Можеби некои имаат можност да запознат и оформат нови друштва преку клубови за: планинарење, велосипедизам, гејмање, волонтерски акции итн но од мое искуство таму секогаш се веќе постоечки друштва кои горе-доле се познаваат меѓусебно и сум се чувствувал како натрапник кој им навлегува во нивен свет така да може да се каже дека нови луѓе за дружба запознавам речиси секогаш преку веќе оформените друштва кои датираат од школо, факултет или работа. За луѓе кои бараат нови другари а се веќе 25+ години тогаш мој совет би бил да се обидат да се пронајдат наново со стари пријатели и колеги.
Smeni rabotno mesto I odma kje najdes novo drustvo, za drustvo ne e problem, emotiven partner e tesko da se najde.
Споделував мислење за некој кој има проблем со наоѓање нови пријатели, јас си имам неколку друштва додека за партнер имам кренато раце.
Мислам дека темава е многу соодветна за мојата ситуација во која се наоѓам јас,две мои блиски другарки заминаа за странство и немам дечко,ако некој е за дружење слободно пишете ми (барам женско друштво) можеме да се запознаеме
Не сум сингл и не сум без пријатели. Ама од она кое го имам забележано, многу полесно се наоѓаат луѓе за дружба кога си помлад. После 27-28 години е многу потешко. Факт е дека повеќето штом се омажат/oженат и добијат деца веќе не рецкаат другари. Секоја чест на исклучоците ама у глобала така е. Ми се десило другарки со кои сме биле неразделни, у моментот кога добија деца ги снема, два пати во годината не наоѓаат време за едно кафе. Разбирам дека работите неможе да останат како што биле ама па да се нема до толку време и една средба да ја договараш или одлагаш по три месеци стварно не држи вода. Затоа ако сте сингл, таргетирајте за дружба исклучиво луѓе кои исто така се сингл. Најјака беше една бивша колешка со изјавата дека откако е мажена и со дете сака само со такви да се дружи, им пречеле сингл женски во друштво да не се заинтересирале маживе за нив.
Разбирливо дека животот зема друга насока на жена која е сеуште сингл и жена која стапила во брак и има деца. Не мислам дека не сакаат да се дружат, туку едноставно им е тешко да се организираат со деца. Секако зависно за колку чести излегувања зборуваме. Еднаш во 2 недели, па макар и еднаш во месецот, секој ќе најде време. Почесто од тоа, зависно од услови. Ама не е само излегувањето проблем. Приоритетите се веќе сосема поинакви а со тоа и темите на разговор, па многу често се случува во тие периоди две другарки да се разделат. Не би рекла дека е крива едната или другата страна, едноставно ситуацијата можеби така наложила. Јас би се трудела да ги задржам сите кои сум ги имала и претходно без разлика на тоа колку ни се животите различни, секако доколку постои трпеливост и разбирање. Ама да, секој треба да си бара тоа што му одговара
Јасно, затоа и напишав дека работите неможат да бидат исти. Не очекувам дека некоја со бебе од 2 месеци ќе искочи по кафани и клубови со сингл пријателите. Ама па и наеднаш секојдневните дружби да прекинат и да се сведат на едно кафе годишно не е ок. Не ги разбирам како можат така да се оддалечат од другарки со кои се дружат со години и наеднаш подраги да им станат други другарки кои имаат деца. Дури сум била сведок на ситуации каде неколку другарки ќе се омажат, една ќе остане сингл и после прекинуваат да ја дружат а они си се дружат меѓу себе.
Дечко, ај едно прашање ако може, повеќе до машките, секако секое мислење е добредојдено повторно. Машки, дали добивате често реакции на социјалниве мрежи, знаци од девојки И девојки дали испраќате и во каков вид/форма тие би изгледале? Може и во дм да ми пишите ако не мислите да споделувате тука. Често гледам дека некои like на story го замислуваат како флерт, останатите (како мене) лајкнуваат се живо диво што им се свиѓа на стори без разлика на содржината. До сега некој очигледен знак не сум добил дека некоја би била заинтересирана и тако даље, па сакам да испитам ситоацијата, дали е only me thing или нешто различно си имам замисла за социјалкиве? Дали е тоа точно, бидејќи реакции на story се поприватни, или нешто пропуштам јас?
Од женска перспектива можам да ти кажам дека лајкнување стори ништо не значи. Сум имала другарки со премногу followers и само ќе скролнат низ лајковите и толку, освен ако не бараат да видат некој специфичен дали им лајкнал. Јас имам профил со многу малку луѓе + приватен, и не ми значи ништо ни мене, а исто и лајкнувам ако ми се допаѓа тоа што го ставиле на стори, дали е локација, храна или било што. Повеќе вреди да се почне малку поспецифичен муабет во врска со тоа што го ставил/а, за да може да се сврзе разговор.
Се дур не пишеш отворено, нишо од бизнисот. Ќе си риактнувате и лајкате до бесконечност? Биди маж, пиши, не се плаши од одбивања. Се шо моеш да изгубиш, е да останеш на сеен. Реакциите се глупост, пиши нешо околу сторито, ко шо ти викаат, да се најдеш у муабет, но не и нападен да си. Дај не се плашете да муабетите..
Па во случајов кај мене еднострано е, и личноста баш ми се свиѓа, па да од една страна најлошото е seen. Затоа ме интересираше дали да чекам некоја реакција и/или да се споет соѕвездијата од свемирот или да преземам некоја акција, каква таква. ДЕЧКИ* Неможам edit