@AlphaOne разбирливо. Океј. Фала на дообјаснување зошто првичното мислење скроз друг вајб дава шо е малку icky.
Јас постојано сум на кафе некаде, почесто пијам кафе надвор него дома. Најчесто не ни седам на телефон. И освен што откако имам куче доаѓаат луѓе (најчесто жени) да ја погалат, маж не ми пришол Освен кафиња, сама и излегувам навечер, сама и на концерти одам. Живееме во свет во кој одамна се смета за некултурно непознати да си приоѓаат едни на други - не беше така кога бев тинејџерка. Не можеме да очекуваме да се вратат времињата, но во реалноста луѓето или се запознаваат преку некој или онлајн. Бидувањето сингл барем за мене нема многу врска со незапознавањето кога одам некаде, колку со тоа што и тие кои ги запознавам, не мислам (или не мислат) дека би си одговарале. И тоа е ок. Околу мене тие што активно бараа партнери, најдоа.
Се согласувам со тебе. Не треба човек да излегува со мисла дека мора некого да најде. Ама ако некој ти привлече внимание, зошто да не му дадеш шанса? На крај, најубавите запознавања обично не се планирани
Јас кога бев,, млада и полетна" иако интроверт невиден си давав јасно сигнали кога некој ми се допаѓа. Другар ми се ми велеше некој кога ти се допаѓа вака онака си го фатиш за дечко Е сега не сум го канела јас на кафе прв, ама во тоа време кај нас во друштво на пример ќе прашам другар го знаеш, и одоколу дечкото ќе дознае дека ми е симпатија, дружење и се запознаваме и на крај дечко и девојка. Кај мене од тие три пати си ги фаќав за дечко, е сега понатаму во врската што не ми беа по ќеф и тоа е дел од една врска. Ама затоа па мм ми се погоди топ, за мм само и двајцата взаемно си имавме искри, немаше еден прв да почне Не знам зошто некој кога го свигате, па распрашајте се, што како, може женска, дечко има. И што ако дознае дека имате симпатии кон него. Некако вие денешните се на готово чекате, немој корпа некој да ви удри, па да не ве бендиса, па се срамите.. Нема да сте вечно млади, абе уживајте у младоста, ќе давате корпи и ќе ви даваат се е тоа составен дел од животот.
Баш така, мислам дека денес луѓето премногу се плашат од одбивање и затоа често не прават ништо. Ако некој ти се допаѓа, не гледам ништо страшно во тоа да покажеш интерес, да се распрашаш, да дадеш некаков знак или едноставно да започнеш разговор. Најлошо што може да се случи е да сфатиш дека не е взаемно, а и тоа е сосема нормален дел од животот. Не мора секоја симпатија да заврши со врска, ама барем ќе знаеш дека си пробал. А кога ќе се погодат взаемните искри, тогаш веќе работите сами си течат.
Хахаха, тамам си кажа Реално, не гледам ништо страшно во тоа да покажеш дека некој ти се допаѓа. Најлошо што може да се случи е да добиеш корпа, а и тоа е дел од играта. А ако има взаемна симпатија, уште полесно си доаѓаат работите. Само денес сите нешто премногу анализираат и чекаат другиот прв да мрдне.
Штета што дојде време каде што едни се луѓето зад тастатурата, а други се во живо. Се изгуби поимот на дружба. Седат друштво сите се на телефон и се оговараат меѓусебно дур јадат и пијат на иста маса.
Баш така. Денес сме поврзани со сите преку телефон, а понекогаш најмалку сме присутни со тие што ни седат до нас. Дружењето во живо, разговорот лице вo лице и споделеното време не може да го замени ниедна социјална мрежа. Телефонот треба да ни служи за да се поврзуваме, а не да нè оддалечува од луѓето што се физички покрај нас.
Шаблонско време, дигитално, зато секогаш зпочнувмае од 0 пак , после долги врски секогаш е така, зато учиме и ние , учиме и додека сем фри, нови вештини , да не го трошиме времето залудно, пошто чеакаме нов Автобус , а стоиме на постојк, додека чекаме мора да се занимавме да не ни биде досадно, а од друштвеноста можеби некогша ќе има и поставки и во музеее што беше и како уживаа порано нашите генерациии