Nikogas ne mozes da znaes dali e vistinska. Site lugje imaat skrieni nameri. Zatoa e najdobro da se izbegnuva pregolema bliskost
Само биди тоа што си, човек што зрачи со добрина, позитива, искреност, кога тогаш во животот ќе се сретне со таква личност, едноставно животот самиот те спојува. Верувај.
Здраво девојки јас сум нова на форумов и баш на темава налетав токму каква што ми е моменталната ситуација во животот. Некогаш ми е супер, мирна ми е главата.. но кога доаѓаат празници, одредени сезони од годината еве во моментов ЛЕТО, ме фаќаат кризи, депресии итн. Добро се справувам со тие моменти но се прашувам до кога овака? Дали знаете можеби места т.е. локали низ Скопје каде што може да седнеш сам а да не те гледаат луѓето чудно, зошто кај нас е таков менталитетот колку и да сакаме да негираме тоа е реалноста been there done that и многу засрамувачки момент доживеав.. еве споделете некое искуство или незнам... споделете некоја активност, јас на пример сакам да ставам слушалки, добра музика, и да шетам по кеј кога е убаво времето или доцна навечер кога нема мн луѓе... зависи од расположение ..
Чудноста во туѓиот поглед не е поврзана со конкретен локал или место. Луѓето се секаде присутни, а колку нивната визуелна природа и рационален однос допира до твоето его, зависи само од тебе. Не се доведувај во ситуации да си правиш притисок и да создаваш хипотетички прашања што може само да те вознемируваат и негативно да ти се одразат. Општопознато е дека на ова поднебје се' што е поразлично од прифатените стандарди, односно стереотипи и предрасуди е предмет на неоснована дискусија. Корените на менаталитетот се длабоко распространети и како единка можеш да дадеш мал придонес во промените, но од големо значење за тебе. Ако сакаш да седнеш некаде, направи го тоа при првата помисла (потреба). Ако сакаш рекреација на јавен простор, умствено исклучи го присуството на човечкиот фактор во околината зашто поинаку не можеш, најмалку физички. Прави работи што те исполнуваат и те прават среќна за личен бенефит. Во спротивно, животот ќе ти го креираат нечии погледи и зборови.
Прв пат слушам дека луѓето гледале чудно ако шеташ или седиш сам Кај и да идеш има еден куп луѓе што си седат и шетаат сами, слушаат музика, читаат книга, чепкаат телефон. Многу нормална ствар
Инфлуенсеркине како го шетаат цел свет сами? Зошто да не можеме и ние? Сама себе биди си доволна. Живеј си во свој розев свет.
Сакам да седнам во бар на шанк сама, да си нарачам пијачка како во американските филмови, ама немам храброст за такво нешто, тука сите би ме гледале како некој фрик.
Друго е на маса друго е на шанк. Ама ич да не ти е гајле. Ќе си пивнуваш од пијалокот, ќе си напраиш муабет со келнерот, на телефонче малце ќе си почепкаш и тако то.
Никој нема да те глеа као фрик. Ќе те гледаат као девојка со карактер и девојка шо мува не ја лази за шо ќе речат луѓето околу неа
незнам колку години имаш, и не е битно. Ама кога тогаш, сите доаѓаме до еден момент во животот коа сфаќаме дека рандом луѓето што ги сретнуваме на улица или било каде, си тераат живот и не се замараат со тебе а дури и некој да се замара, знаеш дека нема да го сретнеш пак особено ако си во поголем град. Тогаш доаѓа моментот на опуштање, и правење работи кои отсекогаш си ги замислуваш а не ги остваруваш. Се што е потребно се 20 секунди храброст, после тоа све е полесно
Hello, hello! Како нова тука не знаев баш како да се вклучам во муабетoв, но на ова морав да ти вратам. Седни кај ти душа сака! Нема ништо подобро од сам на кафе на кеј (или буквално било каде), слушалки или книга, телефон, или пак само да си седиш и да гледаш народ. Лично најчесто одам во Irish Pub или Колектив ако сакам да сум у гужва. Кул местенца, малку "mainstream" ама сепак е кеј Други шо ептен ги сакам се OldSchool, нешто пред Југодрво во старите куќи од таа страна. Скриено, приватно, old-school! Парк ти е секогаш добар избор. Има каде да си купиш to go, а па сега у пролетва ни убава... мераци! Moral of the story, од девојка што има страв од туѓи мислења и погледи - да не ти е гајле што ќе речат ако седиш сама. Од искуство ти викам, најинтересните авантури така се доживуваат, и секако најкул луѓе така се запознаваат. Поздрав!