^ Летово што ќе биде ќе биде , ќе го истуркаш некако : Немој кога ќе појдеш во Спетември во Скопје со првите девојчиња што ќе се запознаеш да се зближиш премногу и се да им кажеш за тебе . Има секакви на денешницава и биди на одредена дистанца пред да му се отвориш . Од кај знаеш на кој можеш да налеташ, па дури тогаш да правиме муабет за депресии ..Не сум песимист туку реална...
Фала девојки...секако дека ќе внимавам во какво друштво ќе западнам...и едно нешто што го имам научено до сега е тоа дека на никому не треба да му се има целосна доверба(секако освен на мајками,семејството) и да не се ограничувам само на 2-3 другарки...сенадевам дека ќе успеам да се вклопам во новата средина..позздрав
Во темава некако се пронајдов, но се потсетив и на минатото, и јас бев исти случај, моите другарки се чудни типови на луѓе . Сакам секогаш на секого да помогнам, ама баш во се , без разлика дали е за учење, дали е за дотерување ( а најцесто за тоа ме и викаа ) да им позајмам облека, да им дадам преса за коса, имам три и јас не ги користам имам природна коса, и ретко да се пеглам... Кога јас им мислам добро , тие ме сфакаа погрешно... и топа траеше така еден дооолг период се додека еден ден не ги седнав да им кажам што и како одат работите, им реков, фино лепо или бидете другарки или да немаме никаков контакт, јас сум најпоследна на листата кога треба да се оди некаде, а кога треба да дадам нешто , ехееее тука сум меѓу првите. Имам една братучетка и таа знам дека е со мене само од корист, но знаејќи ја нејзината домашна ситуација ( дека не и даваат доволно пари да купи основни работи ) јас секогаш и давам се што и треба и на крајот, таа ми враќа со тоа што ме трачари кај ќе стигне е сега се налутив и не ја регистрирам не ја ни жалам Сакам да кажам за дечкото супер ми е заедно сме 1ипол година, но мене сепак ми требаат другарките, и имам така една нај нај добра другарка , со која што разговарам ама баш за се, и таа секогас кога ќе згреши ми вика :- ех да те слушав тебе сега немаше да биде така, и често таа ги прифака моите совети зошто знае дека не и мсилам лошо. Си излегувам и со ниф и со децкото не ги запозтавувам, тие ме запозтавуваа мене но се додека не решивме сите заедно да разговараме, ауу освен таа најдобрата другите се понашаа со мене , ама сега ахахахаха е сега ме нема, кога тие се понашаат .. и јас фино лепо знам да се испонашам
здраво девојки, темава е како порачана за мене. Секогаш ја правам истата грешка и се дружам само со друштвото на моменталниот дечко, па кога ке раскинам имам дупла загуба. Време е нешто да се смени. Иначе мислам дека сте малку помали од мене... така да имате време да не ги правите моите грешки. Иначе која е за кафе - нека повели
Потполно иста ситуација и кај мене. И со возраста сме тука некаде. Затоа помаливе нека не губат надеж
Најпрво да се извинам ако некого навредам затоа што не ми е тоа намерата. Ве читам редовно на темава, и пробувам да ве сфатам, и до некаде ве разбирам, ама не се согласувам дека вината треба да ја барате само во оние кои ве откачуваат туку малце и да размислите како вие постапувате. Дали вие кога ќе фатите дечко се наслонувате само на него и неговото друштво и ги откачувате вашите другарки, дали сте тука за вашите другарки и за нивните потреби и дали сте добар слушател... Најважно од се е дали зборувате за вашите другарки позади нивен грб. И ова последново го кажав, затоа што токму оние девојки кои ги знам, се без другарки заради озборувањето. Ќе се запознаат со некого, ќе се здружат, и после го оговараат на други и... се дознава тоа. Друга работа е што сега, повеќето контакти се создаваат на ФБ, а не во вистински живот. Никогаш немојте да се ослонувате на ФБ пријателства со луѓе кои не ги знаете, за сметка на вистинските пријатели. Во другарството треба да се дава. И тоа многу. Јас имам голем круг на пријатели, ама секогаш сум тука за нив. И кога бев во странство, другарка ми ми се јави во 3 по полноќ мое време за да ми каже многу важна ( за неа) работа, па ја ислушав, а не и реков да ми се јави за 6 саата, да се наспијам прво... Да сумирам... Бидете комуникативни и искрени (прво кон себе па и кон другите), смејте се (не бидете намќор) и зрачете позитивна енергија. Сите ќе сакаат да бидат до вас. Сите.
