1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ем Сингл, ем без пријатели. Што понатаму?

Дискусија во 'Сингл' започната од TheCandy880, 20 август 2010.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Аааа ќе дочекаш така..

    Не брат, чим ти се свиѓа, идеш и преземаш чекор. Твоетo си го направил знаеш, понатаму е нејзино.

    Крај на свет не е ако биде сеен одговорот.
     
    На Billy Idol, Dek0 и ThePharmacist им се допаѓа ова.
  2. Julianne89

    Julianne89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    А зошто да чекаш? Наредно стори што ќе го видиш може да биде винарија и спроти неа да седи машко со црвено вино во чаша. Не ѝ пишувај глупост некоја но немој ни да чекаш да ти падне сама во скут.
     
    На Dek0 и Panda00 им се допаѓа ова.
  3. ThePharmacist

    ThePharmacist Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    976
    Пол:
    Машки
    Реално првиот чекор е најтежок да се направи. За некого и најлесен. Но сите, и машки и женски се плашат да бидат одбиени и да се изглупираат. Но предходно, според мене истражи дали девојката има дечко и пиши и на стори. Смисли некој креативен муабет со што би и го свртел вниманито. И така ке почнете муабет.
     
    На Witchy-style, Billy Idol и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    11.282
    Пол:
    Машки
    Ништо не значи и лајк и стори и реакции шо ти знам таму, ништо не ни значат социјалните мрежи воопшто. Многу се замараш со глупости.

    Ако знаеш дека е сингл и не е во врска, биди маж и пиши и порака, ништо не губиш, и да не ти врати и да те остави на сеен пак ништо не губиш. Не трауматизирај само ниту си ставај стравови оти и од спротивната страна на екранот стои човек исто како и тебе, нема да те изеди, плус машко си треба да имаш храброст во животот, покажи таму дека умееш да се понашаш со девојче и да го третираш примерно за да оставиш убав впечаток :)
     
    Последна измена: 9 август 2026
  5. Purpleheart

    Purpleheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Зависи од човек до човек. На некој може не значи ништо, па си лајкнува така на сите. Јас ако лајкнам стори и исто и мои другарки, значи дека ми се свиѓа некој. Истото важи и за заследување на инста. Тоа е ете така некако покажување на интерес, и не е ретко, скоро сите во моето опкружување мислат така, без разлика машко женско. Особено ако не сакаат запознавање во живо, па единствено што им останува се социјалните мрежи.
     
  6. starboi

    starboi Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2026
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    лајк на стори не значи ништо но може да е почеток на нешто
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, но пак ќе кажам приоритетите се менуваат. Нормално е, посебно на почеток кога некоја ќе стане мајка наеднаш да ја снема, односно да се привикнува на новиот начин на живот со бебе дома, па да не се видите и неколку месеци. После тој период сметам дека тој што сака ќе најде време за своите пријатели. Инаку не им стануваат подраги другарките со деца, туку повеќе им одговараат за дружба бидејќи дружбата ги вклучува и нивните деца на кои ем им е исполнет денот, ем им е поедноставно излегувањето наместо да организираат чување.
    Сепак, сметам дека може да има баланс доколку се сака и со едните и со другите. Ама пак се зависи од очекувањата и на двете страни.
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    5.667
    Пол:
    Женски
    @Dek0 Убаво ти пиша Рајт.
    Барем сега преку инста најлесно е да започнеш нешто. Ако ти одговара ќе одиш на дејт, ако не никому ништо.
     
  9. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.217
    Допаѓања:
    186.406
    Пол:
    Женски
    Мене ме иритира социјални мрежи како Инстаграм да се гледаат како дејтинг простор и дека воопшто преминаа да се третираат така. И толку ме иритира шо напрајв deep cleaning на профилот годинава и се згрозив ко си помислив: "и као са сингл ќе останам зошто го затворив профилот и избришав сите?".

    Следно. Лајк на стори е дека ти се бендисва стори. Можи да е двосмислено, ама и не мора да е. На крај на ден ако си заинтересиран за некој кажи му. Да, секогаш можи да те одбие ама јебига. Ако не напрајш чекор како ќе знајш? Не можи и да ти влези и невин да си.
     
    На CameliaMiller, GirlLove, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Епа на крајот на денот не е ни баш сеедно. Не знам од ваша гледна точка како е, но јас и немам баш огромни опции, односно, поспецифичен да сум, нејзе ја гледам како една опција и нема да е баш "никому-ништо" ако останам на seen. Немам резервни опции. Не чувам во DMs уште 10 други па со која бидне-бидне. Заправо, немам воопшто ама колку за аргумент.. Испцрпувачки ми е да комуницирам со повеќе да вложувам труд запознавања дрн-мрн ако не гледам нешто понатака.

