Ова му иде бркај работа,друкарките кога тогаш ке се одалечат од тебе,ако имаш дечко нека ти биде приоритет тој. Се разбира ако си над 20 год, затоа што другарки се знае до која возраст се стекнуваат,потоа се останато ти е кејжуал.
Ех, да ѕирнам шо да искоментирам нешто ново ова она, и си се препознав у темава...за жал... Не се осеќам нешто депресивно, тажно, Бог знае колку тешко... ама... сингл сум зошто така сакам периодов, не дека немам удварачи ама у моментов не ми се свиѓа никој, а не сум тип да имам некој за занимација... ама другарки.. се живо сум откачила.. абе не вреди, се нешо од корист, сакаш да прошеташ а на неа не и е денот, ја мрзело, била дома по пижами улежана па не и се станувало... шо да речам.. а од друга страна па не можам со секоја да се дружам..прв пат у живот ја запознавам/гледам она ко на исповед да дошла, абе све со ред... ко да мене ме интересираат детали од нејзиниот љубовен/сексуален живот.. ќе си одам бе негде, у планина ќе си одам, преку *** ми е од "другарки"... и така, се испукав у оваа тема наместо кај шо требаше али ајт бидна
Е ова не сум го знаела, дека има одредена возраст до кога можеш да се стекнеш со нови другарки . Искрено да ми се погоди да се здружам со некоја со вакво размислување би размислила дали воопшто да се дружам со неа зошто однапред ќе знам колку може да ти биде другарка. Никогаш не се знае кога можеш да запознаеш некоја добра личност што може да има потенцијал и за вистинска другарка, исто како што никогаш не се знае колку дечкото што го имаш во моментот може да остане со тебе засекогаш.
Јас лично сметам дека никогаш неможеш да постигнеш баланс помеѓу дечкото и другарките или па ако го постигнеш тој баланс треба многу да се намачиш! Тоа според мене иде вака: Ако со дечкото поминуваш многу време и пак покрај тоа наоѓаш време за другарките, тогаш тие за тој еден саат додека го пиете кафето ќе те отрујат со муабети од типот дека премногу си заедно со него, конечно си одвоила време за нив и слично, наместо да си кажете што се случувало во вашите животи во меѓувреме (т.е. вчера, завчера, пред една недела...не зборувам за пред една година! Ако со другарката не се видиш цела година, а таа и не е баш далеку од тебе, тогаш другарството згаснува!) Ако пак е обратно, тогаш дечкото ќе се буни, како го запоставуваш, како не си му посветувала доволно внимание, другарките ти биле на прво место и да не набројувам понатака! А ти, пак на средина и самата незнаеш што како, додека еден од нив (дечкото или другарката) не ти пружи доволно разбирање! Секогаш има лутење, расправии до некој степен! Отсекогаш оваа тема ме мачела, пошто многу тешко ми иде да зачувам стабилно другарство кога имам подолга врска. Сега на пример, имам дечко скоро две години и мојата најдобра другарка истотака па балансираме и двете, кога можеме се гледаме, кога неможеме-само се слушаме и толку! Како и да е, секогаш постојат потешкотии кога се работи за оваа тема кај мене, зошто јас најчесто го одбирам друштвото на дечко ми! А тоа знам, ми е најголема грешка! Ама па истотака сметам дека ако постои вистинско другарство, ќе има разбирање- ако не, што ќе ми е таква другарка!
Јас незнам во какви врски влегувате вие, ама искрено јас не би сакала да се гледам секој ден со дечкото, 2-3 пати во неделата се сосема доволно, и 1-2 пати со другарките да се видиш е сосема доволно. Ако се сака се се може, нема зашто да се лути ни дечко ниту пак другарки, ако се паметни и здрели мислам, и ако знаат дека во туѓи животи не треба да се мешаат. Сами си го правите изборот и ако самите не си ги избалансирате работите секако губите, ниту декото ниту пак другарките нема да бидат секогаш тука, но вреди да се трудите да не изгубите никого. И моите другарки забегаа скроз со дековците но неможам да ги обвинам, пак се тука за мене, секој прави како што му е најубаво, треба да имате доволно во главата за да сфатите дека неможе некому да му го диктирате животот и да му кажувате колку време треба да поминува со дечко, а колку со другарки. Другарството ми е свето, и никогаш нема да го запоставам заради дечко иако мене ме запоставиле, јас несакам така, можам да најдам време за се, затоа што така сакам.
