Проблемот не е во дружбата, туку бо нас самите. Од премногу очекувања, нереални, комплекси и дозволата од дома со кого да се дружиме или не, си го прават своето. Имам примери многу каде од мала возраст еве 7-8 год. мајкава ги труе децава со кого смеат, а со кого не да се дружат. Донекаде и општеството, опкружувањето и домашното воспитување се клучни за една индивидуа.
Проблемот денес е што ретко кој е подготвен да прави компромиси и привремено да ја напушта комфорт зоната за друг човек со кој комуникацијата не му е задолжителна или условена од роднинска врска. Значи другарство не значи дека ќе ни бидат исти интересите, туку значи дека ќе имаме некои сличности според кои ќе се пронајдеме како пријатели, но ќе имаме и разлики кои ќе условат барање на компромис и прилагодување понекогаш и на она што не ти се допаѓа. Сум била во состојба да одам на журки кои воопшто не ми се допаѓале, да прифатам луѓе од страна кои биле познаници на моја другарка иако луѓето не ми одговарале, да се појавувам секаде каде што ќе ме молела да одиме, да поминувам од кај неа за заедно да одиме иако не ми било по пат, да излегуваме на кафе и внимателно да ја сослушувам а кога јас ќе дојдам на ред таа да скрола низ телефон и уште многу слични ситуации. И ништо од ова не ме натера да го прекинам пријателството. Но кога првиот пат не се појавив некаде поради полагања на факултет (значи не беше од каприц или за инает), се јавив да ја известам и да ѝ се извинам, ми рече као се' е океј бе, не грижи се, те разбирам. После тоа изнајде милион начини да ми врати. И тука веќе си дојде оддалечувањето. Друга другарка во долга врска, не излегуваше со нас на повеќе од 1-2 кафиња месечно. И во тие видувања, таа мораше да се слушне со дечко ѝ. Погрдо нешто од тоа за другарки да одвојуваш 3 саати месечно, па и во тие факинг 3 саати да мора да се слушнеш со дечко ти еднаш или двапати, мислам дека не постои. Никогаш не сум притискала другарки дека јас треба да сум им најбитна во животот, ама навистина ако дечкото секогаш го бираш пред другарството и ако со мене излегуваш само ако тој не е тука, тогаш не фала. Знам колку вложувам во другарството и знам како умеам да балансирам кога сум во врска, така што ништо помалку не прифаќам за возврат.
Не би рекла дека проблемот е во тоа, барем за мене, а повеќе во фактот дека не секој вреди да правиш компромиси и да одиш бијонд анд абав за него. Дури и при роднинска врска, не мислам дека сум условена со ништо ако сметам дека комуникацијата нема да ми вроди ништо и ќе биде скроз џабе потрошено време. Таа екстра милја воопшто не е тешка за мене, и со задоволство ја поминувам за тие кои ја заслужуваат. Но во моментот кога реципроцитетниот баланс е нарушен на големо, прекинувам и око не ми трепнува. Со вториот пасус се согласувам, но единствено ако горното е исполното и двете страни се на иста страница.
За да вреди да правиш компромис, колку што те сфаќам е истото да го прави и спротивната страна. Значи ако другата страна не прави отстапки понекогаш од сопствените начини, тогаш и ти нема да правиш ништо повеќе за таа личност и тука се чека моментот на кулминација на различностите. Така доаѓаме до тоа кое јас го имам пишано, дека денес сите чекаме некој друг да направи компромис и ретко кој е подготвен да почне прв да отстапува од нешто замислено, а ги има и такви кои не го возвраќаат тоа. Па на првиот судир на интереси доаѓа до домино ефект со кој се руши сето она што дотогаш опстојувало. За роднинските врски ги споменав како пример за кој некои можеби би исполниле нешто повеќе. Но не мора да е правило. Значи генерално за исто зборуваме.
Јас не чекам некој да го направи првиот чекор место мене, оти по принцип правам што сакам без да чекам нешто/некој. Ама тоа не значи дека не согледувам каква реакција ќе добијам, и дека истата не ја земам во обзир. Болдот не е проблемот кај мене. Спрема тоа, јас немам проблем да направам нешто за некој друг повеќе пати, се' додека другата страна разбира што сум направила. Што автоматки не значи дека ќе сакам нешто за возврат, оти по принцип сакам се' да си завршам сама исто, туку да го почитува направеното и да го има во предвид при нашиот однос понатаму. Ниту благодарност сакам. Условот е да биде свесна и совесна личност, а тоа излегува дека е најтешко во денешно време. Инаку, јас не те цитирав поради разминување на ставовите и обид да сменам мислење, туку само искористив прилика да се изјаснам по темата на готово т.е. на основа на твоето мислење. Се надевам не е е проблем.
