светот кога таа/тој фати дечко а јас сум сеште сам/а. Така нема ништо да постигнеш сигурно другарка ти нема да те покани со неа кога таа и дечко и илегуваат а не верувам и дека пријатно би се чуствувала во нивно друштво доколку те покани. Но сепак ти си се навикнал тој/таа да биде секогаш покрај тебе и сеа те убива што некој ти ја одзема нејзината позветеност.
    Имате тотално погрешен став, не треба тогаш да се затварате дома туку напротив треба да сте во потрага по нови пријателства или можеби дечко или девојка, независно на кого како му одговара. :)
     
  12. Nikolina66

    Nikolina66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0

    Доколку целта ти е да пронајдеш другари, тогаш ќе треба да промениш нешто со себе. Ако си останал сам, сигурно постои и причина зашто. Пријателите се незаменливи во однос на девојка. Во принцип нема ништо по лошо од тоа да немаш пријатели. Затоа се обидувам да ти помогнам кажувајќи ти ја реалноста. Доколку сакаш да стекнеш пријатели...точно е тоа дека се повеќе терба да бидеш во контакт со луѓе, но најпрво треба да се преиспиташ себе си дали си добра личност. Никој неќе да е во близина на некој кој пренесува негативно расположение, кој е себичен, кој нема човечки вредности (искреност, почитување, хуманост, разбирање), кој незнае да се однесува, итн итн. Наместо тоа, обидисе пополека да ги смениш оние работи кои се негативни. Биди комуникативен, обиди се да запознаеш што повеќе луѓе, присвој добри одлики и ќе видиш дека нештата ќе почнат да се менуваат, но не очекувај тоа да се случи преку ноќ. Утехата са осаменоста не ја барај во девојка и биди сигурен дека пријателство ти е повеќе потребно.
     
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Незнам дали сум во право но мислам дека еден од твоите најголеми проблеми е срамот. Мислам дека ако се ослободиш од него многу работи ќе тргнат на подобро. Без разлика низ колку тежок период минуваш биди позитивен и секогаш делувај расположено и весело (сепак никој не сака да е со личност која е цело време намуртена и лута на животот), ослободи се од мислата дека МОРА во скоро време да фатиш женска (притисокот што си го создаваш можеби те спречува да бидеш поопуштен со девојките а со тоа и поинтересен).
     
  14. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    386
    Викаш дека немаш волја за забави и такви работи... Па добро секогаш можеш да излезеш и на некое тивко место, не мора да е некоја журка. Викаш дека повеќе време минуваш во школо што значи си средно или? Без другари си на некој начин, што значи имаш потенцијални.. зошто не се обидеш да ја зацврснеш/обновиш вашата врска? Сигурно познаваш некој со кој би можел да излезеш, братучед, комшија, другар од средно, од едно излегување можеш да се стекнеш со повеќе познанства, од кај знаеш можеби баш некој од тие е твојот идеален другар.
    Можеш самиот да покренеш иницијатива да се прошетате, да одите на кафе, сигурно постои некој што не би те одбил, па и да те одбие..нели потојат и други.. Не е поентата во тоа да седиш дома, пред книга, пред компјутер, да отидеш во школо и да се вратиш.. Кога ќе добиеш понуда за негде не ја одбивај со некои глупави оправдувања, во стилот имам за учење (не е глупаво учењето, ама секогаш треба да имаш време и да излезеш). Да кажеме не ти се допаѓа друштвото од клас што те викнало со нив на кафе, но имај го во предвид тоа што преку нив можеш да запознаеш и многу други.
    Ако самиот дозволиш да тонеш во депресија, нема кој да те извлече, можеби звучи напорно но треба да се обидеш... Скоро и не постојат вистински другари, но ете баш ти може ќе налеташ на некое искрено...
    Ако немаш желба за тоа нема самото да ти дојде на врата..сите ги имаме тие периоди но МОРА да се минливи :)
     
  15. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    па прилично во иста ситуација сме...
    не е дека немам другарки со кои контактирам, ама немам постојано друштво со кое можам да искачам, да се движам низ градов, низ дискотеки, да запознавам нови луѓе и да ширам познанства. Со дечко кога сум искачала и било океј ама ипак несакам да стане монотоно...Некако се осеќам млада, полна со енергија а нема каде да го искористам тоа...сакам да се ''пицнам'' со штикли хеланки ау бау...а немам за каде...баш си се осеќам...тапа...
     
