Не треба дечко да фатиш за да сфатиш дека не те ценеле и почитувале другарите. Треба само мозок да уклучиш и да се цениш сам. Ама неретко дечковците ги полнат мозоците на девојките (и обратно) со фикс идеи дека друштвото не чини, не те сакаат, вакви се такви се, за да ги контролираат.
На крајот на краиштата за оваа тема на зошто има многу затоа... Тука сме сите возрасти 16 годишните ке се жалат од другарките што ги оставиле поради дечко ок деца се еуфорија е лета памет па сеа што да правиме? 20 годишните почнуваат да одредуваат што ќе им биде приоритет Бидејкиииии на 25 можда ке сакаат да бидат мажени и со деца а не со другарките на кафенца додека децата ја чекаат Има и 25 годишни што и до 40 ќе си ги обожаваат другарките затоа што можда не сакаат да имаат обврски со фамилијата И вие се ова го знаете а сте у стил како е можноооо па можно е луѓе сме да не се хејтаме Изберете ги вашите приоритети и не им замерувајте што другите не го избираат истото..... Btw темата е што понатаму, избегавме малце
Во ред е. Разбирам приоритети и се. Но кога ќе раскинат или кога и требам, не сакам да ме бара. Зашто тогаш јас би имала други приоритети.
Тоа е твојот избор почитувај си го, другарката пред тебе избрала и ке си го плати тоа Да бидеме другари значи да не се ситиме кога таа ќе ни се врати туку да и ја воочиме грешката
Зошто едноставно да не сфатите дека можете да имате сѐ, и дечко, а потоа маж и деца и другарки, макар 1, 2 искрени? Време се има ако се сака за сѐ ако нормално сакате да најдете. Секоја нормална личност има потреба од социјализација со луѓе, зошто да седам залепена некому ко фластер и да зависам од една особа за да излезам на една вечера кога можам да имам повеќе и да сменам околина, да сменам муабети, ликот кој го гледам секој ден да го сменам, да се опуштам…? Зошто кога ќе се скарам со дечкото да дремам сама ко мисир дома наместо да и се јавам на другарка да се исплачам, да ми прави друштво? Зошто додека дечко ми е на кошарка, јас да гледам на саат кога ќе заврши и ќе се врати наместо да одам на пешачење со другарка и да не осетам дека го нема? До утре можам да пишувам вакви примери. Нели би ви било малку незгодно да ги поканите другарките на свадба, а во текот на врската не ви требале? Не би ви било криво кога дечкото ќе покани 10-15 другари, а вам нема да ви дојде ниедна? Не осудувајте ако вие сте се мажиле на 25, а вашата другарка сака да шета до 40. Тоа вам не ви штети никако. Испијте едно кафе, раскажете ѝ за каките на вашето дете и сослушајте ја како си поминала минатиот викенд. ќе се опуштите, насмеете, ќе смените малку средина од само дома седење. Секому треба човек, пишав и претходно, и за добро и за лошо. Вистинските другарки нема да ви застанат на патот кон приоритетите.
I like your way of thinking, за разлика од мене, доста позитивен мајндсет. Сигурна сум дека пријателства ќе се создаваат и губат во текот на животот, но многу е потешко да се најдат луѓе со кои ќе изградите пријателство, т.е. многу е тешко да се најдат луѓе за било што од тоа да тргнеме.
Why, thank you Сосема си во право. Ако ништо друго барем сега во позрели години знаеме точно што бараме во човек и што всушност значи да се има вистински пријател. Притоа и ние да бидиме истото кон нив - пријател на кого можат да се потпрат. Иако во праска не е така лесно да се оствари тоа, сепак најбитно е да не се обесхрабруваме
Одличен пост на СуперДевојка Пред се, немојте да влегувате во ново познанство со претпоставки дека тој некој ви мисли лошо и дека кога тогаш ќе ве зафркне. Тоа ви е рецепт за неуспех од старт, а го имам видено кај многу луѓе. Опуштете се и немојте да бидете крути, за да се зближите треба да сте отворени и опуштени. Нормално, не одма да изнесувате најинтимни работи, ама ако сте многу закопчани и крути никој нема ниту да ви се отвори вам ниту да посака да се зближи. И не барајте одма некое пријателство на највисоко ниво. Кога човек нема верни, долгогодишни пријатели доволни му се и познаници за почеток, со ограничена блискост. Пример да дадам, имам познаници со кои со години играм пинг понг - не сме излегувале никогаш, не сме си биле по дома ама корисно ми е ова познанство затоа што другариве пак не се по спортување. Што повеќе познаници тоа повеќе опции и за спорт, хоби, музика, скитање - за се.
Јас сум во слична ситуација... Ем сингл,и со двајца другари ... Едно време и не ми претставуваше проблем бидејќи си терав моја програма и рутина на живот, но во последно време се повеќе се оптоварувам со тоа. Не сум некој што би имал проблем да најде девојка но си имам некои критериуми кои се можеби чудни за ова врсме каде не се ценат вистинските вредности па често сум затекнат од околината со прашања од типот на "А зошто немаш девојка". Можеби ми е страв да излезам од таа комфорна зона и не сс трудам многу. Повеќе сум тип кој би отишол да трча на кеј, до парк ,отколку да отиде на каде. Така да кривицата си ја гледам и кај себе бидејќи ми е страв да излезам надвор од таа зона.. Како и да е и покрај тоа што сум исполнет на повеќе полиња кога е во прашање љубовта неможам да се пофалам
Па сакам да имам целосна слобода со спротивната страна, да бидам тоа што сум и да не си поставуваме меѓусебно некакви си ултиматуми поточно да не се правам нешто што не сум. Изгледот ми е до негде битен но не и најважен. Повеќе сум тип што би отишол да прошета негде надвор него ли да се затвори во кафич и сл. Тоа е тоа сакам само да не си бидеме терет да има искреност бидејќи за мене врска си е врска и не постојат некакви си авантури за една вечер итн.мада се повеќе врската не се сфаќа озбилно.На некој начин да гледам јас во нејзе и она во мене и партнер и другар. Тоа е тоа до негде навидум не изгледа како да се големи барања и очекувања но со тек на време и тоа како е ретко да се најде или можеби јас не се трудам да го најдам.
Па добро не се ниту големи ниту чудни барања, по мое. Ама сметам дека треба повеќе да излегуваш, така имаш поголеми шанси. Можеби и друга дели мислење како твоето ама оди во кафичи и кафетерии со мисла дека ќе си најде некој таму. Не сакаш само за една ноќ, ама можеби од неа ќе произлезат чувства со тек на време и нешто повеќе, нормално ако останете во контакт после тоа. Може со некоја од прва ќе си кликнете ама што ако после пола година или повеќе се смени? Апсолутно ништо не можеш во животот да си гарантираш. Млад си, уживај сега, смени повеќе ако треба, не знаеш каде ти стои среќата. Многу ретки се тие што од прва си се погодиле и тераат цел живот заедно.
Се разочарав какви луѓе имало.. Не му се доверувајте секому за било што само повеќе ќе се разочарате. Се е денес користољубие за жал. Терајте си го животот,целите во животот и не се замарајте како мене тоа што треба ќе си дојде.