Феминки,дали може некаков совет да ми дадете како да стекнам нови другарки? Јас во основно училиште имав 2 другарки,но и тие имаа дечковци,така да сега од септември сум средно и страв ми е дали ќе прифатат бидејќи сум малку покрупна. Моментално немам другарки и сум сингл.
За поубаво да изгледаш и да имаш повеќе самодоверба запиши се на пилатес/аеробик/теретана и почни здраво да се храниш. Физичкиот изглед не е пречка за создавања на нови пријателства. Сега од септември ќе запознаеш нови луѓе започни муабети за тоа каде си била на одмр, каде искачаш, за прочитани и книги кои сакаш да ги читаш, филмови, хоби и.т.н. Ќе се адд на фб, инстаграм и преку нет ќе комуницирате. Само гледај да бидеш позитивна и комуникативна и да се дружиш со поголем број на луѓе во училиште. Не се секирај и јас имав трема првите денови во училиште, искрено сите се срамеа ама како поминуваа деновите се повеќе почнавме да се дружиме и за неколку недели почнавме да искачаме, да одиме на кафе, по родендени, заедно славевме нг и така. Средношколските денови се најубави. Не се плаши ќе најдеш другарки, а од септември само петки да редиш. Со среќа
Ако сте ем сингл ем без другарки уживајте будалчињааааа. Не ви требаат другар/ки, најмалку фејк. Имате апсолутна слобода да правите што сакате. Уживајте во тоа. Шетња, забава, спорт, макар и сами. Само движете се меѓу луѓе на места кај што можете да запознаете некого како на пр. парк, кеј и отворена површина. Седнете на клупа, дишете, уживајте. Ќе најдете некој. Без гајле. Што е ваше ќе си дојде. Ако не доаѓа, тогаш е време да го зграпчите. Најмалку што треба е паника во вакви ситуации. Еве јас ќе ве дружам, само не паѓајте во депресии. Малку самотија не би требало да ве повреди, туку да ве направи уште посилни. Можете сами, не барајте валидација од другите за вашите квалитети. Come on girls, show me you can do it on your own. Сакам независни и опасни цурки на кои никој не им треба и се јаки карактерни пусиња. Ме палат такви опасни шмизличиња. Подобро сами и среќни отколку со луѓе околу себе, а осамени и празни во душата. Уживкајте биче боље секако. Спојлер Ако не сеа, во наредниот живот сигурно. Спојлер Е многу утешително беше ова.
А кога ќе завршат школските денови и секој ќе оди по свој пат? Кога повеќето од "друштвото" имаат некој? Што тогаш?
Оние вистинските другари кои биле секогаш покрај нас , а не само од корист и кога се ни е сјајно , верувам дека ќе останат и по завршувањето на школските денови, а другите да вределе ќе останеле.
И јас таква бев додека разбрав дека не се само тие луѓе на светов и дека ќе си најдам некој што мене ми одговара, не се замарам веќе
Во љубовна врска не сум, периодов имам проблеми со анксиозност, а сега останав и без друштво. И тоа често се осеќав навредено и неинтересно во тоа друштво, но бар среќа не седев дома како што седев дома без друштво во периодот од прва до трета средно. И сега повторно без друштво, не знам што да правам. Се осеќам нервозно, од анксиозноста и стравови ме фаќаат. Не знам како да го победам тој срам кога моите ќе ме прашаат зошто седиш постојано дома и не искачаш, за досадата да не збориме. Како сте излегувале од оваа ситуација, совет како да најдам ново друштво?? Лесно е да запишеш спорт, да идеш на фризер да си меѓу луѓе, но тешко е да ги направиш тие луѓе другари пријатели да искачаш со нив.
