Нема искрени другарства денес. Сто добри дела ќе направиш, едно лошо и тоа ненамерно и тоа лошото ќе ти го памтат. И најчесто ги снемува кога нема да играш по нивно, тогаш не чиниш. Сума сумарум се е од корист, независно од тоа колку траело пријателството. Ова е од мое искуство за жал, дај боже да не сум во право. И јас цел живот ни другарки асални имам ни врска. Ама тоа ме научи да се фокусирам на себе и да не бидам зависна од другите луѓе. До негде и созреваш така, но само ако го трошиш времето продуктивно, не да седиш дома бесцелно и без обврски. Шетајте, спортувајте, запишете некој курс, било што што ве исполнува и што е за вас,таму ќе го најдете можеби и правиот/правата.
Мислам дека темава не е за тука но ова најблиску ми идеше. Имам неколку другарки но со едната сум многу блиска. Има дечко што ми се свиѓа веќе 2 години и со дечкото односот ни е топло ладно и моментално не сме во контакт, она почна сега да се гледа со еден дечко скоро една недела а со дечкото ги запознав јас и мој другар она од кога почна да контактира со него сите теми ни се сведеа на дечкото и само за него. Кога и да требало некој да ја сослуша сум била тука, но кога ми требаше некој мене неа ја снема и кога беше тука цело време муабетот беше за дечкото. При тоа што додека се гледав со дечкото она за него ми кажуваше дека бил женкар идиот и многу други работи, и кога и да требаше да се видиме јас откажував планови свои не идев со него искачав со неа а сега кога мене ми треба некој неа ја нема. Не знам дали во ситуацијава јас претерувам или сум потполно во право. Јас мислам дека сум во право и кога да кажам нешто друго мене ме напаѓаат. Според мене мислам дека сум во право што имам вакво мислење. Па ако може за совет. Ви благодарам
Прво една недела се гледа со детево… сега тоа и е темата во ред е да и оставиш простор малку и нејзе. Со дечкото што се гледаш незнам детали може стварно е идиот. Раздели си го времето за пријатели роднини и девковци . Ти верувам си во теен години.
Во ред е да и оставам простор ама мислам дека не е во ред кога сме биле договорени да искачаме сите заедно и со друштво на дечкото во ред е да направиш муабет со сите а не со двајца и после да си отидеш ори тоа никој не знае кај си и работите ти се тука и кога те бараат се понашаш не убаво. Не викам не може и дечкото што ми се свиѓа е идиот ама сум гледала да имам време за се и да не ми е тема само он. Имам 20 години и не знам не ми иде вакво понашање. Ама може и претерувам јас.
@Indiegurl Многу бев лута кога пишав ова, зашто на форумов сите се обидуваат да ми помогнат за анскиозноста и фала ви за тоа, а во живо кога ќе кажам на некој ме гледаат како падната од марс. Како што зборува оваа? И на форумов е нормално тоа долго време ја следам таа тема и како се е во ред тука, а во живо друг муабет. Не ми е јасно на мене што се случува
Не е до тебе. Онлајн светот е многу поразличен од реалниот. Треба различно да се прилагодуваш на двата. Јас баш поради анксиозност одбегнувам реален свет, така ми е најубаво оти нема некое трајно решение за анксиозноста.
Може да ми пишеш во лп ако сакаш? Кај тебе нема таква опција, а сакам да поразговараме бидејќи имаме иста мака и да те прашам нешто.Тука да не пишуваме бидејќи темава е за друго.
Да ти беше јасно и да ти беа ок таквите луѓе, немаше ни да бидеш анксиозна. Ќе си беше ѓон и супер ќе ти беше. Немам проблем со анксиозност, можда во некоја мера кога чувствувам негативна енергија во близина ( да не должам со објаснување на чувството), но и тука и во реалниот живот го мислам истото, баш затоа што си преосетлива си анксиозна па споредувајќи со мнозинството ѓонови, да падната си од марс. И да, тој вид луѓе што ќе те разберат и во реалноста се интровертни, па треба да ги препознаеш и да ги иницираш.
Сметам дека е важно врски и пријателства да не се поисоветуваат со состојба на исполнетост и радост. Да, често можат да придонесат кон тоа, но да не се земе како здраво за готово. Потрагата по среќа мора да почне од себеси и понатаму да се создаде средина плодна за врска и пријателства. Можеби ова што го кажувам звучи очигледно, ама не е на одмет да се потенцира дека многу работи почнуваат од нас.
Проблем имаат луѓето кои односите меѓу луѓето ги гледаат егзистенцијално, а и такво колективно општество сме со исклучок на некоја индивидуа.
Не ме зезај кој се сеќава на претходниот живот и кој би се сеќавал на идниот? Без разлика што сум читала дека постои такво нешто. Тоа така го кажав зашто не верувам дека имам некоја трогателна грешка за да бидат вакви луѓето со мене …
Здраво девојки! Барав некое место каде што можам барем да си се искажам и сметам дека овде е најсоодветно. Не знам што да правам, мислам дека сум во безизлезна ситуација. Живеам во помало место, до пред неколку години имав многу другарки, ама откако завршивме средно 90% ми заминаа во странство, некои се мажија и имаат деца, останав само со една другарка со која си имаме многу добра поврзаност, меѓутоа таа има дечко и се случува да не се слушнеме или ни порака да напише дури и по неколку недели. Се гледаме два пати годишно, а како што тргнало може и ни тоа веќе нема да се дешава. Со години веќе седам дома, многу ми се излегува, ми се дружи, а немам со кој. Комуникативна личност сум, карактерно си се допаѓам, меѓутоа проблемот е што нема каде да запознаам нови луѓе, тоа е целата работа. За да запознаеш некого треба да излезеш, а јас бидејќи немам со кој, не излегувам. Одев во теретана, но таму стекнав само онака познаници, никогаш не дошло до тој степен да се здружиме со некого. До тој степен сум што претходно имав дечко и премногу се осеќав како досадна личност бидејќи тој си имаше свое друштво, си излегуваше, имаше со кого да направи муабет, а јас бев само затворена и кога и да ме прашаше што правам, одговорот беше ист - ништо, дома сум. Сега немам ни дечко, ни другарки. Јас секако си се посветувам на себеси и долго време се потпирав на тоа - што е мое ќе си дојде, но веќе осеќам дека ќе полудам вака. Многу сум млада, во годините каде што најмногу ми требаат дружби, конекција со луѓе, авантури. Не знам каде и како би можела да најдам нови луѓе, ново друштво. Ми се излегува, ми се смее со некого, ми се прави муабет, сакам да имам луѓе до себе со кои ќе си сме и во добро и во зло, со кои ќе можеме да си споделуваме и маки и радости, ми се патува надвор со некој... Што мислите вие, како би се излегло од оваа ситуација?
Студираш, работиш? Ако не, тоа е исто така место кај што се запознаваат многу луѓе и пријатели. Исто така, социјални мрежи, па и Тиндер не е страшно да направиш. Барем сега има начини за запознавање луѓе и социјализација. Една барем постојана другарка да имаш, одма е друго.