pa vidi dogovori se so tie drugarki da te zapoznaat so nekoj .. sigurno nivnite dechkovci imaat drugari
И моите другарки се во врска, а јас сум сама... Па баш ми е убаво, само што понекогаш за излегување е заебано, но се издржува...
Јас пак и да сум во врска и да не сум секогаш другарките ми се на прво место! Прво дечкото го запознавам со моето друштво па после со неговото чат пат колку да не биде му го избегнувам друштвото хаха. Пошто знам дека кога ќе раскинеме и неговото друштвото нема да сака да е со мене тоа е тоа
Искрено никогаш не ми се случило, ама можно е. Еве сега со дечко ми се е прекрасно, но другарките се оддалечија од мене, ама не разбираат дека сега пола-пола мора да биде. Пола време со нив, пола со дечкото. Не и исто кога сите бевме сингл и беше оу јееееееееее, не ни требаат дечковци. Кој ги врти, они ко ќе фатат истото ќе биде..
Ми се има случено ова пред 2 год. имав дечко а имав и другарки имав 2 најдобри и уште неколку од страна што се дружевме се беше супер ок се дури не се скарав со дечкото тој почна да кажува некои невистина за мене а моите "најверни другарки" почнаја да ме одбегнуваа , на школо беше сето катастрофа јас се обидував да му објаснам да му кажам дека тоа е глупост која не е вистинита но едната си се повлече а другата сосема се одалечи од мене а не беше доволно само тоа туку сакаше со сите да ме сакара(а учевме во исто оделение) и таа почна на сите да му треси глупости и се здружија со мојот бивши дечко и сега мислеја заедно сме посилни сака сосема да ме турна да ме уништа и не викам не успееја во тоа бев со сосема сама само едно чупе од оделението кое немаше другарки беше со мене но не беше то то не можевме да бидиме ние 2 против сите и така се повлеков бев повеќе со домашните се обидов да му докажам на сите дека не сум таква и дека нема да можат да ме турнат (не со зборови туку со дела) иако бев сама не попуштав многу ми беше тешко навистина. Таа што ми беше најдобра другарка што се здружи со мојот бивши дечко се обиде цело оделение да го собери и мене да не ме викнат да останам сама но едно чупе ме вика со нив да ја прам нова година и така пополека се средија работите јас си најдов нови другарки ново друштво, но како да не беше се тоа што ми се случи доволно туку и ја запознав и ја влечкав со мене таа другарка која се повлече во најтешкото и која не беше со мене , но тоа е јас наивна и глупа ајде иди со мене ова она и оп таа ме скара и со новот друштво и си се повлече со нив јас повторно останав сама но се запознав со дечко ми со него до сега се ми е супер ми е како најверен другар , но не е тоа то имам сега некои другарки од класо што ги запознав но не ми одговараат тие само озборуваат а јас сакам со некој да си напрам нормален муабет а не само да кажувам ова ваква она онаква .И сега имам другарки но не ми одговараат му благодарам на госпот што ми го прати дечко ми кој е со мене секогаш кога ми е тешко но сега се обидувам да си најдам другарки но нема и нема што да правам тоа е ќе се помирам со судбината
Јас сум во многу долга врска и никогаш не сум заборавила на другарките баш од овие причини.Секогаш наогам време и за нив и за дечко ми.Ако ништо друго барем еднаш неделно се собираме на кафе и така си одржуваме контакти една со друга.Иако сите сме со многу долги врски никогаш не забораваме една на друга.Голема грешка прават тие што кога ке си фатат дечко забораваат на другарките и цело време го поминуваат со него.Оти ништо не е вечно.Ке се скараш со дечкото и после ем сингл,ем без другарки