Се сложувам со мимс ... Пa добро нормално е светот да ти се врти околу една личност не дечко ма кој сака нека е . Ако се сака се може . Освен дечко треба да имаш и Живот ... Колку оримери знам такви си фатиле дечко мислиш кислород боца до неа ... Нон стоп заедно за другарките нејќе да чуе не за дрго презафатена е и после тап .... Раскинуваат кој е сам ? ! кој се зезнал .... Дечкото е за некое време ,вистинските другарки за цел живот . Ако сте ги нашле не ги пуштајте .. И немој да мислите ако сте 24/7 си дечкото никогаш нема да ве остави или ќе завршите пред олтар ... Ако требало да пукне врската ќе пукне па макар не го испуштале од вид
Не мора да значи дека доколку си останала без другарки тоа е резултат на твојата 24/7 опседнатост со дечкоти.Едноставно другите другарки сите си испофатија дечковци,останавме само јас и уште две другарки сингл и повеќето време го минував со нив двете,али кога разбрав што ми збореле зад грб и што уште не...им изнакажав се што ми лежи на срце и прекинав секаков контакт со дотичните две сингалки "другарки"...многумина би постапиле исто.Имам другарки за на кафе да си идиме една кај друга(со оние кои си имат дечковци) ,али зборот ми беше дека го немам она друштво со кое би излегла во дискотека,да испаднеш во град петок навечер и да си поминеш убаво и да запознаеш некого..Вака од седење дома неможеш да запознаеш никој.
Мимс Токму така, ем сингл, ем без другарки? Знам дека има секакви ситуации и случаи, не сакам се да фрлам во една канта, но јас пак ќе речам дека во голем дел девојката си е крива за оваа состојба. Е сега зборувам пред се за оние кои кога ќе стапат во врска си ги забораваат другарките/другарите ама инстантно. И тоа не зборувам за не толку често гледање - тоа се разбира се толерира, особено со поголема возраст која носи се повеќе обврски, плус и дечко на сцена, разбирливо е дека нема да киснеш секојдневно со другарките. Но да се заборават сосем и секогаш да е некоја само со дечкото а другарките да ги шутира како Дарко Панчев корнер кога маваше? Е не! Ако ви е после кога ќе раскинете и плачете каде ви се другарките. А дали можеби сте помислиле дека вие нив воопшто не сте ги ни имале? Штом не ви вредело да си ги задржите - не вредите ни вие да ги имате само затоа што одеднаш сте сами. Тоа не е другарство. И тоа што го кажа Мимс. Простете но не можам да разберам парови кои се деноноќно заедно, каде едниов - таму и другиов, не знаеш кој на кој му е сенка. Прво лице еднина повеќе не постои, ние ќе дојдеме, ние се спремаме, ќе дојдеме заедно ако? Човече ти ја викаш на само а таа? Не НИ одговара денес, ајде утре. Се е во ред, бидете заљубени, бидете среќни, ама имајте и свој живот. Побогу никој не вели дека мора тој ваш живот да е таен или да правите нешто за што вашиот партнер нема да знае, или пак сосема да го одделите од истиот тој сегмент на вашиот живот, ама сосема природно е еднаш барем у неделата а ако не и повеќе пати, да си најдете малку време за вас и секако за своите пријатели. Ако ништо друго па и ќе ви се здосади во врската. Сериозно. Едино да стекнете нов аутистички синдром - и тие јадат макарони секој ден, со истиот сос, во исто време, цел живот.
Никогаш нема да ги запоставам другарките заради дечко! Тоа ми е основното правило според кое се водам и знам дека колку и да го сакам, сепак другарките ми се поважни од него. Освен тоа, за се и за сите може да се најде време, ако се сака. Не сакам со дечкото да сум 24/7, глупаво ми е да сум залепена за него постојано и да не мислам на ништо друго. Другарството мора да се одржува.
