Здраво. Ова е моето мислење. Мене ми пречи некогаш што машките ги учиме дека треба да ја освојат жената. Освојувањето малку звучи како одкако ќе го освоиш нештото, па твое и го поседуваш. Никој на никого не може да поседува. Ако не гледаш на жената како на нешто кое треба да го освоиш, нема да и се лутиш ако те одбие. Понекогаш исто така се случува ( не зборам за тебе ама во контекст на освојувањето ) машките да мислат дека жените сакаат упорни мажи. Можеби има жени што сакаат такви мажи и јас таквите жени не ги разбирам во кој филм се. Јас на пример, не сакам упорност до бескрај. Кога некој ми изјавува дека му се свиѓам, ако и он ми се свиѓа мене, ќе излеземе. Ако не ми се свиѓа не му го губам времето правејќи се недостижна. Пошо сум читала мажи силувале жени и мислеле дека тоа им се свиѓа, дека тие се борат за нивната љубов. Но, има разлика според мене во правење недостижна и одбивање. Кога за некоја велиш се прави недостижна мене тоа ми звучи како да и се свиѓаш ама нејќе да покаже дека е "лесна" па ајде малце време. Кога те одбива е скрос друго, односно не и се свиѓаш. Не мора да значи дека нешто не е во ред со тебе. Ниту па дека нешто не е во ред со неа. Едноставно некогаш не и се свиѓаш, и тебе некоја може да не ти се свиѓа и тоа е скрос нормално. Ќе згрешиш и ако си многу самокритичен кон себе, ќе згрешиш и ако ги обвинуваш тие што те одбиле дека до нив е проблемот. Твое е само да бидеш добар човек.
Не мислев освојување во тој контекст како ти што го кажа туку да допрам до нејзе на еден фин начин со муабет, шали итн.Исто така ми спомна дека сум бил упорен што не е точно, јас пробував сето тоа да оди полека без да почувстува напнатост и одбивност. Имало знаци од нејзина страна за нешто повеќе, пробував тие знаци да ги прочитам како што треба ама на крајот немаше ефект и затоа се прашувам каде е проблемот? Каде грешам? Затоа и беше прашањето поставено погоре што очекуваат жените од едно машко? Одговорот ми е многу битен за понатака...
A од каде си сигурен дека биле знаци? Јас еве ќе ти кажам за мене, никогаш не заклучувам дека му се свиѓам на некој пошо нејќам нечија љубезност да ја преовеличам, се дури не ми каже јасно и гласно. Од кај да знам, може не сум толку бистра, може други проценуваат добро. Пак ќе ти речам не значи дека грешиш. Треба да си го тргнеш тоа од главата дека ако некоја те одбила мора да е затоа што си згрешил нешто. Едноставно може само не и се свиѓаш. А што очекуваат жените, секоја жена ќе ти даде различен одговор. Битно е ти да си ОК особа. Жените го сакаат тоа што го сака секоја личност на планетава земја. Добрина, љубов. Има жени што може сакаат пари, има сакаат груби мажи, некои сакаат нежни мажи, некои сакаат комуникативни, некои сакаат тивки и повлечени, зависно од карактерот на секоја жена такви и се преференциите. Нема да ти биде од помош да учиш од книги што сакаат жените. Имај на ум дека жените не се некој суштества којзнае какви, и сите работи што ти се пријатни тебе им се пријатни и на жените. Сите луѓе сакаме почит, сите сакаме љубов, сигурност, поддршка. Ова не се карактеристики само жена што ги бара. И ти ги бараш и сите мажи. А за да знаеме кај бил проблемот со таа конкретна женска, таа треба да дојде да каже, ние овде што да ти кажеме
Некогаш самиот поглед доволно кажува, немора да ми каже јасно и гласно. Како и да е, приказнава ја кажав само за да дојдам до прашањето и го добив одговорот. Фала.
Најдобронамерно ќе ти кажам, некогаш се случува да ни се свиѓа некој многу и да мислиме дека ни дал некакви знаци, а во реалноста да не било така. Ми се има случено и мене и на многу луѓе.
Точно е. И мене ми се има случено. Едноставно не ви било судено да речам. Ќе си најдеш друга. Треба само да си природен, ништо друго не треба.
