Види не дека повлечени ликови не се интересни, само потешко со нив е зближување бидејќи секогаш чекаат другата страна да биде иницијатор. Пример мене со луѓе што ми оди муабет сум многу отворена додека со некој едвај можам да разговарам. Тоа се должи и на слични интереси, ставови, размислувања и сл. Инаку за машки другари супер е да се имаат но да викнеш машко за излегување обично смета дека го гледаш како потенцијален дечко.
Може а и не мора да значи, што ако излезеш на кафе со некој кој не го знаеш, ќе изгубиш пола саат од твојот живот, најверојатно и помалку ако не оди муабетот.
и јас така порано размислував дека ако е машко ке ми се пушти па ке треба да го откачувам ама немој да гледаш така на работите со многу машки иам иѕлегувано а не сум имала ништо не значи ништо ако имаш другари пошто си слободна девојка а ако имаш дечко не треба да имаш другари поточно единствен и најверен другар треба да ти биде дечкото а пријатели можеш а и не мораш да имаш. а ѕа другарки се подраѕбира дека минимум неколку треба да имаш. нема никаква поврзаност дечко девојка со друштво, дали има некој или не, со тоа дали е добар или лош како човек. индивидуална работа е тоа и моментална состојба.
Em singl, em bez drugarki. Sto ponatamu? ZIVOTOT PRODOLZUVA... Moze i podobro otkolku koga ste imale nekogo i plus drugarki. Ako bile dovolno dobri ke ostanele vo nasa blizina...
Читајте и ги мислењата на сите теми.. Да не знаеш дали да плачеш или да се смееш... Нејзините мислења ме потсеќаат на една комшивка шо секогаш кога ќе не видеше мене и ќерка и во машко друштво ќе ни кажеше: „Сакаат само да ве искористат, да ве еб*т. Затоа се дружат со вас. Не се дружете со нив!“. Јас ден денес сум најдобра пријателка со 5-6 другари (со кои никогаш ништо повеќе од другарство не сум имала) а нејзината ќерка поради „забрана“ за дружба со машки ја помина цел град..
А во што тоа сметаат, зошто да не може да се одржи истиот однос што си го имала со некој другар пред да имаш дечко и од кога ќе имаш дечко? Од вакви како тебе што размислуваат и што кога ќе фатат дечко, он им е центарот на светот и се се врти околу него, пукаат пријателства што претходно траеле со години, и кога ќе те остави дечкото ќе останеш сама.
значи јас каѕав ѕа мене дека неам другари. и дека сметам дека едниствен и највреден другар треба да е партнерот, а пријатели колку ти душа сака. и тоа е тоа. пола од тука иѕмешаа пријател/и со другари/ки, пола споредија со тоа дали е некој добра или лоша особа, пола од тука немаат другарки а имаат само другари пола од тука имаат само другарки а немаат другари некој имаат мешано друштво и тоа е тоа. реков смета во смисол ке немаш време и мозност да се друѕиш и стварно не ми е јасно што ви е чудно ? што ми реплицирате на мене место на личноста што побара мислење.? фала на внимание во секој случај.
Тоа е уште една потврда дека постои однос другар другарка, за разлика од многу кои мислат дека мора да има свиѓање од едната страна
Јас сега ја видов темава и буквално бев иста. Моите "другарки" имаа дечковци, а што е најјакото едната е со мојот бивши, а јас тој период бев онака, релакс, немав дечко. И шо, секоја недела дали 1-2 ќе ги видиш саламно. И кога ќе седнете заедно конечно да се преприкажете, у тел зјапаат, оти дечкото и пишувал. Јас такви нај ги нејкам. Незнам за вас.
Сега, не се сум во контакт со "другаркиве", а и боље ми е без нив. Живот си иде. Ќе сретнеме еден куп и другарки, и другари, па и дечко ќе си најдиш. Не се врти се околу едни исти.
Јас маж ми го запознав на тиндер. После долга врска (кој исто така на времето го запознав на мирц) сите другарки ми беа во парови, една година поминав сама, и бидејќи не одам по дискотеки, си најдов како сама да си запознаам некого. Барем на денешно време има решение за се. Сингл бев колку што сакав да бидам. Може да треба време додека да си најдеш некој што баш ќе ти одговара, ама за да се запознаеш со нови луѓе јас барем не го доживувам како нешто тешко.
Оди во теретана, таму ќе најдеш друштво, почнувајки од инструкторките па се до другите девојки што вежбаат.
Јас ги тргнав од мојот живот таквите луѓе негативни по разно разни причини но нови не најдов, и не се каам, инаку цел живот е пред нас и искрено другари и другарки откако ќе си најдеш дечко односно сопруг а јас девојка и сопруга се поретко и поретко ќе гледаш,ќе имаш повеќе обврски кон работа, куќа деца и слично (истото за сите важи).
Епа така е. Не може цел живот со едни исти да си. Се ќе си дојде на свое. И јас нови не сум нашла после нив, вака засега е супер.