ее како..не ми е јасно да ѓи оставам другарките само заради дечко? не можам да сватам...ајде да ги оставеме другарките и само со дечкото си..ии кога ке раскинете кај кого ке отидеш...никогас нема да ги оставам другарките заради дечко..и уште неш.. се изнасмеав кога прочитав...
Немојте да се карате со другарки за дечко ! Јас, Најголемата будала на светот се тргнав од мојата најдобра другарка, како сестри бевме а поради него се тргнав. ееееј која будала сум јас! Сеуште сум со тој дечко и имам друштво, ама ми фали таа. бевме како сестри ама тоа е, мала бев не размислував! Немате појме колку сега ми е криво. Имам другарки, но не најдобри... Не е лесно.. Барем сега знам која грешка никогаш нема да си ја повторам. учите од паталец, не од гаталец
оооо хахха па конечно некој од штип што ме сфаќа... се чуствувам како да сум од марс...имам другарки ама незнам не можам со нив да сум како сестра...па некогаш повеќе сакам дома да седам отколку да излезам и да ги трпам како се понашаат. Инаку знам дека твојот пост е пред долго време, но се надевам дека си се снајдела некако, ако не повели на кафе, можеби имаме ист во книги твајлајт ор хари потер ениван?
Девојки не е секогаш крива девојката што си фатила дечко, понекогаш и на другарките не си им интересен само поради фактот што имаш дечко. Јас во средно кога си фатив дечко другарките во почетокот не ми се јавуваа за излегување, ме избегнуваа, а не ни бев во сериозна врска. Кога разговарав со една од другарките што ми беше поблиска ми рече, па гајле ти е си имаш со кој да излегуваш,не се замарај, испадна дека нашето другарство е уствари само друштво за излегување, како само тоа да е битно. Во тој период никоја од нив немаше дечко, незнам можеби била некој си вид на љубомора,или ете и сами мислеа дека нема да ми требаат повеќе а тоа навистина не беше точно.Јас уште долго се дружев со нив и излегувавме заедно се додека сите од нив не си фатија дечковци и сега сме само на здраво а јас си имам долга врска и други другарки. Јас искрено сакам да балансирам и да поминувам време и со другарки а и дечко ми да не се осеќа запоставен (макар што не е таков тип да ми префрла), и тоа лично заради мене, да ми биде исполнет денот, да се дружам со луѓе, да биде интересно а не со цел да ги држам како резерва ако некогаш раскинам со дечко ми.
Во мојата врска која траеше 2 години, со другарките многу ретко се гледав. Кога - како. На училиште, после училиште кога имавме време. Често им викав, со него сум договорена. А викенди со него, секако. А тој не поминуваше ден да не се види со нив. Но, за цела среќа, тие што ми биле другарки, останаа тука. Со мене, и кога се скарав беа со мене, ми даваа совети, вака Литл, така Литл. Кога се скаравме со него, ми рече: ти правеше многу голема грешка, не се дружеше воопшто со другарките. А јас му реков да, не се дружев. Сакав цело време, максимално да го потрошам со тебе. И со нив се гледав, а летово си излегував и со нив. Но прво гледав да се гледам со тебе. НО згрешив што сум била повеќе време со него. Што ми бил на прво место. Што ако моите другарки, после раскинувањето, ми речеа кај беше до сега? Тој паметен.. ако се скараме што ќе правам јас? И беше во право, сега сваќам...
