Некој од Скопје расположен за дружба , имам 23 год женско, по можност другарки зошто не верувам баш во машко женско пријателство. Слободно пишете ми кој е за забави , со мене не е досадно.
Лошо ти е пишано , ако си толку забавна не би требало да имаш проблем со друштво ( „за забави , со мене не е досадно„)
Прво постојат љубоморни, завидливи "другари". Човек може да биде со најдобри намери, секогаш расположен и тоа да им боде очи на другите од околу. Ги често надраснуваме луѓето околу нас и тогаш запознаваме и други послични на нас
Што друго? Не е љубомората двострана ако за тоа се фати. А надраснување на одредени луѓе е. Факт е дека човек може да биде најпозитивниот и тоа пак да не е доволно за поединци. Затоа бараме други што се како нас. Верувам дека и поентата на членката е да запознае пријатели послични на нејзе
Де бе луѓе одма со осуди и прашања зошто вака зошто онака. Зар и во денешно време уште ви е чудно што некој останал без друштво и без пријатели, зарем толку е несфатливо и одма со заклучоци дека сиот проблем е во личноста која е отфрлена на некој начин. Никако проблемот не може да биде во другите, исклучиво во тој што останал сам е. Немојте така, не знаете и вие што носи следниот ден и што се може да се случи па после ќе биде ааа да бе, значи можело, кога и вам истото ќе ве снајде. Си кажа што и/му се случува, која е целта не знаеме но немојте одма со филозофирања кога не ја знаеме приказната.
Целта е дружба и убаво пишав женски другарки дека не верувам во машко -женско пријателство и не сакам некој на крај да биде повреден.
Имам друштво само се повлечени повеќето и не се за по забави и не сум од тој тип што ќе се става на некои во диско а девојки не ми приоѓаат само машки па ја немаам таа среќа да упознаам некоја слична . А за друштво имам секоја вечер сум излезена само барав некои што се слични на мене , немора одма да се напаѓа и сарказам да се користи. Поз
Појди во странство сам/а на магистратура/работа, ќе видиш како ќе почнат да се ретчат. Оствари некоја животна цел која за тебе е врвот, од љубомора ќе се случат работи. Така да, во Македонија конкретно, ептен лесно и изводливо. Само биди атрактивен, среќен, посакуван и задоволен од својот живот. Друго и да имаш друштво, за жал немаат пари за секој викенд да излегуваат. Таа е реалноста, некои само еднаш месечно излегуваат заедно, контактот е најмногу виртуелен.
Епа и ти тогаш си пишала у погрешна тема. Ти си имаш значи друштво, си излегуваш секој ден ама сакаш да шириш познанства.
Тоа што сум сингл и не ми смета, но што немам другарки да.. ми треба некои за муабет а да знам дека нема да пренесат на дечко и одма или дека дечко и нема да им чита чат како на моиве другарки што им прават.. човек муабет да нема со кој да си направи веќе.. П.с ако некој бара друштво тука сум
Јас имам дечко, но не ми чита пораки. Од провинција сум, но доаѓам во скопје да студирам, бруцош. Не би ми пречело да имам со кого да муабетам таму.