Ќе кажам општо неколку збора за темава, првпат ја видов и некако ми боди очи насловот, многу застрашувачки, баш не ми се свиѓа. Сите скоро сме поминале некој период каде што сме осетиле дека другарките си терат по свое а дечкото нели го чекаме да дојди ама го нема , епа драги мои се е до нашата психа, колку се цениме самите, колку самите си го разубавуваме животот...Сум сменила доста контакти со пријатели, другарки, познанички..., не значи дека тие што ти се прави другарки дека се се на светот, епа јас имам пријателки што ги осеќам некогаш многу поблиски од овие регуларните. Сакам да кажам дека највредно е да си посветиме доволно внимание на нас, да бидеме креативни, да му дадеме смисол на нашите цели, да се изградиме како личности, луѓето доаѓаат и си одат, ние сме тука, и тој "дечко" не е се на светот, ако сами не знаеме да се цениме и сакаме џабе друга личност ќе ни го докажува тоа.
Јас одувек сум била сингл, тоа не ми сметало ниту погодило толку бидејќи со тек на време сфаќаш дека или ќе си дојде природно ако требало така да биде или нема. Отсекогаш сум имала другарки две онака најблиски и плус луѓе кои ги знаеш и се дружите привремено и се сметате за другари. Но, за блиска другарка зборувам кога имате секојдневна комуникација, гледање, испаѓање, се знаете за себе, сите роднини, сите безвезни или мачни мисли можете да си ги споделите. Епа луѓе сега тоа веќе го немам. И многу ме болеше, не сум била во врска за да споредам, но еве вие кажете ми дали е ист процесот. Боли затоа што прекинуваш навики кои што траеле со години и затоа што не знаеш што ќе правиш наместо сè што си правел досега. Но, јас бев таа што се реши на тој чекор затоа што многу повеќе ме болеше да останам во другарството кога знам дека повеќе не сум почитувана како што бев, кога пред мене се претвара или кога со други луѓе е комплетно различна личност со која таква да ја запознаев воопшто немаше ни да се дружиме. Башка и директно со однесување и зборови ме повреди, но пак и дадов шанса. Знаеше дека ме имаше повредено и тоа ништо не и' значеше. Ставив крај со неверојатна решителност да продолжам со моето. И ден денес не се каам ниту пак ми недостига. Сè ценам што поминав со неа, никому ништо лошо нема да кажам за неа. Дури и да ми ср јави, ќе ја услужам. Но, скоро во истиот момент се случува до ден денес не знам што беше тоа, друга блиска другарка што ми е од детството да ми се налути за банална причина врз која јас немав контрола и од тогаш да не комуницира со мене. Така останав без двете најблиски пријателки скоро во еден ист момент. За првата јас имав одлучено, а за вторава многу повеќе ме болеше, ама признавам дека и јас тука сум крива што заради гордост не отидов да го решам недоразбирањето. И ќе беше поинаку. Не можам да си се сфатам. Но, еве сум сега. Не ми фалат, ги немам и сингл сум. Сега запознав други луѓе ама никогаш со никого нема да имам таква дружба или блискост. И сега моментално океј сум со тоа. Повеќе ги ценам луѓето и ретките моменти на дружба бидејќи навистина ги користам за тоа, за good times. Инаку со нив две станував презаситена и од нив и од самата себеси. Премногу драма и секаква енергија. Сега ако ми треба простор да си се искажам еве кај доаѓам и дури гајле ми е ако никој не прочита (ама знам дека ве има, затоа фала ви ). Фала богу си ја имам работата, моето семејство и луѓе со кои што можам убаво да се дружам. Сега сум дури поотворена кон различни луѓе и секакви идеи. Што се однесува до дечкото што го немам, толку поминав без него, што не ни знам што пропуштам
Доколку немате друштво, дечко, некој со кој можете да си поминете убаво, верувајте ми дека преку компанијава ќе имате можност да се запознаете со многу луѓе и притоа да се спријателите. Ова ви го кажувам од лично искуство. Пред се компанијава се занимава со производство на кафе, компанијата е во Скопје и може да дојде било кој ако ништо друго ќе ја види атмосферата и се надевам на повеќето од вас ќе ви се допадне. Еве ви убава можност да излезете од дома и да запознаете многу луѓе.
О бре. Пишува "се надевам преку компанијаВА" подоле пишала дека е од Скопје. И ја од кај да знам која точно. Ме интересира која.
Јас сум како магнет за погрешни другарки. Се до сега што сум имала или зборуваат лошо за мене или не ме поднесуваат. Јас многу се трудам за луѓето околу мене и у принцип сум добра другарка. Тешко е денес да се најде човек од доверба. Се помирив со тоа дека не можам да најдам и дечко исто така.
И мене за тебе таков впечаток ми остави. Тешко е, ама дојдат кога тогаш. За да дојде вистинското треба да го изгубиме лажното.
Исто и јас само погрешни другарки сум имала во животот. Се додека имаат корист од тебе се дружат, а потоа те забораваат.