Јас сум машко имам 19г и сум во слична ситуација немам девојка и другарки. Додека одев во средно школо секако дека имав и познавав доста девојки. Но сега откако завршив средно 6 месеци немам девојка ни другарки. Како би можел да најдам девојка сега кога немам никаков контакт со женски пол веќе 6 месеци ?
Ај што имам дечко, он си има свое друштво јас немам и немам намера да се мешам со негови другари/другарки зошто не ме засега за нив, а верувам и дека на нив не им е гајле за мене. Јас сум без "вистински" другарки цел живот, тие што ми се сега ми се од корист и јас сум им на нив од корист и така ќе остане. Порано плачев и љубоморев на тие што имаат вистинска дружба, зошто мислев дека нешто не е во ред со мене, па се виде и лицето на тие друштва дека ептен од корист се. Порано во средно ГИ МОЛЕВ на кафе да искочиме и кога ќе дојде до плаќање, немале пари за 70 денари кафе, а пари фрлаа на шминки. Со други не сум зборела цела година за роденден ме викаат зошто нормално сакале подароци. Има уште примери овие ми се онака колку да се фатам за коса.
Е не ќе се лигавам за да ме засакаат и да ме прифатат. Демек цел живот ми зависи од дечко ми па морам во негово друштво да се пикам.
Убаво е во животот да имаш и дечко и другарки на кои што ке можеш цел живот да се потпреш, и да имаш едно кафе со кого ке можеш да испиеш и да му го раскажеш твојот ден, и да се тука за тебе во добро и лошо. Да знаеш дека се тука секогаш за тебе да ти помогнат и да им помогнеш кога им е најтешко. Не иде да си сам во животот, некои можат ете ама јас не можам. Од секогаш сум била тука за сите што ме сакаат и ке бидам. Нема поубаво чуство од тоа да знаеш дека ги имаш покрај тебе секогаш
А зошто тоа го сфаќаш како лигавење и пикање? Личи како да не им ни даваш шанса на луѓето да ги запознаеш.
Па би да те осудувам не го правам тоа. Не значи дека треба да се лигавиш и да се пикаш, само за да те засакаат, него сакав само да кажам дека треба да им дадеш шанса да те запознаат и да се запознаеш.
Изледа баш како никнејмот твој (мала шала). Мое мислење (кое немора да влијае врз тебе или било кој и не сака да вареди никој) ако имам дечко, подолго време, би ми било мило да ги запознаам неговите другари и другарки. Без разлика дали имам јас мое друштво или не. Мене дечко ми ако не ме запознае со негово друштво ми изгледа како да сака да ме крие од нив. Или се срами од мене или има нешто што не ваља. Не викаат за ѓабе "ским си такав си" според мене..Ако тој се друже со добри и зрели луѓе уште одма ке се вклопиш и ќе ти биде супер. Истото важи и за тебе. Треба да си отворена и позитивна ако сакаш да се вкопиш и да ти биде убаво. Реченицата немам намера да се мешам со негови другари/другарки зошто не ме засега за нив, а верувам и дека на нив не им е гајле за мене и Демек цел живот ми зависи од дечко ми па морам во негово друштво да се пикам ми изгледаат за многу плитко размислување (ако може да го наречам така). Нема потреба од злоба, љубомора, лигавење и тие работи. Неговото друштво и твоето (ако би го имало) треба да бидат позитивна работа во една врска не негативна што предизвикува проблеми. Јас сепак би му дала шанса за да се запознаете.. Велиш дека немаш твое друштво и вистински другарки. Пробај барем да се зближиш со тие на дечко ти. Нема ништо подобро од тоа да знаеш дека утре има на кој да пишеш макар и за едно кафе или прошетка. А може и да ти станат блиски другари/ки! Spread love not hate
Конечно најдов некој како мене(мала шала) И јас немам многу пријатели, имам само 2 најдобри другарки. Од секогаш имав желба да запозмаам многу другарки и еве како што кажа ти, им љубоморев на оние кои имаа еден куп деугарки И до некаде и се сложувам со тебе "за да ме прифатат треба да се лигавам" зошто сега таква е денешницава, но од една страна не треба да се лигавиш за да те прифанат доволно е малку да се отвориш пред нив. А што се однесува до другарите/другарките на дечко ти Можеш да му кажеш да те запознае со нив барем со другарките. Мислам дека нема ништо лошо во тоа ако имате заеднички пријатели (доколку навистина сакаш)
Been there, најдобрата другарка ја откачив. Нема место повеќе во мојот живот за негативности. Нека се гонат.
Ic da ne ti e gajle. Nemam ni jas najdobra drugarka i iskreno ne osekjam deka nesto mi fali. I edna moze da e kako sto lazni.
А не ви зборат од дома "зошто немаш другарки, шо седиш само дома иди искочи, не способна си другарки да фатиш, не те сака никој да те дружи, вакава си таква си" или јас единствен случај сум?
Си зборат, класика родителски муабет понекогаш. Не мене но на помалиот брат да. Едит: Не одат до тоа неспособен, никој не те сака, но излези зошто седиш дома и слично, да.