@Summerbaby тоа е, "мора" под дифолт до нас да е. Сум губела време преиспитувајќи се, сум менувала работи кај себе и сум сфатила дека не е ни до тоа и сум застанала и си држам до ставот дека не би се менувала за некого. Секогаш сум пазела како комуницирам и сум била со мислењето: што и да има, да се реши отворено. Главната причина ја гледам во тоа што другата страна има проблем со комуникација и на површина пливаат после го*на. Оти машкото не сфаќа дека со женското треба да се едно, а не контра (демек ај сеа топло-ладно ќе и' правам, па ај вака - х работи кај што губиш интерес). Да не го зборувам делот кај што се осакатени од некоја и немаа ни срам ни перде, па ти раскажуваат приказни. Као јас мора да сум принудена да го трпам тоа.? Не, фала. Мене мајка ми не ме воспитувала да трпам такви, а јас уште толку не си дозволувам да паѓам на тоа ниво.
Со школкските другарки после четврта се растуривме сега работам и со колешките сме строго службено и сите тие си имаат живот и без мене, не им треба блиска колешка ниту нова другарка И како на овој начин се сега да стигнам до пријателка? Јас на ова мислам кога го читам насловот на темава
Апсоутно.. или да се менувам за другарици кои освен дечко друго не гледаат.Барем да се дружеа со друѓи луѓе да речам до мене е .. Ама си верувам во карма паа .
Купената облека не е за во плакар. Средена и во друштво со самодовербата, светот е убаво место за шетање
Можеби така за излегување не,зависи од околината. Но јас сама имам отидено на одмор надвор од државата, И најдобриот одмор додесга. Се запознав веднаш со луѓе, шетавме,дружевме..
Феминки сменив околина и врќе 2 месеци сум со исти колешки и не се опуштам.. подобро проаѓам со тие кои нр ми прават многу муабет одколку со тие што многу сајаат да зборат.. седам на страна и чекам муштерии додека другите се на купче и се смеат зборат а јас ниту сум во тек со нивниот муабет што си го имаат ниту кога ке ме викнат имам како да се надоврзам.. мислев дека нешто јас не се вклопувам после сфатив дека не можам да им се надоврзувам на нивните теми. Не сум отфрлена ме прифаќаат но немам како да престанам да се срамам и да сум лабава
Затоа што иниформата ни е целс црна и зима да не ми е ладно доаѓав така само римелче и се црно и сега почнав да се дотерувам во нормални граници и ми викаат оо ана кај шеташе вака дотерана.. ставам слика на стори како во тренд што е редовна сум со слики хахаха и нон стоп ме прашуваат ее каде беше синоќа (како да ти кажам дека никаде не одам и дека само слики ставам
@Аничкаa па земи излези. Нема што да лажеш - ваму бев, таму бев. Не е работата да ставаш слики, а дома да седеш.
Излагам чат пат до бутици пошо само таму можам сама на кафе не можам сама хаха ама зборот ми е не можам да сум искрена пред нив.. сите ваму бев како сме си поминале ова она а ја онака само ☺☺☺ и што да кажам за себе дома работа дома како домакинка
Знам дека кога сменеш околина ти треба време да се навикнеш, но можеш да го смениш тоа, повикај ги на кафе некој ден немора сите баре 2 или 1 колешка така се почнува пријателството направи го тој чекор зошто да ти е срам биди слободна зборувај кажувај повеќе за тебе можеби ќе пронајдете заеднички работи и ќе се поврзете повеќе.
Немам храброст да викнам на кафе затоа што сите се презафатени со нивниот фул живот кој дечко кој полна друштво и да останам на "ај ке биде" не можам пошто осеќам што ќе упали што не. Ние сме како "мора да работиме заедно и нема ништо друго зашто да сакаат да излезат со мене"
Две од колешките ми сее од населба и одат со кола и ни викаат ај ке те земеме еднаш два пати ке пишев ке ми пишеа. И ме фати срам да им се наметнувам со дојдов со бусс и затоа што не им се јавив да одам со нив ми изреагираа као бог да чува јави се ке те земеме и вака не испаднав ок што поштено не ги замарав секој ден ај земи ме земи ме
Ти не ги замараш, тие се понудиле. Вака испаѓа, ти нејќеш да им се наметнуваш, а тие мислат дека не им се јавуваш пошто нејќеш да се дружите. Можеш да им предложиш да давате пари за гориво за колата.
И за горивото помислив но не слушнав никој до сега декњ си дсвале пари и ако се понудам и ми се испонаша дека трескам глупости ке се засрамам
@Аничкаa сосема во ред е да прашаш дали е потребно да дадеш за гориво. Нема ништо лошо во тоа, туку само даваш до знаење дека си свесна и внимателна. Предложи заедничко дружење после работа, ако веќе сакаш да се зближиш. Ќе одите некаде на јадење/пиење..
Многу е погрешно да мислиш вака... Премногу размислуваш, и јас понекогаш сум таква, па си мислам што ако пречам, што ако ги замарам луѓето и ме викнале само од куртоазија. Но не е така. Штом те викнале, значи не се наметнуваш. Ова со горивото е добра идеја, можеш да предложиш. Или да излезете заедно некогаш.
Ама таа вели дека не ја викнале, туку она им пишувала за да ги праша, па тогаш и викале да дојде. Што ќе и кажат, не може? Ова звучи многу лошо. Се гледа дека не знаат како да те откачат па тебе те криват дека не си се јавила. Од самото однесување на девојкиве ќе се сфати колку сакаат да се дружат со неа. Нема потреба од форсирање, подобро е сам отколку во друштво кај што се осеќаш како трето тркало.