    Чисто информативно, за каква глупост мислиш?
    Ако мислиш на глупост-глупост, не.
    Ако мислиш на здраво, како си? Тоа за мене исто е клише/глупост.
    Да има пост, стори нешто на што би можел да сврзам разговор, супер, но моментално нема :)
     
  11. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.217
    Допаѓања:
    186.406
    Пол:
    Женски
    @Dek0 мора да имаш други опции за да пишиш на првата опција? Пишење не е толку длабоко. Буквално. Само пишење е, а можи да ти открие дали има нештото потенцијал или ќе остани на yearning. Ако не напрајш чекор - не можиш да скокниш. Можиш да си седиш во бабл и да чекаш, или можиш да пробаш и видиш па да знајш дали да бараш други опции или не. Дејтингот не е дефинитивен, еве сега ми се бендисва ова и ова ми е едина опција и мора да биди. Секогаш одиш со резерва дека можи нема да биди и то е ... океј. Со сила едноставно не можи. Воедно, ако не напрајш чекор од старт 100% lose ситуација. Ако напрајш чекор си бар 50-50.

    Луѓе раскинват долги врски, вие за едно asl pls се тресите.
     
    На CameliaMiller, Eunoia, neno0o и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Зашо мислиш дека кај женските све иде ко подмачкано?

    Еве и да ги има тие 10 други резерви, мислиш шанси туку така се даваат на све шо ти го пуни инбокс, и на шуто и на рогато за само да биде со кого упали упали?

    Не е така. И женските првин свиѓаат некого, впечаток им оставаат, па целат кон тоа да се упознаат подобро.

    Не се прај нешо специфичен и поразличен од останатите.

    А добро, некои интереси, хобиња, не знам, патување, храна, некоја песна, милениче ако има, било што, не се наоѓа на сликите за да можеш да отвориш тема на муабет?
    Секак на селфито нема да и' коментираш wow шубава си :drunk:

    Не знаеме ни што постира, ниту каков тип на девојка е, ти требаше убаво да си видиш тоа.

    А за одбивањево, навистина многу си преплашен...

    Како со сила би натерал некого на нешто? Не може нели? Епа така и ќе си се помириш и ќе имаш надеж за нешто друго.

    Многу ја комплицираш, тоа би ти рекла. Уживај малце, дај опушти се.
     
    На anggell и GirlLove им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.889
    Допаѓања:
    16.404
    Пол:
    Женски
    Човекот како што го читам психа ќе го изеде од тоа да,, мора" девојка да има.
    Лутил не лутил се тој проблем во главата прво мора да си го реши. Маж на 30 ка со вакви размислувања и цепидлачења, дај ојачај се!
     
  14. AlphaOne

    AlphaOne Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    За мене најдобро е излези во град, седни на кафе, запознај се направи муабет, насмеј се. Ама за жал, телефоните си го направија своето, работата и обврските исто така. И некако луѓето се помалку се дружат во живо. Можеби малку ни фали она старото време повеќе муабет, повеќе дружење и помалку гледање во телефони.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Е како работи ова?
     
  16. AlphaOne

    AlphaOne Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Нема тука некоја филозофија Кафе, добар муабет, смеење и хемија.само прашање е кој ќе се осмели прв да го предложи кафето.
     
  17. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.217
    Допаѓања:
    186.406
    Пол:
    Женски
    @AlphaOne значи сепак запознавањето е онлајн? Зошто првото мислење дава до впечаток дека седиш во кафич и некако бараш партнер. Еве. Нема да скокам до заклучоци како. А, не дека има комуникација и градиш на таа комуникација со то шо ја викаш на кафе. Како телефоните отежнуваат тука?
     
  18. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    И јас вака го разбрав...
     
  19. AlphaOne

    AlphaOne Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Не мислев дека запознавањето мора да биде онлајн. Повеќе мислев дека денес телефоните ни ја олеснуваат комуникацијата, ама истовремено знаат и да ја отежнат вистинската блискост. Можеш да се допишуваш со некого со денови, ама дури кога ќе седнете на кафе, ќе видиш дали навистина има муабет, хемија и енергија. Затоа јас повеќе сум за комуникација што ќе доведе до средба, а не да остане само на пораки
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 19tea

    19tea Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2026
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    По прво жената ќе понуди кафе од колку мажот или дечкото затоа што има некој мажи и дечковци се срамат да пишат први за кафе ако не е жената да направи прв чекор машкото нема да направи никаков чекор тоа е докажано
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.