И дремење на форуми, фб групи (женски домаќински муабети) и плукање по коментари Шала на страна, убаво е да си сингл женско ако си го посветиш времето на себе, штета што многу не го прават тоа. Се посветуваш на себе - заблескуваш и сите се вртат по тебе
На кој начин најлесно се спријателувате? На нас интровертите некако потешко ни оди па би ни било малку од корист ако дадете некој совет
За да се спријателиш треба подолго време и стекнување доверба. За комуникација најчесто преку социални мрежи. Заеднички интереси, хоби, спорт, заеднички проблем....некоја причина што ке ви отвори теми за муабет.
Не сум тој тип што лесно почнува муабет и не знам на кои теми да зборам, обично немам многу заеднички интереси со другите па така и немам многу теми за разговор а и не сум тип кој оговара и се меша во туѓи животи, приметив повеќето најчесто така се спријателуваат
Не мора да се мешаш во туѓите животи. Можеш чисто да започнеш муабет за општи теми соодветни за вашата возраст. Школо,факултет, излегување, шетање низ Европа, планинарење, фитнес, еве сеа летно време е можеш за одмор тема. Има теми колку сакаш само треба да се најде соодветен човек за комуникација.
Пишувај им почесто на колегите од факултет или работа, седи повеќе со нив на пауза, оди со нив на јадење, наместо да бараш на интернет за нешто, побарај помош од нив, да се најдете во муабет.. Кај мене ова делува, дури и на искачање ме викаат со нив сега иако сум нова во фирма и уште не се знам толку со сите, еднаш не отидов, и 3 дена ми збореа зашто не сум дошла и веќе секаде сум со нив.. Јадење, пауза, искачање.. Иначе и јас немав долго време ниту еден пријател освен дечко ми, и знам колку е тешко, ама не губи надеж.
Јас изгубив контакт со скоро сите другари. Сакам да запознаам нови луѓе ама не сите се отворени за такво нешто. Ако некој е за дружење слободно нека пише
делумно причина е тоа што не успеав да формирам круг на пријатели уште во основно како сите други луѓе. друштвото од средно се распадна, сите по свој пат, а на факултет не успеав да запознаам никој нов зашто сите изгледаа затворени за запознавање, во смисла "имам доволно другари, не ми требаат уште". Тие неколку што уште сум во контакт со нив, не искачаат, фокусирани се на работа, итн...
А од работа? Реално ретко и кој има пријател од 1 одд, треба и другата страна да сака тоа ти признавам..