Ова сѐ кажува за него... Според него тука не постои опцијата “што и да направи, едноставно НЕ и се допаѓа”. Он си ја нашол таква каква што си замислува, кој ја праша неа дали е он таков каков што таа си замислува. И ако не е, ќе се направи, барем додека не ја ќари, за после ќе видиме... После одговорот подолу, мислам дека нема што да се додаде...
Јас многу добро те разбирам што сакаш да ми кажеш и го знам истото. Неќам да испадне дека се фалам ама многу сум добар во психологија, многу добро знам да проценам човек како размислува какви намери има итн. Имам поинакво гледање на работите, поинакво размислување и поинаков карактер сум. Можеби тоа е дар од господ незнам ама пошто неможам да најдам девојка што е слична на мене (во години сум каде што почнувам да размислувам за нешто повеќе) најверојатно тоа е хендикеп.
Муабетите ги вртите како вас ви одговара, зборовите ги превртувате во ваша полза али нема везе, не ни требаше да пишам на јавен форум.
@stefan123456789 Можеби утре ќе ја најдеш вистинската ама треба да и спремен дека можеби и на 35 ќе ја најдеш. Нека не ти биде главна преокупација тоа, не викам дека ти е туку да не ти биде. Уживај во останатите убавини на животот и се ќе си дојде во свое време. Не е една единствена, некоја ќе сакаш повеќе и повистински.
Не да се фалам, ама многу сум добра во психологија, многу добро знам да проценам човек како размислува какви намери има итн. А ти ми личиш дека имаш една жичка на самобендисаност и егоцентричност.
Ни едното ни другото, јас сум само еден скромен човек кој што гледа и размислува поинаку од другите и реков дека малкумина се тие што можат да ме разберат така да не очекувам ни ти да ме разбереш затоа што си различна. И пак ќе кажам, одговорот ми беше најбитен да го добијам а не приказната да ја анализираме.
Одговор нема пошто секоја девојка е приказна сама за себе. Некоја очекува од машко само секс, некоја само разговори, некоја љубов и топлина... Не може во има на сите девојки некој да ти одговори. Всушност не е битно што очекува девојка од некое машко, битно е дека девојката те одбила и треба да продолжиш. Да, секој сака љубов, поддршка, сигурност и се останато што си набројал ама пред се треба карактерот да и се свиди и да кликне нешто помеѓу вас. Џабе сите тие квалитети да ги поседува ако не осеќаш ништо спрема него....љубов, сигурност, поддршка доаѓаат понатаму со тек на време, а не можеш да му бидеш сигурност на некој што те знае неколку месеци. Ќе и пружиш во иднина сето тоа на некоја што заслужува. Очигледно не поминало доволно време па може оваа си ја исфорсирал и те одбила. Или едноставно не била воопшто заинтересирана за тебе...ако барем малку чувствувала нешто за тебе ќе ти дала шанса. Само едно не ми е јасно зошто си морал да спомнеш дали е убава или не, ама ај....
На пример, да ја смета за најубава девојка таа со која е. На пример само )( Не за, "не толку убава"… каква што ни ја претстави. Али добро. Несигурностите си го прават своето па така и тука.
Секоја жена си има своја убавина. Ако погледнеме на поглобално ниво и ако правиме споредба не е најубавата на светот и затоа го пишав тоа, сакав да кажам дека убавината не ми е на прво место, иначе чим сум ја одбрал мене лично ми е најубава.
Ако човек паѓа во депресија поради тоа што е "сингл" и без пријатели,се прашувам што ќе биде со него ако не дај боже вистински проблем му се појави..Научете сами да функционирате.Може ќе звучам идиотски ама на никој не му е гајле за другите.Не паѓајте на фори вистински пријатели,лојалност и сл.Се е денеска КОРИСТ.Бидете храбри, главата горе и не кукајте за глупости..Човек без сите може ,ама без себе не.
Шо збориш бе, колку си препаметна. Не биле вистински проблеми да си сингл и да немаш пријатели. Се читаш што пишуваш или само да се најдам во муабет? Ако имаш научено да функционираш сама што бараш на форумов? Изгаси секаква комуникација со човечки род.
Убаво знам што зборувам ,не се секирај.Ајде тапкај те си по рамо.Јас тука не барам совети ако не е вистински проблем. Чао.
Ама мене не ми е јасно што бараш на форумов ако си прејака, независна женска која нема потреба од никого? Не си ништо од тоа. Само си смешна. Сама си се убедуваш дека си,.