Аии грев . Јас сум доста помала од тебе, 13 имам. Али сепак имам тон другарки. Имам и најдобри во друштво али имам и многу што сум ги запознала неодамна. Би те советувала со следново: На пример: На братучетка или било која роднина на која и веруваш кажи и се што ти лежи на душа. Потоа од неа побарај да те запознае со некои твои врснички што таа ги познава . Немора да ти бидат најдобри другарки, сепак да имаш друштво кога ќе ти треба. А мислам дека и треба посебно да разговараш со тие твои две „другарки“. Тие не се другарки како што ти ги нарекуваш ! Бидејќи ниту една ВИСТИНСКА другарка не би те заменила за некој дечко. П.С. Ја се дружам со мноооооогу мноооогу девојчиња али на никого до сеа не сум му ја кажала слабата тачка, мои тајни проблеми ово оно. Најбоља другарка ми е сестра ми ! Бонус совет: Не се мачи напразно да бараш вистински другарки, бидејќи светов е таков што секој гледа да напрај нешо за себе, да те искористи. Прави го и ти тоа ! Играј прљаво ко нив ! Ајде ако ти помогнав у нешо, известувај ! И секако, не заборавај дека и ние феминките сме на некој начин твои другарки !
Не е секогаш вината и кривицата кај девојките со дечко. Другарките, посебно помалите друштва на тој начин помалку почнуваат да се распаѓаат. Зошто? На пр. 4 другарки , 2 од нив си фатиле дечко со него си излегуваат, останативе две ќе продолжат сами. Уште една ќе си фати дечко и оваа последната што ќе прави, ќе си бара чаре во други друштво. Уште некоја ќе раскине и таа со други девојчиња почнала да излегува ..... и сега кога ќе останеш сингл тешко, навистина. сфаќаш дека и да ги побараш старите другарки џабе е, заладени односи, одбивања.... Ги сфаќам тие девојки и знам колку е тешко да се преживее сето тоа.
Девојкии...! Незнаев на кого да го раскажам мојот проблем па реков ајде на вас да ви раскажам.... Јас веке имам 14 г. а сеуште сум немала дечко...има 2 другарки кои и двете имаат дечковци...тие имаат многу проблеми со нив...јас сум..можам да кажам и за двете РАМО ЗА ПЛАЧЕЊЕ...многу деца ми се допаѓале но со никого не сум била во врска.... Многу сум тажна заради тоа.... ...Што да правам? Дали ми е рано за дечко? во што е проблемот? -Имам зборувано за ова со мајка ми и таа ми рече дека е рано но јас не мислам така ...Кажете што да правам...Под хитно да фаќам дечко или да си седам сингл?
Уживај во годините зошто да брзаш. Новиве генерации ептен брзаат наместо да уживате во годините па на 14 год. јас уште си играв со барбики Доколку фатиш сега дечко и тоа што ќе го преживееш за година две кога ќе треба да ти биде тоа интересно ти веќе ќе го имаш проживеано ќе ти биде досадно. Затоа уживај во годините,не се мн сврзувај со двете другарки штом велиш дека им служиш само како рамо за плачење. Ете од нивните примери размисли и свати дали имаш потреба од дечко. Види ги нив за какви ситници се нервираат и плакаат запрашај се дали и ти сакаш да ти биде така ? Дали вреди уште на 14 години да имаш грижи за момчиња,врски и такви слични проблеми или е подобро да уживаш во годините кои нема да се вратат. Познавам девојчиња кои влегле во врска на твои години и сега имаат долги врски од по 3-4 години и што имаат тие преживеано знаеш? само проблеми и обврски со момчињата. Не излегле во кафич како што треба со другарки,заборавиле да се дружат со другарките,заборавиле какво е чувството да флертуваш онака чисто од забава и сето тоа го пропуштиле поради кој поради момчињата-дечковците кои им забрануваат и љубоморат. Зошто уште на 14 години да бидеш така грубо кажано роб на некој со кој ќе одиш некое време а по некои 4-5 години ќе си велиш еее каде ми бил паметот,најубавите моменти и години ми поминале со него во врска и сум заборавила колку е убаво да си си сам господар на телото и твојот живот. Јас да сум на твое место би излегувала,флертувала,би се препуштила на сите слатки нешта кои се забавни еднаш си 14,15,16....години никогаш повеќе! Уживај во тоа што си ти не ја следи топлпата на сите тинејџерки кои брзаат да бидат со дечковци само за да бидат така кажано во шема,биди си своја уживај на свој начин. Дечкото нема да ти бега,се во свое време
Кенди, без доза иронија- искрено сакам да те прашам, ти како си? Нели ти ја отвори темата, сега се среди, или... ?