Затоа што партнерот им ја заменува другарката и немаат потреба повеќе за дружење. И да, не ти требаат вакви другарки, а уште помалку да ги мислиш поради која причина ги нема. Кога ќе те побараат некогаш, ти не кревај и решено.
Понекогаш кога е човек сам со себе тогаш е сигурен дека е во интелигентно друштво. Кажал некој попаметен од мене.
Хахаха Обично тие што викаат за себе дека се глупави се самокритични и свесни за тоа колку што се незнаат што според мене е особина на интелигентна особа. Глупиот обично мисли дека се знае и дека е најпаметен и дека нема потреба веќе ништо да учи. Од тие луѓе бегајте од "најпаметните'.
Јас не реков за себе дека сум глупава. Мислев на тоа дека не се сите луѓе интелигентни, така да не секој кој ќе остане сам со себе е во интелигентно друштво.
Во дечко ми пронаоѓам се, дечко, пријател, другар, другарка, колега, буквално се, и затоа немам никој друг околу мене затоа што сметам дека не ми треба, со тие од средно воопшто не комуницирам, пишуваат нешто во групата, искачаат заедно, на мјут ми се..
И после ќе се жалиш дека седел 2 саати на видео кол, а ти си дремела или дека немаш со кого да славиш нова година, што и да беше… Океј ако така си одлучила ама не давај совети дека е топ дечко ти да ти е сѐ зашо кога ќе те шутне (пошо ти сигурно нема да го шутнеш зашто ќе останеш сама) пак ќе се жалиш дека немаш другарки. Не ја зенемарувајте важноста на пријателството. 1-2 другари или другарки убаво е да имате. Човек треба за сѐ, и за добро и за лошо.
Се согласувам. И јас имав дечко кој ми беше сè, речиси и живеевме заедно, ама сепак наоѓав време за најблиските другарки барем еднаш во неделата. И со оглед на тоа што не ми се во ист круг, речиси преку еден ден бев со некој договорена освен со дечко ми. И ете тоа сè денес не ми е ништо, а мислев дека ќе бидеме цел живот заедно. Па дури и да бевме, секако ќе продолжев да си ги одржувам пријателствата.
Не се споредуваат дечко и другарки, нема шанси да бидат исто Може само без кого можеш да си. Не е за судење некој сака друштво а дечко не некој обратно.
Па тогаш од старт ќе сакаш или друштво или дечко, а ова е класично отфрлање на другарките штом фатиш дечко. Не е за судење, туку станува збор за разочарување од луѓето со кои си бил долги години, имаш секакви спомени, а сега веќе сте познаници.
Абе како можите 24/7 да сте со дечковците и тоа да ви е океј? Не ви недостига трач муабет со другарки, заглавување во кафана или бар, коментирање за други машки, заебанции? Сфаќам јас дека партнерот треба да има некаква предност пред другарки и то е скроз нормално, ама па скроз да прекините контакт со сите за да сте само со него? Тоа ми се граничи со болест и посесивност, не ми е нормално.
И јас не можам да го сфатам тоа по цел ден само со дечковците. И кога ќе си најдат дечко забораваат на другарки. Епа сами си прават, никој не му е крив. Ама кога ќе се скараат како одма му текнува дека имале другарки пред тоа И јас имав такви "другарки". Ама после скарување кога ме бараа и јас бев зафатена, како тие предходно цело време шо немаа сат време кафе да пиеме. Искрено такви "другарки" не ми требаат, ни пак биле другарки.
Не знам само дали е во мојот случај, но кај мене само 2 останаа релативно ок и откако фатија дечко. Останатото се исчезна, или договараш кафе 1 во 3-4 месеци и толку. Што значи и јас сум приморана да бараж цело време нови пријателства, а до некаде сум затворен тип, па не ми оди баш од рака, а и не можеш денес секого да нарекуваш пријател.
Како некој vicious cycle, заменуваш едни 'пријатели' со други, за потоа и новиве да треба да ги замениш за истата причина поради која и ги најде на прво место. Ама и не мора секогаш да е така, cycles can be broken, па потребно е и малку среќа да се најде вистинскиот баланс
Колку треба да си мизерен за твојата среќа да зависи од дечко? Зарем толку ги ставате на пиедестал? Па цело време да си со една личност до поента кога веќе некој друг не ти е потребен.. мислам ало.... После да не се чудите ако ве остават или игнорираат, ова не е здраво ВООПШТО. Мене цело време некој да ме бара ќе збеснам едноставно. А и ко ќе раскинете ќе ви фалат другарките, ама нека ви е.
Сѐ е тоа океј дека не треба да се забораваат другарките во врска, ама да не заборавиме и дека не сите пријателства се сјајни, па кога ќе се појави нова личност - дечко, едноставно сфаќаш дека нема поента да се враќаш во друштво каде што не си ценет, почитуван и вреднуван, т.е на место каде што ти е полошо, па секако дека времето што го имаш ќе го посветиш на личноста што ја сакаш.