Jас чекам од фрижидер да ми искочи. Шала на страна во право си, ама некогаш само изгубиш надеж за нешто затоа што без разлика колку и да се обидуваш и да се трудиш и пак немаш среќа на тоа поле. Како да имам само енергија идиоти да привлекувам, а да сум невидлива за други и сите завршиле уште пред да почне нешто.
А не си размислувала дека можеби и кај тебе треба нешо да промениш? Дали пристапот, однесувањето, малце да поработиш на себе, сфаќањата за животот општо, што сакаш од него, какви ти се очекувањата итн. Со една единствена цел, да се заштитиш, и баш токму тоа, да не налетуваш на идиоти, туку да даваш шанса на некои понормални. Коа би се зајакнала како личност, можеби би си ја нашла среќата. Поентата ми е дека ништо не се постига со самосожалување, сум приметила дека така уште повише си ја брка човек среќата.
Те сфаќам затоа што сум во иста ситуација хаха ама ништо не добиваме ако изгубиме надеж и кренеме раце од се, тоа е мора да се бориш за свој живот се работи
На 22 год треба да уживаш и да се забавуваш. Дечко може само да ти го упропасти животот, зависи од сортата, со редок исклучок да ти го "разубави".
Не менувај ништо кај себе само за да им се допаднеш на другите и да те прифатат, без разлика дали станува збор за однесувањето во друштво или поединечно со некој друг без разлика на полот. Оној кој те сака ќе те сака со сите твои предности и недостатоци. Така да живеј си опуштено без оптеретување и не си создавај без потреба психолошки притисок дека мора нешто да биде односно да бидеш со некого само да не бидеш сама.
Не сум имала од мала убаво друштво ,не ме прифаќаа каква таква што сум Да не зборувам кои се моите проблеми но сепак ќе речиш мали деца бевме не разбиравме но над 16год и пак не се дружиме ко што треба, една другарка таа ми го за*ба моето детство време .. Се запишав у средно друг смер каде што нема да ги гледам воопшто Единствено само една другарка која ме прифатила од мала и сега ми е најдобра другарка Но јас и таа немаме друштво а камоли дечко, зборувавме на таа тема рековме 28год се уште не се случило ништо ни сјајно.. А за мене ми е најтрагично што ги изгубив родителите на 24/25 год После све воопшто не ми се живее али јбг морам даље.. Со другаркава еднаш неделно на кафе веќе не е интересно нема што да зборуваме исто па исто За љубов да не зборам џабе ми е денес ќе те сака утре не. По природа су океј сакам да излегувам се возам ваму таму готвам јадење малу умот да ми се менува но кога ќе дојди време за легнување ќе почнам да плачам за покојните, сама итн ужас е не знам како ќе се тера ова богами
Еве мене ме снајде ова. Ми заврши врската, поболно нешто во живот не сум дожиевала (уште го преживувам). Сфатив дека јас уствари и немам другарки. Немам со кој на одмор да отидам, за кафе треба две недели унапред да ги договараш. Знаат колку ми е тешко моментално и сите ми викаат лелее па тука сум бе кога и да ти треба пиши ќе збориме, цело време ќе искачаме итн. Доаѓа времето јас пишувам дека ми е тешко и сакам да се видиме, ааа не можам после договорена сум. Ебате другарките... Едната најблиска што ми е во странство ми е. И сфатив дека уствари јас сум останата сама на себе. Изгледа имам премногу очекувања од сите како мислам дека би требало да се пнашаат према мене и онака јас како што би постапила (би сакала да имам другарка како мене), и едноставно ме разочаруваат. Ем без дечко, ем без другарки..........
Не е само еднаш, цело време така прави. Сигурно нема само јас да молам за искачање. На 10 мои викања она еднаш. Епа доста е
Аа епа тогаш до нејзе е. Јас мислев дека само еднаш си и пишала и толку. Чим 10 пати си и пишала и нејќе, значи толку и значиш како другарка. Запознај си нови луѓе, батали ги стариве (не)другарки, кои се само од корист. Ако си ок карактер, лесно ќе си најдеш нови другарки.
Чркај па ти. Сакаш одма. Треба да помине малку период. Разбистри си ги мислите прво, па после почни да се дружиш со нови луѓе.
Батали другарки, не верувај дека ќе те тешат којзнај колку Оди си кај психотерапевт. Зборувај си со мајка, сестра, брат. Нема другарки...
Најди си прво издувен вентил (вежбање, читање книги, пешачење), нешто што можеби на почеток со сила ќе го правиш но после некој период ќе почне да те опушта. Ќе почнеш да уживаш сама со себе, да се засакуваш и прифаќаш таква каква што си. А потоа ќе почнат коцките сами да се редат. Дај си време и посвети си сама на себе внимание