Јас го изгубив исто друштвото пред 10 години, не жалам што ги изгубив бидејќи тргнавме во лоша насока која мене не ми одговараше. Но жалам што после тоа долг период направив штит околу себе и не примав нови луѓе за дружење иако ме бараа цело време. Дури и број сменив несакав да ми звони телефонот повеќе. Сакав да одморам од се во меѓувреме имав неколку трагедии дома и така малку депра малку затварање, малку тагување.... Си помина времето. Ако успеам сега или во иднина да створам неколку пријателства ќе гледам да ги ценам и почитувам и да дигам слушалка..
Не знам дали е соодветна темата за ова што ќе го напишам, ама стварно не разбирам што е со другарките кои штом најдат партнер исчезнуваат. И не се десило со една или две, туку со 90% од нив. Се дружиме повеќе од 10 години и една по една ги снемува. Мене ми е сосема јасно дека кога имаш партнер немаш исто време на располагање да поминуваш со пријателките како кога си сингл затоа што и јас сум била во врски, ама ова исчезнување и да не најдеш 1 саат во 2-3 месеци да се видиш со најблиските другарки ми е тотално несфатливо.
Мислам дека не е поентата за приоритети, туку да имаш некој баланс во односите со луѓето околу тебе. Зашто ако единствено партнерот ти е приоритет, може да се случи да се разделиш од него и по 5, 10, 20 години, исто како бил кој однос што може да се заврши. По мене не е нормално исклучиво партнерот да ти е приоритет 24/7.
Не викам дека е нормално. И не треба да ти биде партнерот единствена окупација, ама ете некои така функционираат. Ќе се освестат после некое време.
Абај со другар шо бевме нокт и живец си фати девојка и скоро 2 години на никого ни се нема јавено во друштвото не отпиша.
Епа веќе кога се жалиме, јас ја поканив другарката со партнерот на роденден за викендов (иако не сум го запознала) и она не беше сигурна дали он ќе сака да дојде, па на крај одлучи и она да не доаѓа. Ок, помалце ќе ме кошта.
Каква другарка.... Па добро види може неможат еден без друг. Љубов.... Друг пат пред да се јавиш кај другарката прво јави се кај него да видиш дали е расположен за дружба. Ти очигледно на погрешно место си ја пратила поканата. Баш ми е жал што така ви се случува. Но да знаете некои другарки ќе ви се вратат, некои ќе ви ги вратат а некои нема да се вратат. Реалноста е таа. Јас мислам најбитно е да пристапите со разбирање и со комуникација, Вибер, фб, тел. Некои им треба време да се стабилизираат во ново настанатата ситуација. Не ги форсирајте ама спомнете од време на време дека би сакале да се видите. Кажи и таму ми фалиш сакам очи у очи да те видам (Не видео кал).
Па добро, некои ги чекам да се стабилизираат и по 4-5 години, они во меѓувреме се омажија, родија дете и уште не се стабилизирани изгледа. Затоа напоменав дека кај најголемиот дел од нив е така, не е изолиран случај и секогаш гледам да имам разбирање, ама веќе мислам дека не треба. Секој има право на избор како ќе го поминува своето време и ако некој не сака да ме види воопшто или да ми пише, тогаш не ми е навистина пријател. И така, една по една исчезнуваат под мистериозни околности, или одлучуваат да се дружат само исклучиво во парови, значи ако немаш партнер ништо од бизнисот.
Може да пробаат. Сигурно ќе ги чека некој грофиците да удостојат друштво со нивното присуство. Значи можела да дојде на роденденот, ама пошто тој не иде ајде и она не иде. Ич не ти требаат такви "другарки".
Хахахаха Ете дете има сега и тоа, чекај да порасне детето па ќе се роди уште едно и тоа да порасне, па после ќе ти се врати другарката мејби. Или види кој не ти обрнува внимание не го заслужува ни твоето. Јас секогаш знам дека ќе се потрудам, ќе се јавам еднаш, два пати да иницирам нешто ако не иде чао пријатно. Нема потреба да си го трошам времето на тие особи. Како беше она знам кога сметам на некого. Не им се љути, едноставно не се ни труди околу нив. Не се исплати да трошиш кислород на нив. Имав пријател се вери и толку испаринела. После 5 год го гледам пред маркет и така фино лепо си поминав ко покрај гробишта.
Премногу ме нервираат "другарки" кои кога ќе најдат дечко забораваат на сите други и одвојуваат време само за него. Ми се случи и мене слична ситуација, другарки долги години, таа наоѓа дечко и буквално за сите од друштвото немаше време. После тоа, кога ние и требаме веднаш знаеше да се јави и да ме побара. Тогаш јас немав време за неа.
Иако,правилно си постапила,мислам дека не треба и ти да бидеш ,,лошата,,. Ако веќе повеќе пати го прави тоа,веќе вашето пријателство треба да престане. Но,добра личност,добра другарка е онаа која знае да прости.
Јас имав другарка што кога беше со дечко и не сакаше ни да ми крене слушалка, без разлика дали ја барам за нешто итно или за бош муабет. Раскинаа, ме бараше, се беше ок додека не фати нов дечко. Еве сега, 2 години скоро, ја побарав неколку пати и не ми креваше за дивно чудо ми крена последниот пат САМО да ми каже дека се на зимување во Крушево, не можела да прави муабет. Ни како си ни што си. Не ме бара она Ја отпишав.
Ова се случуваше константно додека беа заедно. Значи постојано таа немаше време за мене. Многу толерирав. И се обидував да ја разберам. Јас секогаш се трудев да најдам време за неа, се разбира некогаш и со дечко ми ќе искочевме друг ден само да се видам со неа. Епа мислам дека доволно беше. Не дозволувам никој да си игра со мене ниту да ме бара само кога јас му требам. Постојат такви личности и не сакам да бидат дел од мојата реалност.
Зошто е она "лошата"? Мислам, зошто да простува? Не е за простување работата, во смисла не може да се лутиме за тоа како сака да го поминува времето другарката. Одбрала да го помине целосно со дечкото и тоа е во ред. Ама тоа праќа порака дека не и е воопшто гајле за другарките. Зарем во 4-5 години никогаш не се запрашала како се? Дали се е во ред? Не и недостигале, не сакала да ги види? Логички ќе заклучиш дека не била никогаш вистинска другарка, према тоа сосема исправна реакција.
Сеа ми текна дека другарка ми, таа шо ја сметам за најдобра, од коа се разделивме(ја дојдов Скопје, таа се омажи) почна се поретко и поретко да ме бара, и остана на тоа јас да ја побарам у 6 месеци еднаш а таа да ми спушти зашто бебето спие. Ме нема прашано како сум. Всушност никој ме нема прашано како сум. А другар ми, си фати девојка и почнува истото да го прави. Загрижен е да не ја напраи љубоморна зашто сум девојка, нешто такво спомна. Ми фали некој да можеш било кога да му ѕврцнеш и да ти крене. Или некој да те познае по глас дека не си ок. А, и едно прашање, зошто девојки не сакате да се запознаеме, вие шо немате другарки?
Истото го пишав поназад кој сака да се дружиме да ми пише. Ми пишаа неколку, комуникацијата траеше неколку дена и ме одјебаа.