Момче е моче другарки се другарки, неопходно е да се балансира помеѓу нив. Ако не постои баланс,многу веројатно е дека еден од тие два елементи ке се изгуби,без разлика дали тоа ке биде момчето или друштвото. Сепак мора да постои јасна дистикција за тоа што е приоритет,другарките не траат вечно со текот не времето,секое другарство постепено се сведува на тоа еј оваа ми е другарка, но се гледаме еднаш месечно, на тоа влијаат многу фактори - факс,училиште,работа,дополнителни фактори кој со текот на времето ги има се повеќе и повеќе, за на крајот да сватиш дека сите си ја бркаат својата работа,и како што поминуваат годините така друштвото станува се понебитно и понебитно, и се сведува на искачање на кафе еднаш или два пати месечно,ова во најдобри случаеви. Можеби ни момчињата не траат вечно, за кого како но доколку се работи за посериозна долга врска,секако тој ми е на прво место а потоа другарките. Ако сакаат да излеземе заедно тогаш супер,но доколку намирисам и најмало условување,или прекор зашто и него сум го донела,тогаш следува едно големо чао. Не сум јас виновна ако некоја не може да си најде момче,или и да го најде да не знае да го задржи. Но ако се сака сепак може да се најде време за сите.
еве јас да кажам на таа тема: првата врска ми беше 6 години,никогаш не заборавив на моите другарки но бев приметила дека кога ке ги викнам кај мене идат а ако излеземе во кафич тогаш само со моб и само вртат очи ваму таму гледат по народот (со оправдување ааа ти имаш врска ама ние мора да најдеме и за нас) ок најди ама не додека си на кафе бе откако бев се верила ниеднаш немаа време да дојдат (ти си домакинка не ни се исти темите за разговор) кога се разведов сватив дека 70% од нив не ми се ни биле другарки (од 11 само 4-5 остана покрај мене и да се јават за излевање) ок си продолжив со другите но ете дел од нив имаа дечковци а дел си фатија и они дечковци и луге заборавија на сите,еднаш не им се деси да се јават за кафе демек дечко имат шо ке ми се другарки почнав да излевам со пријателки а со моите другарки си бев здраво како сте (ниту еднаш не им се јавив) освен на две кои никогаш и покрај големите врски не заборавија на мене...еден ден гледам на моб ми звони една од такозваните другарки и сватив дека е раскинала со дечкото но јас и реков фино лепо дека имам план за вечер и ке се слушнаме друг пат (не сме се слушнале до ден денес-мене кога ми беше потребна не ме е*ање 2% епа сеа не ми требаш ни ти) кога почнав со сегашниот оп сите ми стана пак другарки (во нивен памет) ама мене веке не ми треба,до ден денес сум само со 2 од нив а останатите (една и се разведе а ме исмејуваше по народ за мојот развод) а другите не ме ни интересира кај се....сакам да кажам дека глава горе и не се бутајте на сила секаде,ако некој те цени немора сто пати да му звонаш или спомнуваш за излевање сам ке ти понуди,а после дожд секогаш иде сонце... Некогаш и да сакаш да бидес 50-50 (дечко и другарки) нема еден од нив да дозволи,а ако бидеш само со дечкоти а забораваш дека имаш другарки тоа е знак дека после крајот на врската остануваш без другарки
Znaci .... Da, drugarkite se najvazni tocno, onie vistinskite. I ti bidi mnogu srekna so gi imas niv, bez razlika kolku vreme denot ste zaedno. Vazno e deka sekogas se tuka za tebe, vo najteskite momenti. ..a sepak za drugarki postojat sekakvi so edni ke odis po zurki, so druga da piete kafe, so treta vo soping... drugarka za uciliste i pozajmeni knigi i zabeleski i taka natamu. Naj vazno e ti samo da si dovolno komunikativna, nasmeana, druzeljubiva .... Zatoa sto drustvoto e sekogas najvaznoto