Во истата ситуација буквално бев пред 2 години.Тешко е,и треба многу време и трпение за да се надмини.Во тој обид да ја надминам досадата,сменив 2-3 друштва,контактирав многу луѓе-некои од нив ми се многу добри пријатели некои само здраво.Често знаев да излезам сама и да прошетам до парк,или негде,чисто само да ме фати воздух и да видам што се случува.Па ќе сретнам некој,ќе разменам мисли.Анксиозноста поминуваше полека,полека.Многу често излегував со некој само за на кафе,значи пријатели,но не и постојано друштво.Буквално,правев се за да најдам друштво.И нема потреба да се срамиш,не е се до тебе,општеството ни е такво,не се наоѓа лесно друштво.Многу голема поддршка ми беше мајка ми,значи со неа разговарав за се.Разговарај и ти со некој кој ти е близок,посебно ако имаш брат/сестра/братучеди излегувај со нив.И да,во право си,мораш повеќе да се движиш,без разлика дали ќе се запишеш на некој спорт,или во некој клуб,било што.Нормално,нема пријателства да се родат од првиот ден,но со текот на времето се градат цврсти врски со некои од тие луѓе.Моментално и јас сум во едно расцепкано друштво,т.е. друштвото ни се подели на два дела,па не комуницираме сите,и не секогаш излегуваме.Но,подобро со неколку пријатели,отколку во лошо друштво,тоа е многу напорно.Имам тесен круг на пријатели,и широк круг на познаници.Посебно од кога тргнав на факултет,колегите ги обожавам.Па,често си пиеме кафе.Клучен момент во сето ова е самоддовербата,работи на себе и главата горе.Е кога почнав да имам повисоко мислење за себе си,без разлика на бројот на пријатели,почнаа и повеќе машки да се интересираат за мене.Сфатив дека нив ги привлекува самодовербата,но како процес е чисто спонтан,и не смее да се сили.Не се секирај,се ќе помини.Знам дека е многу тешко,ама ќе помини.Ти посакувам да најдеш пријатели и што побрзо да го надминеш ова.За што ти треба,контактирајме лп. П.С.Кога се досадуваш прави се што ќе ти доде на памет.Читај книга,гледај филм,пушти музика...
Иста сум и јас немам другарки омажија ми се, некој дечко тешко да задржам се ги мавам ко да ми згрешиле кој знае што а е е до нив проблемот јас сум проблематична. Тешко е да најдеш другарка што ќе можете да си разговарате за сите проблеми и да можеш да веруваш. Јас не можам да си најдам женско друштво, затоа што сум многу поразлична од сите. Друарките што се омажија, омажија се ама јас лутам како птица преселноца. Излавам не дека не излавам ама моево излавање е во три месеца еден пат, не е за смеење, а смешно ми е. Не знам зошто ми се омажија еее немам никакво друштво. На излавање излавам само со колегите и тоа плус па само машки, е и што со нив ли да се дружам а не дека не се дружам де, они ми по одговарат отколку женско друштво. Искрено, ама искрено и ме знам што напишав но не се жалам поарно ми е вака без другарки.
Zapocnete so nekoe hobi. Sekako imate vreme na pretek, taka da nema da vi bide problem. Joga, trcanje, hiking, pilatesi i sl. zenski aktivnosti..... Mislam deka se pravat odlicni drugarstva i druzbi po takvi aktivnosti
Ем Сингл, ем без другарки.. Искрено, супер ми е, немора да си ја пунам главата со глупости нивни, од септември почнувам на факултет, повторно учење, работа, хоби (теретана), искрено немам време за излегување, книгите ми се единствените пријатели и верувај, ги обожавам. Порано бев депресивна заради тоа што немам никој, сега сфаќам дека и да се посветиш на самиот себе, па и не е лошо, супер ми е. Ќе сфатиш дека и без другарки и дечко се ужива, само задоволувај се самата себе си пружи си љубов и прави го тоа што го сакаш.
Никако не можам да сфатам зошто денес ако немаш друштво и љубовен партнер, тоа се доживува како нешто лошо? Зарем тоа е многу поважно од сопствената среќа која треба да започне од нас и од нашите желби, стремежи и интереси? Ние самите ја создаваме сопствената среќа и дека всушност можеме да опстоиме и без "друштвото" кое реално никогаш нема вистински да те сака, особено во овој модерен период во кој живееме, каде што скоро и не постои вистинко пријателство. Навистина е апсурдно... Јас никогаш не сум имала ни партнер ниту пак другарки. Едноставно сметам дека немам апсолутно никаква потреба од друштво и од дечко, самата себеси сум си доволна. Јас самата ја создавам сопствената среќа, почнувајќи од тоа да ги остварам моите желби и стремежи, да ги развивам моите најголеми интереси. И воопшто не ми е грижа за апсурдните "правила" кое општеството им ги налага на младината и ни диктира како треба да го живееме сопствениот живот.
Да ама никој неможе сам скроз сам,сите бараат друштво и друго се родители друго е другарка,другар и мора социален живот,неможе некој да биде затворен дома,после младите биле во депресија па биле кога несакаат да се дружат,да излезат