32 години, сингл и без другарки е стварно безврска возраст. Животот ти се сведува само на работа-дома и обратно. Чат пат во кино, театар, на некој настан (секако сама). И пешачење, мнооооогу пешачење. И по некој коментар од познанициве од страна: Ами што не си фатиш дечко? Ко тоа да е лубеница на пазар, па само одиш и си бираш која ја сакаш
Еее, рекле така и одма еве си фаќаш. Речи им утре евентуално задутре. Не, најдобро е чоек да си заќути и да не ги перцепира воопшто. Коа ќе се научите да не обрнувате внимание на ова? Батали ги, неразбрани се и си допуштаат многу да си го пикаат носот. Ти глеј подобар да ти е и животот да си го средиш за тебе и само тебе да ти одговора и да си задоволна.
Па да. Збориме за вистински партнер нели кој во целост ќе ти одговара исто и ти него. За оние пролазните, од типот дај шта даш ги имаш со лопата да ги ринеш. Ама секој со своите критериуми. И баш има везе со созревањето и те како има.
Тоа ако по секоја цена сакаш да не си сам, секако ќе смалиш. По цена и да не си среќен нели? Битно нема сам да си и решен проблем..
Не е за смалување критериуми, туку повеќе е работата што како старееш не трпиш глупости како контролирања, психичко насилство, опсесивна љубомора, и одма уште од почетокот на врската ги препознаваш тие црвени знаменциња кај другата особа. Како старееш не прифаќаш сѐ и сешто само за да не останеш сам. Или ќе најдеш некој што ти одговара и со којшто радо ќе правиш компромиси или ќе бидеш сам/а колку и тоа лошо да звучи некому. Веројатно има врска и со самодовербата, сигурноста у себе колку вредиш како личност и што ти мислиш дека е најдобро за тебе и со каква личност покрај себе сакаш да чекориш низ животот. Барај личност што не е штетна по твоето ментално здравје
Ама ти секако не си среќен, ниту сам ниту со некој, значи ако бираш помеѓу тоа да си сам несреќен или со некој друг несреќен што е подобро?
Ќе Тука грешиш . Искрено јас како машко не пребирам . Зборам како човек кој заради животот како шо тече,кој другар/другарка се повлекол заради работа, фамилија или други интереси се изгубиле познанства. Реално,секој ја знае ситуацијата во Македонија . Очајна е заради економскиот,политичкиот и социјалниот живот . Скоро цела младина е надвор од Македонија. Се се запусти,секој се отуѓи и се изолира .Фамилија блиска пак веќе не си прават здраво . Сигурно јас не сум виновен "што имам високи критериуми и стандарди" што едноставно сум сам . Едноставно мора да бираш,или партиски да си војник,или да кудиш некој или да си на спротивната страна . Ќути,работи и ако се погоди ретко кој добар човек да не си сам . Сигурно очајно не би барале луѓе на форумов оти реално нашата генерација е падната на овие колена . Сите си отидоа,бркаат свој живот и едноставно се изолиравме . Те газат години кажано . Кога ќе запознаеш другари,ќе изградиш социјален живот,ќе запознаеш девојка и да чукнам имагинарно во дрво,да основате фамилија и заеднички живот . Тешко е и многу е тешко . Јас и секој шо го познавам од моја генерација,не е проблемот до високите критериуми,туку очаен и паднат е животот. Сакам да имам пријатели,очаен сум за женско друштво.Не сакам да сум сам .
Од разговор со луѓе 30+, сите викаат дека е за нигде дејтинг сцената во Македонија, нема квалитет, ни за сериозно ни за несериозно..
Види,просечен чоек сум,зборам реално . Се е заебано . Да влезеш у етаблирано друштво кои се знаат меѓу себе со години,од средно,од маaло е многу тешко . Затворен круг ко секта се . А да губам време да стекнувам доверба,па вака така ,изгубов нерви веќе . Сакам да седнам муабет како човек после работа,сакам абе има концерт,ајде сакам да одиме,абе ајде да гејмаме вечер,супер после работа . Im just a ordinary dude .
Сам! За мене си кажувам еве. Лошо е сам чоек несреќен нормално ама замисли да имаш уште некој друг покрај тебе со кој не можеш никако да се вклопиш, не се трпите и согласувате едноставно, цело време проблеми најразлични имате и сте постојано во конфликт за кој ко да не постои решение, не ти е пријатно и комотно во негово присуство, не те поддржува туку те влече надолу само. И ќе трпиш и толерираш само зашто е тука со тебе присутен ко фигура само, а не вистински? Тогаш не би бил несреќен само, туку несреќен на квадрат. Нема логика да се измачуваш и да патиш за нешто кое не вреди. Чоек без секој може, тешко ама се снаоѓа како знае и умее.
Не, не е подобро. До каде ќе смалува критериуми? До тепање, коцкари, или можеби е доволно само да не пие, да не се коцка. Нека носи леб дома само, работлив да е. Од тоа смалување на критериуми темиве за совет и брачно неверства/проблем имаат илјадници страни. Еве и лично за мене. Знам што носам на маса. Од амбиција до диплома, сертификати, обуки. Па се до скоцкан изглед. Едноставно ми е испод чест да намалам критериуми, ако веќе ми требале години да се надградам. Зошто некој да ме враќа назад или да тонам пошо не сака он да се подобри??