@Tole и јас имам еден јајник. Левиот ми беше изваден 2014 год заради голема циста и беше ептен оштетен. Во период додека пробувавме да забременам на десниот јајник ми се појави ендометриозна циста. Тој период правев инсеминација и беше неуспешна. Потоа добив ваучер за инвитро но во меѓувреме останав бремена така да мислам дека не би требало да има проблеми секако доктор најубаво ќе ти објасни.
Zdravo devojki Dolgo čitam i da spodelam moe iskustvo i da prasam nesto Posle dolgovreme borba so endometrioza konecno pred edna nedela pravev laparo i histero ,odlično se oporavzvam i utre ke odam da mi gi izvadat koncite. Dali nekoja imala iskustvo so istovo i posle kolku vreme zabremenile
Јас правев пред еден месец лапаро и хистеро. Каква тарапија пиеш? Мене докторот што ме оперираше не ми даде тарапија поради ендометриозата што сум ја имала. Ми рече дека можам одма да се обидувам за бебе, па еве чекам сега за две три недели да видиме што ќе биде. Каде се оперираше?
Pravev vo remedika Isto kako kaj tebe nikakva terapija samo si pijam vitamini plus i ke pocnam so folna Mi kazaa deka isto sega mozeme da pocneme da rabotime na slucajot
Јас пијам моментално бета каротен, витамин Ц и метилирана фолна бидејќи имам мутиран ген и мора метилирана. Ги земав на своја рака да ги пијам. Само капки Естрофем ( мислам дека така се викаа) пиев 5 дена и толку. Почекај менструација па после обидувајте се. А хистеро зошто правеше? Мене ми најдоа septum на HSG снимката и затоа хистеро, а лапаро ради циста и ендометриоза.
histero pravev po preporaka na dimitrov . deka nemam ragjano a vekje bese mnogu golema endometrioyata i sakase da vidi vo kakva sosotojba mi se jajnicite i matkata
pa mislam do kaj 4,5 Vekje nakaj 10cm kako sto bese mojata e stvarno zagrizuvacki. tocno na vlezot na matkata bese .
Извини вака ќе може во ЛП подетално да ми објасниш што и како е за оваа состојба и како е со терапии?
Здраво Ели, Го прочитав твоето искуство со ендометриозната циста, па сакав да те прашам како поточно успеа со природни лекови/чаеви да ја намалиш цистата? Како што видов објавата е постара па се надевам дека сеуште си добро.
Дечки, јас имав ендометриоза и тоа после лапороскопија е одредено 4 степен(најтежкиот) Три месеци после тоа ме ставија во вештачки климакс за да ми се исчисти цело жариште. После тоа останав бремена. И ете сега повторно сум со близнаци. Единствено нешто што тргнав е месо и храна која содржи поголемо количество хормони(од животинско потекло) и ете немав после тоа никаков проблем. не се секирајте, може да се забремени и со енометриоза и тоа природно
Девојки прашање, дали доколку се е во ред на ултразвук (се е со нормална големина, без задебелувања, без цисти...) можно е сепак да постои ендометриоза, и треба да се направи лапароскопија, или ултразвукот би требало да покаже барем некој показател за постоење на оваа состојба?
Јас имав премногу болки кога ќе имав добиено, завршував и на инекции. Добивав од 32-35 дена. Имав и циста се оперирав пред 2 години испадна дека е параовијална.. После операцијата неколку месеци немав болни менструација, но пак почнаа... Не придавав важност, се навикнав се додека не почнав да се обидувам да останам бремена, 6 месеци без успех. Сите испитувања хормони, пап, брисеви, спермограм беа добри. Направив хсг имав септум на матка и еден непрооден канал. Отидов на преглед кај др. Зоран Илиевски во Чаир му кажав се од почеток и ми рече 99% имаш ендометриоза, за да бидеме 100% сигурни мора лапараскопија, бидејќи на ехо не се гледа. Болни менструации, болки при односи, "нередовни менструации " болки во кичма, цистите немаа никаква врска во мојов случај. Во фебруари ме оперираше и беше 100% во право. Дијагноза ЕНДОМЕТРИОЗА. Имаш било какви симптоми?
Moze da postoi zariste, a seuste da ne se gleda. Jas imav bolki i nelagodnost uste pred da stane vidlivo na eho. Megutoa laparaskopija ne se preporacuva za cisti pomali od 4 cm
Zdravo, temata e malku zastarena ama da si prasam ) 1.Dali na nekoj mu e dijagnisticirana endometrioza bez da e vidliva na eho? 2.kakvi simptomi ste imale pa doslo do nejzino otkrivanje? 3. Dali so bremenost se susi kako sto sfativ od sè sto procitav tuka? Vi blagodaram na odgovorite pozdrav )
Ај да си ја отворам душата во темава... Ми открија циста од 5 ипол цм. Немав и немам болки, за друго бев на преглед и испадна ова... Ми препиша таблети Lekolid, рече да пробаме да ја намалиме... За еден месец, после наредна менструација, преглед. Не ме држи место... Зависи тогаш како ќе испадне, за намалена мене некако не ми се верува баш дека би била, само да не е поголема... Најосновните работи што треба да ги знам за оваа состојба ми ги кажа, ама ми доаѓаат прашалници во глава, па да пишам тука... Значи сум имала по некоја мала водена циста и не било некој проблем, ова ми е прв пат да се соочам со ендометриозна циста. Зависи каква ќе биде ситуацијата на нареден преглед, веројатно ќе мора да се нафатам на лапароскопија. Е сега, не знам како да го формулирам прашањево што ми се мота во глава ама ај ќе пробам. xD Вака, не планирав бременост баш во скоро време, ама ова ми створи нелагодност и грижа, страв дека понатака може да биде покомплицирано и потешко, поточно со помали шанси за забременување... После лапароскопија, колкави се шансите пак да ми се створи таква циста? Прашувам затоа што многу ми е важно и ме интересира кога е најдобро време за бременост. Ако забременам после лапароскопија во ред, ако решам да одложам бременост за понатака, што ако во меѓувреме пак ми се создаде циста? Пак истиот процес... Мислење?
Обично гинеколозите сметаат дека бременоста е лек за ендометриозата. Во твојот случај, бидејќи не планираш бременост во брзо време, ја решаваат на друг начин. Ако дојде до ситуација да треба да се отстрани цистата, веројатно потоа ќе ти препишат терапија - контрацептиви, со цел да не се задебелува ендометриумот, а со тоа и да не се формираат ендометриозни ткива (кај што не им е местото, нели ). Понатака, кога ќе дојде ред за бебе, само ќе ти ги прекинат контрацептивите. Во секој случај, нема ништо страшно . Ти посакувам се да излезе како што треба