Ако си на 20 години ке ги сакаш другарките ама на 35 и 40 нема многу да ти фалат, можда има поединци ама штом фатат дечко ги нема сакале или неќеле
На човек секогаш му фали комуникација со пријателите, не ја разбирам таа посветеност околу партнерот.
Па ако ти се другарки колку да се сликнете на инста, сигурно дека нема да ти фалат многу. Најди си нов дечко, не ти требаат другарки што ќе ги заборавиш за неколку месеци/години.
И кога немав партнер со другарките се однесував како сестра и пак би се однесувала, темата е што со тоа што немаме ништо а не што би праврле ако имаме дечко и другарки. Јас не сум во тие што ги оставаат другарките за дечковците. Но кожам да ти кажам дека ги оставаат поради авантурата и убавите моменти со дечкото наместо со неа да седи на кафе, а така прави и таа другарка ако има дечко ке се види со нес по него..
Хахаха лошо бeв сфатена, јас сум прва за дружење само кажав зошто се случува тоа и кога ке имаш дечко кој ке те црни повеќе од другарките ке сфатиш Другарките можат и да бидат лажни за да си дозволам да ми бидат сé
И со другарките може да имате авантури, да шетате, да патувате, да ви биде интересно, да откривате нови работи, места, култури, сѐ... Да се забавувате до бесвест или да посетувате музеи и споменици, зависи што ве привлекува... Плус, можете да и кажете се, да ве ислуша, заедно да плачете, па да се смеете, да одите во шопинг, на утакмица, на фитнес, на балет. Такво другарство не може ниеден дечко да замени.
Се согласувам со тебе, ако имаш со кого и ако си на тие години слободно можеш да уживаш во животот *не сме сите со исти можности желби и сфаќања затоа да не осудуваме никого
Па ти пиша дека другарките се оставале ради авантурите со дечкото. Јас само се надоврзав дека тоа можеш и со другарки да го имаш. Многу е погрешно дека треба да ги оставиш другарките за дечко да имаш. Јас лично имам таква другарка која првиот пат се мажи за тој за кого остави се, па кога се разведе немаше кафе со кој да се напие. Но, ниедна не ја отфрливме туку напротив. И бевме поддршка долги години низ процесот на опоравување. Сега пак ја прави истата грешка со нов дечко. Јас само и посакувам овој пат да е вистинското со него и да нема потреба од нас.
Има различни друштва во некои владеее љубомора во некои корист, некои многу се сакаат и ЗНААТ да се дружат, затоа што се нафативте на моето мислење ке објаснам дека во моето друштво бевме колку да се каже, јас се трудев да се дружиме но едноставно не идеше искачавме молејки се не знавме да се дружиме темите за муабет не ни одговараа и се тоа брше порано заврши и бидна веќе затоа се посветив на дечко ми со кој добро и долго идев и не се каам, значи не е исто
Тотално се согласувам. Со мене се случува истава појава само во обратна конотација. Сите другарки исфакаа дечковци и опп останав сама,Единствено кафе на кое те покануваат е еднш во месец дома кај нив или кај вас да дојдат и прават муабет ко оние сингл што се да се загреота или ќе идат пареви некаде и ќе те поканат и ајде си велиш нормално ќе се дружам и ќе ја поминеш вечерта гледјќи ги како се бакнуваат како да не се виделе 5 години и нормално повторно нема да прифатиш. Друг многу значен пример еднш и само еднаш се изврши организација за еве girls night и еве оп тие повторно ги зеле дечковиците.. .. За нови пријателства како да не се заинтересирани многумина. Ке повикаш еднаш-два пати на кафе и потоа нормално нема да инсистираш. И во право си за машкиот пол тие држат повеќе баланс а и нормално има седум дена во неделата, не е оправудање.
Тоа со друштва додекаде те разбирам, да замолчам 5 минути и да не отоврам тема примеќам дека сите молчат, а ќе зборуваш за секакви теми од мода,до козметика до филмови и повторно исто или пишувааат на телофони без да се одвојат однего додека нешто правите и се осеќаш ко да им досадуваш.
Kакви авантури можеш да имаш со другарки, што со дечкоо можеш само да ги сонуваш, плус па ако не ти погоден, ако не сакате исти работи, авантури со дечко што да ти кажувам.
Затоа што не си била во вистинското женско друштво, не сте знаеле да се дружите, да уживате во младоста, девојчиња, колку би сакала пак да го вратам времето, да одиме по одмори, по дискотеки, ама за жал времето не се враќа, сите мои блиски другарки се веќе во брак, и покрај тоа имаат време да испаднат и да се дружиме, се е до тоа какви односи ќе изградиш со луѓето околу тебе, колку ќе се вложуваш во целиот тој процес.
@Guns N` Roses e ова е со денешнава маладина.. на уште како млади се понашат ко мажени женички , па и на дечковците им велат маженцето. Вака кога слушам би сакала да го имав твоето друштво
Точно, но не зависи само од нас тоа. Треба да е обострано тоа вложување. Ако е еднострано,тогаш само услуга ќе им направам и ќе се оддалечам, ниту ќе се јавувам, ниту ќе пишувам, ниту било каква иницијатива од моја страна ќе има. Без разлика дали се другарки, роднини, комшии, колешки и итн. Тој однос, да речам ако е однос ќе го сфатам како да ги замарам, како да со сила нешто правам....демек еве ја ваа пак пишала, се јавила...