И јас сум сингл веќе подолг временски период и контактите со пријателите ми се ограничени поради короната.Затворена сум во 4 ѕида.Многу ретко излегувам претежно со братучедка ми.Другарките се оддалечија од мене.Во средно имав една подобра другарка,но таа ме носеше на погрешен пат(алкохол и секс) и прекинав да се дружам со неа.Некогаш е подобро да си сингл и без лоши другарки или со дечко што те искористува.
pogresno razmisluvas, ne treba da se zamaras sto mislat drugite, jas mnogu pati imam sedeno sam vo kafic i bas mi e ubavo
Обично ние пребирливите заглавуваме во вакви периоди. Ем нема нешто што ти е по ќеф, ем не си за сам. Не ти се искача колку да излезеш, добрите другари или деца хаос немаат ни време ни сила, или попаметните се иселиле од Мк, и тешко е да сфатиш дека дружбите и лудориите смеењата и проводите до 5 сабајле се многу ретки, за жал. Познавам пријатели што не се замараат со кој се битно е да е у провод, мене ме смара да искочам ради реда, да млатам празна слама. Затоа спорт, теретана, базен, пилатес, зумба... места каде можеш да одиш сам, а да запознаеш супер луѓенца се најдобар избор
Па не е лошо и сама да си ако така сакаш, а не околината да ти наметнува т.е да се осеќаш оти мора да си со некој. Денес е луксуз да знаеш што сакаш.
Да да од Ск. Јас не кажав дека не се дружам, туку што ради ситуацијава, што ради обврски, што ради тоа што луѓето од детство не се во Мк одамна малку фаќаат баш досадни периоди. Не е дека немам, ама и не ми се излегува ради реда. Колегите си ги сакам, немам проблем со комуникација, но ако дадеш на било кој зелено светло особено нов познаник после тоа имаш некој вид обврска, а јас сум баш пребирлива. Не ми се блее цел ден да слушам некој да ми се жали да се стресувам, ако веќе има некој барем да шириме позитива, да се смееме да се глупираме да празниме мозок. Да искачам и да слушам ова вака она онака, па оговарање, ужас, не можам да поднесам, а и не ме занима, ама како да кажеш
Јас имам мал круг скоро на прсти се бројат.И сега кога попушти ковидов до парк евентуално кафе покрај гтц тие кафичи иако сеа намалија тераси ради шеталиштето.
Дојдов за тема ковид тука, ми се уарни да ти кажам. Ме интересира и религија, штета нема теми како прашај свештеник, психолог, доктор, да си ги вработат како на странски портали. Ретко кој зборува религија повеќе се трач муабети и искуства. Или може има а не знам Али ок