Имам поминато низ ваков период и тоа едно добри три години ,да речам најубавите години од 17-20 многу им благодарам на "другарките "тогашни и на бившиот затоа што да не беше тој период на осаменост никогаш немаше да созреам и ќе живеев во розев свет каде мислев дека постои искрено другарство .Јас бев една од тие девојки која си вети на себе си дека кога ќе има врска нема да ги запоставам другарките така и беше се гледав и со тогашниот ми дечко и имав време секогаш за нив за да пиеме кафе,за да излегуваме ,а тие беа тука колку да ми ја расипат врската ,не викам сега дека и тој бил светец небитно. Така да кога раскинав со него и нив ги немаше никаде да прашаат како сум дали ќе излегувам со нив ,моите тогашни соученички не излегуваа многу ,а некои имаа дечковци ,излегувања со другарките не ги интересираа .Е сега одговор на прашањето како понатаму?Понатаму бев сама не излегував никаде моја релација беше дома-училиште ,преку лето се шетав сама низ град ,си читав книги ,пишував поезија и проза има вистина во онаа изрека дека човекот е најкреативен кога е сам со своите мисли и осаменоста .Откако тргнав на факултет почнав да се дружам со колешките и така постепено се придружив кон нивно друштво .Сега кога се сеќавам на тој период си честитам на самата себе си за издржливоста и на борбеноста со депресијата која ме надвладеа тогаш ,признавам ми беше тешко и плачев се прашував каде им згрешив затоа тие мене да ми го направат ама ако животот кога тогаш на сите кои ме повредиле ќе им врати
Јас сум моментално во ваква ситуација. Раскинав другарство долго деценија ипол, и врска со момак со кој се „влечев“ (он, офф) две ипол години. Не викам дека не ми е тешко, ама јас не би била јас ако не стиснам заби и не продолжам понатаму. Животот ми бил далеку од мед и млеко, па од сите тие трагедии научив една работа: како да се справувам со тешкотиите без да си го оштетувам (менталното) здравје. Сфатив, што ќе ми е квази најдобра другарка што буквално ме продаде за два дена уживање, и немаше доблест да ми ја каже вистината во лице, па ме лажеше и при здрав памет ме правеше будала? И што ќе ми е дечко што никогаш не знаел што точно сака од нашата врска, што буквално ми го губи времето, и освен љубовта што ја делиме, немаме ништо друго што не држи заедно? Ништо. Некогаш, за да можеме самите да се доведеме во ред, треба да отстраниме неколку личности од нашиот живот. Најчесто не ни сфаќаме дека тие се оние што не кочат и ни го попречуваат патот кон среќавање на нови, подобри личности, за нов, подобар живот.
Па мислам дека треба да се направи баланс меѓу дечкото и другарките. Не е убаво да заборавиш на сите само поради дечкото. Зошто незнаеш што ќе се случи утре. Ако еден ден прекинете сигурно ќе ти треба подршка од некоја од нив. А ако нормално ти заборавиш на нив, забораваат и тие. Треба да се одржува обостран контакт. Еве јас на пример со моите другарки никогаш немав конфликти по ова прашање, секогаш си се разбиравме. Дури и некогаш знаев да му откажам на дечко ми ако една од нив остане сама и нема со кој да излегува, а дечко ми знаев дека ќе најде друштво и нема да се лути. Секако дружењето не е исто како кога сте сингл, но другарството треба да се одржува, ако сметате дека е вистинско. Се случувало и да излезам со нив , а да продолжам со дечко ми, или обратно, се со цел и двете страни да се задоволни.