    На Anne94 и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    la.chocolada мене некако во последно време ми е ПОДОБРО...а како стасав до подобрување на мојава ситуација?
    Со помош на драгиве феминки,поголем дружба со нив,малку ми помогна и училиштето повеќе обврски имам околу него,почнав повеќе внимание да обраќам на моите дома најблиските они се оние кои ми мислат најдобро и се секогаш покрај мене...А едноставно избегнувам да мислам колку сум "осамена" на моменти,НЕ СМЕ ТОЛКУ МНОГУ ОСАМЕНИ КАКО ШТО САМИТЕ МИСЛИМЕ,СЕКОГАШ ИМАМЕ НЕКОЈ ОКОЛУ НАС НО НИЕ ТОА НЕ ГО ГЛЕДАМЕ БИДЕЈЌИ ПРЕМНОГУ МИСЛИМЕ НА ТОА дека сме сами! мој заклучок :!:
    Она што мислиме дека сме не прави онакви какви што сме....нз колку ке ме сфатиш,но кога ке имаш потреба од разговор овде сум може да си пишеме и помогнеме ;)
     
    На sonuvacka и la.chocolada им се допаѓа ова.
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Не сакам да звучам како да ти солам памет, бидејки и јас не сум во подобра ситуација, но едно можам со сигурност да ти кажам. Победи го срамот. Не е лесно, знам. И јас се борев со него. Но го победив. Порано едвај изустував збор во друштвен разговор, а сега комотно кажувам мислење. Не значи дека ако не се срамиш ќе имаш не знам коллку другари, или одма ќе најдеш девојка, но барем ќе си послободен. Е сега, ако срамот не е проблем, тогаш пробај и побарај со некој кој ти е поблизок (другар од маало, братучед итн) да излезете. Некој пред кој не ти е срам, со кој си слободен и отворен. Излезете негде, па тој може да те запознае со неговото друштво и така ќе почнеш да се дружиш. Знам не е лесно, но...тоа е што е...мораме да се обидуваме.... позз
     
  18. Nath.Tuck

    Nath.Tuck Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    ве молам помогнете!

    Имам 15 години и ептен сум разочарана. :( Веќе долго време немам дечко. |( Пред 3 месеци раскинав со мојата прва, но вистинска љубов. Уште неможам да го заборавам. уште повеќе се разочарувам дека неможам да си најдам друг дечко. Самата незнам во што е проблемот. Ништо не ми фали...зошто другите не мислат така ?! многу ми е тешко кога ќе излезам со моите другарки и тие со дечковци а јас не. Не дека сите мои другарки имаат дечковци...
    Ептен ми е тешко така. Ве молам за совет.
    Ако веќе постои ваква тема избришете ја. Благодарам однапред.
     
  19. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    леле срце бе...
    истото го правам и јас...
    ако неможам асално да искочам како што треба со мое друштво, гледам да се дружам со деца на нет...и во школо гледам што повеќе да се ангажирам, така што ќе имам повеќе обврски...со моите дома исто гледам повеќето од времето да го поминувам зашто баш како што викаат, поголем другар од мајка нема...секој може да те зафркне и да ти забоде нож во грб, ама мајка ти и твоите дома никогаш нема да ти го свртат грбот.И краен заклучок е дека се сложувам со тебе...не сме осамени, само премногу мислиме дека сме...Она што мислиме дека сме не прави онакви какви што сме...баш се сложувам со реченицава :)
    ако ти треба помош и на тебе околу било што, слободно пиши :*
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Ете така позитивни мислички во главчињата наши и ќе дојде нашето време :o: ...А кога ќе ти се пружи шанса за излегување спремај се и бришка на журкање :dance: ...
    Јас излегов два пати и потоа ми мина меракот гледам сум се одвикнала од тоа и сега желбата за излегување по дискотеки ми се намали, :!: но ПАК ја има само во помала мера ;)