Пошто тоа му е работа, да ти помогне да се справиш со емотивниот багаж. Дали ја работат таа работа не знам, ама бар ќе слуша за пари де.
А што е чудно? Па тоа колку олеснува не сте свесни. Стручен човек, што ќе те насочи и ќе ти сугерира и ќе си работиш на себе.... Мене баш, мн ми помогнале сесии и си одам. 21 век сме, алооо.
Тогаш до нив е, не ти требаат. Ти дадоа предлози погоре за запишување некој спорт или во друштво за планинарење. И јас ќе ти потврдам за истото, значи се што е во група дали тренинзи дали друштва.. крај краева ако имаш можност и за некој еразмус проект. Така ќе запознаеш и луѓе со слични интереси, а не површно само за искачање и пиење. Избери само нешто што те интересира..танц,јога,медитација,фитнес, пилатес,планинарење..
А да седите дома и двете? Тебе ти е глупо да се гледаш со неа, а мене ми е глупа целава работа. Ко со сила да се гледате и двете. И ти ко со сила да сакаш да искочиш со неа и она исто со тебе.
Јас дома не седам другар, имам друштво и други пријатели колеги роднини и дечко. *Ако се трудиш потруди се мислење да дајш, за тролање сите знајме.
Јас сум излегувал 1.000 пати и досега никогаш не сум имал проблем со одбирање на локал за седење. Ете во твојов случај другарката сакала да седи кај што она сака. Ете, седете кај што и е желба. Не гледам нешто негативно во тоа што секогаш другата страна ги биса локалите. И да не и се свиѓа таму кај што седнала, што. Голема работа. Следен пат на друго место и тоа е.
Не би се нафатила да седам надвор, на студот. Не ќе да е во ред да бира секогаш само еден и да се лути како детенце. Очигледно го сфаќа многу озбилно седнувањето.
Можеби е кафехолик и сака префинети места. Сум имал и јас такви другари. Влегуваме у кола и му викам сега кај одиме и ми вика вози во Гет. Стигаме пред Гет и вика абе нејќам во Гет, оди во Рибилимус, стигаме кај Рибилимус, искачаме од кола и вика абе нејќам во Рибиломус, ај ќе седнеме во тој до него. И што треба сега, да се налутам јас. Не се замарам со вакви работи, туку уште подобро ми е. Си се шетаме низ градот.
Па за префинета не знам не ми изгледа така прво за да си таков треба така и да изгледаш, да си среден се најново,дотеран, шминка, нокти, парфемиште.... Ама ај. Како и да е. Добив совет
А да не и се свиѓа некој па да го бркате низ градот а ти да незнаеш? Имав другарка на времето цело време на исто место седеше, ама сите ја знаевме причината. Може оваа не е спремна да ти каже, па игра на карта дека не и се свиѓа местото.
Појма немам ама не одиме секогаш на исто место ама најчесто таа каде што сака. Кога одиме јас каде ќе речам се нечини. А возрасна жена, то е се и сешто има.
Така ти си и дозволила да те 'командува' и да терате се по нејзино. Губиш време со такви, тие обично завршуваат сами без пријатели. Мора да има компромис во пријателството, така се по нејзино да биде е повеќе на токсично пријателство. Ова излегува како да те користи да одите на места кај што таа сака, а ти не сакаш да ја кршиш (исто како мене на времето) и одиш кај што ќе сака она само за да нема расправии. Такви себични луѓе не ти требаат.
Се сложувам апсолутно се на тоа ме асоцираше а јас ај како човек да испаднам одам кај шо сака за на крајо да кажи не сум одела кај шо сака таа. Па компромис треба не можи само по на едниот г*зот. Ова е веќе совет а не компирчево оди кај шо ке ти речат шојмало врска типично машко не знај да ги разграничи работите...
@Youknow Затоа ти викам, за право пријателство треба да се има компромис. Ако ти каже денес дека ќе одите на место кај што таа сака, утре треба да се согласи на место каде што ти сакаш. Ама џабе, мал дел од луѓето го разбираат тоа.